Ракот е најчувствителниот знак во Зодијакот. Нивната остра интуиција им овозможува да имаат контрола врз секоја ситуација. Тие имаат дарба да ги забележат предностите и слабостите на луѓето коишто ги сретнуваат во текот на животот. Имаат многу креативен ум и бујна имагинација, коишто ќе ги споделат само со личностите со коишто се чувствуваат навистина блиски. Со ваквиот нивен карактер и сензибилност, душата на Раковите може да се спореди со онаа на уметниците. Прочитајте ги и следниве 30 брутални вистини за нивниот карактер:rnrn
rnrn1. Ќе сфатите дека сте повредиле Рак, кога тој или таа ќе истрча од вас и ненадејно ќе ве избрише од својата листа со контакти, засекогаш.rnrn2. Раковите не ги искажуваат лесно своите емоции, бидејќи знаат дека луѓето се плашат од премногу искрен и отворен пристап.rnrn3. Ниеден друг хороскопски знак, нема да го направи тоа што Ракот може да го направи за вас. Претставниците на овој хороскопски знак се најдобрите љубовници во Зодијакот.rnrn4. Раковите имаат двострана природа: едната е многу социјална, а другата е многу срамежлива и резервирана.rnrn5. Ракот има дарба за читање на мислите на другите луѓе. Ним им се потребни 5 минути, за да ве скенираат од глава до пети.rnrn6. Раковите имаат детска душа и се големи ентузијасти, дури и за најмалите и едноставни нешта.rnrn7. Она што навистина прави да се чувствуваат среќно, е да бидат првиот избор во животот на некоја личност.rnrn8. Доколку влезете во кавга со некој Рак и го налутите, тој или таа ќе ја потенцира секоја лоша работа којашто сте ја направиле во вашиот живот.rnrn9. Најмногу од сè, Раковите се плашат да бидат повредени и поради овој страв, тие се многу ранливи личности.rnrn10. Раковите можат да бидат многу забавни, необично тивки или одненадеж, многу тажни.rnrn11. Тие никогаш не би отишле на некој настан сами. Нив дефинитивно им е потребно друштво.rnrn12. Кога некој претставник на знакот Рак ќе се налути, изгледа како целосно друга личност да влегла во неговото/нејзиното тело. Кога се нервозни, Раковите се тотално различни од вообичаено.rnrn13. Никогаш немојте да го навредите семејството на Ракот, освен ако не си ја барате сами бељата.rnrn14. Претставниците на знакот Рак, имаат развиено 6-то сетило за многу нешта во животот.rnrn15. Тие имаат голема способност за давање добри совети, кога станува збор за безусловна љубов.rnrn16. Тие секогаш го кажуваат она што го мислат, но реагираат согласно на она што им го кажува срцето.rnrn17. Раковите најчесто имаат премногу наталожен стрес во нивните животи.rnrn18. Доколку имате некаков проблем, тие ќе останат будни цела вечер со вас и нема ни да помислат на одмор, сè додека не се осигурат дека постои некакво решение на вашите проблеми.rnrn19. Тие обожаваат да ги искажуваат нивните емоции преку музика. Тоа значи дека внимателно треба да следите какви песни споделуваат на социјалните мрежи. :)rnrn20. Раковите преферираат да се оддалечат од останатиот свет, секојпат кога се соочуваат со некаква негативна ситуација, сè додека не дојдат до некое добро решение.rnrn21. Претставниците на овој знак се често потценувани.rnrn22. Раковите се секогаш тука кога на другите им е потребна поддршка, но кога ним им е навистина потребна, сите наеднаш исчезнуваат.rnrn23. За жал, Раковите понекогаш премногу се врзуваат за нивното минато.rnrn24. И покрај тоа што се многу дарежливи, сепак имаат граница којашто нема да ви дозволат да им ја надминете.rnrn25. Тие ќе бидат вашите идеални слушатели секогаш кога ќе посакате да дискутирате за вашите проблеми или кога немате да имате каде да преспиете и ви е потребен покрив над главата.rnrn26. Можеби најлошата особина на Раковите е тоа што ним им е премногу тешко да речат „не“.rnrn27. Ракот ќе ви се извини секојпат кога мисли дека тоа е правилната одлука, а не кога вие ќе го очекувате тоа од нив.rnrn28. Повеќе од кој било друг хороскопски знак, Раковите не можат да прифатат кога нивниот партнер ќе им се налути за нешто.rnrn29. Раковите обожаваат да ги споделуваат со вас нивните заклучоци, со цел да анализираат колку внимателно го следите она што се обидуваат да ви го пренесат.rnrn30. Најголемиот непријател на Раковите е нивната сопствена преосетливост.rnrnМоже да ве интересираат и овие 30 брутални вистини коишто треба да ги знаете за карактерот на Близнаците.
