КАФЕ ПАУЗА

Category: Близнаци

  • Полни со изненадувања: 10 причини зошто Близнаците се најинтересни за состанок

    Полни со изненадувања: 10 причини зошто Близнаците се најинтересни за состанок

    Близнаците постојано се менуваат и затоа нивните карактери се многу интересни за набљудување. Повеќето луѓе имаат „темна страна“, но Близнаците донесуваат потполно ново значење на оваа изрека. Не велиме дека тие се дволични или биполарни, но тие навистина имаат две различни страни на нивните личности.rnrnpolni-so-iznenaduvanja-10-prichini-zoshto-bliznacite-se-najinteresni-za-sostanok-kafepauza.mkrnrnВо еден момент нивната топла и светла насмевка изгледа како да е трајна, а во следниот момент тие стануваат негативни и затворени.rnrnБлизнаците се непредвидливи, а тоа ги прави неодоливи.rn

    1. Близнаците не се плашат да го кажат она што го мислат

    rnТие се вистински, па затоа кога сте околу нив може да ги слушнете најсмешните работи.rnrnМногу ги нервира кога другите луѓе оговараат, па затоа тие не го прават тоа. Ја кажуваат вистината и своите мисли без да размислат два пати за тоа кој може да ги слушне. Тие ја кажуваат вистината дури и кога нема да ја побарате.rnrnКога Близнаците стануваат таинствени, тоа значи дека тие се грижат за вас, а наскоро очекувајте дека ќе ви откријат за што се работи.rn

    2. Близнаците секогаш бараат авантура

    rnПостојано се вклучени во повеќе активности и може да биде тешко да се одржи чекор со нив. Ова носи возбуда и можности, две работи кои се потребни за да имате интересен партнер.rnrnБидете подготвени да учите и да пробувате нови работи, затоа што запознавањето на Близнаците ќе ве изложува на искуства кои вие никогаш не би ги предвиделе.rn

    3. Близнаците не се врзуваат така лесно

    rnТие одат од една па во друга активност, без да обрнуваат внимание на тоа кој или што останува во место. Ако сте во сериозна врска со Близнаци, не го заборавајте ова. На нив им треба вистинска слобода и простор и имаат потреба од спонтаност и мал ризик.rnrnВие сте во нивниот живот затоа што тие сакаат, а не затоа што вие им требате. Давајте им простор да дишат слободно и уживајте во времето поминато со нив.rn

    4. Интелигенцијата на Близнаците е висока

    rnСарказмот и триковите се само дел од вистинската интелигенција на Близнаците. Тие нема да им откријат ништо повеќе од површни работи на луѓе на кои не им веруваат.rnrnИграњето игри за мозокот, тестирањето на границите и предизвикувањето на авторитетите се работи кои тие ги прават за забава. На ова гледаат како вежба преку која можат да видат која е вистинска личност, а која лажна. Само кога ќе ги поминете нивните „тестови“, тие ќе ви дозволат да ја искусите нивната вистинска интелигенција, што е многу ретка страна кај Близнаците и само неколку луѓе можат да го видат тоа кај нив.rn

    5. Близнаците постојано изненадуваат

    rnЖивотот не станува досаден кога излегувате со Близнаци. Нивниот осет за авантура и љубопитностa за светот, донесуваат динамика која е возбудлива. Покрај нивните енергични социјални животи, и нивните карактери се изненадувачки.rnrnНе е лесно да се стигне до нивното срце, но ако им дадете доволно време за тоа, тие ќе ви откријат нешто што е вредно да се чека.rn

    6. На Близнаците не им е потребно постојано внимание

    rnТие имаат потреба од динамика и социјална интеракција, па затоа немаат премногу насочени барања кон партнерот, што обично се појавува во врските.rnrnЖелбата за чести промени е причината поради која Близнаците се селективни околу тоа со кого тие излегуваат, па затоа уживајте во врската без притисок, тие тоа го прават најдобро.rn

    7. Близнаците никогаш не користат една иста тактика повеќе пати

    rnСе расправате со нив? Со среќа. Тие се мајстори со нивните зборови.rnrnНе само што се паметни, тие се и доста брзи, па ќе ве победат пред да претпоставите дека тоа следува.rn

    8. Близнаците веќе имаат заборавено на нивните минати партнери

    rnПромената е единствената константа во животот на Близнаците. Луѓето доаѓаат и си одат во нивниот друштвен круг. Понекогаш ги напуштаат друштвата без посебна причина освен за да направат промена.rnrnГубењето на луѓето не ги повредува толку многу како што ги повредува другите знаци. Тие се верни на себе, па немаат проблем отворено да разговараат за претходните љубовни врски без да покажат чувства, затоа што ги немаат.rn

    9. Близнаците имаат само „пари за забава“

    rnНикогаш нема да платите за да имате забава со Близнаците. Сакаат да ги трошат своите пари забавувајќи се, неважно колку кратко тоа ќе трае. Не гледајте на ова како на неодговорност, тие само се обидуваат да уживаат во животот.rn

    10. Близнаците го гледаат светот поинаку отколку другите

    rnСè е игра затоа што ништо не трае вечно. Нивниот менталитет им дава непредизвикана слобода да го искусуваат и впиваат светот околу нив. Наоѓаат удобност во тоа што работите постојано се менуваат.rnrnРазговорите со Близнаците се длабоки и ќе ве фасцинираат кога ќе дознаете колку вистински личности се тие.rnrnВозбудлива привилегија е да имате Близнаци за ваш љубовен партнер, само немојте тоа да го изговарате прегласно, затоа што поради тоа тие можеби нема да останат со вас за долго.

  • 10 причини зошто никогаш нема да можете да ги заборавите Близнаците, за добро или лошо

    10 причини зошто никогаш нема да можете да ги заборавите Близнаците, за добро или лошо

    Близнаците се исто толку способни да го збогатат вашиот живот, како и да го уништат (најчесто ненамерно). Но, без разлика на ситуацијата покрај нив работите никогаш нема да ви бидат здодевни. Погледнете сè што треба да знаете за неверојатните Близнаци…rnrn10 причини зошто никогаш нема да можете да ги заборавите Близнаците, за добро или лошоrn

    1. Тие се комуникативни

    rnКомбинацијата на интелигенција, бистрина и ентузијазам ги прави Близнаците одлични за комуникација во сите видови ситуации. Тие обожаваат да учат и да го споделуваат она што го научиле, па токму затоа и не се воздржуваат при искажување на своите размислувања. Во врските тие сакаат веднаш да ги средуваат сите проблеми и токму затоа нема да дозволат да се насобираат. Понекогаш имаат потешкотии при криењето на своето незадоволство со другите луѓе, па токму затоа најчесто гласно го изразуваат. Во пријателството тие сакаат да дрдорат и озборуваат. Но, ако ви е потребен совет, Близнаците се најдобар избор. Тие ќе ви дадат насока, како и уникатна перспектива на нештата.rn

    2. Тие се брзи

    rnБлизнаците брзо размислуваат, зборуваат и се движат. Во повеќето области од нивниот живот, тие едноставно немаат многу трпение за неактивност. И покрај тоа што се релативно опуштени и не се тешки за „одржување“, стагнацијата и досадата им предизвикува анксиозност. Доколку тие почувствуваат дека е време да продолжат понатаму, без размислување ќе го сторат тоа. Исто така имајте на ум дека ако не можете да ги следите, големи се шансите дека тие ќе ве остават зад себе.rn

    3. Тие се креативни

    rnБлизнаците имаат многу таленти кои најчесто се артистички и токму затоа започнуваат повеќе различни нешта одеднаш. Оваа карактеристика не е секогаш добра, бидејќи често им недостасува насока и многу ретко можат доволно долго да го задржат своето внимание кон нешто со цел да го завршат до крај. Но, доколку ги пронајдат вистинските проекти, тие можат да бидат многу способни и ефикасни. Најдобро работат во креативна и брза околина. Тие се одлични кога станува збор за јавен говор.rn

    4. Тие имаат повеќекратна личност

    rnЕдна од најпознатите атрибути на Близнаците е нивната двојна личност. Но, она што повеќето луѓе не го знаат е фактот што тие имаат многу повеќе од само двојна личност. Тие многу лесно се адаптираат и имаат силна интуиција. Токму затоа и брзо реагираат на енергијата на другите луѓе што резултира со различна „верзија“ од нив во зависност од личноста со која зборуваат. Овие разлики варираат од суптилни до енормни, во зависност од ситуацијата. Токму затоа тие можат да бидат перципирани како „лажни“, иако реалноста е дека тие само откриваат различни страни од својата повеќекратна личност.rn

    5. Тие се тешки за обврзување

    rnБлизнаците се исклучително независни и ја ценат својата слобода. Токму затоа и не сакаат да бидат врзани и брзо ќе се повлечат доколку се почувствуваат згушено. Исто така, за нив времето е многу важно, па тие не сакаат да се обврзат од страв да не направат погрешна одлука која ќе резултира со џабе потрошено време. Тие го сакаат само најдоброто за нивните лични врски, па токму затоа и се подготвени многу да понудат. Во врските, Близнаците најдобро работат со луѓе кои се авантуристи, независни и делотворни.rn

    6. Тие се страсни, понекогаш дури и „луди“

    rnКога Близнаците се навистина заљубени, тие не се воздржуваат. Токму затоа можат да бидат и ирационално љубоморни на сè она кое го гледаат како закана за оваа љубов. Овој знак е способен во еден момент бесно да фрла урамени фотографии низ домот, а веќе еден час подоцна да го чисти скршеното стакло и да се извинува за својата непромислена одлука. Да, тие знаат да полудат, но тоа се случува само кога навистина се грижат и најчесто поради тоа што имаат навистина добра причина.rn

    7. Тие се површни

    rnБлизнаците се површни во неколку аспекти. Тие го сакаат сценското светло и често им даваат преголема вредност на површните нешта. Тие многу често не допираат многу длабоко, па токму затоа и погрешно ги проценуваат луѓето или ситуациите. Ова можеби е најголемата маана која ја поседува овој знак. Понекогаш едноставно мора да работите напорно доколку сакате да го промените првичниот впечаток кој Близнакот набрзина го донел за вас.rn

    8. Тие се неодлучни и непостојани

    rnМожеби една од најголемите маани (или квалитети, во зависност од ситуацијата) на Близнаците е непостојаноста. Еден ден тие се среќни, а веќе наредниот може работите да им се премногу комплицирани. Нивното расположение може да се промени за само една секунда. Па, поради нивната двојна природа, тие се сомневаат во своите одлуки, доколку воопшто успеале да се одлучат за нешто. Тие постојано се сомневаат во себе, понекогаш и до степен на опсесивност. Токму затоа и се склони на анксиозност.rn

    9. Тие се дарежливи

    rnДури и кога поминуваат низ лоши времиња, Близнаците никогаш нема да ја изгубат својата дарежливост кон најблиските. Тие се познати по тоа што не се добри за штедење, па токму затоа можат да потрошат многу повеќе со цел другите да не ги доживуваат како скржави.rn

    10. Тие опростуваат, но никогаш не забораваат

    rnИ покрај тоа што опростуваат лесно, тие никогаш нема да ги заборават нештата кои им биле згрешени. Кога Близнаците се грижат за вас, тој или таа лесно ќе ги надмине сите грешки кои некогаш сте ги направиле. Но, бидејќи не се способни да заборават, потребно е долго време за одново да ја освоите нивната доверба, па токму тоа може негативно да влијае врз вашата врска. Каква поука можете да извлечете од ова? Едноставно не им грешете на Близнаците.

  • 10 знаци дека сте апсолутни Близнаци во хороскоп

    10 знаци дека сте апсолутни Близнаци во хороскоп

    Ако сте родени помеѓу 21 мај и 20 јуни, голема е веројатноста да се пронајдете во следните 10 карактеристики.rnrn10-znaci-deka-ste-apsolutni-bliznaci-vo-horoskop-kafepauza.mkrn

    1. Штом почнете да зборувате, може да помине доста време додека да престанете

    rnБлизнаците не прават само лаф-муабети – иако се добри и во тоа, и особено со леснотија си поминуваат разговарајќи со непознати луѓе на забавите – тие сакаат и да се изгубат во долготрајни разговори во потрага по нови информации.rn

    2. Вие им давате живот на забавите

    rnВие сте вешти за многу нешта, муабетливи сте и забавни за друштво – секој присутен на забавата се радува кога ќе ве види. Заради тоа, често се префрлате од едни луѓе на други за да си помуабетите со сите, но заради тоа може да делувате површно.rn

    3. Малку сте неодлучни

    rnБлизнаците, бидејќи можат добро да ги согледаат позитивните страни на понудените опции, може да имаат проблем да донесат одлука и да се држат до неа. Вашата флексибилност е дар, но лесно може да премине во нестабилни ставови. Затоа, бидете внимателни.rn

    4. Тешко ви е да изберете страна и да се држите до неа

    rnТоа што Близнаците можат да ги видат двете страни на еден проблем е особен квалитет, и често е од помош кога се бара практично решение. Но, за пријателите на Близнакот, може да биде фрустрирачки тоа што не можат да знаат каков совет можат да очекуваат. Некои исто така може да го доживуваат како превртлив.rn

    5. Не можете да седите мирни

    rnБидејќи Близнаците се толку енергични и бидејќи нивните умови секогаш работат, нив брзо може да им стане досадно и да станат немирни доколку нема некој или нешто интересно околу нив за да се занимаваат.rn

    6. Но, секогаш сте подготвени да седнете и да ги слушнете проблемите на пријателите

    rnКога на некој пријател сте му потребни само да го ислушате, вие сте одлични во тоа. Вашата љубов за зборување (и озборување) ве прави одличен слушател во долгите разговори.rn

    7. Им приоѓате на проблемите рационално и логично

    rnБлизнаците секогаш се добредојдени на работното место бидејќи се способни да им приоѓаат на проблемите без емоции и со чист фокус. Поради ова почувствителните знаци може да помислат дека близнакот е ладен и пресметлив, но тие самите се доживуваат себеси само како рационални.rn

    8. Вашата детинеста енергија ќе ве одржува млади засекогаш

    rnБлизнаците често се доживуваат како вечно млади, ведри и разиграни. Лошата страна на овие инаку одлични карактеристики, е дека тие може да бидат тврдоглаво наивни доколку тоа значи зачувување на нивната невиност.rn

    9. Обожавате групни спортски или други видови заеднички активности

    rnБлизнаците, со нивната двојна енергија, имаат доволно снага за двајца луѓе и сакаат да ја користат за да играат и да се натпреваруваат со други. Без разлика на атлетските таленти, Близнаците секогаш ги бираат меѓу првите во тимските спортови.rn

    10. Не смеете да заборавите да се олабавите одвреме-навреме

    rnБлизнаците се постојано бурни и секогаш се за забава, но важно е да запомните дека треба понекогаш да земете воздух. Бонус препорака: облекувајте се со меки жолти и сини тонови за да си се смирите.

  • Љубовен астролошки профил за машки близнаци

    Љубовен астролошки профил за машки близнаци

    Ако ве привлекува маж роден во знакот близнаци, прво запрашајте се дали имате доволно нерви и трпение да се справите со него. Тие се родени во двоен знак – во еден момент можете да ги мразите поради нешто, а веќе во следниот нема да можете без нив. Природно љубопитен и секогаш во потрага по нова авантура, машкиот близнак постојано ги менува своите мислења, ставови и потреби. За да излезете на крај со него треба да бидете многу флексибилни и, ако можете, понекогаш да си ги задржите вашите мислења за себе.rnrnЉубовен астролошки профил за машки близнациrnrnБлизнаците се воздушен знак и затоа ако тој навистина ви се допаѓа ќе мора да го пуштите да дише слободно онолку колку што му е потребно. Ако се обидете да го врзете за себе, тој веднаш ќе побегне далеку од границите кои му ги поставувате. Многу е независен и потребно му е работите да ги прави на свој начин. Врската со него бара доволно храброст да го пуштите да прави што сака и кога сака, но и да му дадете до знаење дека секогаш ќе му бидете на располагање.rnrnМашкиот близнак е интелигентен, флексибилен и лесно приспособлив. Ќе го привлечете ако и кај вас ги забележи истите особини. Тој е енергичен и сака постојано да биде во движење. Сака и ментален и физички стимул, па затоа најмногу ужива во состаноци кои вклучуваат некаква активност. Пешачење во природа е одлична идеја за средба со него, исто како и возење велосипед, па дури и партија кошарка. Сакаат многу да се забавуваат, па ако знаете дека се спрема луда забава која можете заедно да ја посетите, тоа е одлична можност да го воодушевите вашиот сакан маж-близнак.rnrnЉубовен астролошки профил за машки близнациrnrnСте договориле состанок… и сега се мислите што да облечете? Жолтата боја е одличен избор. Таа најчесто се поврзува со менталната активност и интелигенцијата, впечатлива е, а близнаците добро реагираат на неа затоа што им ги стимулира мозокот и имагинацијата. Ако не ја сакате жолтата, изберете ја која било жива боја, само немојте да претерувате со дотерување. Ако успеете веднаш да им го фатите окото со вашиот избор на облека, тие ќе продолжат со детално скенирање на вашиот изглед.rnrnЗа да ја разгорите страста кај машкиот близнак прво ќе треба да го окупирате неговиот ум. Главниот трик во вашата освојувачка мисија е да го држите неговото внимание кон вас со интересни разговори. Ако знаете нешто за нивните омилени теми кое тие не го знаат, веднаш ќе се впуштат во разговор. Сака да зборува буквално за сè, вклучително и за себе и за своите размислувања, а ја мрази непријатната тишина на средина од разговорот. Машкиот близнак сака да се забавува и многу да се смее. Потребен ви е лесен и едноставен муабет, но не заборавајте да имате спремно неколку теми за разговор во ракавот за во моментот кога ќе ви „пресуши“ првата. Запомнете: патот до срцето на близнакот е преку неговиот ум.rnrnШтом ќе успеете да го „припитомите“ неговото непостојано внимание веќе сте завршиле добра работа и можете да ги преземете и понатамошните чекори во заведувањето. Близнакот сака партнер кој знае добро да флертува и да го стави него во центарот на своето внимание. Ласкајте му, давајте му комплименти и наскоро ќе ви јаде од раката. Претставете му се со аура на комплексност и мистериозност. Нема да одолее на предизвикот да ги решава вашите љубовни загатки и ќе ја преземе иницијативата во заведувањето. Длабочината и слоевите на вашата мистериозна личност спакувани во секси пакет се магнет за него – тој обожува да ги составува делчињата заедно и да ја склопи конечната слика за вас. При заведувањето никако не спомнувајте обврзување. Вашиот однос гледајте го само во сегашно време. На почетокот на врската важно е што ќе се случува ако си одите заедно после забавата, а не што ќе се случува во иднина.rnrnЉубовен астролошки профил за машки близнациrnrnНа машкиот близнак не му е потребна силна емоционална врска за да ве посака во неговиот кревет. Не му е потребно да му ја докажувате вашата љубов пред да ја поминете првата заедничка ноќ. Тој сака само да ја прифатите неговата сексуална слобода, која може да биде и помалку перверзна. Бидете авантуристички расположени со него. Пробајте повеќе пози од Кама Сутра и кажете му дека ги обожавате. Тој сака валкани зборови и внимание. Ако, пак, некогаш почувствувате дека ви фали нешто повеќе во сексот, имајте на ум дека машките близнаци го обожаваат оралниот секс.rnrnАко со машкиот близнак сакате долга врска, не му кажувајте дека „работите на случајот“ затоа што ќе се исплаши и ќе побегне од вас. Неговиот личен простор и разновидноста во врската се клучни за да го задржите за себе. Изненадувајте го со рачно напишани пораки или со мали подароци, уживајте во заеднички активности, но тоа нека не изгледа како да градите цврста врска. Задоволувајте ја неговата љубопитност, бидете забавна и ќе го задржите за себе.rnrnЉубовен астролошки профил за машки близнациrnrnПроцесот на заведување на машки близнак е многу забавен. Бараат многу да ги освоите, но кога ќе дојде време да ги соберете плодовите од вашиот труд нема да зажалите. Нема лесно да ве напуштат освен ако не им стане здодевно со вас. Тие секогаш делуваат како да знаат од сè по малку, па со нив постојано ќе учите по нешто ново. Сакаат постојано да испробуваат нови нешта, многу се енергични, среќни и позитивни. Тоа сакаат да го споделат со некого, а тоа можете да бидете токму вие.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовен астролошки профил за женски близнаци

    Љубовен астролошки профил за женски близнаци

    Некоја девојка во знакот близнаци ви оставила голем впечаток… Дали знаете зошто? Дали ве привлекува нејзината детска љубопитност или нејзината страст за животот? Таа е секогаш во движење, барајќи нови работи и учејќи како тие функционираат. Таа сака да доживее сè и сешто. Сака да ги фрла коцките и да види како тие ќе паднат. Доколку мислите дека можете да ја следите и да ѝ ја овозможите слободата која ѝ е потребна како припадник на воздушните знаци, тогаш девојката во знакот близнаци е совршена за вас. Се надеваме дека сте многу еластични и прилагодливи.

    rn

    Љубовен астролошки профил за женски близнаци

    rn

    Оваа жена е енергична и возбудлива, но многу брзо ѝ здосадуваат работите. Таа постојано е во потрага по нешто ново и многу ја цени разновидноста. Таа најверојатно има повеќе интереси, но ниту еден од нив не ѝ го задржува вниманието подолго време. Нејзината ментална комплексност понекогаш е погрешно сфатена и поради тоа ја сметаат за дволична и плитка, но таа секогаш длабоко размислува. И покрај тоа што премногу размислува, нејзината негативна страна е што премалку чувствува. Но, како и секоја друга негативна особина и оваа има еден вид позитивна страна. Жената-близнаци никогаш не е премногу емоционална и покрај неа никогаш нема да се чувствувате како да ве „загушува“. Таа нема да се обидува да ве контролира и секогаш ќе ви дава многу слободен простор.

    rn

    Во љубовта таа е шармантна и мудра, но истовремено и директна и флексибилна. Нејзиниот едноставен карактер многумина го сметаат за привлечен, но тоа не значи дека таа може да биде лесно заведена. Нејзината двојна природа е секогаш јасно видлива. Во еден момент може да биде расположена за буквално секој, но веќе во другиот момент таа сака да биде оставена на раат. За да ја заведете мора да размислувате надвор од вообичаеното. Размислете за целиот ваш пристап и прилагодете ги вашите способности и убедувања. Таа веднаш ќе забележи секаков вид несигурни или плитки обиди за да ја освоите. Доколку ве прочита, големи се шансите дека ќе се ви се изнасмее во лице за вашиот неуспех.

    rn

    Љубовен астролошки профил за женски близнаци

    rn

    И покрај тоа што секогаш е расположена за игра, жената-близнак никогаш не игра со своето срце. Доколку сакате да ја заведете, фокусирајте се на нејзиниот интелект. Тој е нејзината основа; тоа е тоа што ја прави истовремено и силна и убава. Со стратегија за заведување која ќе биде базирана врз нејзиниот интелект, брзо ќе ѝ го придобиете вниманието. Таа по природа е многу зборлеста и пријателски настроена. Овие особини ѝ овозможуваат брзо да се вклучи во разговор со личности кои зборуваат на која било тема. Бидејќи жените-близнаци зборуваат брзо и размислуваат уште побрзо, вашиот прв разговор е клучен за понатамошниот развој на вашиот однос.

    rn

    За време на вашиот прв разговор, бидете директни кон нејзиниот интелект, но истовремено бидете и малку дистанцирани и мистериозни кога зборувате за себе. Големи се шансите дека таа го прави истото и со вас. Понудете ѝ од себе онолку колку што таа ви нуди вас, скријте го тоа што и таа го крие. Таа обожава да игра „брканица“ или „жмурка“ со нејзините потенцијални додворувачи. Таа ќе си игра со вас онолку време колку што ѝ е потребно да открие дали навистина сте за неа. За да ја заинтересирате уште повеќе, направете ја вашата мистерија интересна и достапна. Неа ѝ е потребно да посака да ве запознае. Натерајте ја на тоа и веднаш ќе го добиете посакуваниот состанок.

    rn

    Љубовен астролошки профил за женски близнаци

    rn

    Вашиот состанок не мора да биде претходно испланиран. Секако договорете се за време, но за местото може да се одлучи и непосредно пред состанокот. Како ви изгледа денот? Ако времето е добро одведете ја прво на прошетка низ паркот, а потоа направете планови за вечера. Ако времето е лошо, предложете ѝ филм и пица во домашна атмосфера. Бидејќи таа има импулсивен карактер, ќе ве цени доколку и вие сте такви, па ваквите ненадејни изненадувања од ваша страна, ќе направат да се чувствува сфатено. Исто така на овој состанок најдете повеќе начини да ѝ дадете комплименти. Жената-близнак обожава кога им се дава признание за малите нешта. Карактеристично интелигентните жени како неа, како и бикот и овенот пред неа, треба да бидат постојано потсетувани колку навистина се супер. Тие се презафатени со размислување и извршување на нивните планови, што немаат време да ги ценат своите способности.

    rn

    Љубовен астролошки профил за женски близнаци

    rn

    Се сеќавате кога погоре спомнавме дека се надеваме дека сте еластични? Еве зашто… Жената-близнак сака сексот да биде каква што е нејзината личност – непредвидлив и моментален. Менувајте локации, пози, па дури и игри со различни улоги за да ја одржувате среќна и за да ја натерате да остане покрај вас. Едно нешто постојано имајте на ум – таа има одлична имагинација. Понекогаш таа дури и повеќе ужива во теоријата отколку во праксата. Но, сепак можете да стигнете многу далеку со неочекувана порака или со тивок коментар на нејзиното уво, кажувајќи ѝ колку сакате нешто да ѝ направите. Деталното споделување на мислата, дека сакате да ја потпрете на ѕидот и да си го направите своето со неа, ќе ви донесе многу позитивни поени кај оваа девојка.

    rn

    Љубовен астролошки профил за женски близнаци

    rn

    Многумина велат дека жената-близнак не е верна. Всушност таа ќе биде верна сè додека нејзиниот партнер ги следи нејзините променливи интереси. За да ја задржите вашата жена-близнак, ќе ви бидат потребни неколку трикови сокриени во ракавот. Да, ќе мора да ги следите нејзините променливи интереси, но кога станува збор за вас – никогаш не откривајте ѝ сѐ одеднаш, дозволете ѝ полека самата да открива. Дозволете ѝ да ја открие и вашата душа. Таа обожава загатки и сака кога ги открива сама. Ова ѝ дава можност да научи нешто ново за вас и истото да го сподели со вас. Исто како и за време на заведувањето, секогаш обидувајте се да ја одржите вашата врска на интелектуална основа.

