Што мислите за комбинацијата од кафе и јајца? Ca phe trung или виетнамско кафе чија сладост се должи пред сè на жолчките кои се матат со слатко кондензирано млеко сè додека не се добие кремаста пена која полека се прелива во еспресо.rnrn
rnrnТрадицијата да се приготвува кафе со жолчка потекнува од Втората светска војна кога немало доволно млеко. Шанкерот Џанга кој работел во хотелот Метропол го измислил рецептот. За да не ги разочара гостите кои нарачале кафе со млеко, тој нашол алтернатива. Жолчките ги измешал со шеќерот и добил пенлив крем од јајца.rnrnНабрзо потоа тој отворил сопствено кафуле каде се служело ова необично кафе. Наскоро, и другите сопственици на кафулиња почнале да го имитираат. Од Ханој, популарноста на пијалакот се проширила и кон другите градови, дури и надвор од границите на државата. Дури и денес, на некои места во главниот град можете да го пробате оригиналниот рецепт.rnrnДоколку одлучите да направите виетнамско кафе, добро е да знаете дека тоа треба да биде топло за јајцето да биде термички обработено.rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- 350 мл еспресо
- 1 жолчка
- 4 супени лажици слатко кондензирано млеко
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnИзматете ја жолчката со кондензираното млеко додека смесата не згусне. Добиената смеса прелијте ја врз жешкото еспресо и послужете. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот рецепт за виетнамско кафе, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за кафе со банана.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr