КАФЕ ПАУЗА

Category: Музика

  • Која е најсреќната песна на светот?

    Која е најсреќната песна на светот?

    Музиката навистина го придвижува светот. Без разлика дали станува збор за весела песна што ви го разубавува денот, тажна мелодија што ви помага во тешките моменти или некоја љубовна песна посветена на саканата личност, музиката е важен дел од нашите животи. Па, која песна е најсреќна според науката?rnrnКоја е најсреќната песна на светот?rn

    Најсреќната песна во светот

    rnЕдно истражување открило дека песната „Don’t Stop Me Now“ од Queen е најсреќна во светот. Но откако се направиле неколку промени во формулата за одредување на најсреќната песна, хитот на Queen се нашол на второто место. Според истражувачот Џејкоб Џолиџ, кој ја смислил формулата, најсреќна песна е „Mr. Blue Sky“ од Electric Light Orchestra.rn

    Како е одредено која е најсреќна песна?

    rnСигурно се прашувате што ја прави една песна среќна. Проучувајќи 126 песни од период од 50 години, Џејкоб успеал да ја создаде неговата формула. Додека ја изведувал формулата, Џејкоб направил и анкета во која учествувале 2.000 луѓе кои кажале кои песни ги прават најсреќни.rnrnСпоред неговото истражување, обично сакаме песни со поразлично темпо од она на поп песните, песни кои се во дурска скала и се малку покомплексни од песните со само 3 акорди.rnrnКога ќе се земе ова предвид, среќните песни се со темпо од 150 удари во минута, додека поп песните имаат темпо од 118 удари во минута. На пример „Don’t Stop Me Now“ има темпо од 156 удари во минута и е во скалата Еф-дур, што ја прави навистина среќна.rnrnЏејкоб дополнително ја доработил формулата и вклучил систем со кој оценува колку е среќна една песна на скала од 1 до 100. Џејкоб исто така изјавил дека она што се смета за среќна песна во Ливерпул, може да биде поразлично од она што се смета за среќна песна во Џакарта.rn

    Претходно истражување

    rnЏејкоб го засновал неговото истражување на претходно истражување спроведено од страна на Универзитетот во Мисури. По 2-неделното истражување, научниците откриле која музика им го подобрува расположението на луѓето.rnrnЏејкоб бил оној кој го вметнал темпото на песната во формулата. Исто така тој открил дека скалата во која е напишана песната е важен фактор. Дополнително, Џејкоб открил дека песните што прават да се чувствуваме најдобро имаат текстови кои се фокусираат на позитивни теми.rn

    Други песни на листата

    rnВеќе спомнавме дека првото место ѝ припаѓа на „Mr. Blue Sky“ а второто на „Don’t’ Stop Me Now“. На трето место се наоѓа хитот „Good Vibrations“ од Beach Boys. Во првите 10 на листата се нашле и следниве песни:rnrn4. „The Riddle“ – Ник Кершоrnrn5. „I’m a Believer“ – Monkeesrnrn6. „I’ll Be There for You“ – The Rembrandtsrnrn7. „Pamela“ – Тотоrnrn8. „Mambo No. 5“ – Лу Бегаrnrn9. „Our House“ – Madnessrnrn10. „Wake Me Up Before You Go Go“ – Whamrn

    Формулата за најсреќна песна

    rnСпоред Џејкоб, ова е формулата со која можете да ја одредите најсреќната песна:rnrn60 + (0,00165 х темпо – 120)² + (4,376 х дур) + 0,78 х број на акорди – (дур х број на акорди)rnrnВо меѓувреме, слушнете ја и најсреќната песна на планетата и расположете се…rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=aQUlA8Hcv4s&feature=youtu.bernrnДали ја имате слушнато песната која го намалува стресот за 65%?

  • Како македонското спонтано музичко трио ДУПЕР всушност стана толку СУПЕР? Дознајте која е нивната „тајна состојка“

    Како македонското спонтано музичко трио ДУПЕР всушност стана толку СУПЕР? Дознајте која е нивната „тајна состојка“

    Дупер е скопски бенд кој со себе носи нова енергија и свежина на музичката сцена. Борис, Мартина и Илчо сакаат сите да чујат за нив и да знаат кои се Дупер. Сакаат нивната музика да потсетува на нешто убаво, да асоцира на нив како трио. За нив, бендот значи дружба во пробувалната, менување на инструментите меѓу себе, место каде што нивните идеи и инспирација можат да ги преточат во парче музика од кое сите се задоволни. За нив, Дупер е забава, слобода, среќа. Еве ја нашата виртуелна кафе пауза, проследена со интервју со овој кул, кежуал, спонтан НАШ бенд.rnrnКако македонското спонтано музичко трио DUPER всушност стана толку СУПЕР? Дознајте која е нивната „тајна состојка“rn

    1. Откријте ни нешто за секој од вас? На која возраст сте, што студирате и како се формираше триото Дупер? Како се запознавте и собравте во еден кул бенд?

    rnБорис и Мартина имаат 20, а Илчо има 21 година. Тројцата сме студенти, Борис e на економски факултет, Мартина на музичка академија, a Илчо учи психологија. Бендот е оформен во јануари, 2017 година кога Борис спонтано нѐ спои да свириме сите тројца заедно. Тоа беше воедно и првото запознавање на Мартина и Илчо.rnrnКако македонското спонтано музичко трио DUPER всушност стана толку СУПЕР? Дознајте која е нивната „тајна состојка“rn

    2. Со својата прва песна „Не сум твој тип“ успеавте да реализирате над 650.000 прегледи на Јутјуб досега. Дали ќе ја споделите со нас вашата „тајна состојка“ за успешен рецепт?

    rnСупер-дупер, едноставно е, треба многу работа, внимание, трпение, дружење, иновирање, стискање палци, стискање заби, жртвување слободно време, одморање, неспиење итн.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=MfyNsiGjirYrnrnАвтори на текстот, музиката и аранжманот се самите Дупер, а зад снимањето, миксот и мастерот на песната стои Ангел Ќосев од студиото „Подрумот“. Видео записот е во режија на Томи Акимовски.rn

    3. Ритамот на вашето првенче „Не сум твој тип“ е заразен, текстот е спонтано-романтичен, а спотот во кул станчето е минималистички, забавен и модерен – полн погодок од одлуки за успешен музички продукт. Дали го очекувавте или планиравте овој успех?

    rnТоа што го очекувавме и тоа што се случи се две неспоиви работи. Искрено, мислиме дека не постои стратегија за успех, бидејќи не знаеме ни кога нешто е успешно ниту како да дојдеме до тоа. Едноставно си ја сакаме музиката и многу веруваме во неа. Станот е инаку на наш пријател. Го одбравме бидејќи е минималистички уреден и многу ни одговараше на нашиот концепт за спотот. Идеите секогаш ги дискутираме со режисерот и доаѓаме до некој компромис, којшто на сите ни се допаѓа. Плус, во снимањето внесовме премногу ентузијазам, оптимизам и позитивност.rnrnКако македонското спонтано музичко трио DUPER всушност стана толку СУПЕР? Дознајте која е нивната „тајна состојка“rn

    4. Песната е вистинско освежување на македонското музичко небо. Последнава деценија практично и да немаме домашна музичка сцена. Што мислите дека е причината за овој проблем? Властите? Масовната застапеност на турбо фолк музиката?

    rnТоа што фали кај нас е повеќе храброст и истрајност. Факт е, условите не се сјајни, но сепак со работа може да се случат неверојатни нешта. Веруваме во тоа дека во моментов има нов бран на музика во Македонија. Сакаме повеќе млади да се приклучат на бранот и да создаваат. Исто така, треба да се престане со минирање на одредени жанрови на музика. Треба да има најразлична музика за луѓето да одбираат што да слушаат. На крајот на денот, се работи за различни вкусови.rn

    5. Ок, млади сте, непознати бевте досега и направите бум со еден хит. Каде продолжувате од тука, па натаму? Во кој жанр планирате да се насочувате? Кои домашни и странски музичари ви се инспирација?

    rnПродолжуваме кон многу нова музика, вежбање и концерти! Не сакаме жанровски да се ограничуваме, едноставно го правиме тоа што ни се допаѓа и нема да престанеме да експериментираме со звукот. Нашата нова песна „Тело за на ТВ“ е веќе излезена.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=TfzGsgj5eRc&feature=youtu.bernrnМузиката, текстот и аранжманот на „Тело за на ТВ“ се на Дупер, снимањето и мастерингот на „XL Студио Момироски“, во режија на Томи Акимовски.rn

      rn 011

    • rn
      Кул! Веќе имате 100.000 прегледи на Јутјуб за само 10-тина дена. You guys are on fire! 😀

      rn

    • rn

    rn

    6. Каде го гледате Дупер за 10 години од сега? Дали ќе направите сè за да успеете на нашите простори или во план сте да правите песни и на англиски јазик? Која е вашата животна пасија?

    rnНе знаеме и сѐ уште немаме очекувања каде би биле за 10 години од сега. Живееме во моментов и се чувствуваме убаво. Она што може со сигурност да го кажеме е дека сѐ што мислиме, знаеме и сакаме да правиме, го пренесуваме во музиката на Дупер и од тоа нема да се откажеме. Сега за сега, сакаме да пишуваме само на македонски. Можеби во иднина ќе има песни и на англиски јазик, но сѐ во свое време.rn

    7. Дали можеме да го очекуваме првиот албум на Дупер во некоја блиска иднина?

    rnСпремаме албум. Очекувајте многу нова музика.rnrnКако македонското спонтано музичко трио DUPER всушност стана толку СУПЕР? Дознајте која е нивната „тајна состојка“rn

    8. За крај, кажете ни нешто повеќе за вашите хобија, каде шеткате, со какви профили на луѓе се дружите и зошто сакате да творите во Скопје?

    rnЗатоа што Скопје е нашиот омилен град. Сакаме да шетаме и да се дружиме низ Дебар маало, да возиме точаци низ град, да играме фудбаУПЕР и кошарка, да цртаме, дизајнираме, пееме, свириме…rnrnМоже да ве интересира и друга успешна македонска приказна, на Блаже Аризанов – писател и косопственик на успешна компанија во Индија.

  • Уживајте во звукот на овој џиновски ксилофон што го свири Бах во јапонска градина

    Уживајте во звукот на овој џиновски ксилофон што го свири Бах во јапонска градина

    Дали некогаш сте биле на прошетка низ природа и сте подзастанале на момент, за да уживате во звуците на природата? Звукот на ветерот, дождовните капки коишто капат по листовите и црцорењето на птиците во комбинација, секогаш успеваат да создадат неверојатно мелодичен природен оркестар.rnrnУживајте во звукот на овој џиновски ксилофон што го свири Бах во јапонска градина rnrnНа Јапонците, изгледа природата сама по себе не им била доволно инспиративна, па во 2011 година, Морихиро Харано и неговиот тим направиле соработка со столарот Мицуо Цуда и инженерот Кензиро Мацо, за да направат огромен ксилофон, издигнат низ шумските дрвја.rnrnТие го направиле ксилофонот во една долга линија и поставиле мало гумено топче на нејзиниот почеток. Потоа, му дозволиле слободно да паѓа надолу и да формира музика, удирајќи по ксилофонот распослан низ волшебниот пејзаж.rnrnКако што ксилофонот ги одѕвонува нотите, можеби ќе ја забележите мелодијата којашто тој ја свири – познатата Кантана 147 на Јохан Себастијан Бах, со темпо и инструментал до перфекција.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=184&v=C_CDLBTJD4Mrnrn„Дрвната“ симфонија се пробива низ природната тишина на шумата. Интересно е тоа што во изработката на овој проект, немало баш многу простор за правење грешки, бидејќи само една грешно поставена нота, можела да ја наруши целата изведба.rnrnЗа изненадување е фактот што истиот ден кога било снимено ова видео, ѕверски земјотрес ја погодил Јапонија. После овој немил настан, мелодијата од ксилофонот имала уште посмирувачки ефект врз целиот јапонски народ.rnrnДоколку ја посетите градината Даисетцу Мори-но, дел од познатите јапонски градини Хокаидо Гарден Шоу, можете да си купите ваше гумено топче од машина и да го пуштите да патува по должината на ксилофонот.rnrnПоради фактот што дрвените плочки можат да скапат, на врнежливи денови оваа градина е затворена.rnrnМоже да ве интересира и оваа волшебна ерменска музика за релаксирање.

