Овие луѓе се како ветар – одат насекаде, гледаат сè и постојано откриваат нешто ново. Нивниот дух е ведар, а карактерот им е нестабилен. Имаат детска душа дури и на 90 години. Станува збор за Близнаците.rnrnrnrnСо Близнаците владее Меркур, па главни карактеристики им се брзината, спонтаноста и неверојатните комуникациски и дипломатски вештини. Лесно се прилагодуваат и секогаш сакаат да научат нешто ново. Ова се луѓе кои ги одржуваат контактите со другите, секогаш се во тек со новостите и први се кога треба нешто да се најави. Близнаците секогаш имаат одговор на прашањата кој, каде, кога, што, како, со кого и зошто.rnrnНајдобрите професии за нив се новинар, менаџер, продавач, таксист, инженер за телекомуникации, телефонски оператор, но и дипломатските професии. Листата е навистина долга, но главна карактеристика е секогаш интеракцијата и контактот со други.rnrnБлизнаците лесно создаваат нови познанства и не им е страв да понудат помош. Одлично им одат странските јазици и сакаат да научат многу. За нив никогаш не е доста од знаење и вештини. Тешко им е да го задржат вниманието на едно нешто, па неопходно е постојано да бидат зафатени.rnrnАко седат предолго, безброј пати ќе се преместат од едно на друго место. Кога патуваат на поголемо растојание, секогаш се опремени со најсовремената опрема за комуникација. Постојано објавуваат фотографии и статуси за нивниот живот на социјалните мрежи.rnrnЛесно ќе ги препознаете по широката насмевка, лесниот од и дупчињата на образите или брадата. Жените Близнаци секогаш ги средуваат ноктите и најчесто ги лакираат со светли бои. Кога станува збор за шминката, исто така сакаат светли нијанси. Мажите се секогаш во тренди облека и притоа одлично ги комбинираат спортскиот и формалниот стил. Ги сакаат боите и вешто си играат со нив. И двата пола сакаат модни додатоци. Дамите почесто одбираат додатоци за коса, додека мажите сакаат марами. Мобилните телефони и останатите електронски направи секогаш им се на дофат. Ако до вас има Близнак, секогаш ќе имате од кого да позајмите полнач за телефон.rnrnНивната непостојаност и нетрпеливост прави често да забораваат што кажале. Сакаат да ги почитуваат договорите и ветувања, но треба да ги потсетувате. Лесно ги превидуваат работите, забораваат да ја платат сметката или да достават некој важен документ. Но, со Близнаците секогаш ќе бидете во центарот на вниманието, ќе ги следите модните трендови и културните настани.rnrnВо емотивните односи бараат слобода и ведрина. Често бегаат од тешките теми и сериозните разговори. Не ги сакаат прашањата без одговор. Бидејќи се прагматични и практични, не се задлабочуваат во тоа што сакал да каже авторот. Сакаат комуникација во живо.rnrnНа Близнаците мора отворено да им ја покажете вашата наклонетост, а повлекувањето го сметаат за незаинтересираност. Љубовта најмногу ја доживуваат како одлична комуникација помеѓу две души. Тие бараат партнер со кој ќе можат интелектуално да се сложуваат. До нив сакаат личност која ќе ги поддржува и која е подготвена за акција. Кога ќе се заљубат стануваат хиперактивни и имаат потреба многу да зборуваат. Партнерот не смее да ги наговара на ништо. Секој притисок го гледаат само како повик за продолжување понатаму.rnrnБлизнаците се подвижни и витални, па долго го задржуваат младешкиот изглед. Сакаат да работат навечер и да спијат наредниот ден до подоцна. Имаат многу енергија, па пожелно е да се занимаваат и со некој спорт. Одлично им одат тенис, бадминтон и голф. Голем број успешни тенисери се родени во овој знак.rnrnСлабите точки на Близнаците се белите дробови, јазикот и дишните патишта. Чувствителни им се рамената, клучните коски и прстите на рацете. Не се внимателни во сообраќајот и на улица, па треба да бидат особено претпазливи кога поминуваат на раскрсница.rnrnАко не знаете што да им подарите за роденден, одличен избор е некој додаток за нивниот телефон или таблет. Ако сакате да одвоите поголема сума пари, можете да ги изненадите со телефон, таблет или нешто слично. Близнаците исто така се љубители и на моторите и автомобилите. Ако одбирате парфем, тоа нека биде најновиот во парфимеријата, со ноти на каранфил и цитрус.rnrnПогледнете и зошто Близнаците се најдобрите пријатели што можете да си ги замислите.
