Поголемиот дел од нас има барем една личност која е родена во хороскопскиот знак Рак, што значи и дека ја запознала со сите нејзини добри и лоши страни. Затоа денес ќе споделиме 10 факти кои ќе ги разберат само личностите родени во овој знак, а ако не верувате во тоа, слободно прашајте ги нивните најблиски. Ви ветуваме дека ќе ви ги потврдат.rnrn
rnrn1. Наоѓањето нови изговори за да не отидат на кафе или на пијалак со пријателите им е како неплатена работа. Тие повеќе не можат да се потпрат на изговорот дека се болни, само затоа што дома подготвиле пица во која сакаат сами да уживаат.rnrn2. Се обидуваат да не ја јадат баш секоја храна, само затоа што таа добро мириса. Раковите едноставно обожаваат да јадат, па затоа нив нема да ги чуете дека нешто не им се допаѓа или дека им е невкусно. Внатре во нив секогаш се води војна, дали да јадат нешто или да не јадат воопшто.rnrn
rnrn3. Ако ги прашувате нив, тие цел ден би го поминале во пижами или во некоја стара блуза, бидејќи облеката им е досадна. Тие први би гласале за да се воведат пижамите како униформа на местото каде што работат.rnrn4. Кога некој ги критикува, Раковите знаат полека, но сигурно да се вовлечат под својот оклоп. И тогаш се создава проблем, бидејќи можат да бидат многу ладни и незаинтересирани. Затоа може да кажеме дека емотивноста на Раковите им е награда, но и проклетство.rnrn
rnrn5. Кога се заљубени, спремни се да дадат сè. Во тој момент саканата личност за нив е сè на светот и никој не може да ги убеди во спротивното.rnrn6. Може слободно да добијат номинација за Оскар секој пат кога ќе изразат некоја емоција, бидејќи Раковите се вечни актери. Без разлика дали се смеат, плачат или пак се лутат. Кај Раковите секоја од овие емоции е зголемена на квадрат, додека тој квадрат е зголемен на куб.rnrn
rnrn7. Бог нека им е на помош на нивните пријатели кои ги натерале да дојдат на состанок кој брои повеќе од три личности, а притоа тие не го очекувале тоа.rnrn8. Раковите многу тешко се спријателуваат со нови луѓе, а сите нивни познанства завршуваат така што или ќе станат најдобри пријатели со таа личност или пак воопшто нема да ѝ го запомнат името.rnrn
rnrn9. Нивната соба е вистинско мало складиште со предмети од сентиментална вредност. Толку многу, што во секој момент очекувате дека нешто ќе излезе од некоја фиока или пак полица.rnrn10. Раковите се многу заштитнички настроени спрема своите најблиски личности. Немојте да се зачудите ако заминете на состанок со некоја личност која неодамна сте ја запознале, а тие да испратат некој да ве следи. Да, да, би го направиле и тоа!
10 факти кои ќе ги разберат само родените во хороскопскиот знак Рак