Category: Рак
-

30 брутални вистини коишто треба да ги знаете за карактерот на Раковите
-

Сè што треба да знаете и да разберете за Ракот во вашиот живот
Раковите се стари души. Многу често луѓето со овој знак се премногу емоционални бидејќи секогаш ги чувствуваат работите подлабоко од другите. Сепак, Раковите умешно ја кријат оваа длабочина. Тие ги затвораат своите срца со цел да се заштитат од повреда. Раковите се нежни и чувствителни. Дури и најмалите работи ги сфаќаат сериозно бидејќи нивното срце е многу големо, но и кршливо. Раковите можат да бидат и многу агресивни. Тие точно знаат како да го добијат она што го сакаат, баш тогаш кога сакаат.rnrn
rnrnРаковите се интуитивни. Тие ја користат нивната интуиција и многу лесно ги читаат другите. Овие луѓе се и многу свесни за себе. Можеби се различни од повеќето, но ним им е јасно дека не се создадени за да припаѓаат секаде. Тие сакаат да го живеат животот според нивни правила, и воопшто не им е грижа што ќе помислат другите. Раковите се луѓе кои ја сакаат својата приватност. Тие го живеат животот „зад завесата“ наместо да бидат во центарот на вниманието. За многумина Раковите се навистина мистериозни, па на луѓето им е тешко да разберат што се врти низ нивната глава. Оваа мистериозност може да биде примамлива за другите, па Раковите на овој начин привлекуваат.rnrnРаковите никогаш не ги оставаат работите до половина. Кога љубат тоа е страсно и длабоко. Секогаш го очекуваат истото и од партнерот. Кога се во врска, Раковите можат да бидат навистина интензивни и страсни партнери. Понекогаш им е навистина тешко да пронајдат некој со кого можат да се поврзат и ментално и физички. Причината за ова е тоа што Раковите бараат длабока конекција, нешто што повеќето луѓе не можат да им го овозможат. Раковите не се заинтересирани за кратки врски, туку тие бараат интимност и блискост кои доаѓаат со долгогодишна посветеност. Ним не им е проблем да бидат сами, па не брзаат кога избираат партнер. Штом ќе ја пронајдат вистинската личност, тие вложуваат сè во врската. Раковите се плашат од одбивање. Поради нивната природа тие се премногу чувствителни, па нивното големо срце ретко кога е исполнето. Постојано се грижат дека никогаш нема да ја пронајдат вистинската личност за нив.rnrnРаковите се во допир со своето срце и со топлината која зрачи од него. Секогаш се обидуваат да го видат доброто во луѓето околу нив, а ова понекогаш им предизвикува проблеми. Раковите се многу ранливи и го отвораат своето грижливо срце за секој кој има потреба од тоа. Овие луѓе се навистина неспоредливи. Тие се добри, страсни и се неверојатна комбинација од оган и мраз.rnrnПогледнете ги и фактите кои ќе ги разберат само Раковите. -

Емотивни и напорни: Негативните страни на љубовната врска со припадниците на знакот Рак
Генерално гледано, Раковите се многу добри луѓе. Тие се грижливи, сочувствителни и заштитнички настроени кон нивните блиски. Освен тоа, тие се и многу добри готвачи! Но, ако некогаш сте биле во врска со Рак, сигурно знаете дека нема толку часови во денот колку што во овој знак сака да се гушка и милува. Ако личноста што ви се допаѓа е родена во овој знак, треба да ги знаете негативните страни на љубовната врска со Раковите. Во продолжение прочитајте кои се тие…rnrn
rnБура од емоции
rnАко ви се допаѓа некој Рак, треба да бидете подготвени вие да ја одржувате стабилноста во врската. Но, доколку вие сте родени во знакот на Риби, Скорпија или некој друг знак со активен емоционален живот, врската со Рак можеби ќе ви дојде премногу напорна. Расположението на Раковите драстично се менува на секои 10 минути. Нивното расположение се менува толку често што ни тие самите не можат да излезат на крај со себе, така што не очекувајте дека вие ќе можете да го направите тоа.rn
Имаат ненаситна потреба од нежности и прегратки
rnНема ништо лошо во прегратките, но Раковите едноставни претеруваат кога се работи за милување и нежности. Нивните потреби се буквално ненаситни. Секако дека физичкиот допир е еден од најзначајните јазици на љубовта, но и постојаното гушкање знае да стане напорно. Ако започнете врска со Рак, понекогаш ќе се чувствувате како да не можете да дишете и доколку побарате простор, подгответе се за поплава од крокодилски солзи.rnrn
rnЌе морате со зборови да ја искажувате вашата благодарност за секој нивен гест
rnРаковите обожаваат да готват за нивните сакани и тоа е многу слатко, но понекогаш можеби ќе се чувствувате како да ве хранат сосила. Постојано ќе ве прашуваат дали ви се допаѓа храната и ќе ви додеваат со прашања од типот „Да не требаше да ставам помалку сол?“ сѐ додека не изедете сѐ што има во чинијата. Ако се осмелите да оставите малку од јадењето, очекувајте драма.rn
Обожаваат да седат дома
rnСе надеваме дека обожавате маратонско гледање серии, бидејќи припадниците во овој знак обожаваат да седат дома. Раковите си ги полнат батериите на тој начин што се излежуваат на каучот и тука не можете да преземете ништо за да им помогнете. Тие се многу чувствителни и времето што го поминуваат надвор од дома им ја исцрпува сета енергија. Па така, дури и да ги убедите да излезете, тие сигурно ќе сакаат да си одат многу порано од вас.rnrnНе ни помислувајте на тоа да излезете сами! Како и самиот симбол на нивниот знак, Раковите ќе се закачат за вас како со клешти и нема да ве пуштат да одите никаде.rnrnПрочитајте ги и овие работи што треба да ги знаете пред да започнете љубовна врска со Рак.
-

Зошто Раковите се најдобриот избор доколку сакате семејство исполнето со љубов?
Ракот е знакот на семејството и децата, владетелот на срцето и сите оние нешта што се важни, па затоа и мора да го сфаќате сериозно. Додека нивните пријатели се впуштаат во љубовни авантури или го нарачуваат првиот легален коктел, тие се презафатени со бирање имиња за нивните идни деца и ментално им ги уредуваат детските соби.rnrn
rnrnОвие личности имаат мал круг пријатели и најчесто ја наоѓаат сродната душа меѓу нив. Бидејќи им веруваат само на најблиските, тие можат да им послужат и како сервис за романтични препораки. Раковите се домашари во срцето, па затоа и сакаат да ги минуваат вечерите на каучот, во прегратката на љубените – а ако веќе излегуваат, тоа мора да биде кралски! Тие се претвораат во вистински принцови или принцези.rnrnРаковите имаат висока интуиција, но расположението лесно им се менува, па партнерот мора да знае како да им ги цени емоциите. Исто така, и покрај тоа што лесно можат да почувствуваат привлекување од спротивниот пол, заљубувањето е нешто сериозно за нив и не се впуштаат во него така лесно. Нивната чувствителна природа прави да им биде непријатно да се отворат, па како резултат, потребно им е многу време да се препуштат целосно во врската. Но откако ќе го сторат тоа, сметаат дека е за долго.rnrnНивната чувствителна, а понекогаш и несигурната страна, бараат голема стабилност и често убедување од партнерот дека се сакани, што е една од најголемите причини зошто се привлечени