Бикот обожава сексуален предизвик, а Близнаците изгледаат многу секси за него. Под влијание на Меркур, тие располагаат со убавина и интелигенција. Но, Бикот е многу приземјен и има потреба од сигурност, која Близнаците нема да можат секогаш да му ја овозможат. Ова може да го одведе Бикот до критична точка и да се запраша дали сака да ја продолжи врската понатаму или не.rnrnrnrnВо оваа врска постои потенцијал само доколку двајцата сакаат драма, повремени разделувања и драматични смирувања. За да успеат, Бикот ќе мора да му овозможи на партнерот во знакот Близнаци многу слобода, додека пак тие ќе мора да намалат со својот премногу безгрижен стил на живот. Бикот би требало да остане мистериозен за Близнаците, доколку сака најдобри резултати.rnrnСексуалниот живот може да биде или ужасен или неверојатен, а сексот за една вечер може да им остави длабок впечаток и на двајцата. Тие ќе мора да научат да прават многу компромиси, доколку сакаат да имаат подолга врска.rn
Маж Бик и жена Близнаци
rnЖената родена во знакот Близнаци може да стане многу нетрпелива додека се состанува со машкиот Бик. Неговата замисла за совршен состанок е седење на каучот, гледајќи телевизија или поминување 3 часа во ресторан, додека таа тежнее за некаква ментална стимулација. Тој е силен и тивок човек и многу практичен за разлика неа, која е непостојана и има голема потреба од разновидност. Токму овие разлики помеѓу нив можат да им предизвикаат големи проблеми во врската.rnrnНо, кога станува збор за сексот, работите во суштина се доста добри. Таа ќе му каже на Бикот што точно сака во најситни детали, а тој убаво ќе ја сослуша и ќе му биде задоволство да ја задоволува повторно и повторно!rn
Жена Бик и маж Близнаци
rnЖенските Бикови се внимателни, секси и примамливи. Машкиот припадник на Близнаците пак, е интелигентен и непостојан. Тој понекогаш ја преферира менталната стимулација, наместо физичката.rnrnСексуално, тој може да смета дека жената Бик бара нејзиниот партнер премногу да се труди околу неа, а таа можеби ќе се чувствува како тој да сака само многу да зборува, а ништо да не презема.rnrnКај нив двајца има добри шанси за квалитетна љубовна врска, само ако жената Бик научи нешто повеќе за возбудата и разновидноста од мажот Близнаци и ако тој научи како да живее за моментот, наместо да размислува за десет други работи што би можеле да ги прават додека се заедно. Ако таа за доброто на нивната врска почне повеќе да зборува, а тој повеќе да ја искажува физичката привлечност којашто ја чувствува кон неа, нивните состаноци ќе бидат многу постимулирачки.
Овенот живее за предизвик, а Близнаците се заслепени од сексуалната привлечност на Овенот. Под влијание на Меркур, Близнаците истовремено поседуваат и убавина и интелигенција и токму оваа комбинација ги привлекува Овните. Близнаците се и многу духовити и можат да го насмеат Овенот во секое време, што исто така е голем плус. Овенот го привлекува предизвикот кој се крие зад мистериозните Близнаци, додека пак Близнаците сметаат дека Овенот е најзгодниот љубовник кој некогаш го имале.rnrnrnrnПостои голем сексуален потенцијал помеѓу овие два знака, како и потенцијал за долга врска. Но, за тие да успеат, Овенот мора да им овозможи многу слобода и простор на Близнаците. Исто така, Овенот ќе мора постојано да ја одржува својата смисла за хумор, а Близнаците пак, мора да останат мистериозни за да имаат најдобри резултати помеѓу нив. Сексот помеѓу овие два знака ќе биде „жежок“ и од нивниот однос, многу е можно да се роди љубов.rn
Маж Овен и жена Близнаци
rnВо мислите на жената Близнаци постојано ќе се врти сексот, без разлика со кој знак е во врска. Но, кога таа ќе се сретне со Овен, сексуалните мисли ќе почнат брзо да се пренесуваат во пракса. Во оваа љубовна комбинација, жената Близнаци е „маѓепсана“ од сексуалната директност на мажот Овен. Тој ќе биде целосно отворен со неа за она што таа го сака, кога го сака и како планира да го добие во сексот, а таа ќе ужива во секој момент од овие стимулирачки секси разговори. Мажот Овен има потреба да освојува уште од првиот состанок, додека пак жената Близнаци ќе смисли голем број идеи, за тоа како да го натера да се чувствува како секогаш со неа да ја освојува „главната награда“.rn
Жена Овен и маж Близнаци
rnВо оваа љубовна комбинација жената Овен ќе ужива во директната и искрена комуникација со мажот Близнаци. Секој од нив многу добро ја разбира потребата на нивниот партнер за индивидуалност, бидејќи и самите ја чувствуваат. Таа е стимулирана од умот на мажот Близнаци, а тој е фасциниран од нејзината бескрајна енергија. Овој пар има истовремено и физичка и ментална енергија и поради тоа овие двајца имаат можност да уживаат во една навистина активна врска. Нивниот секс ќе биде освежувачки. Таа ќе покаже висока самодоверба во кревет, додека тој ќе придонесува со многу нови идеи за бескрајни сексуални варијанти.
Близнаците се палави, љубопитни и остроумни. Тие се родени преговарачи и ги привлекуваат сите нешта кои се нови, бидејќи сакаат постојано да си ги прошируваат хоризонтите. Познати се по своите одлични комуникативни способности, а кога околностите бараат некаква промена од траен карактер, доаѓа до израз нивната интелектуална мобилност. Прочитајте ги и следниве 30 брутални вистини за нивниот карактер:rnrnrnrn1.Доколку спиењето не ни беше неопходно за да преживееме, Близнаците би останале будни цело време за да размислуваат, размислуваат и размислуваат.rnrn2. Тие не бегаат од обврски, но се држат настрана од неприкладни луѓе и не сакаат да се обврзуваат и да си го трошат времето на таквите.rnrn3. Тие може навидум да изгледаат неорганизирано, но имаат своја сопствена логика во тој хаос.rnrn4. Никогаш нема целосно да му дозволат на некој длабоко да навлезе во нивната душа.rnrn5. Близнаците секогаш размислуваат на сите возможни сценарија, дури и пред да имаат шанса да ги реализираат.rnrn6. Близнаците не се вљубуваат лесно, но затоа умеат да ги натераат луѓето во нивната околина да се вљубат во нив експресно брзо.rnrn7. Тоа што Близнаците навистина сакаат, е да го истражат цел свет и да имаат покрај себе некој што постојано ќе ги засмејува.rnrn8. Близнаците секогаш се колебаат помеѓу тоа дали треба да се грижат премногу за нешто или воопшто да не им е гајле.rnrn9. Нивната негативна страна е тоа што се емоционално нестабилни.rnrn10. Близнаците секогаш ги поставуваат прашањата коишто другите се плашат да ги постават.rnrn11. Близнаците се „ноќни птици“, но и покрај тоа наутро кога ќе станат се полни со енергија.rnrn12.Позади нивното забавно и весело однесување, се прикрива вториот Близнак којшто поминува низ тежок период, но посакува да ги направи сите околу себе среќни.rnrn13. Претставниците на овој знак обично многу зборуваат, доколку се чувствуваат удобно покрај некој.rnrn14. Жените Близнаци се паметни, секси, палави, саркастични и секогаш сакаат да го имаат последниот збор.rnrn15. Близнаците знаат како да ве повредат. Ако лошо ги притиснете нивните „копчиња“, вие ќе бидете тие што ќе плачат после завршувањето на разговорот.rnrn16.Најмногу од сè, претставниците на знакот Близнаци посакуваат да формираат силна психичка конекција со некоја личност, но за жал нема да запознаат многу такви луѓе во текот на нивниот живот.rnrn17. Близнаците се многу самоуверени луѓе.rnrn18. Близнаците сакаат луѓе, коишто се идеална комбинација од убавина и мозок. Нивниот партнер ќе мора да биде доволно интелигентен, за да ги провоцира на позитивен начин.rnrn19. Понекогаш Близнаците креваат голем одбранбен ѕид околу себе, а тоа најчесто се случува кога ќе ги принудите да зборуваат за некои лични теми.rnrn20. Близнаците многу брзо опростуваат, но подеднакво тешко забораваат.rnrn21. Близнаците се многу тивки околу луѓе во коишто немаат доверба.rnrn22. Близнаците имаат чудна навика да ги протриваат, допираат или скокоткаат другите луѓе, чисто од забава.rnrn23. Близнаците мразат лажговци. Ако еднаш ве фатат во лага, нема никогаш повеќе да веруваат во ништо што ќе им кажете.rnrn24. Близнаците се многу социјални личности, но имаат само еден-два блиски пријатели со коишто можат да разговараат буквално за сè.rnrn25. Близнаците имаат голема способност за ненадејно менување теми, среде дискусија.rnrn26. Никогаш немојте да ги гушите Близнаците. Дајте им ја потребната слобода и имајте доверба во нив и тие никогаш нема да ве напуштат.rnrn27.Од перспективата на некои луѓе, Близнаците може да делуваат како да се луди.rnrn28.Понекогаш, Близнаците може да ви изгледаат незаинтересирано за тоа што им го кажувате, но знајте дека нив истовремено им се вртат многу работи во умот, па едноставно се губат во сопствените мисли.rnrn29. Близнаците се магионичари за зборови. Тие имаат начин да ги свртат сите зборови во нивна корист, па би ви било тотално бескорисно да се обидувате да им се спротивставувате.rnrn30. Близнаците лесно се иритираат од неучтиви и прости луѓе.rnrnМоже да ве интересираат и овие 30 брутални вистини коишто треба да ги знаете за карактерот на Биковите.
Станува збор за знак што лесно ќе го најде најдобриот начин да ви го подобри расположението. Понекогаш можеби дури и премногу се шегува, но тоа не го прави затоа што има лоши намери, туку затоа што е разигран, обожава да се смее и му се топли срцето кога и вие се смеете покрај него. Погодивте за кој знак зборуваме?rnrnrnrnДа, тоа се Близнаците!rnrnТие секогаш ќе бидат во можност да ја видат светлата страна на која била непријатност и ќе ви помогнат да се насмеете на лудоста што произлегла од сета тоа. Близнаците се деца во душите, па ако ви е потребно друштво за смеа и забава, само јавете им се и тие ќе се нацртаат пред вас. Само бидете спремни за чести промени на плановите, бидејќи постојано ги менуваат нештата.rnrnБлизнаците се спонтани суштества што имаат повеќе страни на својата личност. Додека некои луѓе можат постојано да се држат до истите нешта, Близнаците едноставно не можат да поднесат ваков живот. Тие со отворено срце ги прифаќаат промените, копнеат за постојана стимулација и брзо им досадуваат нештата што постојано мора да ги прават.rnrnТие се атрактивни, возбудливи и интригантни. Што се однесува до срцето, цвеќињата и скапите романтични гестови нема да предизвикаат пеперутки во нивните стомаци. Тие тежнеат за ментална стимулација и комуникација. На крајот од денот, сè што сакаат е личност со која ќе можат да ги споделат сите свои мисли.rnrnБез разлика дали нивните размислувања се сериозни или разиграни, тие обожаваат да се искажуваат и очекуваат од вас внимателно да ги ислушате. Љубат со своите мисли и чувствуваат со својот ум. Па, ако сакате да ги освоите, треба да ја негувате нивната љубопитност, да ги избегнувате ситуациите во кои се досадуваат и да им помогнете да си го најдат патот низ мислите.rnrnВо љубовта со Близнаците, главна предност е нивниот разигран и инспиративен дух. Животот никогаш нема да ви биде досаден со нив – тие ќе ве држат во неизвесност до самиот крај. Близнаците така создаваат вистинско возбудување и незаборавни моменти што можете да ги создадете само со нив.rnrnАко сте доволно среќни да имате Близнаци покрај себе, тогаш знаете дека вашиот свет заискрил веднаш штом сте ги пронашле. Тие создаваат возбуди, ни го превртуваат целиот свет наопаку и ни помагаат да ја видиме светлата страна на животот. Бидете благодарни на овие луѓе и дајте сè од себе за да не ги испуштите од раце!rnrnБлизнаци: Родени за да излудат и за никогаш да не бидат заборавени!
Тие не се плашат од нови познанства и воопшто не се вообразени, но немаат голем интерес за долги љубовни врски. Тие се непредвидливи и својата друштвена и љубезна маска многу лесно можат да ја заменат со арогантна и ладна. Жените родени во знакот Близнаци се навистина фантастични! Тие се забавни, дружељубиви, волшебни и провокативни.rnrnrnrnЖените Близнаци бараат партнери со кои ќе бидат на исто интелектуално ниво. Само така би можеле да се заинтересираат за некого, бидејќи овие дами не се зближуваат физички со луѓе кои не се способни да им поставуваат интелектуални предизвици.rnrnЖените родени во овој хороскопски знак имаат неверојатно младешки изглед. Тие се интелектуално љубопитни, комуникативни, духовити, брилијантни и модерни. Нема изложби, театарски премиери и значајни настани што Близнаците би можеле да ги пропуштат. Честопати и самата професија им го налага тоа, бидејќи жените Близнаци многу често се занимаваат со јавни работи.rnrnНивната непресушна желба за новитети има негативно влијание на нивните финансии и честопати доведува до ексцентричен изглед кој е истовремено резултат и на егзибиционизмот, што е типично за Близнаците.rnrnЖените Близнаци постојано ги прилагодуваат сите нивни потреби, а истото се обидуваат да го направат и со партнерот. Промените им се многу важни за нивниот живот и психички развој. Подготвени се да ги искористат сите нивни „женски оружја“, шарм и привлечност за да го добијат она што го сакаат.rnrnСекогаш се 2 чекора понапред од нивните партнери. Покрај нив, партнерите не ни мораат да размислуваат. Можат само да им се препуштат и да им дозволат да им откријат нови светови. Со жените Близнаци секој нов ден е како нов живот.rnrnБлизнаците го будат разиграното дете кај нивните најблиски. Партнерите се чувствуваат освежено и вечно младо покрај нив и се прашуваат како заслужиле толкава среќа. Со припадничките на овој знак никогаш нема да ви биде здодевно, бидејќи тие можат во сѐ да најдат смисла. Доказ за тоа дека никогаш не им е доста од љубовта претставува и податокот дека Близнаците се венчаваат дури и во старечки домови, многу почесто за разлика од другите знаци.rnrnИ да… полни се со изненадувања! Кога ќе бидете мрзоволни, жените Близнаци ќе ве изненадат со карта за најбараниот концерт или за некој голем спортски настан. Сѐ што бараат од партнерот е и тој да ги изненадува понекогаш.rnrnПредупредување: Овие дами многу лесно се вљубуваат и затоа може да имаат и повеќе од еден љубовник истовремено. Тие се толку комуникативни што благодарение на својот шарм можат да го опијат секој човек кој ќе започне разговор со нив. Никој не може да им одолее на жените Близнаци и вистина е дека мажите даваат сѐ за припадничките на овој знак!rnrnПрочитајте и зошто треба да се вљубите во жена која е Близнаци во хороскоп.
Близнаците се препуштаат на сè што е поврзано со движење и истражување, особено кога станува збор за менталната верзија. Без разлика дали тие патуваат интелектуално или физички, Близнаците се поттикнати од импулсот да гледаат и да разбираат како функционира светот околу нив.rnrnrnrnТие особено сјаат во онаа развојна фаза кога човековото тело се здобива со способноста да го користи јазикот. Водени од страна на гласникот Меркур, децата во овој знак се фасцинирани со книги и телевизиски серии, со чија помош го збогатуваат својот вокабулар, но учат и голем број детали за светот. Близнаците едноставно мора да анализираат и да поставуваат прашања, да го користат својот разум, да класификуваат концепти, да ги именуваат сите непознати варијабли, притоа постојано потпирајќи се на логиката како своја константа.rnrnКако воздушен знак, Близнаците се бистри, брзи, младолики, вербални и понекогаш делуваат како да не се од овој свет. Тие имаат двојна природа, што лесно се идентификува според симболизмот на нивниот знак – со едната нога се во реалниот свет, а со другата честопати се на работ од идеалниот свет, поради што често мора да бараат баланс помеѓу двете различни состојби на постоење.rnrnКога тие истражуваат возбудлив концепт или шетаат на ново место, токму тогаш се чувствуваат најсмирено. Но понекогаш парчињата од сложувалката едноставно не се совпаѓаат дури ни кога се наредени на своето место, па токму оваа ирационалност на баналноста на секојдневниот живот може да ги натера Близнаците да паднат од многу високо. Нивната ментална енергија се губи, и почнуваат да копнеат по чист воздух, борејќи се низ густиот и бучен лавиринт од безначајни детали.rnrnСледниве парадоксални прашања се најважни за долготрајниот психолошки раст и развој на припадниците на овој знак:rn
rn011
Како можам да продолжам да истражувам сè што ме интересира додека истовремено најдам и задоволство од беспрекорното владеење на само едно нешто?
rn011
Како можам да ја надминам логиката и да го сфатам парадоксот?
rn011
Како можам да синтетизирам детали со цел да ги анимирам со значење?
Првата асоцијација што луѓето ја имаат за Близнаците е дволичноста. Сепак, секој од припадниците на овој знак ќе ви каже дека тие не се дволични, туку само се многу комплекси, бидејќи брзо и лесно ги менуваат мислењата и чувствата.rnrnrnrnПроменливоста е вистинскиот збор за овој двоен знак. Изразити и остроумни, Близнаците претставуваат две различни страни на личноста и никогаш нема да бидете сигурни со која ќе се соочите. Од една страна тие може да бидат друштвени, комуникативни и подготвени за забава, додека од друга страна овој воздушен знак е замислен, сериозен, немирен, па дури и неодлучен. Двата Близнаци се способни добро да се прилагодат на животното опкружување, поради што е прекрасно да ги познавате. Ништо не е досадно кога Близнаците се во главна улога.rnrnКако воздушен знак, Близнаците се окупирани со сите аспекти на умот. Како и другите воздушни знаци, Вагата и Водолијата, така и тие имаат потреба да го користат својот ум не само за идеи, туку и за истражување на светот околу себе. Близнаците мора да си поставуваат животно комплицирани прашања за да се развиваат и растат – во спротивно стагнираат.rnrnrnrnОвие личности се водени од планетата Меркур која ја претставува комуникацијата, пишувањето и учењето. Оваа планета се движи брзо, што понекогаш значи дека вниманието на Близнаците е доста кратко. Заљубени се во зборовите и идеите, па морате да го ставите прстот на челото доколку сакате да одржите чекор со толку