КАФЕ ПАУЗА

Category: Близнаци

  • 4 брутално вистинити причини зошто Близнаците на сите им одат на нерви

    4 брутално вистинити причини зошто Близнаците на сите им одат на нерви

    Сите луѓе имаат свои добри и лоши страни. Тоа важи и за припадниците на овој хороскопски знак, односно за Близнаците. Вистина е дека тие се неверојатно забавни и комуникативни, но по некое време нивната енергична природа станува премногу напорна. За Близнаците обично се вели дека се дволични, но сепак нивната најголема маана е тоа што се многу неодлучни и недоследни. Постојано се премислуваат и секогаш сакаат да бидат во право.rnrn4 брутално вистинити причини зошто Близнаците на сите им одат на нервиrnrnСите ние ги сакаме љубопитните и зборлести Близнаци кои можат да се прилагодат на секоја ситуација, но понекогаш навистина знаат да нѐ извадат од такт. Па, кои се најлошите особини на Близнаците? Дознајте во продолжение…rn

    1. Многу се неодлучни

    rnНикогаш не им давајте избор на Близнаците, бидејќи ќе ги чекате цел ден да донесат одлука за едно обично излегување. Не е важно за што станува збор, тие никогаш не можат да се одлучат! Нивната неодлучност оди дотаму што тие можат да решат дека ќе престанат со нешто и да се премислат 10 минути подоцна. Мора да признаете дека тоа навистина нервира!rn

    2. Нивната неуморност постојано ги доведува до неволја

    rnСупер е тоа кога луѓето сакаат да експериментираат и да се соочуваат со нови предизвици, но Близнаците навистина претеруваат понекогаш! Самата помисла на зборот „рутина“ ги вади од кожа и токму затоа тие постојано бараат возбуда. Но, ако не внимаваат, ваквото однесување може да ги доведе до многу неволји. Ако се дружите со Близнаци, тогаш сигурно ви се случило да поминете цела вечер во пиење алкохол и на крај да завршите во нечиј стан каде никого не познавате. Тоа понекогаш знае да биде опасно и Близнаците едноставно мора да научат каде да ја повлечат границата!rnrn4 брутално вистинити причини зошто Близнаците на сите им одат на нервиrn

    3. Не можат да бидат сами

    rnАко некогаш се почувствувате осамени и ви треба некој за да ве орасположи, Близнаците се луѓето на кои треба да им се јавите! Но, тие никогаш нема да ве разберат ако им кажете дека сакате да бидете сами за да ги наполните батериите. Близнаците мразат да бидат сами. Тие сакаат да бидат опкружени со луѓе 24 часа дневно, седум дена во неделата. Но, не го делат сите истото мислење, така што многумина ги сметаат Близнаците за напорни.rn

    4. Многу се напнати

    rnБлизнаците честопати знаат да бидат многу нервозни и напнати. Тоа произлегува од нивните високи очекувања, но и од нивната неспособност да донесат одлука. Кога Близнаците се анксиозни, верувајте дека и вие ќе го почувствувате тоа. Ако се најдете во таква ситуација, најдобро е да ги оставите сами, бидејќи во спротивно вие ќе настрадате.rnrnПрочитајте ги и следниве 10 знаци дека сте апсолутни Близнаци во хороскоп.

  • 20 знаци дека сте апсолутни Близнаци во хороскоп!

    20 знаци дека сте апсолутни Близнаци во хороскоп!

    Близнаците се едни од најспецифичните хороскопски знаци. Нивната двојна природа ги прави способни да се адаптираат на секоја ситуација во животот, додека пак моќта да зборуваат без престан им овозможува да победат во секоја дебата и расправија. Сакате да дознаете уште карактеристики за себе? Продолжете со читање…rnrn20 знаци дека сте апсолутни Близнаци во хороскоп!rnrn1. Вие сте урнебесни и без да се трудите. Вие сте шегаџијата во вашата социјална група – тоа е вашата улога и никој друг не ви се меша.rnrn2. Вашиот безграничен ентузијазам често е погрешно сфатен како „лажен“. Вие не можете да разберете зошто една личност не може да биде оптимистична без да покрене сомнеж. Тоа е тажен заклучок за општеството!rnrn3. Не престанувате да зборувате. Откако знаете за себе луѓето се обидуваат да ве замолчат за и тие да можат да дојдат до збор, но вие едноставно ги игнорирате.rnrn4. Не сте зависни од партнерот, ниту пак чувствувате љубомора. Всушност, токму вашата ноншалантност е тоа што го прави партнерот да биде „луд“ по вас!rnrn5. Длабоко во себе знаете дека сте Фиби во вашата група пријатели. Често ве опишуваат како ексцентрични, и иако тоа понекогаш ве ежи, вие знаете дека е вистина.rnrn6. Постојано флертувате. Затоа и често морате да ги одбивате момците и девојките што ве сфатиле на погрешен начин. Вие само разговаравте со нив, не се обидувавте да ги одведете во кревет!rnrn7. Вашата кариера постојано се менува. Близнаците се кралеви и кралици на комуникацијата, па затоа и природно се снаоѓаат во областа на новинарството и маркетингот. Но, тоа не значи дека заборавате на желбата да работите во зоолошка или како водител на емисија.rnrn8. Вие сте неверојатно разновидни. Можете да се адаптирате на секоја ситуација, благодарение на двојната природа на Близнаците. Но, оваа двојна природа исто така може да значи и дека…rnrn9. Понекогаш можете да бидете дволични. Колку пати ви се има случено да лајкнете нечиј статус на Фејсбук и веднаш потоа да направите скриншот од истиот и да се смеете на напишаното заедно со вашите пријатели?rnrn10. Здодевните задачи ги сметате за неподносливи. Вие дефинитивно не сте еден од оние чудаци што наоѓаат мир дури и во најмонотоните обврски!rnrn11. Вие сте родени за на сцена. Како дете, вие сте биле главната ѕвезда на сите настани. Како возрасни, нема подобри од вас за време на караоке вечерите.rnrn12. Сè уште се однесувате како деца. Многу често не сфаќате дека шегите со прдење не се ниту смешни, ниту пак соодветни за повеќето „нормални“ возрасни.rnrn13. Неодлучни сте до самиот крај. Партнер, избор на кариера, вид сендвич за појадок… Зошто сè е толку збунувачко?rnrn14. Завршувањето на започнатите нешта не е ваша силна страна. Не е ваша вина што имате толку многу генијални идеи!rnrn15. Вашите способности за менаџирање на времето се на ниско ниво. Веќе не постојат изговори што не сте ги употребиле за доцнењето на работа, па мора да почнете да се повторувате!rnrn16. Често сте склони на одложување. Исто така лесно може да ви се одвлече вниманието. Кликнете на овој линк на ваша одговорност.rnrn17. Понекогаш се чувствувате како да имате поделена личност. Во еден момент сте смирени и си ја работите работата, во следниот веќе не можете да се задржите на едно место.rnrn18. Претерано размислувате. Според лавиринтот во вашиот мозок, постојат 17 можни значења на емотиконот што намигнува во порака…rnrn19. Сарказмот е голем дел од вашето сценарио. Дали би можеле да бидете посаркастични одошто веќе сте? Не, најверојатно не.rnrn20. Отсекогаш сте имале цврсти ставови, а тоа може да доведе до „жешки“ дебати. На кои очигледно ќе победите со вашата комбинација од интелект и досетливост.rnrnПрочитајте и зошто Близнаците се најдобрите пријатели што можете да си ги замислите!

  • Хороскопски знак кој е вечно дете во душата: Тој постојано размислува и чувствува со неговиот ум

    Хороскопски знак кој е вечно дете во душата: Тој постојано размислува и чувствува со неговиот ум

    Луѓето родени во овој знак најдобро знаат да ги забавуваат и смеат другите. Тие секогаш ги земаат сите можности предвид и се одлучуваат за онаа која најмногу ќе ги расположи. Кога се шегуваат, не го прават тоа затоа што сакаат да ве повредат, туку затоа што се разиграни, сакаат да се смеат и да ги гледаат другите луѓе насмеани.rnrnХороскопски знак кој е вечно дете во душата: Тој постојано размислува и чувствува со неговиот умrnrnСекако дека станува збор за Близнаците. Близнаците секогаш знаат да ја извлечат позитивната страна од секоја лоша ситуација. Тие се деца во душата и доколку ви треба некој кој ќе ве насмее и забавува, само јавете се на припадник на овој хороскопски знак и тој веднаш ќе добие илјада идеи како да си поминете лудо и незаборавно. Но, секогаш бидете подготвени на промена на планот, бидејќи Близнаците многу често се премислуваат и ги менуваат работите.rnrnСтанува збор за многу спонтани личности кои не можат да поднесат да бидат заглавени во рутина. Тие прифаќаат промени, копнеат по предизвици и многу брзо им досадува да ги повторуваат истите работи одново и одново. Кога запознаете Близнак во вистинска смисла на зборот, ќе добиете привлечен, возбудлив и интересен разговор.rnrnХороскопски знак кој е вечно дете во душата: Тој постојано размислува и чувствува со неговиот умrnrnКога се работи за љубовта, нема да го освоите срцето на Близнаците со цвеќиња и скапи романтични гестови. Ќе ги заведете само со помош на ментална стимулација и квалитетна комуникација. На крајот на краиштата, тие само сакаат да имаат некого со кого ќе можат да ги споделат нивните мисли. Без оглед на тоа дали нивните размислувања се сериозни или будалести, тие само сакаат да го кажат она што го имаат на ум и да почувствуваат дека внимателно ги слушате. Тие љубат со нивните мисли и чувствуваат со нивниот ум.rnrnХороскопски знак кој е вечно дете во душата: Тој постојано размислува и чувствува со неговиот умrnrnДоколку постојано можете да ја скокоткате нивната љубопитност, не ги ставате во ситуација да се досадуваат и можете да им помогнете да ги искажат нивните мисли, веројатно нема да имате никаков проблем да го освоите нивниот ум, тело и душа.rnrnВо љубовната врска со Близнаците, најголема предност е нивниот разигран и инспиративен ум. Животот со нив никогаш нема да биде здодевен бидејќи постојано ќе ве држат во неизвесност. Близнаците ќе сакаат да ви пружат незаборавни и возбудливи моменти кои ќе бидат далеку од обични.rnrnХороскопски знак кој е вечно дете во душата: Тој постојано размислува и чувствува со неговиот умrnrnНа Близнаците најголем приоритет им е да доживеат нови, несекојдневни и необични искуства, особено кога станува збор за врските. Не постои сомнеж дека овој хороскопски знак може да понуди безброј извонредни работи.rnrnДоколку имате среќа да имате барем еден Близнак во животот, тогаш знаете дека тој ви дава возбуда, го менува вашиот поглед кон светот и ви помага да ја согледаат посветлата страна на животот.

  • Без конкуренција: Никој не може да им одолее на дамите родени во овој хороскопски знак

    Без конкуренција: Никој не може да им одолее на дамите родени во овој хороскопски знак

    Станува збор за жените Близнаци. Дамите родени во овој знак се љубопитни, комуникативни, духовити и едноставно брилијантни. Едноставно не постои отворање на изложба, театарска премиера или каков било друг значаен настан што тие би го пропуштиле. Затоа и овие жени често се вработуваат во областа на медиумите за масовна комуникација.rnrnБез конкуренција: Никој не може да им одолее на дамите родени во овој хороскопски знакrnrnТие се непредвидливи и својата социјална и љубезна маска можат многу брзо да ја заменат со дистанцирана и арогантна. Жените Близнаци од својот потенцијален партнер бараат ментална компатибилност, со цел да им го задржат вниманието, бидејќи не дозволуваат игри со своето тело од страна на личност што не е способна да ги предизвика интелектуално.rnrnНивната непрекината желба за новини има негативно влијание на буџетот и често води кон ексцентричен изглед што истовремено е и резултат на егзибиционизмот што е типичен за Близнаците. Тие постојано ги прилагодуваат своите потреби, а истото се обидуваат да го направат и со партнерот. Промената е важен дел од нивниот живот, како и од психолошкиот развој.rnrnТие се спремни да го употребат сето „женско оружје“ – целиот шарм и привлечност со цел да го добијат тоа што го сакаат. Овие дами лесно се заљубуваат и затоа тежнеат кон идејата да имаат повеќе љубовници одеднаш. Лесно започнуваат разговор, посветени се на своите цели и способни се со шарм да ги маѓепсаат сите што ќе бидат во нивна близина. Тие се нешто како љубовен пијалак – штом ги пробате, веднаш ќе полудите за нив!

  • 6 причини зошто Близнаците се најдобрите пријатели што можете да си ги замислите

    6 причини зошто Близнаците се најдобрите пријатели што можете да си ги замислите

    Кој не би сакал да има пријател во знакот Близнаци? Доколку имате можност да бидете пријатели со припадници на овој хороскопски знак сметајте се себеси за среќници! Честопати, луѓето мислат дека Близнаците се дволични од очигледни причини, но тоа е далеку од вистината. Иако се познати по нивната неисцрпна енергија, тие исто така сакаат понекогаш да бидат сами. Па така, во зависност од денот (или минутата), вашиот пријател Близнак може да пие вино и да разговара за филозофија со група луѓе на забава и потоа одеднаш да посака да си отиде дома, да си ги облече удобните пижами и да гледа филм со вас. Едно нешто е сигурно: Со Близнаците никогаш нема да ви биде здодевно! Прочитајте ги следните 6 причини зошто секој би сакал да има најдобар пријател во овој хороскопски знак…rnrn6 причини зошто Близнаците се најдобрите пријатели што можете да си ги замислитеrn

    1. Постојано ќе се смеете

    rnВашиот пријател Близнак постојано ќе сака да ве задева, но на игрив начин, никако навредлив! Тие се многу досетливи и се сметаат себеси за интелигентни, што навистина е така. Никогаш нема намерно да ве повредат, но ако сепак кажат нешто што ќе ве погоди, поразговарајте со нив отворено. Близнаците ќе се чувствуваат ужасно поради тоа што го кажале и веднаш ќе ви се извинат. Луѓе сме, грешки правиме, нели?rn

    2. Ќе почувствувате обострана љубов

    rnКај Близнаците важи правилото колку даваш толку добиваш, така што пријателството со нив е секогаш двонасочна улица. Близнаците се всушност многу нервозни под нивната цврста надворешност. Таа анксиозност се манифестира преку нивниот хумор и шеги на нивна сметка. Секогаш мора да бидете тука за вашиот пријател Близнак и да му дадете поддршка кога тоа ќе биде потребно. Бидете сигурни дека секогаш ќе ви возврати на ист начин. Токму такво треба да биде вистинското пријателство, а вие ќе имате можност да го почувствувате тоа со Близнаците.rn

    3. Ќе ве потсети дека на сите им е потребно да поминуваат време сами

    rnБлизнаците се многу длабоки, но имаат активен социјален живот, така што понекогаш ќе им бидат потребни неколку вечери за да бидат сами и да си ги наполнат батериите, а ќе ви воочат дека и вам ви треба истото. Кога ќе се ослободите од целиот насобран стрес и убаво ќе одморите, ќе бидете подготвени повторно да излезете и да се забавувате до раните утрински часови.rnrn6 причини зошто Близнаците се најдобрите пријатели што можете да си ги замислитеrn

    4. Ќе може да каже работи на глас кои вам ви е срам да ги кажете

    rnДали ви ставиле некој зачин во салатата што не ви се допаѓа? Некој келнер комплетно ја игнорира вашата нарачка? Вам ви е непријатно да се побуните, па решавате да се помирите со ситуацијата. Но, без грижи! Тука е вашиот пријател Близнак кој ќе ја среди работата. Никогаш нема да биде некултурен и да навреди некого, туку преку шега и смеење ќе укаже на грешката, па дури можеби и ќе стекне пријател во целиот тој процес.rn

    5. Никогаш повеќе нема да бидете изгубени

    rnБлизнаците се љубопитни и постојано трагаат по нови информации, а особено сакаат кога ја имаат контролата во свои раце. Така што, ако некогаш не знаете кој пат да го одберете, тие воопшто нема да се двоумат кога од нив ќе побарате да ви ја покажат насоката во која би требало да се движите. Секогаш ќе имате некој кој знае каков чекор треба да се преземе понатаму, во која било ситуација.rn

    6. Секогаш ќе имате за што да разговарате

    rnБлизнаците имаат голем авантуристички дух, па затоа благодарение на нивните непроценливи искуства, имаат многу интересни приказни за раскажување. Тие се одлични наратори со кои ќе се смеете до солзи. Што и да се случи, секогаш ќе си поминувате убаво со вашите пријатели Близнаци.rnrnИ што е најважно: Никогаш нема да ја изневери вашата доверба! Ако чуе лош збор за вас, ќе биде подготвен да ве брани до смрт. Пријателот Близнак ќе биде вашата причина за насмевка кога мислите дека сите бродови ви потонале. Ќе биде вашата поддршка кога се чувствувате како сите други да ве имаат напуштено. Близнаците ја знаат вредноста на пријателството и никогаш нема да направат нешто што би можело да го загрози вашиот однос. Напротив, тие секогаш ќе го негуваат пријателството како најнежниот предмет што постои на светот, бидејќи многу добро се свесни дека ако еднаш се скрши, делчињата можеби ќе се залепат, но секогаш ќе остане пукнатина.

  • Што треба да очекувате од љубовната врска со Близнаците?

    Што треба да очекувате од љубовната врска со Близнаците?

    Пристигна сезоната на Близнаците! Тие се познати по нивната нежна, внимателна и љубопитна природа. Како и секој воздушен знак, тие се комуникативни, друштвени и забавни, но исто така знаат да бидат и сериозни и нетактични. Единствената работа која секогаш важи за Близнаците е тоа што никогаш не можете да знаете што да очекувате од нив. Тие се желни за ментална стимулација и разновидност, па затоа честопати се борат да се справат со рутините и повторувањата присутни во секој животен аспект, како што е работата, врските, семејството и слично. Уникатните потреби на Близнаците ги прават речиси неподносливи во љубовните врски. Ова се некои основни работи кои треба да ги знаете за Близнаците за да можете да создадете здрава врска со нив…rnrn6 работи кои мора да ги прифатите доколку сакате да ви успее љубовната врска со Близнациrn

    1. Мора да бидете подготвени да се менувате

    rnРутините се нешто што најмногу ги нервира Близнаците. Бидете сигурни дека тие нема да ја прифатат здодевната врска исполнета со повторувања и навики. Бидете забавни и внесете разновидност во врската. Одете на нетрадиционални љубовни состаноци и приредувајте изненадувања. Близнаците ќе го ценат вашето внимание. Ќе ви биде тешко да останете со партнерот во овој хороскопски знак, доколку очекувате постојаност во врската. Бидете отворени кон промени и не плашете се да пробувате нови работи.rn

    2. Не можете баш секогаш да зависите или да се потпрете на Близнаците

    rnОва не значи дека тие намерно ќе ве разочараат. Близнаците честопати не се свесни како нивните дела влијаат на другите и понекогаш имаат очи само за себе. Како нивен партнер, вие морате да бидете независни, доволни сами на себе и многу трпеливи. Повеќето Близнаци се свесни дека не можете да сметате баш секогаш на нив и затоа многу често се извинуваат. Не правете да се чувствуваат лошо поради тоа, туку помогнете им да се сменат.rn

    3. На Близнаците не може секогаш да им се верува

    rnАко имате проблеми со довербата и сакате да влезете во врска со Близнаци, добро размислете уште еднаш за оваа идеја. Близнаците не се нечесни, туку едноставно дозволуваат да ги понесе моментот. Ќе се фатите себеси како си велите „Дали навистина го мислеше тоа?“. Колку подолго се случува ова, толку повеќе ќе бидете збунети. Доколку имате проблем да им верувате на луѓето како последица од претходната врска или генерално премногу анализирате, запаметете дека многу тешко ќе ги прочитате Близнаците.rnrn6 работи кои мора да ги прифатите доколку сакате да ви успее љубовната врска со Близнациrn

    4. Близнаците живеат во моментот

    rnОва е една од нивните најдобри особини. Тие се секогаш среќни и забавни и сите сакаат да бидат во нивно друштво. Многу често тие се главните иницијатори на атмосферата на забавите и зрачат со природна енергија која ги привлекува луѓето околу нив. Меѓутоа, ова може да биде голем проблем во врската. Оние кои сакаат да прават планови, ќе почнат да се нервираат поради нивната непредвидливост. А Близнаците може да почувствуваат притисок и да сакаат да се оддалечат доколку некој ги форсира, особено кога станува збор за разговори кои се однесуваат на иднината на врската. Тоа не значи дека тие не се грижат, туку едноставно никогаш не помислиле на тоа.rn

    5. Сексот не им е толку важен

    rnСекако дека им значи до некаде, но за Близнаците самиот сексуален чин не е толку забавен колку возбудата што доаѓа со него. Бидете креативни и не заборавајте дека тие мразат рутини. Никогаш не се препуштајте целосно на работите што ви се познати и пријатни.rn

    6. Близнаците се дистанцираат од нивните емоции

    rnТешко е да се допре до Близнаците. Ова и ним им паѓа тешко бидејќи длабоко во себе и тие чувствуваат потреба да бидат разберени. Ако сте подготвени вистински да слушате, ќе добиете многу значајни податоци за вашиот Близнак. Тоа ќе ви помогне да изградите емоционална поврзаност и ќе направи да се чувствувате посебни. Навистина е голема реткост кога Близнаците одлучуваат да се покажат во вистинско светло и целосно да се отворат.rnrnБлизнаците се постојано насекаде! Меѓутоа, ако навистина сакате да ги задржите и да им погледнете низ прсти за тие некои ситни лични недостатоци, ќе видите дека се навистина неверојатни пријатели и љубовни партнери!

  • Зошто треба да се вљубите во жена која е Близнаци во хороскоп?

    Зошто треба да се вљубите во жена која е Близнаци во хороскоп?

    Доколку можете да се справите со олку темпераментен карактер, веднаш ќе сфатите дека жената Близнаци е навистина една и единствена. Нејзината способност да се прилагоди на секоја ситуација, нејзината интелигенција, како и комуникативната природа секогаш ќе ве држат во неизвесност и никогаш нема да ви биде здодевно кога ќе бидете крај неа. Уште поголемо задоволство ќе почувствувате кога ќе се уверите дека вие сте тој кој успеал да го зароби нејзиното лојално срце. Брзо ѝ станува здодевно и постојано трага по нови возбудливи авантури, па затоа подобро за вас е да можете да го следите нејзиниот чекор. Благодарение на нејзината шармантна природа, таа има додворувачи во секое време што значи нема долго да остане сама. Ова се неколкуте главни причини поради кои ќе ја изгубите главата по оваа нескротлива божица.rnrnЗошто треба да се вљувите во жена која е Близнаци во хороскоп?rn

    Таа многу добро знае колку вреди

    rnТаа нема потреба да го храни своето его. Зрачи со неверојатна самодоверба и никогаш не е љубоморна или несигурна во себе.rn

    Таа секогаш ќе ви биде лојална

    rnНеа сите ја сакаат, но таа ве сака само вас и само вие можете да ја имате. Жените Близнаци се познати по нивната кокетна природа, но кога ќе се приврзат за некого, тие се слепи за останатиот свет.rn

    Никогаш нема да ви биде здодевно покрај неа

    rnТаа е секогаш подготвена за нови предизвици, авантури и бестрашни подвизи. Нејзината нескротлива личност едноставно не ѝ дозволува да седи во едно место. Оваа неверојатна жена ќе ви го направи секој момент од животот возбудлив и посебен.rn

    Жените Близнаци имаат сè

    rnТие одлично изгледаат, имаат добар стил и самодоверба поради што сите други жени им завидуваат.rn

    Ќе го обожава фактот што се разликувате

    rnБлизнаците обично „паѓаат“ на луѓе кои се целосна спротивност од нив. Сакаат да постои разновидност во карактерите и интересите бидејќи така ќе имаат можност да учествуваат во интересни дискусии, да учат нови работи и постојано да се надградуваат себеси.rn

    Покрај неа ќе се чувствувате помладо и поенергично

    rnТаа ќе ви ги прошири видиците и ќе го зголеми вашиот ентузијазам за сè што правите во животот.rn

    Ќе направи да бидете попозитивни

    rnТаа нема ни за секунда да дозволи нечиј негативен став да ги засени позитивните чувства што ги има кон вас. Таа секогаш е позитивна, дури и кога е опкружена со луѓе чија чаша е полупразна.rn

    Никогаш нема да треба да се сомневате во нејзината љубов

    rnАко ви ја дава нејзината љубов, можете да бидете целосно сигурни дека се работи за вистинска љубов. Близнаците никогаш не кажуваат „те сакам“ туку така. Многу добро се свесни за моќта на овие магични зборови и ги изговараат само доколку навистина ги мислат.

  • Откријте дали и вие сте едни од нив: За жените во овој хороскопски знак мажите би дале сè!

    Откријте дали и вие сте едни од нив: За жените во овој хороскопски знак мажите би дале сè!

    На овие жени никогаш не им е доста од љубовта, а за тоа сведочи и податокот дека во однос на другите знаци, тие многу почесто стапуваат во брак. Станува збор за жените Близнаци кои се навистина фантастични. Тие се забавни, социјални, магични и провокативни. Постојано сакаат да запознаваат нови луѓе, не се вообразени, но немаат интерес за долги љубовни врски.rnrnОткријте дали и вие сте едни од нив: За жените во овој хороскопски знак мажите би дале сè!rnrnБлизнаците се непредвидливи и својата љубезна маска многу брзо можат да ја заменат со оддалеченост и арогантност. Од потенцијалните партнери бараат ментална компатибилност со цел да бидат заинтересирани, бидејќи овие дами никогаш не дозволуваат да се развие физичка интимност со некој кој не е способен да ги предизвика интелектуално.rnrnТие на изглед делуваат најмладолико од сите жени во Зодијакот. Интелектуално се љубопитни, но исто така се и многу комуникативни, духовити и брилијантни – тие се вистински модерни жени. Не постои отворање на изложба, театарска премиера или значаен собир кој тие би го пропуштиле. Исто така, нивната работа е најчесто поврзана со средства за масовна комуникација.rnrnНепрестаната желба за новини кај Близнаците води кон разорен ефект врз буџетот (нејзиниот или на сопругот) и често се склони кон ексцентричен изглед. Тие константно ги прилагодуваат нивните сопствени потреби, а истото се обидуваат да го направат и со партнерот. Промените се многу важни за нивниот живот, како и за психичкиот личен развој.rnrnТие се подготвени да ги употребат сите „женски оружја“, како и шармот и својата привлечност со цел да го добијат тоа што го сакаат. Близнаците исто така и премногу размислуваат, па тоа им дозволува на нивните партнери да се препуштат со доверба и да откријат сосема нови светови покрај нив. Со Близнаците секој нов ден е како нов живот.rnrnСтанува збор за жени кај кои не постои баналност бидејќи тие за сè знаат да најдат смисла. И да, тие се преполни со изненадувања. Кога сте најмрзливи, тие имаат способност да ве изненадат со карта за најбараниот концерт или за врвен спортски настан. Сè што бараат за возврат од својот партнер е одвреме-навреме и тој да ги изненади.rnrnВнимание: Овие дами лесно се заљубуваат, па затоа и може да имаат повеќе од еден љубовник (истовремено!). Тие се многу комуникативни, малку итри и се во состојба со својот шарм да го маѓепсаат секој кој ќе почне разговор со нив.

  • Бескрајно духовит и неверојатен: Хороскопскиот знак кој сите го обожаваат

    Бескрајно духовит и неверојатен: Хороскопскиот знак кој сите го обожаваат

    Кога ќе се спомне овој знак, поголемиот дел од луѓето најпрво помислуваат на дволичност. Но, неговата личност има многу повеќе слоеви. Како што веќе сигурно погодивте, станува збор за Близнаците.rnrnБескрајно духовит и неверојатен: Хороскопскиот знак кој сите го обожаваатrnrnБлизнаците имаат две личности, тоа не е спорно. Едната е замислена, а другата духовита, но токму овој дел од нив и ги прави популарни. Оваа страна од нив е комуникативна, социјална и секогаш подготвена за забава. Тие се вечни оптимисти, но не трпат досада, па токму затоа и покрај нив секогаш ќе ви биде забавно.rnrnТие не знаат да мируваат, па затоа понекогаш можат да бидат и тешки за следење. Тие се динамични и брзи. Имаат способност да работат повеќе нешта одеднаш. Тие не сакаат да ветуваат, особено ако знаат дека не можат да го исполнат тоа. Обожаваат да зборуваат и имаат голем број интересирања. Близнаците секогаш ја завршуваат својата работа темелно и до крај.rnrnПрипадниците на овој знак се многу шармантни и внимателни, па токму затоа и се добри заводници. Уживаат во флертот и знаат како да реагираат брзо. Тоа е причината поради која се омилени во друштвото. Со својата духовитост често умеат да ги заведат и другите знаци. Нема потреба да се грижите како да им пристапите, бидејќи тие тоа ќе го направат самите.rnrnБлизнаците често се чувствуваат како да им недостасува една страна, па затоа и толку многу сакаат да се во друштво со други луѓе. Тие се интелигентни, способни и љубопитни. Многумина дури и би рекле дека се како мали деца, бидејќи тие воопшто не се ни трудат да пораснат. Тие ќе ви кажуваат шеги и ќе ве смеат со цел да бидат поинтересни и поразлични од другите.rnrnТие се многу брзи и не им треба многу време да ги сфатат нештата. Нивната интелигенција им помага во смислата за хуморот. Исто така, тие ретко кога ги покажуваат своите емоции, но тоа не значи дека не се емотивни и дека не чувствуваат емпатија. Многу е тешко да го освоите нивното срце, но кога ќе успеете, тие ќе ви го дадат тоа до знаење.rnrnБлизнаците имаат моќ дури и најемотивните животни ситуации и тешки теми да ги свртат на хумор и забава. Токму затоа и сите ги сакаат, бидејќи малкумина можат да ве насмеат во тешките моменти како што тоа умеат да го направат Близнаците.

  • 10 факти кои ќе ги разберат само родените во знакот Близнаци

    10 факти кои ќе ги разберат само родените во знакот Близнаци

    Не е лесно да се разберете или пак да се спријателите со Близнаците, а тоа го знаат сите кои во своето опкружување имаат некој со тој хороскопски знак. Но, погледнете ги пак овие факти кои нема да ги разбере никој друг освен Близнаците.rnrn1-10-fakti-koi-kje-gi-razberat-samo-rodenite-vo-znakot-na-bliznaci-www.kafepauza.mk_rnrn1. Луѓето мислат дека сте дволични само поради карактеристиките на вашиот хороскопски знак. Факт е дека Близнаците, исто како и останатите хороскопски знаци, имаат неколку различни лица, но не во вистинската смисла на тој збор.rnrn2. Мора да им објаснувате на луѓето дека колку повеќе сте саркастични со нив во разговорот, значи дека толку повеќе тие ви се допаѓаат. На никого не му е јасно зошто тоа е така, но во тоа најверојатно се крие целиот шарм на Близнаците.rnrn3. Не знаете како да им објасните на луѓето дека ви е потребно да ве остават на мир неколку дена или подолг период. Близнаците се едноставно такви, умеат да се изолираат од сите, па затоа пуштете ги да им помине таа фаза.rnrn4. Имате феноменална идеја, феноменална… сè до наредните пет минути кога ќе ви текне уште подобра.rnrn5. Често ви се случува да сфатите дека флертувате со некого само затоа што ви се допаѓа како личност, а за тоа да не сте свесни. Затоа не треба да ве чуди дека некој Близнак се обидува да флертува со вас – треба да се загрижите ако ситуацијата е обратна.rnrn2-10-fakti-koi-kje-gi-razberat-samo-rodenite-vo-znakot-na-bliznaci-www.kafepauza.mk_rnrn6. Постојано сте на вистинска вртелешка од емоции, 7 дена во неделата, 365 дена во годината.rnrn7. Вашето расположение е променливо. Во еден момент сте феноменално расположени, а во следниот имате лице кое вели „остави ме на мир, не сакам да те гледам“.rnrn8. Не може да прошетате по улица, а да не наидете на минимум пет луѓе чија животна приказна ќе ја дознаете со само 10-минутен разговор. Едноставно Близнаците се многу привлечни за луѓето, особено за странците, па не е чудно што толку многу ги обожаваат.rnrn9. За вас целиот живот е една непрекината „журка“ и би било ужасно досадно кога околу вас би се случувале нормални работи.rnrn10. Вие претставувате совршено несовршена комбинација на карактеристики, па затоа не ви е чудно зошто некои луѓе ве сакаат, а додека други не може да ве поднесат. И тоа е животот, зар не?