    rnКако едни од најфлексибилните и најсексуалните знаци во астрологијата, трпеливоста и промисленото заведување на жена-близнак, на крај целосно ќе ви исплати. Покрај вас ќе имате жена која е слободна и која се грижи. Таа секогаш брзо знае да направи шега од лоша ситуација, но подоцна знае и како да ја поправи. Оваа жена е фасцинантна и располага со разновидно знаење. Таа е едноставна како дождот, но истовремено и комплицирана како лавиринт. Таа ќе ви го „раздрма“ животот на позитивно, а вашиот дел под појасот никогаш нема да биде мирен во нејзина близина. Жената-близнак ќе ви го направи животот многу интересен и по некое време ќе почнете да се чудите како сте се снаоѓале пред неа. И ако успеете да ја следите, таа ќе ве однесе на неверојатна авантура.rnrn rnrn


    rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

    rn

  • Близнаци и девица – пријателска комбинација

    Близнаци и девица – пријателска комбинација

    Доколку близнакот почувствува инстантна блискост со девицата, тоа е така најверојатно бидејќи двата знака се предводени од планетата Меркур. Овие двајца се големи интелектуалци кои уживаат да дискутираат за добри книги, политика и за тековните настани во земјата и во светот. Пристапот на близнакот кон овие теми е понепристрасен, за разлика од девицата која сè си зема при срце, што понекогаш може да создава малку напнатост во нивното пријателство. Близнакот треба да биде внимателен кога се шегува на сметка на девицата, бидејќи девицата може да се навреди.Близнаци и девица – пријателска комбинацијаПонекогаш преголемата загриженост на девицата знае да му иде на нерви на близнакот, додека неговата несериозност може да ја полуди девицата. Сепак, поголемиот дел од времето овие двајца уживаат во другарството.rnrnДевицата е сериозна и стабилна, а близнакот е весел, површен и променлив. Девицата сака да работи со опипливи објекти, додека близнаците сакаат да се справуваат со замислени концепти. Внимателната девица сака да ги држи картите блиску до себеси, за никој да не ѝ ги види, а близнаците јавно ги покажуваат и демонстрираат своите емоции. Всушност, разликите на двата знака е она што ги спојува. Девицата ја обожува духовитоста на близнакот, додека близнакот се восхитува на способноста на девицата да ги решава проблемите.rnrnДвата знака уживаат да планинарат и да пешачат, бидејќи девицата ужива во природа, а близнакот сака да истражува. Овие двајца пријатели можат да уживаат во набљудување птици или во активности како плетење или изработување предмети од глина. Исто така и обата пријатели уживаат во статистички податоци, па така и берзата би била забавна активност за нив. Пишувањето кратки раскази, исто така може да биде дел од заедничките активности.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Близнаци и лав – пријателска комбинација

    Близнаци и лав – пријателска комбинација

    Од сите пријатели коишто ги има, на близнакот најверојатно му е најдраг оној пријател кој е роден во хороскопскиот знак лав. Разиграното срце на лавот, силно „одекнува“ во младешкиот дух кој го има близнакот. Овие двајца пријатели уживаат да прават игра од сè и да се смеат и да муабетат без престан. Всушност, неретко може да им се случи некој од страна да не може да издржи и да им рече да замолчат или да се стишат. Не дека им е целта да вознемируваат некого, туку ентузијазмот со кој овие двајца пријатели разговараат е на превисоко ниво, па така се создава голема галама.Близнаци и лав – пријателска комбинацијаВеселиот близнак претставува одлично друштво за лавот. Вечниот млад дух кој го поседува близнакот, само го надополнува ведриот дух кој го има лавот. Поточно кажано, овие двајца толку многу се претвораат во малечки дечиња кога се заедно, што воопшто не би било изненадување доколку почнат да се тепаат со храна на сред ручек. Секако после војната со храна, близнакот ќе стане и ќе го исчисти подот од разлетаниот грашок на сите страни, додека лавот си ги брише солзите од смеа со салфетка. Во ваква ситуација, лавот е премногу горд за да стане и да го чисти подот, но ја цени волјата на својот пријател што го прави тоа.rnrnНа близнакот може да му се здосади од бабинските манири на лавот, додека на лавот може да му дојде прекуглава од неспособноста на близнакот да биде фокусиран на она што го прави. Секако, во поголемиот дел од времето овие двајца пријатели ги игнорираат овие ситници.rnrnДвата знака уживаат да бидат физички активни, па така обожаваат спортови во кои се троши многу енергија, како аеробик или брзо возење велосипеди. Близнакот и лавот сакаат да ги забавуваат, луѓето па често знаат да организираат забави. Дизајнирање облека или декорирање простории се исто така интересни активности кои можат да ги прават овие двајца пријатели.rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Близнаци и рак – пријателска комбинација

    Близнаци и рак – пријателска комбинација

    Поминатото време на ручек заедно со ракот, за близнакот претставува одличен начин на забава и разонода. Ракот ја обожува остроумната смисла за хумор на близнакот, додека тој го обожува неговиот блесав стил на шегување. Двајцата уживаат да ги набљудуваат луѓето, па токму затоа тие често оговараат за своите пријатели, соседи и колеги. Расположението на ракот едноставно може да му влезе под кожа на близнакот, додека неговата безгрижност секогаш го освојува срцето на ракот.Близнаци и рак - пријателска комбинацијаРакот и близнаците немаат многу заеднички работи, па токму тоа го прави ова пријателство многу интересно. Оптимистичкиот карактер на ракот додава една многу позитивна светлина врз секојдневието на близнакот, додека воспитувачкиот инстинкт на близнакот создава удобност во светот на ракот.rnrnДоколку ракот некогаш се чувствува депресивно и нерасположено, тогаш знае дека само близнакот може да му помогне да излезе од таа ситуација. Близнакот ќе го носи ракот по забави, филмови или на културни случувања, сè додека не заборави на проблемите. Секако ракот секогаш е спремен да му ја возврати услугата на близнакот кога нему не му се сите овци на број.rnrnБлизнакот знае да го налути ракот, кога за време на некоја вечера постојано зборува на мобилен, но од друга страна близнакот никогаш не се жали кога ракот целодневно кука за некои ситници. За среќа, ракот никогаш не може да биде лут премногу долго, а двата знака се секогаш спремни да се извинат кога е потребно. За да избегнуваат конфликти, овие двајца пријатели можат да уживаат во активности кои вклучуваат активирање на рацете, како плетење, изработување глинени предмети и дрводелски работи.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Близнаци и близнаци – пријателска комбинација

    Близнаци и близнаци – пријателска комбинација

    Овие двајца пријатели знаат навистина добро да се забавуваат и честопати се многу гласни. Бидејќи се многу слични по карактер, тие обожаваат заедно да си озборуваат со часови. Близнаците уживаат во читање книги од исти автори, а кога нема да им се совпаднат вкусовите, тогаш следи една стимулирачка дебата.Близнаци и близнаци – пријателска комбинацијаДали пријателскиот однос помеѓу два близнаци има недостатоци? Може да биде навистина предизвикувачки да се дојде до збор, кога едниот од нив зборува со страст за својата омилена тема. Исто така, близнаците не се најдоверливите и најпостојаните луѓе во светот.  Сепак и двајцата не можат да си останат лути долго време, кога нешто ќе се навредат, па така односите многу брзо можат да се вратат во нормала.rnrnДвајцата пријатели се големи обожаватели на гимнастиката и сакаат да играат пинг-понг. Исто така двајцата близнаци уживаат да пишуваат текстови и поезија, како и да учествуваат во разни дебати.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бик и близнаци – пријателска комбинација

    Бик и близнаци – пријателска комбинација

    Бикот е тивок и практичен, а близнакот е весел и оригинален. Бикот ги обожува секојдневни рутини, додека близнакот е секогаш спремен за промени. Биковите секогаш се водат по поуката дека секој зачуван денар е заработен денар, додека неговиот другар близнакот има проблем да ги чува парите во својот џеб. Дали има надеж за ова пријателство? Бик и близнаци - пријателска комбинацијаСекако! Бикот ја обожава духовитоста на близнакот, додека тој секогаш го цени добриот и практичен совет од бикот.rnrnБикот секогаш може да му се обрати на близнакот кога треба да се пробие низ непознатото, но не знае како. Од друга страна близнакот секогаш може да ја искористи помошта од бикот за средување на сметките и даноците, како и за кратки и едноставни рецепти за подготвување вечера.rnrnНеможноста на близнакот да седи мирен и фокусиран, секогаш ќе го излудува бикот, додека тој ќе му се качува на глава на близнакот со својата колебливост. Бикот внесува чувство на стабилност во животот на близнаците. Најчесто, близнакот копнее за некаква промена, но тој мора да признае дека има нешто удобно во тоа, секогаш да се има пријател бик крај себе. Бикот секогаш може да му се најде на близнакот за поддршка и да му послужи како рамо за плачење во тешките моменти. Бикот знае да биде многу колеблив кога станува збор за пробување на некои нови работи. Од друга страна, близнакот знае да биде многу непостојан. Доколку успеат да си ги игнорираат своите недостатоци, овој однос може навистина да прерасне во прекрасна пријателска врска.rnrnДвата знака имаат сличен интерес за спортови како што се кошарката, фудбалот или ракометот. Доколку ниту едниот од двата знака не е спортски дух, тогаш тие можат да се забавуваат одејќи заедно на музички концерти. Моделарството може да биде забавна активност за овие два знака, бидејќи близнакот обожава да ги бара сите ситни делчиња, а бикот ужива во процесот на градење. Исто така овие пријатели можат заедно да уживаат и во активности како плетење и изработка на глинени предмети.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.