  • Најдобрите кавери на песни за 2018-та година кои се подобри и од оригиналите

    Најдобрите кавери на песни за 2018-та година кои се подобри и од оригиналите

    На Интернетот постојат многу талентирани луѓе кои се надеваат дека ќе ја започнат нивната музичка кариера правејќи кавери на популарни песни и објавувајќи ги на Јутјуб.rnrnНајдобрите кавери на песни за 2018-та година кои се подобри и од оригиналитеrnrnСе разбира, постојат и познати артисти кои прават кавери, но има нешто неверојатно кога ќе слушнете странец како ја пее вашата омилена песна и прави да звучи поубаво и од оригиналот. Погледнете некои од најдобрите кавери за оваа година.rn

    1. „Thru Your Phone“ – Морган Сеинт

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=uACIzHWzZkYrnrnОригиналот е на Карди Би. Поп артистката ја објави својата компилација минатата година и е опишувана како микс од Лорд, Брудс и Бенкс.rn

    2. „Call Out My Name“ – Мејси Кејт и Сара Баска

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=zYh9RHVqfikrnrnМејси и Кејт имаат огромна база на фанови, односно 1,4 милиони заедно. Овој број сигурно ќе продолжи да расте. Оригиналот е на The Weekend а девојките умешно вметнале женски вокали и пијано правејќи го каверот совршен.rn

    3. „The Middle“ – Boyce Avenue и Енди Кејс

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=t_bOaAf_E0crnrnПоп рок бендот Boyce Avenue и 26-годишната Енди познати по нивните кавери направиле неверојатна верзија на песната на Зед, Марен Морис и Греј. Наместо да го зачуваат оригиналниот ритам, тие ја забавиле песната и ги истуриле нивните емоции во текстот.rn

    4. „Dancing on My Own“ – Калум Скот

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=q31tGyBJhRYrnrnКалум прв пат ја испеал неговата верзија на песната на Робин во 2016-та година, но каверот се најде на неговиот деби албум минатиот март.rn

    5. „No Scrubs“ – Џорџа Смит

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=O-LI-6BFN4srnrnЏорџа Смит беше вклучена во „Get It Together“ на Дрејк од 2017-та година. Нејзиниот прв албум дебитираше минатиот месец, а нејзината верзија на познатата песна на TLC е само уште еден доказ за нејзиниот неверојатен талент.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 10-те најконтроверзни музички албуми на сите времиња

    10-те најконтроверзни музички албуми на сите времиња

    Изгледа дека музиката и контроверзијата секогаш одат заедно. Нема ден а музичарите да не се соочени со критики од групи луѓе кои сметаат дека нивната музика е навредлива. Најчесто проблемот е со текстовите на песните. Но, не се само текстовите мета на критика. Многу често уметноста на албумите се смета за несоодветна. Често овие слики се цензурирани, некои места одбиваат да ги продаваат албумите, а понекогаш изведувачите се присилени целосно да ја отстранат сликата. Па, погледнете кои се најконтроверзните музички албуми на сите времиња.rn

    1. N.W.A. – Straight Outta Compton (1988)

    rn10-те најконтроверзни музички албуми на сите времињаrnrnВо 1988-ма година, групата беше еден од основачите на жанрот „генгста рап“ и го издаде својот најконтроверезен албум. Проблемот бил со нивните текстови во кои опишувале насилен живот помеѓу дроги, банди и полициска бруталност. Бендот бил баниран од многу познати радио станици ширум САД.rn

    2. Еминем – The Marshall Matters LP (2000)

    rn10-те најконтроверзни музички албуми на сите времињаrnrnКонтроверзијата околу Еминем се зголеми кога тој го објави помрачниот и уште поличен албум. Песните содржат многу теми за возрасни и текстови кои ги засенуваат неговите претходници.rn

    3. Мерлин Менсон – Mechanical Animals (1998)

    rn10-те најконтроверзни музички албуми на сите времињаrnrnДо 1998-ма година веќе многу родители го мразеа Мерлин Менсон, а по издавањето на овој албум имаше премногу скандали. Кога луѓето ја воочија поврзаноста помеѓу албумот и пукањето во средното училиште Колумбајн, изведувачот се соочи со многу критики.rn

    4. Baby Count – Body Count (1992)

    rn10-те најконтроверзни музички албуми на сите времињаrnrnАлбумот беше мета на критики поради динамичната содржина бидејќи станува збор за рапување во форма на протест. Ice-T не ги измислувал нештата во текстовите. Тој ја искажал својата загриженост за однесувањето на полицијата. Токму тој е одговорен за реалниот проблем со кој се соочени многу Американци, особено црнците и луѓето со потекло од Латинска Америка – полициската бруталност.rn

    5. Rage Against the Machine – Rage Against the Machine (1992)

    rn10-те најконтроверзни музички албуми на сите времињаrnrn1991-ва година е период на хард рок и хеви метал. Бендот им се спротивстави и на двете и беше вовлечен во политички оган. Овој поглед, роден од протестите во 1960-тите и 1970-тите ќе служи како извор за контроверзиите поврзани со овој рап/метал бенд бидејќи тие користат мотиви како неправедност и изопаченост во нивните текстови.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 8-годишно чудо од дете го воодушеви светот со своите тапанарски способности

    8-годишно чудо од дете го воодушеви светот со своите тапанарски способности

    Благодарение на социјалните мрежи, артисти на сите возрасти можат да ја споделат својата работа со светот. Преку платформите како Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб, креативните помлади и постари можат да станат славни, без разлика дали станува збор за сликар тинејџер, технолошки креативна старица или 8-годишно чудо од дете како Јојока Сома.rnrnrnrnЈојока покажала интерес за тапани уште кога имала само 2 години! Веќе до својата 4-та година таа настапувала на концерти со бендот на своето семејство и сега, откако нејзината аудиција за натпреварот Удирај како девојче стана вирална, таа е онлајн сензација. Во 3-минутното видео таа прави кавер на песната „Good Times Bad Times“ од Led Zeppelin што ги покажува нејзините неверојатни тапанарски способности. Дури кога ќе ги забележите нејзините чорапчиња со точки ќе сфатите колку е мала. Ако само го слушавте видеото, ќе мислевте дека станува збор за искусен тапанар во своите 40-ти или 50-ти години.rnrnrnrnИако таа има само 8 години, Јојока е исклучително амбициозна. „Сакам да бидам артисти што може да направи сè: да свири на сите инструменти, да снима музика, да го меша звукот и да дизајнира пакувања за цеде албуми“, објаснува таа на својата аудиција. „И сакам да бидам најдобриот женски тапанар.“rnrnИ покрај тоа што не победи на натпреварот, нејзиното неверојатно инспиративно видео ѝ донесе голема Интернет слава. Дури и водечкиот вокал на Led Zeppelin, Роберт Плент, ја пофали леснотијата со која настапува. Погледнете ја и неговата реакција во ова видео.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=44&v=-XYr6H2mGxkrnrnПогледнете го и ова 5-годишно девојче со епски перформанс на тапани!

  • Волшебна ерменска музика за релаксирање

    Волшебна ерменска музика за релаксирање

    Во изворната ерменска музика најчесто преовладува дувачки инструмент наречен дудук, а неговиот звук помага да се релаксирате и да заборавите на грижите. Препуштете се во целост на овие магични звуци и почувствувајте ја мистиката на древна Ерменија.rnrnВолшебна ерменска музика за релаксирањеrnrnВаквата музика ќе го намали стресот и ќе помогне телото и умот полесно да се поврзат. Чистиот звук ќе ве однесе во еден далечен свет, каде ќе го регенерирате вашето тело, ќе му помогнете да биде здраво и ќе воспоставите баланс на мислите. Многу е веројатно дека ќе имате и подобар сон, бидејќи традиционалната ерменска музика има неповторлив смирувачки ритам.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=y5tcbD5in7krnrnСлушнете ја и песната која го намалува стресот за 65%!

  • Интересно истражување: Безвремен музички хит што помага при борбата со депресија

    Интересно истражување: Безвремен музички хит што помага при борбата со депресија

    Научниците дошле до интересни податоци дека музиката и пеењето го забрзува развојот на мозочните функции и им помага во борбата против депресијата, особено кај децата. Тие докажале дека музиката влијае на развојот на мозокот што е задолжен за обработка на звукот, говорот и вештини за читање, како и при развојот на креативноста.rnrnrnrnОд друга страна пак, со музичка терапија можат ефикасно да се излечат и голем број ментални нарушувања. Научниците утврдиле дека личностите што имаат шизофренија многу лесно можат да се вклопат во друштво доколку покрај медикаментите користат и музичка терапија. Музиката е и одличен начин да се намали депресијата и да се справи со хроничните болки.rnrnПеењето исто така им помага на луѓето да се почувствуваат ослободено, а со самото тоа и да се испразнат од негативностите и стресот што го насобрале во организмот. Токму затоа и не плашете се да пеете кога и да добиете желба за песна, дури и ако немате добар глас и музички талент.rnrnШто се однесува до самите песни, едно истражување неодамна дошло до заклучок дека постојат одредени музички дела што успешно влијаат на различни видови психолошки нарушувања така што го подобруваат расположението и ја ублажуваат депресијата. Но, сигурни сме дека никогаш не би ни помислиле дека токму оваа песна се нашла на првото место! Сакате да најдете добар лек за депресија? Едноставно притиснете плеј!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=55&v=fJ9rUzIMcZQrnrnСлушнете ги и овие 10 музички хитови од минатото на кои сигурно сте заборавиле!

  • Неверојатна музика којашто ќе ја активира вашата женска енергија

    Неверојатна музика којашто ќе ја активира вашата женска енергија

    Знаете ли дека можете да се ослободите од енергетските блокади со помош на музика? Оваа мелодија е со фреквенција од 432 Hz која резонира со нашето тело.rnrnНеверојатна музика којашто ќе ја активира вашата женска енергијаrnrnОваа фреквенција ќе ви помогне да ги отстраните емотивните блокади, ќе ја прошири вашата свест и ќе ви помогне да ја активирате вашата женска енергија. Па, опуштете се, поврзете се со вашата внатрешна сила, не заборавајте дека сте вредни, достојни, убави и посебни и уживајте!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=K62k4Js7crMrnrnПогледнете и кои се фреквенциите кои ќе ви помогнат да ги излечите вашите тело, ум и дух.

  • Виктор Апостоловски за љубовта и музиката: Уметноста е насекаде околу нас, само треба некој да ја забележи

    Виктор Апостоловски за љубовта и музиката: Уметноста е насекаде околу нас, само треба некој да ја забележи

    Македонскиот Идол беше неговата отскочна штица, но оттогаш помина многу време и битолскиот фраер што го споредуваа со Џастин Тимберлејк сега има изградено свој стил, свој начин на работа и своја музика во која не дозволува никој да му се меша. Виктор Апостоловски самостојно работи на разни проекти за други луѓе, додека истовремено се обидува да изнајде време за да го доврши својот втор албум, од кој веќе ги имаме слушнато песните „Во срцето“, „Ни јас ни ти“ и „Прости ми“. Промоцијата најверојатно ќе се случи кон крајот на мај и почетокот на јуни.rnrnВиктор Апостоловски за љубовта и музиката: Уметноста е насекаде околу нас, само треба некој да ја забележиrnrnМоментално, Виктор се занимава со нешто сосема поинакво, но исто толку креативно и интересно. Тој ја подготвува музиката за претставата „Тоби“ која ќе се игра во Театарот за деца и младинци. Ова не е неговиот прв ваков проект, бидејќи досега ја има направено музиката и за детските претстави „Гига мега бајка“ и „Мачорот во чизми“. Освен тоа, на 20 април ќе биде одржана промоцијата на друг негов готов албум на кој има работено веќе 3-4 години во соработка со музичари од Америка. Несомнено е дека станува збор за амбициозен млад човек. Па, како успева да го постигне сето ова? Од каде добива помош? Од никаде. Виктор е еден од ретките млади музичари зад кои не стои ниту една македонска продукција, а сепак снимаат видеоспотови и издаваат албуми. Токму затоа и успева да го реализира сето она што ќе го замисли.rn

    „Не зависам од ни една продукција и можам да правам што сакам. Кога излегов од Идол имав прекрасни понуди од разни продукции. Сите ми викаа дека не сум нормален, ама мене не ми е до парите. Поентата ми беше да завршам факултет, да научам продукција, да научам како сам да си ги правам делата и тие да излегуваат од мене, а не од некое трето лице. Кога видоа како функционирам сам, сфатија дека сум го остварил сонот. Намерно не потпишав ништо, бидејќи чувствував дека продукциите функционираат според робовладетелски принципи. Продукцијата треба да го сака најдоброто за тебе, но во Македонија работите се поинакви. Не сакав да бидам ничиј роб“, открива Виктор.

    rnСтравот од ограничувањата и забраните е она што го натерало Виктор да работи сам, без ничија поддршка и заштита. Но, и стравот дека ќе го изгуби својот музички идентитет и дека ќе му биде наметнато нешто што не му се допаѓа исто така придонел за тоа да ја донесе оваа одлука и да ги одбие сите примамливи понуди.rn

    „Не можам да дозволам луѓе кои немаат м од музика или б од бизнис да ми го водат животот. На крајот од денот, многу е важно каква музика правиш, сите дела те отсликуваат тебе. Не можам да сфатам пејачи кои никогаш не посакале да напишат нешто свое и да изразат свое чувство. Никогаш не сум се гледал само како изведувач. Песната што ќе ја снимиш те отсликува тебе како личност. Не сакам луѓето да ме гледаат како нешто што некој друг го напишал“, признава Виктор.

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=3Ev2YY19qzUrnrnВиктор е еден од оние луѓе кои се „без влакна на јазикот“, но не може да му се замери за тоа, бидејќи е секогаш искрен и полн со позитивна енергија. Во текот на нашиот разговор, опфативме многу теми за кои младиот пејач понуди навистина интересни и искрени одговори, како да зборува со другарка, а не со човек кого штотуку го запознал. Прочитајте што има да каже Виктор за неговиот следен албум, за уметноста, за македонската естрада, за социјалните мрежи и секако – за љубовта…rn

    За новиот албум: Сите песни се лични!

    rnВиктор ни откри дека тој има 3 начина на пишување музика:rnrn1. Пишува за некое негово чувствоrnrn2. Пишува за чувства што ги почувствувал кај некој друг или се инспирира од туѓа приказнаrnrn3. Предвидување, односно пишува песна и случката отпосле се случува.rnrnВиктор за себе вели дека „storyteller“ односно раскажувач. Тој обожава да раскажува, а така ги гледа и песните: Како раскажување приказни. Во новиот албум, приказните што ќе бидат раскажани немаат среќен крај. Главните чувства што ќе преовладуваат во секоја песна се разочараност, повреденост, болка. Кога би требало да го опише целиот албум со еден збор, Виктор го одбира зборот „чувства“.rn

    „Албумот ќе биде крвав, ама мислам дека ќе погодам многу луѓе. Секако дека има надеж, но во албумов нема да влезе надежта, ќе ја оставам за наредниот“, раскажува Виктор.

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=RrG2kF_roX4rnrnНе е случајно тоа што најголемите музички хитови опишуваат негативни чувства. Честопати се вели дека уметникот треба да страда за да создаде ремек-дело. Но, Виктор има малку поинакво мислење. Според него, најважна е емпатијата, а не страдањето.rn

    „Не мора да ја доживуваш болката, но треба да сочувствуваш. Емпатијата е моментот. Не мора да поминуваш низ тежок период. Може да си најсреќен на светот, но ако пробаш да се ставиш во нечии чевли, чувствата сами излегуваат на виделина. Не мора да си патетичен или повреден за да направиш ремек-дело, барем не во моментот.“

    rn

    За уметноста: Уметноста е насекаде околу нас, само треба некој да ја забележи

    rnВиктор признава дека уметничката вредност можеби не е толку видлива во неговите досегашни песни, меѓутоа тоа ќе се смени наскоро. Веројатно ќе се изненадите, но Виктор ни откри дека тој планира нешто покласично во иднина, во стилот на групата Ил Диво, само што чека да созрее за да може да се впушти во таков потфат. Со оглед на тоа што тој е оперски пејач по струка, оваа негова идеја и не е толку невозможна. Сепак, неговата дефиниција за уметноста е многу широка и не ги опфаќа само дејностите, како што се музиката, сликањето, театарот или филмот.rn

