КАФЕ ПАУЗА

Category: Рак

  • Совршена сопруга и добра мајка: Момци, не ја испуштајте жената родена во овој хороскопски знак

    Совршена сопруга и добра мајка: Момци, не ја испуштајте жената родена во овој хороскопски знак

    Таа знае од која било куќа да направи дом и секој аспект од вашиот живот ќе го исполни со искрена топлина и љубов. Можете да погодите која е? Станува збор за жените кои се Рак во хороскоп.rnrnЖената Рак е единствена и неповторлива, грижлива, добра, лојална и приврзана. Вистинска дама за пример! Таа потполно ќе ги промени законите на физиката во вашиот живот и ќе го заврти за 180 степени. Домот постојано ќе ви зрачи со топлина, бидејќи таа е способна секое катче да го направи удобно и пријатно.rnrnСовршена сопруга и добра мајка: Момци, не ја испуштајте жената родена во овој хороскопски знакrnrnВо креветот е нежна и сензуална, но знае да биде нескротлива и непредвидлива. Никогаш нема да ви биде доста од нејзините бакнежи. Нејзината искрена душа бара личност која знае да сака и која ќе знае да ги разбере нејзините тивки воздишки. Маж кој ќе ѝ биде поддршка и ќе се бори заедно со неа во секоја животна битка. За возврат ќе ви го подари целото нејзино битие и ќе биде подготвена да остане со вас и во добро и во зло, ако тоа е потребно.rnrnСовршена сопруга, грижлива и добра мајка, таа плени со својот вроден шарм со кој се носи природно и спонтано како вистинска дама.rnrnНа оваа вредна и сестрана жена потребен ѝ е маж кој ќе биде силен и одлучен, но и грижлив и одговорен.

  • Лојален до крај: Хороскопскиот знак кој го презира неверството

    Лојален до крај: Хороскопскиот знак кој го презира неверството

    За повеќето луѓе, моногамијата е важен став во секоја љубовна врска и секој партнер, соодветно, посакува да биде сакан, ценет и почитуван. Астрологијата веќе ни го откри хороскопскиот знак за кој е најверојатно да го изневери својот партнер, но овој пат ни го открива и хороскопскиот знак кој е познат по својата безусловна верност и лојалност. Во продолжение прочитајте за кого станува збор.rnrnЛојален до крај: Хороскопскиот знак кој го презира неверствотоrnrnОд сите хороскопски знаци, Раковите најмногу тежнеат и се стремат кон сигурната и стабилната врска полна со љубов, во која нема место за неверството. Тие се секогаш интерпретирани како емотивни, но она што е поважно е тоа што тие знаат како да се справат, соочат и да ги контролираат тие емоции. Затоа, Раковите никогаш нема да бидат целосно среќни сѐ додека не остварат длабока емотивна врска, а кога ќе се заљубат секогаш размислуваат долгорочно.rnrnВо потрага се по личноста со која можат да изградат дом и семејство. Раковите многу даваат и исто толку бараат. Но, за нив материјалните работи не се толку важни, бидејќи бараат само љубов и внимание и секогаш возвраќаат со истата мера. Кога ќе наидат на проблеми во врската тие не ги избегнуваат, туку ги решаваат бидејќи не сакаат ништо да им застане на патот кон љубовта. Тие не ни помислуваат на неверството како метод на решавање на проблемот затоа што се лојални до самиот крај.rnrnСе разбира, Ракот не е единствениот хороскопски знак познат по својата лојалност. Неверството не го практикуваат ниту:rn

      rn011

    • Биковите, кои бараат стабилност и верност.
    • rn011

    • Вагите, кои имаат вродена желба за правда и почитување и бараат хармонична врска.
    • rn011

    • Девиците, кои се чувствителни и традиционални во љубовта.
    • rn011

    • Јарците, кои се трпеливи и вредни и ќе работат на врската колку што е потребно.
    • rn

  • Емотивен, меланхоличен и патетичен: Кој хороскопски знак е најтежок за врска?

    Емотивен, меланхоличен и патетичен: Кој хороскопски знак е најтежок за врска?

    Овој знак не знае како да се носи со животот, ниту како да биде во врска без солзи и секојдневни драматични ситуации, дури и тогаш кога тоа не е потребно. Се работи за меланхоличниот Рак.rnrnЕмотивен, меланхоличен и патетичен: Кој хороскопски знак е најтежок за врска?rnrnПрипадниците на овој знак често немаат сила да се соочаат со животот, а уште помалку со болката која ја носат во себе. Кога ќе ги стигне некоја несреќа, Раковите креваат раце од сѐ и трагично изјавуваат „Нека биде што ќе биде“. Сепак, кога се работи за емотивна врска, тие знаат цврсто да се „фатат“ за својот партнер и по никоја цена да не се пуштаат.rnrnЕмотивниот Рак често знае да плаче, па оттука очекувајте повици полни со патетика и приказни од типот „Никогаш повеќе нема да љубам“. Ако на Раковите им дозволите да се зазборат, во еден момент ќе почнат да ги набројуваат сите случаи кога сте ги навредиле или повредиле, а според нив тоа се случувало премногу често.rn

  • 10 факти кои ќе ги разберат само родените во хороскопскиот знак Рак

    10 факти кои ќе ги разберат само родените во хороскопскиот знак Рак

    Поголемиот дел од нас има барем една личност која е родена во хороскопскиот знак Рак, што значи и дека ја запознала со сите нејзини добри и лоши страни. Затоа денес ќе споделиме 10 факти кои ќе ги разберат само личностите родени во овој знак, а ако не верувате во тоа, слободно прашајте ги нивните најблиски. Ви ветуваме дека ќе ви ги потврдат.rnrn1-10-fakti-koi-kje-gi-razberat-samo-rodenite-vo-horoskopskiot-znak-rak-www.kafepauza.mk_rnrn1. Наоѓањето нови изговори за да не отидат на кафе или на пијалак со пријателите им е како неплатена работа. Тие повеќе не можат да се потпрат на изговорот дека се болни, само затоа што дома подготвиле пица во која сакаат сами да уживаат.rnrn2. Се обидуваат да не ја јадат баш секоја храна, само затоа што таа добро мириса. Раковите едноставно обожаваат да јадат, па затоа нив нема да ги чуете дека нешто не им се допаѓа или дека им е невкусно. Внатре во нив секогаш се води војна, дали да јадат нешто или да не јадат воопшто.rnrn2-10-fakti-koi-kje-gi-razberat-samo-rodenite-vo-horoskopskiot-znak-rak-www.kafepauza.mk_rnrn3. Ако ги прашувате нив, тие цел ден би го поминале во пижами или во некоја стара блуза, бидејќи облеката им е досадна. Тие први би гласале за да се воведат пижамите како униформа на местото каде што работат.rnrn4. Кога некој ги критикува, Раковите знаат полека, но сигурно да се вовлечат под својот оклоп. И тогаш се создава проблем, бидејќи можат да бидат многу ладни и незаинтересирани. Затоа може да кажеме дека емотивноста на Раковите им е награда, но и проклетство.rnrn3-10-fakti-koi-kje-gi-razberat-samo-rodenite-vo-horoskopskiot-znak-rak-www.kafepauza.mk_rnrn5. Кога се заљубени, спремни се да дадат сè. Во тој момент саканата личност за нив е сè на светот и никој не може да ги убеди во спротивното.rnrn6. Може слободно да добијат номинација за Оскар секој пат кога ќе изразат некоја емоција, бидејќи Раковите се вечни актери. Без разлика дали се смеат, плачат или пак се лутат. Кај Раковите секоја од овие емоции е зголемена на квадрат, додека тој квадрат е зголемен на куб.rnrn4-10-fakti-koi-kje-gi-razberat-samo-rodenite-vo-horoskopskiot-znak-rak-www.kafepauza.mk_rnrn7. Бог нека им е на помош на нивните пријатели кои ги натерале да дојдат на состанок кој брои повеќе од три личности, а притоа тие не го очекувале тоа.rnrn8. Раковите многу тешко се спријателуваат со нови луѓе, а сите нивни познанства завршуваат така што или ќе станат најдобри пријатели со таа личност или пак воопшто нема да ѝ го запомнат името.rnrn5-10-fakti-koi-kje-gi-razberat-samo-rodenite-vo-horoskopskiot-znak-rak-www.kafepauza.mk_rnrn9. Нивната соба е вистинско мало складиште со предмети од сентиментална вредност. Толку многу, што во секој момент очекувате дека нешто ќе излезе од некоја фиока или пак полица.rnrn10. Раковите се многу заштитнички настроени спрема своите најблиски личности. Немојте да се зачудите ако заминете на состанок со некоја личност која неодамна сте ја запознале, а тие да испратат некој да ве следи. Да, да, би го направиле и тоа!

  • 10 причини зошто Раковите се најдобрите љубовници во Зодијакот

    10 причини зошто Раковите се најдобрите љубовници во Зодијакот

    Раковите, кои се родени помеѓу 22 јуни и 22 јули, се често емоционални, емпатични, сензитивни, активни, интуитивни, имагинативни и лојални. Ако овие карактеристики не ве натераат веднаш да ги засакате тогаш погледнете ги следниве 10 причини кои ќе ви покажат дека тие се најдобрите љубовници во целиот Зодијак.rnrn10 причини зошто Раковите се најдобрите љубовници во Зодијакотrn

    1. Раковите се заштитници, тие ќе го бранат она кое го сакаат до смрт

    rnЕдна од причините зошто би сакале Рак во вашиот тим е фактот што тие се многу лојални. Кога ќе се зближите со нив, вие веќе сте дел од семејството, па токму затоа и тие би направиле сè за вас. И покрај тоа што не се родени борци (токму спротивното), тие во одредени ситуации, кога нивните најблиски се под закана можат да се претворат во вистински херои. Во врските, овој квалитет може да се доживее и како негативна особина бидејќи Раковите лесно стануваат љубоморни, но на тој начин тие покажуваат дека се грижат и го штитат тоа што е нивно.rn

    2. Тие сè прават со страст и љубов

    rnКако најчувствителниот знак во Зодијакот, Ракот прави сè со љубов во своето срце. Токму затоа и се најнежните љубовници. Да се има љубовник како Рак е многу важно бидејќи тој или таа ќе се грижи на начини на кои другите не можат ни да замислат. Интуицијата, која им е една од најголемите карактеристики на Раковите, игра огромна улога во оваа смисла. Токму таа во нив буди мајчински и татков инстинкт кои ги прави нежни во односите со партнерот.rn

    3. Тие се најголемите мечтатели во Зодијакот

    rnСо толку љубов и силна имагинација, тие се најголемите мечтатели. Најчесто се огромни романтичари, правејќи ги поподложни на љубов и врски. Токму затоа и нема да се согласат со што било или пак, нешто обично и ќе си направат своја верзија од бајките. Нивната имагинација им помага да гледаат далеку во иднината, што е одлична карактеристика за врските.rn

    4. Нивната емпатија ги прави одлични пријатели, како и љубовници

    rnДоколку имате потреба од личност на која можете да се потпрете, ако ви треба совет или пак некој само да ве сослуша, тогаш консултирајте се со Ракот. Нивната емпатија ги прави исклучителни и непристрасни слушатели. Тие се способни да го адаптираат нивното размислување со цел подобро да ја разберат туѓата перспектива, додека пак нивната интуиција им овозможува огромна мудрост, која најчесто се забележува преку соодветниот совет. Тие се искрени и грижливи и најчесто ви оддаваат чувство на удобност кое помага при отворено разговарање. Во врските, оваа доблест има огромни придобивки од очигледни причини.rn

    5. Тие се цврсти и отпорни

    rnАко е лесно, тогаш сигурно не вреди да се прави. Раковите знаат дека ова е вистинито, па токму затоа и врската со нив не е секогаш лесна. Тие не се наклонети кон правење нешта кои другите им ги кажуваат, па затоа и најчесто си тераат по свое и го прават она што тие го сакаат, без разлика на советите од другите. И покрај тоа што не се тврдоглави како Бикот, нивната отпорност е начинот на кои наоѓаат страст и возбуда, дури и кога шансите се против нив. Од внатре тие се можеби меки, но нивната школка е цврста. Токму затоа и се секогаш подготвени да работат на проблемите, не откажувајќи се од врската до самиот крај.rn

    6. Тие се одлични за адаптација

    rnРаковите немаат никаков проблем со промените. Тие едноставно остануваат цврсти и приземјени секој пат кога ќе бидат соочени со нова ситуација. И покрај тоа што не сакаат да бидат сами, тие се многу добри во тоа. Тие уживаат во својата слобода и независност, што е клучот за адаптацијата на нови ситуации. Во врските постојано се случуваат промени, па токму затоа тие лесно можат да ве следат во секој чекор, овозможувајќи ви големите ситуации да ги поминете со помалку стрес.rn

    7. Тие се слободоумни

    rnПовеќето Ракови имаат широк ум и секогаш оддаваат чувство на прифаќање. Тие не осудуваат и не критикуваат. И покрај тоа што ова е една од причините поради кои даваат одлични совети, тоа е и карактеристика која ги привлекува луѓето кон нив. Нивните омилени нешта кај луѓето најчесто се нивните маани поради кои ги прават уникатни и различни од другите. Раковите се исклучиво чувствителни на овие карактеристики и најчесто се фасцинирани од нив. Во врските, не постои друга личност која толку многу би ве сакала во целост, со сите маани и добри страни.rn

    8. Тие се со слободен дух

    rnКако што веќе спомнавме, Раковите не сакаат другите да им кажуваат што да прават. Тие маршираат на свој ритам и покрај тоа што им е примамливо да ја следат топлата, повеќе ги почитуваат разликите. Токму затоа и немаат желба да бидат во центарот на вниманието и понекогаш се кријат во позадината, но никогаш не се трудат да се преточат во околината и да станат незабележливи. Тие немаат потреба да се фалат со својата индивидуалност, но исто така и не сакаат да ја кријат од вас. Во врските, партнерот со слободен дух може да ви овозможи да се чувствувате безгрижно и удобно во својата кожа.rn

    9. Тие ќе ве изненадат

    rnОколу нив постои еден вид магнетна привлечност која ги привлекува сите луѓе кон нив. Без разлика дали станува за прекрасната надворешност или за внатрешната добрина, вие ќе откриете голем број изненадувања за нив со текот на времето. Тие се многу контрадикторни, едноставни, но комплицирани, внимателни, но со слободен дух, нежни, но силни и токму затоа постојано ќе ве тераат да се запрашате што друго носат во себе. Тоа е и една од најголемите причини зошто никогаш нема да ви биде здодевно покрај нив.rn

    10. Тие брзо и лесно наоѓаат решение за сите проблеми

    rnРаковите имаат одлични способности за одржување непристрасност, што ги прави неверојатни одржувачи на мирот. Тие не сакаат кога луѓето се караат, па токму затоа и го бараат најдоброто во сите. Поради ова, тие се способни да погледнат од повеќе страни на истата ситуација и на тој начин да ја одбегнат драмата. Во врските, способни се да признаат кога не се во право како и да играат адвокати на ѓаволот, што им помага брзо да ги решат сите видови проблеми.

  • Романтични во врските и грижливи пријатели: Жените Ракови се најчувствителниот хороскопски знак

    Романтични во врските и грижливи пријатели: Жените Ракови се најчувствителниот хороскопски знак

    Жените Ракови имаат чувства кои постојано варираат, па токму затоа во една секунда можат да бидат исклучително тврдоглави, во друга попустливи, во третата лути, а веќе во четвртата смирени. Тие имаат силна волја и голема трпеливост, но понекогаш знаат да бидат и многу резервирани, па поради тоа да се повлечат во својот „заштитен оклоп“ доколку некој ги вознемирува или провоцира.rnrnРомантични во врските и грижливи пријатели: Жените Ракови се најчувствителниот хороскопски знакrnrnТие не само што се во целосен допир со своите потреби, туку и многу често знаат што им е потребно на другите, правејќи ги едни од најчувствителните хороскопски знаци во Зодијакот. Дури и најмалата критика која е упатена кон нив тие ќе ја земат при срце и можеби никогаш нема да ја заборават. Раковите ги краси длабока интуиција поради која вреди да се послуша нивното мислење за сите теми.rn

    Секс и врски

    rnЗа жените Ракови совршен партнер е оној кој сака да се гушка покрај каучот, гледајќи ТВ и пиејќи вино. Тие најсигурно се чувствуваат во својот дом, а семејството за нив е нешто најважно. По природа се грижливи и фамилијарни жени, кои секогаш во врските даваат многу повеќе одошто земаат. Тие сакаат мирен и стабилен семеен живот, додека пак сигурноста и верноста им се најважниот дел од љубовната врска.rnrnЗаведувањето и сензуалните фантазии се оние нешта во кои жените Ракови неизмерно уживаат. За нив сексот е нежен и сензуален танц, па токму затоа потребно им е емотивна поврзаност со партнерот со цел да можат да се впуштат во овој чин. Тие сакаат мажи кои ќе бидат доминанти во сексот и од кои можат да учат многу нови начини на задоволување.rn

    Пријателство

    rnТие се многу грижливи и внимателни пријателки. Жените Ракови се оние кои ќе се погрижат сите да пристигнат дома безбедно по лудото вечерно излегување и кои секогаш ќе се јавуваат за да проверат дали сте добро. Доколку ви е потребно некој да ве утеши, пријателките во овој знак ќе го направат тоа најдобро. Тие своите најблиски ги чуваат како вредно богатство, но и тие самите се неверојатни вредни за чување.rn

    Изглед

    rnПривлечни црти на лицето, големи очи, подигнат нос, полни усни и широка насмевка се само дел од карактеристиките кои ги опишуваат жените во овој знак. Тие најчесто имаат лице кое е најшироко во областа помеѓу ушите, со посветла боја на кожата и светло кафеава коса. Голем дел од жените Ракови имаат бујни гради, додека пак оние со помали имаат убаво обликувана форма бидејќи токму градите се оние кои се карактеристичен дел од нивното тело. Тие се со просечна висина и витки, имаат долги раце, силни шаки и стапала кои најчесто се големи. Исто така имаат долга линија на струкот и раскошни бокови и бедра.

  • Љубовен астролошки профил за женски Ракови

    Љубовен астролошки профил за женски Ракови

    Припадничките родени во знакот Рак најчесто погрешно се сфатени како непристојни, арогантни и непријатни личности. Запомнете, пред да почнете со каков било план за заведување, најдобро е да ја разберете и осознаете нивната личност. Тие сакаат партнер кој ќе ја разбере нивната нескротлива и променлива природа. Дури кога изгледа дека е лута на вас, таа едноставно така се „празни“ и ја ослободува негативната енергија. Тие се многу емотивни и знаат да ги пренесат своите чувства на другите околу нив. Спаѓаат во групата на оние знаци на кои поважно им е да посакуваат и мечтаат, отколку вистински да поседуваат.rnrnrnrnЖенските Ракови се многу едноставни кога станува збор за љубовта. Или ќе бидете со неа, или ќе ја оставите. Но, тоа не значи дека тие се без емоции и страст. Напротив, тие можат да бидат пречувствителни и полни со страст. Чекорат по својот пат стабилно и им веруваат на донесените одлуки, без да се навраќаат на минатото. Затоа, најдобро е да ја заведете жената Рак кога таа е расположена. Доколку не ѝ е погоден денот, сите ваши надежи се осудени на пропаст.rnrnКако тогаш да ја „намамите“ жената Рак да се заинтересира токму за вас? Бидете директни. Таа сака партнер кој нема да биде материјалист и алчен. Бидејќи самите по природа се срамежливи и резервирани, тие се воодушевуваат и го ценат оној партнер кој е доверлив, искрен и секогаш отворен. Доколку не ги исполнувате овие услови, засекогаш ќе бидете избришани од нејзината листа. Кога оваа жена сака да биде со некого, без разлика дали ќе биде тоа врска или обична романса, работите ги сфаќа сериозно. Тие се личности кои не сакаат промени, освен во случај ако за тоа постои заедничка одлука.rnrnТаа ќе нема проблем доколку реши да ве остави. Звучи сурово и така е. Но, покрај целото студенило, тие се страсни мечтатели. Женските Ракови се романтичари. Кога еднаш ќе го пробиете железниот оклоп, внатре ќе наидете на сладок пекол. Тие ја сакаат романсата и еротиката. Сакаат да бидат обожувани, сакани и чувани. Ако барате повеќе од пријател со бенефиции, тогаш направете сè за да допрете до нејзината емотивна страна. Кога е со вас, таа посакува да биде единственото нешто кое вие го гледате. Сака да биде сигурна дека вие сте тука само за неа и не постои друго место на светот каде би посакувале да бидете. Бели кринови или рози се одличен избор за подарок со што ќе ја