љубопитен знак. Ги фасцинира скоро сѐ за светот и имаат чувство како да немаат доволно време да го искусат сето она што сакат да го видат. Тоа ги прави одлични уметници, писатели и новинари.rnrnПонекогаш, луѓето родени во овој знак имаат чувство дека им недостига другата половина, па ја бараат во пријателите, менторите или соработниците. Најчувствителните делови од телото на овој знак се рацете, рамената и белите дробови. Близнаците мора да обрнат поголемо внимание на овие области и да се погрижат да ги заштитат. Белите дробови би требало да им се отворени и слободни за тие да можат да уживаат во среќата и долгиот живот.rnrnrnrnЗатоа што Близнаците се толку сестрани и љубопитни, важно е да не преземаат повеќе отколку што можат. Секако, тие сакаат да искусат сѐ што постои, но тоа не може да го прават ако се болни или уморни. Предизвиците се создаваат кога Близнаците не можат да останат верни на една идеја, верување или личност. Наместо да ја трошат својата енергија, подобро е да останат концентрирани на најважните работи.rnrnСе заљубувате во Близнаци? Прочитајте што ве очекува во врската со овој будалест знак!
12 од најстрашните сериски убијци биле Близнаци. Сите овие 12 поединци ги одземале животите на вкупно 159 жртви. Па, зошто припадниците на овој знак се склони кон социопатија? Ако размислите подобро, Близнаците имаат голем број карактеристики што го предизвикуваат нивното ладнокрвно однесување на сериски убијци. Во продолжение дознајте кои се тие…rnrnrn
1. Не се приземни
rnСо оглед на тоа што Близнаците се воздушен знак, тие воопшто не се приземни луѓе. Тие се многу креативни, постојано летаат во облаците, но не се врзани за ниту еден вредносен систем. Тоа може да доведе до разнишан морал и лоша проценка во однос на тоа што е добро или лошо. Не е тајна тоа дека Близнаците понекогаш прават работи и покрај тоа што знаат дека тоа ќе доведе до негативни последици за нив и за другите луѓе.rn
2. Променливи се
rnБлизнаците се под влијание на планетата Меркур, најбрзата и најблиската планета до сонцето. Имајќи го тоа предвид, Близнаците брзо ги менуваат активностите и мислењата за да ја одбегнат здодевноста. Едно убиство не би ги задоволило Близнаците. Тие би морале да извршат повеќе и тоа на различен начин за да им биде интересно. Оваа омраза кон рутината им помага на Близнаците успешно да ги извршуваат злоделата без да бидат фатени.rn
3. Имаат потреба од внимание
rnБлизнаците сакаат внимание и ако не добијат признание за нивните добри дела, тогаш постојат големи шанси дека ќе почнат да прават нешто лошо. Сериските убијци си ја зголемуваат самодовербата со тоа што знаат дека луѓето се плашат од нив.rn
4. Многу Близнаци имаат комплекс на супериорност
rnБлизнаците секогаш веруваат во нивната интелигенција и мислат дека се најпаметните поединци во просторијата. Од таа гледна точка лесно е да се заклучи зошто серискиот убиец роден во овој знак ќе верува дека никогаш нема да биде фатен и казнет за злочините.rn
5. Тешко им е да изградат длабоки врски со луѓето
rnБлизнаците се познати по нивното големо знаење и бројни контакти, но тие се исто толку познати и по нивните површни односи со луѓето. Како последица на тоа, тие се помалку емпатични не само за одредени луѓе, туку за сите. Многу полесно е да се нанесува зло доколку не сте емоционално поврзани со човечките суштества.rnrnЏефри Дахмер е еден од озлогласените сериски убијци родени во знакот Близнациrn
6. Не им е проблем да водат двоен живот
rnПоради нивниот богат внатрешен свен и тенденција да се ставаат себеси на прво место, на Близнаците им е многу лесно да ги скријат личните работи. Ова не е само корисно за сериските убијци, туку и неопходно.rn
7. Лесно се прилагодуваат
rnБлагодарение на нивната променливост, Близнаците лесно се прилагодуваат на новите ситуации. Токму затоа многу од сериските убијци во овој знак без проблем ги менуваат нивните планови кога станува збор за убиствата што сакаат да ги извршат. Ако треба да го променат планот во зависност од околностите, Близнаците можат да го направат тоа со леснотија.rn
8. Егоцентрични се
rnБлизнаците не се толку емотивни како останатите знаци и не можат да ги разберат чувствата и проблемите на другите луѓе. Тие никогаш не можат да се стават себеси на туѓо место и тешко им е да изградат длабоки меѓучовечки односи што може да доведе до социопатија.rn
9. Знаат да глумат
rnБлизнаците знаат да се однесуваат како вистински бебиња ако не е по нивно. Ако припадниците на овој знак почувствуваат дека не го добиваат признанието што го заслужуваат или ако не можат да најдат животна смисла, преземаат драстични мерки за да ја поправат ситуацијата. Во случајот на многу сериски убијци оваа поправка е штетна и деструктивна за околината.rnrnНо, да го погледнеме сето ова и од друг аспект! Во продолжение прочитајте во кој хороскопски знак се родени најопасните луѓе според ФБИ.
Љубовта не е лесна за Близнаците што постојано се менуваат. Тие имаат толку многу страни на својот карактер, што тешко им е да најдат една личност која е компатибилна со сите нив. Постои проблем и со нивната желба да флертуваат. Ова е една од нивните најомилени активности, а тие уживаат во сè од ненамерни погледи, до страсни сексуални пораки.rnrnrnrnТие обожаваат да играат игри и неретко се забавуваат со умот на луѓето околу нив само за да не им биде здодевно. Проблемот е што не се добри при препознавањето на обичен флерт за забава и нешто посериозно. Ним им е потребна сродна душа што ќе биде нивен соиграч, а уште подобро ако разбира дека флертот не е неверство.rnrnНа Близнаците може да им се случи и во еден момент да се од глава до пети заљубени во една личност, а веќе следниот да го изгубат интересот и да преминат на следната. Иако тие се способни за долгогодишни врски, најчесто повеќе запаѓаат во исцрпувачка серија на афери или бракови, што завршуваат исто толку брзо колку што и почнале. Нема средина со нив.rnrnДел од Близнаците е во постојана потреба за вечна љубов, но имаат ист толкав дел што гладува за слобода. Сè додека не ја задоволат својата жед за различност, нема да престанат да ја играат играта. Нивниот романтичен вкус е див и непредвидлив, па неретко се наоѓаат во врска со стриптизери, порно ѕвезди, циркусанти и поранешни осуденици, меѓу кои знаат да запознаат и брокери, религиозни лидери или странски државници.rnrnПа, кој е совршениот пар за нив? Единствената личност што може да им го освои срцето и да им го смири нескротливиот дух е млада во душа, со отворен ум, што постојано го проширува својот хоризонт и го дели истиот авантуристички дух. Личност што ќе ги држи на работ, додека истовремено ќе бара од нив и постојаност.rnrnСо оглед на тоа што со знакот на Близнаците владее комуникацијата, тие исто така треба да имаат крај себе и личност што обожава да зборува, да нафрла идеи и да го одржува нивното темпо во дебатите. Потребно е во љубовта да најдат некој што е на ментално ниво ист како нив. Откако тие ќе си го најдат својот соиграч, стануваат неверојатно лојални!rnrnПрочитајте и зошто никој не може да им одолее на дамите родени во овој хороскопски знак…