    „Сите сме уметници. Сите ние имаме нешто во нас што може да се претвори во уметност, ама ретко кој го сфаќа тоа. Ме нервираат тие што се нарекуваат уметници затоа што имаат многу големо его и мислат дека се над другите. Не ги сметам нив за уметници. Факт е дека постигнале успех поради талентот, но тоа не значи дека само тие можат да бидат уметници. Уметноста постои буквално насекаде околу нас и е присутна во најситните детали, само треба некој да ја забележи.“

    rnВиктор Апостоловски за љубовта и музиката: Уметноста е насекаде околу нас, само треба некој да ја забележиrnrnНе постои сомнеж дека убавината се крие во ситниците, а токму тоа се обидува да го покаже и Виктор преку неговите дела.rn

    „Сакам најмалите задоволства да ги претставам како уметност. Многу луѓе ме прашуваат како сум толку позитивен, како можам да не се замарам со ништо… Просто е, дишеш длабоко и ја наоѓаш среќата во најситните нешта. Не морам да одам на Хаваи на одмор за да бидам среќен. Во државава владее стереотип дека мора да возиш BMW за да бидеш среќен. Таквите луѓе се многу тажни во принцип. Мене ме прави среќен чоколадно бананче од 5 денари.“

    rnСега знаете! Ако сакате да го израдувате Виктор, нема да погрешите со чоколадно бананче и бонбонче. Најважно е да биде подарено од срце.rn

    За љубовта: Тоа нешто што го чувствуваат сите, а не можат да го објаснат, е тоа е љубов!

    rn„Кога човек ќе се заљуби, човек е заљубен“, вели Виктор. Тој кога е вистински вљубен, не чувствува потреба за друга личност. Признава дека се нашол во искушение да изневери, во најбурниот период од животот кога бил во врска 4 и пол години, но никогаш не згрешил на таков начин, ниту му паднало тоа на памет.rn

    „Пред таа врска сум си играл играчки, бев дете и се глупирав. Подоцна сфатив дека ако некој те сака, што сака нека се случи на светов. Фрли го меѓу најубавите луѓе и пак нема да направи ништо, затоа што не ги гледа тој начин. А доколку некој сака да те изневери, ако сакаш стави му златни катанци, пак ќе најде начин да го направи тоа. Кога се работи за вистинска љубов, неверството не само што не е опција туку и воопшто не постои како поим“, искрено објаснува Виктор.

    rnЛуѓето честопати изневеруваат со изговор дека не можат да добијат сѐ од еден човек, дека ги понел моментот и дека неверството не им значело ништо. Виктор ни го откри неговото мислење во врска со сите овие изговори оправдувања…rn

    „Луѓето не знаат дека добиваат сѐ од еден човек додека не го изгубат тоа. Има такви што знаат да ценат, но од мое искуство, луѓето најмногу се плашат од вистинското нешто. Луѓето намерно ’зезнуваат’ работа кога ќе почнат да се вљубуваат од страв да не бидат повредени. Луѓето се плашат кога им е најубаво, се плашат дека пак ќе бидат повредени. Тоа е причината што ги тера да прават глупости за кои на крајот жалат. Можеш да добиеш од една личност сѐ што ти треба, само треба да знаеш што сакаш и што бараш. Неверството не го оправдувам никогаш, затоа што сметам дека е избор кој го правиме свесно, без разлика на момент, пијанства и такви работи.“

    rnВиктор Апостоловски за љубовта и музиката: Уметноста е насекаде околу нас, само треба некој да ја забележиrnrnВиктор има и многу интересен одговор на прашањето „Што е тоа љубов?“rn

    „Љубовта е нешто апстрактно. Она што луѓето го сфаќаат како Бог, јас го сфаќам како љубов. Не можеш да го видиш Бог, не можеш да го покажеш, го нема во ниту една форма, ама чувствуваш дека постои. Дури и атеистите чувствуваат дека има нешто повеќе од нив. Тоа нешто што го чувствуваат сите, а не можат да го објаснат, е тоа е љубов. Љубовта се случува внатре во нас. Јас секогаш ќе бидам заљубен во животот, дури и да нема посебна личност во него.“

    rnПродолжува на следната страница…rnrn