добиете нивната наклоност. А верувајте, посакувате да станете нејзин миленик повеќе од што било на светот!rnrnrnrnОвие припаднички повеќе ја ценат самата помисла за некое дело, отколку остварување на истото. Случајно сте ѝ купиле сребрена брезлетна со месечинки, бидејќи таа спомнала дека има интерес за небесните работи. Со тоа сте ѝ покажале дека внимавате што зборува. Кога ѝ оставате утринска порака на нејзиниот автомобил после состанокот, ѝ покажувате дека мислите на неа. Ја изненадувате со вечера со свеќи кај вас дома, и таа знае дека сакате да се чувствува пријатно бидејќи немате планови за надвор. Овие напори ќе ја придобијат нејзината доверба и таа ќе посака да бидете заедно уште повеќе.rnrnТаа има традиционални ставови кога станува збор за состанувањето. Сака да биде сигурна во одлуката што ќе ја донесе. Немојте да бидете изненадени доколку „глуми“ недостижна и ве тера да ја освојувате по кој знае кој пат. Тоа е нејзиниот начин на кој ги елиминира идиотите и губитниците, од заштитниците. Тие се заситуваат и заминуваат. Жената Рак гледа на секој можен додворувач како потенцијален партнер кој ќе биде долгогодишен. Не, таа не очекува веднаш да ѝ понудите брак, само сака да знае дека го посакувате тоа што таа го мисли.rnrnrnrnТаа нема да очекува понуда за брак толку рано во врската, но вие ќе бидете тие кои ќе го посакувате тоа. Штом ќе го придобиете вниманието на оваа жена, нема да сакате лесно да се одвоите од неа. Овие жени Ракови поседуваат црти на домаќинки и мајки. Не, таа нема да ја има улогата на мајка во вашата врска, но верувајте, ќе имате сè што ви е потребно дома. Таа ќе се грижи за работите кои ви се потребни и на двајцата и вие ќе бидете изненадени како досега сте живееле без неа. Понекогаш токму ваквите особини на овие жени може да бидат причина за проблеми и караници во врската.rnrnТие се личности кои секогаш ќе ве поддржуваат, што истовремено е и нивна слаба страна. Штом таа ве пушти во нејзиниот свет, ќе дознаете зошто било тешко да се освои уште првиот пат. Тие кои ја искористиле, длабоко ја уплашиле. Иако со текот на времето раните се лечат, кај овие жени тие никогаш не исчезнуваат. Затоа е важно да се разбере нивната личност. Понекогаш може да изгледа дека вие сте тие кои ја плаќате цената за другите, но тоа не е така. Оваа жена знае дека единствената личност која ќе ја заштити, е самата таа.rnrnrnrnДа, жената Рак е тешка да се освои, но затоа кога ќе ја имате, сфаќате дека вредел секој ваш напор. Нејзината страст се споредува со онаа што ја има хороскопскиот знак Овен. Таа може да биде спонтана и возбудлива. Знае да сака длабоко и ужива во еротски љубовни сеанси со бакнежи од кои ѝ се свртува во главата. Никогаш не треба да се грижите дека ќе бидете напуштени, бидејќи таа е цврсто лојална. Таа нема да ве остави наеднаш без ништо, како што ја оставале неа.rnrnНе дозволувајте суровата реалност од нејзиниот живот да ве разубеди да бидете дел од него. Таа со сигурност ќе го заборави минатото и нема да се навраќа на него. Сака да продолжи понатаму и посакува да има некој со кој заедно ќе чекори напред. Дајте ѝ шанса, разберете го нејзиниот нарав и ќе бидете наградени. Ќе имате прекрасна жена покрај вас која ќе ви понуди удобен живот исполнет со задоволства. Ќе ви подари љубовна врска која ќе биде возбудлива и стабилна. Со неа ќе ја почувствувате страста толку длабоко, што никогаш нема да заборавите колку сте сакани. Затоа, само напред, скршете ја железната школка, а потоа уживајте во сите слатки нешта кои ги поседува оваа жена.

  • Рак и девица – пријателска комбинација

    Рак и девица – пријателска комбинација

    Девицата спаѓа меѓу омилените пријатели на ракот. Тој може да смета на својата девица дека ќе му го донесе совршениот подарок за роденден, токму она што тој го сакал, во посакуваната боја, со точната големина. Дополнително, ракот може да ѝ се обрати на девицата секогаш кога му треба совет, без разлика дали се работи за нов стилист или за ефикасна диета.Рак и девица – пријателска комбинацијаДевицата знае како да даде искрено мислење, без да ги повреди чувствата на ракот. За среќа, девицата го цени ракот и го обожава. Тој пак е знак кој има проблем да се третира себеси добро и да прифати дека заслужува комфор во животот. Затоа пак многу се радува кога девицата ќе се појави со торта од моркови, мекана блуза или гратис за во спа-центар.rnrnНа девицата и пречи заштитната ограда која си ја поставува ракот околу себе, додека за него девица е малку невротична. Исто така, ракот често има некои нереални соништа и идеи, чие неприфаќање од страна на девицата, може многу да го разочара.rnrnДевицата и ракот можат да оформат пријатно пријателство што ќе трае со години. Двајцата се домашари кои преферираат тивки ноќи покрај телевизорот, но знаат и да поминат лудо забавувајќи се во некој локален бар. Девицата ја цени мистериозната способност на ракот да ѝ ги смирува нервите, додека ракот многу цени што таа никогаш не го заборава неговиот роденден, но и фактот дека не јаде маслинки.rnrnВо најголемиот дел од времето, на овие два знака пријателството им оди како подмачкано. Тие уживаат во меѓусебното друштво, особено додека возат велосипеди, се занимаваат со некои градинарски активности, едрат, подготвуваат сложени јадења или се посветуваат на развивање на своите кројачки вештини.rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Рак и лав – пријателска комбинација

    Рак и лав – пријателска комбинација

    Лавот може да биде најшармантниот, но и најдосадниот пријател за ракот. Да, лавот е топол, лојален, великодушен и полн со љубов – дефинитивно карактеристики кои ракот ги обожава. Но, овој пријател често се однесува како шеф, себичен е и знае да биде тврдоглав. Исто така, лавот не може да се помири дека лидерските вештини на ракот се посилни од неговите.Рак и лав – пријателска комбинацијаЛавот ја цени добродушноста, топлината, одговорноста и интуицијата кај ракот. Кога сака да ја преземе главната улога во некоја ситуација, лавот ќе успее да ги искористи особините на ракот за своја корист. За среќа, раковите се трпеливи личности. Со тек на време, нивниот пријател во знакот лав ќе види дека му се исплати да се повлече кога станува збор за организирање забави, делење на сметката од заедничката вечера или излегување на крај со менаџерот во хотелот. Штом ракот ја добие ваквата моќ, тој со задоволство ќе му го отстапи местото под рефлекторите на својот гламурозен пријател – лавот.rnrnПонекогаш дружбата со нерасположениот рак може да биде предизвик за секогаш расположениот лав. За среќа, лавот е добар во прогледување низ прсти кога станува збор за неговите пријатели, па ни ракот не е исклучок. Лавот ужива кога ракот го гости со неговата омилена храна секогаш кога ќе намине кај него. Исто така, ракот ќе му каже на лавот дека изгледа добро дури и во најлошите денови. За возврат, ракот добива безусловна љубов која ја граделе уште од детството. Меѓу нив може да се јават недоразбирања, но за среќа и двајцата гледаат на пријателството како на нешто многу поважно од некои безначајни препирки.rnrnЗаедничките интереси на ракот и лавот вклучуваат танцување, пливање, купување мебел и антиквитети, сликање со масло и готвење.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Рак и рак – пријателска комбинација

    Рак и рак – пријателска комбинација

    Формирањето пријателство помеѓу два рака, претставува апсолутно блаженство. Никој не може повеќе да го насмее ракот од некој кој го споделува неговиот хороскопски знак, благодарение на чувството за апсурд кое го поседуваат и кое длабоко ги расположува. Овие пријатели секогаш ќе се чувствуваат екстра удобно и комфорно кога ќе си дојдат на гости, бидејќи раковите се исклучително гостопримливи луѓе.Рак и рак – пријателска комбинацијаТие ќе си се воодушевуваат на убавите тапацирани столчиња кои нивниот пријател ги има во домот, на мекото килимче и уредното кујнско креденче со садови. Готвењето вкусни оброци е една од работите кои можат да ги прават овие двајца пријатели заедно.rnrnПонекогаш едниот рак знае да го испровоцира другиот, со својот избувнувачки темперамент и со својата несигурност. Сепак овие карактеристики ги поседуваат и обата пријатели, па така поголемиот дел од времето тие уживаат во своето друштво, особено кога заедно одат на риболов, кога купуваат антиквитети или кога уредуваат нешто по дома.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.