КАФЕ ПАУЗА

Category: Рак

  • Близнаци и рак – пријателска комбинација

    Близнаци и рак – пријателска комбинација

    Поминатото време на ручек заедно со ракот, за близнакот претставува одличен начин на забава и разонода. Ракот ја обожува остроумната смисла за хумор на близнакот, додека тој го обожува неговиот блесав стил на шегување. Двајцата уживаат да ги набљудуваат луѓето, па токму затоа тие често оговараат за своите пријатели, соседи и колеги. Расположението на ракот едноставно може да му влезе под кожа на близнакот, додека неговата безгрижност секогаш го освојува срцето на ракот.Близнаци и рак - пријателска комбинацијаРакот и близнаците немаат многу заеднички работи, па токму тоа го прави ова пријателство многу интересно. Оптимистичкиот карактер на ракот додава една многу позитивна светлина врз секојдневието на близнакот, додека воспитувачкиот инстинкт на близнакот создава удобност во светот на ракот.rnrnДоколку ракот некогаш се чувствува депресивно и нерасположено, тогаш знае дека само близнакот може да му помогне да излезе од таа ситуација. Близнакот ќе го носи ракот по забави, филмови или на културни случувања, сè додека не заборави на проблемите. Секако ракот секогаш е спремен да му ја возврати услугата на близнакот кога нему не му се сите овци на број.rnrnБлизнакот знае да го налути ракот, кога за време на некоја вечера постојано зборува на мобилен, но од друга страна близнакот никогаш не се жали кога ракот целодневно кука за некои ситници. За среќа, ракот никогаш не може да биде лут премногу долго, а двата знака се секогаш спремни да се извинат кога е потребно. За да избегнуваат конфликти, овие двајца пријатели можат да уживаат во активности кои вклучуваат активирање на рацете, како плетење, изработување глинени предмети и дрводелски работи.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бик и рак – пријателска комбинација

    Бик и рак – пријателска комбинација

    Помеѓу бик и рак, преовладуваат лојалноста и љубезноста и ова е пријателство кое може да трае цел живот. На ракот никогаш не му пречи да му го подготви омилениот оброк на бикот кога ќе му дојде на гости, дури и тоа да значи дека ќе треба да јаде ист оброк секој ден во неделата.rnrnБикот секогаш е во можност да ги ислуша сите надежи, соништа и грижи на ракот, дури и доколку му се јави во 1 часот по полноќ. Тој смета дека токму затоа се пријателите, за во добро и во зло. Секој од овие два знака поседува квалитети, на кои другиот им се восхитува. Па така, бикот е импресиониран од извршните способности на ракот, додека тој се восхитува на способноста на бикот да ужива во животот.Бик и рак – пријателска комбинацијаПонекогаш променливото расположение на ракот му ги кине нервите на бикот, додека од друга страна тврдоглавоста на бикот го полудува ракот. Сепак двата знака уживаат за време на активностите поврзани со нивните заеднички интереси како што се градинарството, готвењето и плетењето.rnrnРакот најверојатно го смета бикот за еден од најблиските пријатели во неговиот живот. Бикот ја разбира неговата потреба за удобен, безбеден и константен живот. Ракот ја цени способноста на бикот да чува пари, како и да ужива во добра храна и во луксуз.rnrnСо никого не е позабавно да се готви отколку со бикот, бидејќи тој ужива во секое залче од домашно направеното лепче, пита или чоколаден колач. Кога ракот не е расположен да зготви нешто за вечера, секогаш може да се потпре на способноста на бикот да препорача одличен ресторан. Ракот потајно мисли дека бикот не го искористува својот максимален потенцијал, додека бикот е уверен дека ракот е секогаш премногу сензитивен. Сепак овие двајца многу лесно ги надминуваат своите различности и знаат заедно да уживаат во долгите прошетки, планинарењето, собирајќи ретки парички или работејќи во градината.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Овен и рак – пријателска комбинација

    Овен и рак – пријателска комбинација

    Ракот е прилично тешка личност за „декодирање“, но доколку овенот држи мала дистанца и не ги погодува неговите болните точки, тој или таа евентуално ќе ги покаже своите вистински емоции. Во меѓувреме, овенот може да се задоволи со фактот, дека ракот е најверојатно најскапоцениот пријател кој секогаш ќе биде тука за него во неволја. Лојалноста кај ракот е навистина легендарна карактеристика. Имено, ракот едноставно секогаш знае да го каже вистинскиот збор со кој ќе направи целата болка и тага одеднаш да исчезне. За да му возврати за неговата љубов и поддршка, овенот му надокнадува влевајќи му храброст и кажувајќи му пофални зборови, кои ракот е секогаш расположен да ги чуе. Ракот ќе му биде бескрајно благодарен на овенот, доколку тој му помогне да ги развие своите лидерски способности.Овен и рак – пријателска комбинацијаДружењето со овен, е некаков вид предизвик за ракот. Овните прво реагираат, а отпосле размислуваат, додека пак ракот внимателно ги анализира неговите планови, пред да прејде во акција. Импулсивното однесување и острите забелешки од страна на овенот, можат понекогаш да го облеваат ракот со ладна пот и вистински да му ги повредуваат чувствата. Но ракот не е единствениот во ова пријателство, кој ги чувствува разликите и проблемите. Така, енергичниот овен се чувствува навистина „зауздено“ од премногу претпазливото однесување на ракот.rnrnДоколку се трудат да го одржат нивното пријателство, овие двајца можат навистина да го почувствуваат бенефитот од нивните различни карактери. Овенот треба да го охрабрува ракот во реализацијата на неговите идеи,  бидејќи тој е исто толку моќен лидер колку  и овенот, само треба да ја развие таа способност кај себе. Од друга страна, ракот може да му помогне на овенот подобро да си ги организира финансиските трошоци, за да може помалку да работи, а повеќе да се забавува. Овие двајца другари може да уживаат во активности како долготрајно трчање, изработка на накит, готвење зачинета храна, возење со глисер по вода, колекционирање воени сувенири и сл.rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Риби и рак – пријателска комбинација

    Риби и рак – пријателска комбинација

    Ова може да биде пријателство кое ќе им создава огромно задоволство и среќа на двата хороскопски знака. Будалестиот рак умее да ја насмее рибата дури и кога ѝ се плаче. На сличен начин, рибата може да почувствува кога на ракот му е потребна широка утешителна прегратка.Риби и рак – пријателска комбинацијаПостои голема веројатност овие двајца пријатели да не мораат гласно да си ги кажуваат нивните чувства, стравови или очекувања еден од друг, бидејќи раковите и рибите поседуваат навистина силна интуиција.rnrnРакот го обожава добриот вкус за филмови кој го има рибата, додека пак таа ги обожава неговите кулинарски способности. Рибата му се восхитува на чувството за менаџирање на парите кое го има ракот, додека пак тој се воодушевува на хуманата страна која ја поседува рибата. На ракот му е интересна бујната фантазија на рибата, додека пак таа ја обожава неговата смисла за хумор.rnrnПостојат ли некакви недоразбирања помеѓу овие навидум совршени пријатели? Секако дека да, бидејќи ниеден човек не е совршен. „Откачениот“ начин на однесување на рибата, може понекогаш да ги повреди емоциите на ракот, особено кога таа ќе заборави дека требале да се сретнат или ќе изуми да му честита роденден/празник. Од друга страна, рибата смета дека особината на ракот да се однесува со луѓето кои ги сака погрижливо и од мајките кон своите деца, понекогаш навистина го задушува. Исто така, рибата некојпат ќе се измори од постојаните предупредувања од ракот дека треба да биде повнимателна со парите. Ракот пак ќе се напне од постојаното доцнење на рибата. Без разлика на овие нивни мали препреки, рибата и ракот се сродни души, кои уживаат во времето што го поминуваат заедно и можат да оформат многу цврсто пријателство.rnrnОвие двајца пријатели немаат проблем да најдат активности во кои секој од нив подеднакво ќе ужива. Како водни знаци, рибата и ракот ги привлекуваат реки, плажи и базени, па добро би им дошло доколку отпатуваат заедно на некое место покрај вода. Што се однесува до нивната креативна страна, нив може да им се интересни хобија како сликање, фотографија, изработка на глинени предмети, интерпретација на сонови и читање поезија.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Водолија и рак – пријателска комбинација

    Водолија и рак – пријателска комбинација

    На водолијата можеби ќе ѝ биде проблем понекогаш да го разбере пријателот со хороскопски знак рак, но таа секогаш ќе ужива во предизвикот. Работата се состои во што овие два знака имаат многу различни потреби. Ракот тежнее да се чувствува сакано од другите луѓе, а водолијата е во потрага по интелектуална стимулација. Ракот има традиционален поглед кон животот, а водолијата е бунтовник. Ракот сака да живее удобен и луксузен живот, а водолијата не можат да ја исполнат задоволствата кои можат да се купат со пари. Ракот е емотивен, а водолијата логична.Водолија и рак пријателска комбинацијаИ покрај многуте нивни разлики, среќна околност во ова пријателството е тоа што водолијата умее да му покаже љубов и внимание на ексцентричниот рак, а неговата интересна смисла за хумор пак, ја засмејува водолијата до солзи. Исто така, ракот има голем интерес за историјата, па може со часови да ја забавува љубопитната водолија, раскажувајќи ѝ рани историски приказни.rnrnОва пријателство може да се одржи на стабилни нозе, доколку водолијата и ракот успешно си ги компензираат нивните слаби и јаки точки. Така на пример, водолијата може да му понуди на ракот логични решенија за неговите вознемирувачки проблеми. На сличен начин, ракот може да ја научи водолијата на некои финеси, на пример како да пречека гости на вечера и да се покаже како вистински домаќин, подготвувајќи вкусна храна, декорирајќи богата трпеза и ставајќи чисти крпи во тоалетот.rnrnОвие пријатели може да уживаат во водните спортови како нуркање, возење на кајак или скутер на вода, како и сурфање на ветер. Алтернативна занимација може да им биде колекционирање антички предмети и изработка на макети. Доколку ракот не почне да ја задушува водолијата со нејзините потреби, на неа нема да ѝ биде проблем да ги задоволува неговите потреби за удобен и релаксиран живот.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Јарец и рак – пријателска комбинација

    Јарец и рак – пријателска комбинација

    Јарецот и ракот се спротивни знаци во зодијачкото тркало, но тоа не значи дека тие не можат да бидат пријатели. Напротив, јарецот може да чувствува голема блискост со внимателниот и грижлив рак, кој му го стоплува срцето. Истовремено, ракот ги препознава неговите менаџерски предиспозиции во јарецот, поради што може да смета дека нивните карактери имаат сличности.Јарец и рак – пријателска комбинацијаНа ракот му се допаѓа особината на јарецот да не си ги доживува разочарувањата лично. Од друга страна, јарецот ја обожава способноста на ракот да направи сите околу него да се чувствуваат топло и удобно. Овие пријатели имаат една специфична заедничка карактеристика, а тоа е одличната смисла за хумор. И покрај тоа што ракот преферира „црн“ сарказам, а јарецот ужива во прости шеги, овие двајца сепак се смеат громогласно на повеќето шеги кои меѓусебно си ги кажуваат.rnrnИ покрај тоа што јарецот не може да сфати што му се случува на ракот која ќе се расплаче на сред обична сцена во филм, сепак и тој не е совршен. Така на пример, неговиот бизнис пристап кон луѓето кои ги запознал на журка, може да го вознемирува ракот. На ракот му оди на нерви, кога јарецот се однесува како работата да му е поважна од нивното пријателство. Јарецот, пак не може да излезе на крај со променливото расположение на ракот.rnrnДоколку јарецот и ракот успеат да замижат пред слабостите на нивниот другар, тие ќе уживаат во нивната дружба. Преставниците на овие два знака најчесто ја сакаат историјата, па може да уживаат во забавни активности како преуредување на стари куќи, прешивање на старомодна облека и од неа, создавање модерна, како и во продавање скапоцени антички предмети. Исто така, тие може да уживаат пеејќи песни на караоке, да приготвуваат вкусни јадења, да играат друштвени игри како Монопол или да се занимаваат со некои спортови на вода.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Стрелец и рак – пријателска комбинација

    Стрелец и рак – пријателска комбинација

    Ракот сака пријател кој ќе биде покрај него и во добро и во лошо, а стрелецот е тип на човек кој не може да остане на едно место подолго од 5 минути. На ракот му е најубаво кога е на некое познато место или во домашна атмосфера, а стрелецот преферира да започне авантура, патувајќи во непознат правец. Стрелецот брзо ги извршува своите задачи, а ракот е прилично бавен. Ракот е внимателен со пари, а на стрелецот постојано му се „лизгаат “ низ прсти. Стрелецот е брутално искрен, а ракот е премногу емотивен и затворен. Се прашувате дали постои некаква надеж за пријателство помеѓу овие два знака?rnСтрелец и рак – пријателска комбинацијаОва другарство може да успее, доколку двајцата научат да гледаат на разликите во карактерот на нивниот пријател, како на добри особини, од кои можат да научат нешто за сопствениот живот. Така на пример, еланот на стрелецот и неговата желба за живеење на животот, може да го натера ракот да проба активности, кои никојпат не ги искусил. На ист начин, сентименталноста на ракот, може да ја „разбуди“ нежната страна кај стрелецот.rnrnНа ракот може да му оди на нерви вечното доцнење на стрелецот половина час после договореното време, а променливото расположение на ракот, може да го уништи веселото расположение на стрелецот. Во секој случај, овие двајца пријатели можат да научат многу работи еден од друг, бидејќи имаат различна карактерна природа.rnrnДвата знака обожаваат да јадат и може заеднички да уживаат посетувајќи разни ресторани, низ градот или државата во која живеат. Исто така, раковите се најчесто и одлични готвачи, па стрелецот не треба да пропушта прилики кога тој сака да му приготви домашна храна. Ракот откако убаво ќе го нагости својот пријател, ќе го забавува со разни вицови и прости шеги. После кратко време, двајцата ќе бидат презафатени смеејќи се, така што ќе заборават зошто воопшто некогаш не се согласувале.rnrnОд активностите, може да уживаат во веслање со кајак, танцување, јавање на коњ, изработка на глинени предмети и играње шах.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Скорпија и рак – пријателска комбинација

    Скорпија и рак – пријателска комбинација

    Спријателувањето помеѓу два водни знака доаѓа на многу природен начин, бидејќи и ракот и скорпијата се емоционално длабоки личности, кои сакаат да навлегуваат под површината на работите, без разлика дали станува збор за меѓучовечки односи, уметност, политика или филозофија. Овие пријатели никогаш нема да си прават општи муабети кои не водат никаде. Нивниот разговор секогаш има некаква поента и длабочина.Скорпија и рак – пријателска комбинцијаНа скорпијата ù се допаѓа нежната, топла и чувствителна природа на ракот и потајно ужива кога тој ќе ја нагости со голема чинија шпагети или со огромна шолја какао. Од друга страна, ракот ја цени способноста на скорпијата интуитивно да ги прочита неговите мисли и чувства, без тој да изусти ниту еден збор.rnrnСкорпијата никогаш не би го задевала или малтретира ова чувствително другарче, бидејќи и самата е свесна колку боли кога некој ти ги повредува чувствата. Ракот ја обожава посесивноста на скорпијата бидејќи прави да се чувствува сакан и потребен. На сличен начин, на скорпијата ù годи грижливоста и дарежливоста на ракот, бидејќи таа честопати од некоја причина, е принудена да се лишува себеси од најпотребните работи во животот, како добра храна, удобен мебел или практични електрични апарати и алати.rnrnКога би можеле да настанат проблеми помеѓу овие двајца пријатели? Едното сценарио е кога скорпијата ќе му даде зајадливи коментари и забелешки на ракот, кој е толку лесно повредлив, што веднаш ќе се повлече во неговата замислена заштитна школка, што во превод значи дека ги сокрива своите емоции на некој чуден, вештачки начин. Од друга страна, преголемата дарежливост и покажување внимание и грижа од страна на ракот, може да направи резервираната скорпија да се почувствува како да тоне под земја од срам, зошто не возвраќа со иста мера. Во секој случај, во поголемиот дел од заеднички поминатото време, овие пријатели си ги игнорираат нивните „слаби точки“ во карактерите, со цел зачувување на нивното одлично другарство.rnrnДвата знака ја обожаваат водата, па поради тоа најверојатно би уживале во пливање, нуркање или возење со чамец/ферибот. Кога станува збор за креативните нешта, овие пријателчиња имаат многу заеднички интереси како на пример печење некое вкусно јадење, одгледување цвеќиња, разменување детективски романи, гледање квалитетни филмови кои ќе успеат да ги разбудат нивните сетила и уште многу други активности. Дури и кога ќе направат и организираат сè што сакале да сторат, сепак и најздодевните домашни задачи им изгледаат интересно, сè додека ги извршуваат заедно.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вага и рак – пријателска комбинација

    Вага и рак – пријателска комбинација

    На вагата ќе ù биде тешко да го разбере нејзиниот пријател со хороскопски знак рак, но сепак ќе се потруди да го стори тоа. Неа ù е сосема неразбирливо како може некој, во рок од неколку секунди, да го промени расположението од среќно во тажно, но ракот честопати го прави тоа и е составен дел од неговиот карактер. Ракот од друга страна, го обожава прекрасниот шарм на вагата, нејзината остроумност и софистицираност, но понекогаш има проблем да ги сфати нејзините мотиви. Тоа е така зашто вагата и ракот имаат многу различни потреби во животот.rnrnНа ракот му е потребна емоционална стабилност, а вагата е во потрага по интелектуална стимулација. Ракот најмногу го повредува кога ќе отвори некоја тема на разговор, а вагата ќе го изигнорира и ќе почне да зборува за нешто друго. Вагата пак ја иритира кога ракот избегнува теми на разговор како религија или политика.Вага и рак – пријателска комбинацијаДоколку успеат да ги надминат ваквите разлики и почнат да водат повеќе сметка за потребите на другиот, ракот и вагата сепак можат да бидат одлични пријатели. На ракот не му смета што мора секогаш да ја чека вагата со часови да се спрема за излегување или да одлучи каде сака да излезат, а на неа од друга страна, ù одговара кога некој ја разгалува. Вагата пак, секогаш знае да ја каже вистинската работа за да го разведри ракот и да ја подигне неговата самодоверба, а на него честопати му е  потребна токму поголема храброст за да се чувствува подобро.rnrnСе прашувате дали овие два знака имаат нешто заедничко како пријатели? Да! Вагата и ракот се многу креативни хороскопски знаци. Разликата се состои во тоа што ракот сака да работи со своите раце, а вагата преферира да го создава концептот на работа. Со заеднички сили, овие пријатели можат да работат на многу импресивни проекти. Така, додека вагата смислува различни дизајни на облека, ракот може да ги изработува. Вагата може да измисли некој нов рецепт, а ракот може да го зготви јадењето.rnrnОвие другари може да имаат обострана почит кон романтичната, инструментална музика. Исто така, за нив двајца може да претставува интересна активност, купувањето разни антички предмети. Од спортовите би се забавувале во скијање на бранови и парасејлинг.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Рак и девица – љубовна комбинација

    Рак и девица – љубовна комбинација

    Љубовната врска составена од рак и девица е цврста, приземна, моќна и најчесто завршува со среќен крај. Таа има потенцијал да станува сè подобра и подобра со текот на годините. Двајцата партнери се ориентирани кон остварување на нивните животни цели и се многу дисциплинирани личности. Ракот и девицата се искрени и посветени партнери и ниту еден од нив не сака да прави работи кои немаат никаква цел и иднина.Рак и девица – љубовна комбинацијаВо нивниот речник не постои терминот површна љубов. Секогаш би избрале стабилна и цврста љубовна врска, наспроти некоја авантура. Помеѓу овие два знака постои голема обострана почит. Девицата ја цени прикриената моќ која ја има ракот и неговата способност за посветување на работите, а тој пак, ја почитува големата адаптибилност и интелигентниот начин на размислување на девицата.rnrnОвие љубовници може да имаат бавен старт на врската, но со тек на време тие ќе стануваат се поблиски и ќе имаат поцврста конекција. Нивната врска е базирана на силна принципиелност. Овие два знака уживаат во материјалните работи во животот, но не се алчни луѓе. Тие би биле задоволни и исполнети, само доколку стекнатото богатство е резултат на чесна и напорна работа.rnrnПомеѓу нив може да настанат караници доколку девицата стане премногу критична и ги повреди кревките чувства на ракот. Ракот мора да сфати дека на девицата таква ù е природата – таа мора секогаш да го потенцира она што го гледа и не го напаѓа него на лична основа. Девицата може понекогаш да се вознемирува како резултат на тврдоглавоста на ракот, но сепак тоа е особина со која може да се справи трпеливиот и полн со разбирање партнер, каков што е таа. Потребата на девицата да им помага на другите луѓе, е исто така компатибилна особина со нежноста и сочувственоста на ракот.rnrnСо ракот управува Месечината (емотивност), а со девицата Меркур (комуникативност). И покрај тоа што се многу различни планети, двете се блиску до Сонцето и поради тоа се секогаш соседи. Ракот под влијание на Месечината поседува силен мајчински инстинкт и има потреба за континуиран развој во животот. Меркур пак, ги симболизира вештите комуникациски способности на девицата и нејзината способност за адаптација на секоја ситуација. Таа ја „носи“ онаа маска, која најдобро ù прилега во дадениот момент.rnrnДевицата има интелектуален поглед кон животот (особено кога ќе се спореди со емотивната природа на ракот), но сепак е доволно чувствителна и интуитивна за да ги разбере другите луѓе, кога е желна тоа да го направи. Добра особина на девицата (што се однесува до оваа љубовна комбинација) е нејзината способност да се посвети на партнерот и да ги исполни очекувањата на ракот за стабилен и спокоен домашен живот – домот и семејството за ракот се најбитните нешта во животот. Овие партнери нема да се расправаат за тоа дека другиот не му ги исполнил очекувањата и потребите. Тие секогаш ќе работат на тоа поле и ќе уживаат во придобивките од нивната свесност за чувствата на другиот.rnrnРакот е воден знак, а девицата земјен. Земјените знаци се совесни, приземни, но се и големи материјалисти, преокупирани со идејата да стекнат богатство. Љубовното партнерство сочинето од рак и девица, сака да биде опкружено со убави, скапи работи и да живее удобен живот. Водните знаци се потпираат на нивните чувства и интуиција, па поради тоа ракот е суптилниот носител на емоционалната нота во оваа врска. Нивната желба да живеат во „фенси“ дом, е гаранција дека овој пар напорно ќе работи да ја овозможи оваа цел. Исто така, ракот и девицата се многу практични луѓе, поради што нема да имаат проблеми со излегување на работите од контрола.rnrnДодека ракот сака да си ја тера започната работа и да се труди да напредува во неа, девицата има променлива рутина кон одговорностите и предизвиците кои ù се испречуваат на патот. Бидејќи девицата е толку сеприсутна, таа ќе успее да го пронајде нејзиното место во плановите на ракот, доколку сака да го направи тоа. Девицата ќе ги има на ум плановите на ракот и евентуално ќе ги реализира, откако ракот веќе се откажал од нив и решил да продолжи понатаму.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација рак-девица, е нивната заедничка посветеност и работење кон остварување на нивните цели. Двајцата партнери во ова љубовно дуо уживаат во стабилен семеен живот и луксузни работи. Девицата пак, обожава да му помага на ракот да си ги реализира неговите соништа. Нивните слични желби и амбиции, ги прават овие партнери високо компатибилни.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук