КАФЕ ПАУЗА

Скорпија и близнаци – љубовна комбинација

Скорпија и близнаци - љубовна комбинација

Кога двајца партнери родени во хороскопските знаци скорпија и близнаци ќе стапат во љубовна врска, тие мораат да научат да ги почитуваат нивните разлики во карактерите. Доколку успеат во тоа, тие ќе имаат речиси нескршлива врска. Близнаците се прилагодливи, интелектуални, зборлести и дружељубиви, а скорпијата е таинствена, фокусирана, одлучна, интензивна и страсна.Скорпија и близнаци - љубовна комбинацијаБлизнакот е поедноставен и поповршен и тој најчесто не ги зема работите при срце, вклучително и неговиот љубовник. Скорпијата од своја страна, има многу длабока потреба за емоционална поврзаност и интима. Таа генерално е многу лојална кон својот партнер и е многу посветена во љубовните врски. Врската помеѓу скорпија и близнаци има тенденција да биде многу страсна, во која и двајцата партнери се многу аргументативни. Близнакот сака добра дебата, која ментално ќе го стимулира. Тој сака да шири познанства и да флертува, а таа негова карактеристика може да ја иритира љубоморната и посесивна скорпија.rnrnНаспроти нивните различности, ова сепак не е досадна врска. Двата знака сакаат да ги искористуваат приликите во животот и да ги „зачинат“ со цел да им биде поинтересно. Тие можат да поминат многу авантуристички моменти заедно, но ако нивниот однос стане премногу напнат и нивните караници заземат негативен правец, партнерите ќе мораат да направат напори да се запрашаат дали доволно ја ценат нивната врска и дали сакаат љубовта помеѓу нив да трае.rnrnБлизнаците се предводени од планетата Меркур, која е симбол на комуникација, а скорпијата од планетите Марс (страст) и Плутон (моќ). На скорпиите генерално им е многу важна емотивната блискост и поврзаност со партнерот. Нив им е потребен постојан доказ дека нивниот љубен ја вреднува врската, колку што тие самите ја вреднуваат. Благодарение на одличните комуникациски способности на близнакот, тој не би требало да има проблем да ѝ ја искаже на скорпијата својата посветеност во нивната врска. Тоа ќе биде случај, само доколку близнакот навистина се чувствува емотивно приврзан со скорпијата. Во спротивно, близнаците не можат и нема да глумат приврзаност која не ја чувствуваат, па затоа страсната скорпија ќе мора малку да се повлече и да престане да го притиска. Близнаците единствено ќе се „врзат“ во сериозна врска, доколку ја имаат потребната слобода самите да одлучат што сакаат, а не да бидат присилени на тоа.rnrnСкорпијата е неверојатен стратег. Ако треба некоја одлука да биде донесена или некоја работа да биде завршена, таа може да му помогне на својот расеан близнак да се фокусира на најдобрите можни опции. Близнакот за возврат, може да ја научи скорпијата да почне помалку психички да се заморува со неправедните ситуации во кои таа напорно се трудела да постигне одредена цел, а чии резултат испаднал спротивен на нејзината волја и интерес.rnrnКога умеат да соработуваат, скорпијата и близнаците можат да бидат одлична унија сочинета од интелект, емоции, разум и срце. Од друга страна, емоционалните манипулации на скорпијата може да ја обесхрабрат природната енергија и ентузијазам на близнаците. Воедно, длабоките емоции на скорпијата за близнакот може да бидат вознемирувачки, напорни и неочекувани. Скорпијата е постојана, а близнакот променлива личност. Близнаците сакаат да прават некои работи, само ради ќеф и стекнување ново искуство, додека скорпијата речиси секогаш има некаков план и прикриен мотив на ум.rnrnСкорпијата може да ја насочи нејзината концентрација и решителност, кон подучување на близнакот првин да ги завршува започнатите работи, пред да влета во некое ново искуство. Близнакот е оној кој умее правилно да резонира и да донесува заклучоци, а скорпијата ја носи со себе својата здрава сексуална привлечност, емоционалност и страст. Кога овие двајца партнери ќе сфатат дека комбинацијата од нивните карактери може да биде многу интересна, ќе можат обострано да уживаат во нивната задоволувачка љубовна врска.