од самоуверени и успешни личности. Раковите можат да бидат мамини или татини ќерки и синови, па затоа и од партнерот бараат нега и личност на која можат да ѝ веруваат и со кои набрзо би можеле да изградат гнездо.rnrnБидејќи се многу блиски со семејството, нивниот партнер МОРА да се согласува со сите членови бидејќи во спротивно врската не би успеала. Тие живеат за топлите собири на повеќе генерации за време на празниците, славите и родендените. Исто така уживаат и во семејните одмори. Партнерот што сака деца и семејство е нивниот совршен пар!rnrnРаковите бараат партнер што е истовремено и цврст и нежен, но и лојален и сочувствителен. Тие се тргаат настрана од „играчите“ бидејќи ако не почувствуваат близина и сигурност уште на првата средба, едноставно се повлекуваат. Ним не им треба авантура, тие копнеат за вистинска и долготрајна љубов па затоа и лесно можат да идентификуваат ваква личност уште во првиот момент штом ја здогледаат.rnrnПрочитајте и што треба да знаете пред да започнете љубовна врска со Рак… -

Верен и лојален: Овој хороскопски знак е најдобриот љубовен партнер што можете да си го замислите
Според поголемиот дел од луѓето, верноста е најважното нешто во секоја љубовна врска. Доколку верувате во хороскоп и се сомневате во лојалноста на вашиот партнер, ѕвездите можат да откријат многу за тоа какво мислење имаат знаците за неверството. Еден хороскопски знак е познат по неговата безусловна верност и посветеност.rnrn
rnrnЧувствителен, приврзан за семејството и со чести промени на расположението. Станува збор за Ракот кој секогаш се стреми кон тоа да изгради врска исполнета со љубов. Кај него не постои толеранција за прељубата и лагите. Раковите не можат да бидат целосно среќни, сѐ додека не остварат длабока емотивна врска, а кога ќе се заљубат, секогаш размислуваат за иднината и посакуваат вечно да останат заедно со нивната сакана или сакан.rnrnРаковите се во потрага по личност со која ќе можат да изградат дом и да основаат семејство. Ракот многу дава, но исто така и многу бара. Потребно им е многу внимание, сакаат кога љубовта им се покажува и докажува, но секогаш возвраќаат со иста мера.rnrnКога ќе наидат на некакви проблеми во врската, не ги одбегнуваат, туку ги решаваат бидејќи не сакаат ништо да им застане на патот до љубовта. Тие се подготвени да ги надминат сите препреки и да ги совладаат сите стравови доколку сметаат дека ја пронашле вистинската личност. Не ни помислуваат на неверство како метод на решавање проблеми. Тие се лојални до самиот крај.rnrnРаковите кријат сложена емотивна структура и длабоки внатрешни доживувања. Станува збор за луѓе кои во себе носат силни чувства и многу интензивно го преживуваат сето она што се случува околу нив.rnrnТие се молчаливи, внимателни и мистериозни. Раковите повеќе се грижат и плашат за нивните блиски одошто за себе. Како родители, се однесуваат премногу заштитнички кон нивните деца. Имаат посебна потреба да си го чуваат семејството, но и традиционалните вредности. Ако се работи за човек што го сакаат, бестрашно ќе застанат во негова одбрана и ќе го штитат од секое зло.rnrnПонекогаш се религиозни, духовните вредности ги ценат повеќе од материјалните, а според нив љубовта е движечка сила на светот. Доколку имате Рак во животот, сигурно го обожавате поради неговата дарежливост, чувствителност, грижливост, доверливост и пожртвуваност. Кој не би посакал ваков партнер покрај себе? -

Зошто жените родени во знакот Рак се апсолутно неодоливи?
Жените родени во знакот Рак поседуваат неверојатни карактерни особини благодарение на кои ретко кој останува рамнодушен во нивно присуство. Тие се емоционално интелигентни, лојални, дарежливи и знаат како да ја покажат нивната љубов. Тешко е да се издвојат само неколку карактеристики што ги прават жените Ракови толку посебни, но веројатно ќе се согласите дека ова се нивните 5 најдобри…rnrn
rn1. Знаат да готват неверојатно
rnНа Раковите им е јасно дека патот до срцето на луѓето е преку стомакот. Тие сакаат да поминуваат време со нивните блиски, а како ќе се зближите најдобро со некого ако не преку храната? Јадењата што тие знаат да ги приготват се неверојатно вкусни и креативни, а уште поважно е тоа што уживаат додека го прават тоа.rn
2. Кај нив важи правилото: Сѐ или ништо
rnТие целосно се посветуваат што и да прават и секогаш вложуваат најмногу труд. Нивната упорност и тврдоглавост ќе ги одведе далеку во животот, на професионално и на приватно поле. Кога Раковите ќе наумат нешто, нема да се откажат додека не го остварат тоа. Нивната посветеност предизвикува восхит и луѓето ги гледаат како луѓе за пример.rn
3. Ѝ веруваат на нивната интуиција
rnРаковите имаат многу силна интуиција и секогаш го следат нивното срце. Тие секогаш прават внимателни избори без оглед дали се работи за љубовни врски, пријатели или животни одлуки. Доколку немаат добро чувство во врска со нешто, никогаш нема да го игнорираат тоа. Благодарение на нивната интуиција, жените родени во овој знак секогаш им даваат одлични совети на нивните пријатели и знаат како да ги насочат на правиот пат.rnrn
rn4. Многу се дарежливи
rnРаковите сакаат да им помагаат на луѓето во нивниот живот и секогаш се тука за нивните пријатели. Доколку вашата партнерка или пријателка се припадници на овој знак, тогаш веројатно знаете дека секогаш ве ставаат на прво место. Нивната несебична природа ги прави привлечни не само однадвор, туку и однатре. Понекогаш тешко е да се симне нивниот оклоп и да се допре до нив, но откако ќе успеете во тоа, верувајте дека нивната љубов кон вас ќе биде вечна.rn
5. Имаат богата фантазија
rnРаковите се големи идеалисти. Тие сакаат да сонуваат и да веруваат дека светот е розов. Понекогаш знаат да се претворат во песимисти ако нештата тргнат наопаку, но тоа нема да ги сопре да се обидат повторно. Жените Ракови одлично се согласуваат со луѓе кои се исто толку слободоумни, бидејќи тие секогаш сакаат да пробуваат нови работи и им требаат пријатели и партнери кои не се плашат да излезат од нивната зона на удобност.
-

Хороскопски знак кој дава сѐ за љубовта и верува во бајки
Овој хороскопски знак е подготвен да направи сѐ што е потребно за да го подобри светот во кој живее. Тој смета дека љубовта е најголемата сила во универзумот и вешто знае да управува со неа. Често го критикуваат поради променливото расположение, но тоа е така само затоа што овој хороскопски знак може да почувствува сѐ. Клучот лежи во комуникацијата доколку сакате да ги одбегнете несогласувањата кои можат да доведат до нерамнотежа во љубовната врска.rnrn
rnrnСтанува збор за романтичниот Рак! Слатките зборови и добро обмислените изненадувања ќе го издигнат до ѕвездите, но непромислените коментари и непотребното игнорирање ќе го фрлат во бездна на мрачни сомнежи и мисли од типот: „Со што го заслужив ова?“. Не се изненадувајте ако тој има потреба да помине некое време сам, со своите мисли. Неговите емоции се толку силни, што потребна му е изолација од светот за да поминат сите чувства низ него и да може да се врати во нормала.rnrnОдвреме-навреме можеби ќе бидете збунети од неговата способност истовремено да биде и срамежлив и храбар. Треба да бидете многу трпеливи доколку сакате Ракот да се ослободи од цврстиот оклоп што ја штити неговата ранливост. Многу Ракови се држат на дистанца од нивните партнери додека не ја истражат темелно непознатата територија и додека не се уверат дека се работи за вистинската личност, бидејќи тие не знаат да сакаат половично. Иако ја обожаваат спонтаноста, Раковите бегаат од краткотрајните авантури бидејќи себеси се чуваат како подарок за некоја посебна личност која навистина ќе им значи.rnrnПрипадниците на овој знак се многу креативни и кога еднаш ќе влезете во нивното срце, засекогаш ќе останете запечатени во нивниот ум. Тие ќе ви дадат сѐ што имаат, а за возврат им е потребно многу малку за да бидат среќни. Доволно е да се чувствуваат сигурно и ценето покрај луѓето кои ги сакаат.rnrnПартнерот на Ракот мора да биде чувствителен. Важно е да знаете дека многумина го имаат повредено, но тој нема да бара од вас да ги излечите неговите рани. Само треба да ја стекнете неговата доверба и потоа целосно ќе ви се препушти. Неговото минато е исткаено со недостојни љубовници само затоа што никој не бил свесен за неговата извонредност.rnrn
rnrnНеговиот најголем подарок е неговото срце. Тој се бори за љубовта, дури и кога сите други се откажале бидејќи тој секогаш го гледа оној блед сончев зрак што му вели дека постои светлина во мракот.rnrnРаковите бараат стабилност иако имаат голем авантуристички дух. Тие сакаат да си играат, да истражуваат и да трагаат по непознатото со личност која знаат дека ќе биде нивната безбедносна мрежа во случај да потфрлат. Среќата ќе ја пронајдат со личност која е самоуверена и која ќе ги поттикнува на развој и животен напредок.rnrnРодените во овој знак се идеални партнери кога станува збор за љубовта, бидејќи тие веруваат во бајки и среќен крај. Цврсто се убедени дека постои вечна љубов и дека двајца заљубени можат да останат заедно засекогаш.rnrnНивната љубов е чиста, вистинска и посебна. За жал, на многумина не им се верува дека постои таква љубов, па кога ќе ја добијат, ја отфрлаат бидејќи не знаат што да прават со неа, или, пак, ја земаат здраво за готово.rnrnХрабрите луѓе кои се подготвени да ја доживеат љубовта што ќе им ја подари големото срце на Ракот, можеби и ќе успеат да го видат чудото невидливо за останатите. И тогаш, двајца заљубени ќе уживаат во еуфоричната атмосфера создадена од нивниот сјај со кој блескаат само оние кои веруваат во магијата на сопствената бајка. -

Што треба да знаете пред да започнете љубовна врска со Рак?
Ако вашиот партнер е роден помеѓу 21-ви јуни и 22-ри јули, се работи за Рак, воден знак познат по неговата неверојатно грижлива природа. Ова се неколкуте работи кои треба да ги знаете пред да започнете љубовна врска со припадниците на овој хороскопски знак, за да можете подобро да ги разберете и да ја направите вашата врска повозбудлива и поинтересна…rnrn
rnСе чувствуваат обврзани да се грижат за луѓето што ги сакаат
rnРаковите се под влијание на Месечината, која во астрологијата се поврзува со емоциите и грижливата природа. Инстинктот на Раковите им наложува да направат луѓето што им се блиски да се чувствуваат среќно, пријатно и згрижено. Но, внимавајте! Ако забележат дека ги земате здраво за готово, ќе станат многу напорни.rn
Знаат да препознаат добра храна
rnРакот својата љубов ја покажува преку храната и очекувајте да ве изненади со некое комплицирано, прекрасно приготвено јадење. Тие никогаш нема да погрешат со нивниот избор на ресторан и шише вино кое совршено го надополнува вкусниот оброк. Пофалете го нивниот труд и гледајте како се исполнуваат со гордост и задоволство.rn
Сексот без обврски е во ред, но ќе останат со вас само ако постои емоционална поврзаност
rnРаковите се големи шармери и сакаат да флертуваат, така што воопшто не се играчи за потценување. Но, кога ќе влезат во сериозна врска, тие ја носат романтиката во кревет. Сексот мора да ги исполнува емоционално за да останат во врската.rn
Многу се приврзани за семејството
rnПрипадниците на овој хороскопски знак ги ставаат потребите и интересите на нивните најблиски, особено на нивната мајка, на прво место. Тука спаѓаат и нивните најдобри пријатели кои ги сметаат за роднини. Сакаат деца и можат да се видат себеси како родители.rn
Секогаш се одлучни
rnРакот е воден знак, па ова можеби звучи малку контрадикторно. Но, Ракот е исто така еден од кардиналните хороскопски знаци, што значи дека е амбициозен и човек од акција. Кога ќе открие што сака, како на пример, да создаде успешна кариера, или да ве однесе во кревет, ќе направи сѐ за да го оствари тоа.rn
Полни се со изненадувања
rnТокму тогаш кога ќе се опуштите и ќе помислите дека можете да го предвидите секој нивен нареден чекор, тие ќе ве изненадат со тоа што ќе направат нешто сосема неочекувано. Ова особено важи за игрите во спалната. Ако се чувствуваат сигурно и пријатно со вас, ќе имаат доволно самодоверба одвреме-навреме да ги „зачинуваат“ нештата во креветот.rnrn
rnЗнаат да бидат многу чувствителни
rnНемојте да се изненадите доколку малите работи предизвикаат големи емоционални реакции кај Раковите. Во зависност од вашиот карактер ова може да ви биде или слатко или одвратно. Но, внимавајте! Ако почувствуваат дека нивниот партнер не може да ги разбере, ќе почнат да се оддалечуваат.rn
Многу сериозно го сфаќаат нивниот дом
rnРаковите најпријатно се чувствуваат во нивниот дом кој обожаваат да го средуваат со декорации кои ги изработуваат самите. Тие сакаат да создадат удобно и сигурно гнездо за нив и кој било друг што им значи.rn
Секогаш сакаат да заштедат пари
rnНајмногу од сѐ ја ценат сигурноста, па затоа знаат да бидат многу штедливи. Тие никогаш не се расфрлаат со пари, туку гледаат да ги трошат разумно и на работи кои навистина ќе им користат. И секогаш тргаат по некој денар на страна за црни денови.rn
Имаат одлична смисла за хумор
rnПостои причина зошто толку многу комичари, како на пример, Вил Фарел и Кевин Харт се родени во овој хороскопски знак. Тие се природно смешни и емоционално интелигентни, па затоа успеваат секоја животна ситуација да ја разведрат. Некогаш дури знаат да бидат и будалести што ги прави уште понеодоливи.rn
Нема да можете да го скриете она што го чувствувате
rnРаковите не само што се поврзани со нивните чувства, туку и се многу интуитивни кога станува збор за туѓите емоции. Кога на некој му е тешко, нивниот инстинкт им вели да бидат сочувствителни. Доколку не ви пречи да споделувате емоции и лични работи, ќе уживате во поддршката и разбирањето кои Ракот ќе ви ги пружи.
-

Таа е најдоброто рамо за плачење: Кога ви е тешко, викнете ја жената во овој хороскопски знак
Изразено чувствителна, романтична, интелигентна, грижлива, креативна, страствена, смирена, имагинативна – сето тоа е жената Рак. Таа е вител од чувства и во еден момент може да биде многу тврдоглава, во друг попустлива, во трет лута, а веќе во следниот нежна. Има силна волја и е истрајна, а понекогаш знае да биде и многу повлечена, особено ако чувствува дека некој ја вознемирува или провоцира.rnrn
rnrnСвојата чувствителност не ја покажува само кон своите потреби, туку и кон туѓите што ја прави еден од најемотивните хороскопски знаци. И најмалата критика која ѝ е упатена ќе ја прими со сето срце и нема лесно да ја заборави. Ја краси длабока интуиција, поради што вреди да го послушате нејзиното мислење.rnЉубов
rnНикогаш не се чувствува подобро и посигурно отколку во својот дом, а семејството за неа е нешто свето. По природа е грижлив и семеен тип жена и во врската секогаш повеќе дарува отколку што зема за возврат. Сака мирен и стабилен семеен живот, а сигурноста и верноста ѝ се најважните квалитети во врската. Заведувањето и сензуалните фантазии се нешто во што жената Рак неизмерно ужива. За неа сексуалниот однос е танц со партнерот со кој сака да биде емотивно поврзана.rn
Пријателство
rnЖената Рак и претпазлива и верна пријателка. Таа е онаа личност која ќе се погрижи сите сигурно да стигнат дома по лудото вечерно излегување и која секогаш ќе се јави да провери дали сте добро. Ако ви е потребен некој да ве утеши, пријателката во знакот на Рак ќе биде најдобра во тоа. Таа е добро рамо за плачење и секогаш ќе даде утеха на луѓето кои ги сака. Своите пријателства ги чува како највредното богатство, а и самата таа е пријателка која вреди да се чува.rn
Изглед
rnПривлечни црти на лицето, длабоки очи со сивкаста или сина боја, мал, кренат нос, полни усни, широка насмевка и силна, изразена вилица се карактеристиките на лицето по кои ќе ја препознаете жената Рак. Лицето обично ѝ е најшироко помеѓу ушите, бојата на тенот посветла, а косата руса. Просечно е висока и има долги и витки раце и нозе, а со тоа и силни дланки. Има мал струк со долга линија, како и раскошни колкови и бедра.rn
Стил
rnГо преферира традиционалниот и конвенционалниот стил на облекување кој ја нагласува женственоста, но и удобноста. Белата, светло сината и сребрената боја се најдобриот избор за неа. Секогаш подобро се чувствува кога е некаде на страна отколку во центарот на вниманието, па затоа никогаш нема да ја видите облечена во нападна дневна комбинација.rnrnСо оглед на тоа дека има привлечни црти на лицето, таа не сака секогаш да носи многу шминка. Парите попрво би ги потрошила на квалитетен шампон и регенератор затоа што убавата и бујна коса е еден од нејзините најдобри атрибути.rn
Стил на купување
rnЖената Рак е мајстор за пронаоѓање одлични парчиња облека и чевли по намалени цени. Ја краси способноста да се облекува феноменално со ограничен буџет. Ретко кога купува импулсивно бидејќи не сака да прави непотребни трошоци и попрво би ја прегледала старата гардероба и да пронајде некое парче на кое заборавила, отколку да оди на шопинг по нешто ново.rn
Стилска икона
rnАктерката Софија Вергара е една од најсексапилните жени на светот и како типична жена Рак има бујни гради и раскошни колкови. Фигурата на песочен часовник ја истакнува со тесни фустани, а често можеме да ја забележиме во бело – бојата која најдобро им стои на Раковите. Долгата, бујна коса и полните усни, кои се адути на многу жени Ракови, се заштитен знак на актерката која на 10-ти јули ќе наполни 44 години.rnrnОд славните дами родени во знакот на Рак се истакнуваат принцезата Дајана, Мерил Стрип, Хелен Келер, Фрида Кало и Жизел Бундхен.
-

4 тајни со чија помош засекогаш ќе го заробите срцето на Ракот
Воглавно, Раковите имаат лоша репутација. Многу често ги бие глас дека тешко се отвораат, дека се пречувствителни и дека плачат за сѐ и сешто. Но, вистината е дека токму тие длабоки чувства го прават Ракот еден од најдобрите партнери кои би можеле да ги имате. Никој нема да се грижи за вас онака како што тоа ќе го направи Ракот. Тие сакаат со целото свое срце и ако навистина им се погоди партнерот, нивната љубов трае вечно. Во постелата тие се незаменливи, особено ако емотивно се поврзат со партнерот. На некој начин, некои би рекле дека не е толку тешко да направите Ракот да се вљуби во вас. Сѐ што треба е да се појавите и да покажете искрена желба за вечна љубов. Секако дека работите не се толку едноставни, па така имајте ги следниве работи на ум доколку сакате да го задржите Ракот во вашиот живот…rnrn
rn1. Бидете трпеливи
rnРаковите сакаат да бидат сакани, но не сакаат да бидат повредени. Токму поради тоа, тие создаваат ѕид околу себе. Жестоко се заштитуваат себеси од болката, бидејќи ја чувствуваат многу подлабоко од останатите хороскопски знаци. Ако сакате засекогаш да ја придобиете нивната љубов, бидете трпеливи. Раковите сакаат да се вљубуваат, но потребно им е време за да сфатат дали тоа е она вистинското. Ова може да биде збунувачки на моменти, но вреди да преминете преку таа конфузија.rn
2. Често гушкајте ги
rnРаковите обожаваат гушкање. Тоа не мора да биде на сексуален начин. Доволно е да им ја допрете раката додека зборувате, да им ја помилувате косата или да ги потапкате по грбот. Овие физички знаци ги потсетуваат дека сте тука за нив и дека нема да ги напуштите. Прегратките ќе го задржат Ракот во ваше присуство.rnrn
rn3. Почитувајте го нивниот простор
rnРакот ќе ве сака до месечината и назад, но треба да чувствува и слобода дека може да се тргне понекогаш од вас, како и од сите останати. Раковите се вистински интроверти. За да го извлечат најдоброто од себе, ним им е потребно да поминат време сами читајќи или гледајќи ја омилената серија.rn
4. Бидете старомодни
rnСите Ракови ја обожаваат романтиката. Тие можеби ќе се обидат да се преправаат дека не се романтичари, но факт е дека сакаат мали, традиционални знаци на внимание. За женските припаднички на знакот не заборавајте да купите цвеќиња. Напишете му на момчето Рак поема или направете му плејлиста со вашите омилени песни. Нема да погрешите и засекогаш ќе го освоите нивното срце!