КАФЕ ПАУЗА

Category: Бик

  • Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Бик

    Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Бик

    Овенот има силни физички карактеристики. Многу спортски ѕвезди и познати личности се Овни во хороскоп. Затоа и тие немаат потреба од „огномет“ во креветот бидејќи самите го осветлуваат ноќното небо. Од друга страна пак, Бикот е емоционален и нежен, правејќи го прекрасен партнер. Токму Биковите се оние што иницираат романса и ги смируваат брзите тенденции на Овните. А Овните пак, ќе донесат авантуристички секс во спалната на љубовникот.rnrnСексуална астролошка компатибилност: Овен и БикrnrnОва е добра комбинација, која има потенцијал да прерасне во краткотрајна, а понекогаш и во долготрајна врска. Без обајцата да забележат, можат лудо да се вљубат еден во друг. Бикот е многу сериозен и сензуален. Овенот го смета него за добар брачен материјал, а нивното пријателство ќе трае многу долго, дури и по завршувањето на привлечноста. Во оваа врска, обата партнери ќе научат многу за себеси.rn

    Маж Овен и жена Бик

    rnЖената Бик е водена од планетата Венера, а мажот Овен од Марс, па така кога тие ќе се поврзат постои огромен потенцијал за прекрасен љубовен спој. Машко-женската енергија ги спојува како тенџерче и капаче. Жената Бик ќе се прави недостижна, додека мажот Овен ќе ита кон неа со неговото сексапилно и наметливо покажување храброст. Тој мора да внимава да не избрзува, бидејќи жената Бик сака да го почувствува секој момент, особено оние возбудливи моменти, кога срцето ти трепери.rnrnКога врската ќе стане сексуална, мажот Овен ќе сака што побрзо да го достигне врвот на задоволството, но бидејќи жената Бик е извонредно сензуална, таа ќе го води кон бавна и внимателна предигра. Доколку машкиот Овен научи да биде потрпелив во водењето љубов и да ужива во патот до задоволство, наместо да гледа што побрзо да заврши, тој ќе биде вистински почестен од неа, бидејќи кај женскиот Бик, точката на кулминација во сексот, никогаш не завршува.rn

    Жена Овен и маж Бик

    rnЖената Овен секогаш ја иницира романсата, бидејќи мажот Бик е повеќе восприемчив. Всушност, Овенот секогаш ќе ја води врската. Мажот Бик ќе ја толерира непромисленоста на женскиот Овен, а таа ќе се погрижи нему никогаш да не му биде досадно. Жената Овен ужива во трошењето пари, а нејзиниот маж Бик секогаш ќе биде тука бескрајно да ја снабди со сѐ што сака. Сексот помеѓу овие двајца би требало да биде прекрасен, бидејќи жената Овен ќе го пали огнот, а мажот Бик ќе го одржува пламенот.

  • 30 брутални вистини коишто треба да ги знаете за карактерот на Биковите

    30 брутални вистини коишто треба да ги знаете за карактерот на Биковите

    Биковите се сметаат за луѓе со стабилен карактер. Тие сакаат трудољубиво да работат, но важно им е енергијата да им е насочена кон нешто корисно, а не залудно. Тие се тип на луѓе коишто прво ќе погледнат пред себе, па после ќе скокнат. Еден од најголемите квалитети што ги поседува овој хороскопски знак, е тоа што кога еднаш ќе го насочи умот кон нешто, ретко го менува правецот на размислување. Бикот се фокусира на тоа што го има и никогаш не се откажува. Стабилни финансии, чувство на лична вредност и реализирање на амбициите, се едни од најважните нешта за Биковите. Прочитајте ги и следниве 30 брутални вистини за нивниот карактер:rnrn30 брутални вистини коишто треба да ги знаете за карактерот на Биковитеrnrn1. На Бикот, семејство му значи повеќе од сè друго.rnrn2. Кога Бикот се чувствува гневно, може да се смири слушајќи музика.rnrn3. Бикот нема потреба да зборува многу бидејќи изразите на неговото лице кажуваат сè.rnrn4. За разлика од други луѓе, кога Бикот ќе му каже некому „Те сакам“ искрено го мисли тоа.rnrn5. Бикот е тука за другите луѓе кога тие поминуваат низ тежок период.rnrn6. Некои денови Биковите работат многу напорно, а други денови тие сакаат само да одмораат на каучот и да гледаат добар филм.rnrn7. Ако вознемирите Бик, подобро тргнете се настрана додека не му пројде лутината.rnrn8. Бикот верува дека колку пати и да падне и не успее во нешто, секогаш може да најде начин повторно да застане на нозе.rnrn9. Никогаш немојте да го будите Бикот кога спокојно спие.rnrn10. Бикот има сè, и интелигенција и надворешна убавина.rnrn11. Бикот не поднесува бучава, со исклучок на гласната музика.rnrn12. Дури и ако повредите некој Бик, тој секогаш ќе ви остане лојален.rnrn13. Доколку се обидувате да направите некој Бик љубоморен, со тоа само ќе предизвикате да изгуби целосно интерес за вас.rnrn14. Обидот да промените некој цврст став на Бикот би било невозможна мисија, бидејќи тој е 100% сигурен дека е во право.rnrn15. Биковите се способни да си создадат свој универзум, којшто никој друг не може да го разбере.rnrn16. Никогаш нема да дознаете што се случува во главата на Бикот, бидејќи тој не ги споделува своите најдлабоки мисли со никого.rnrn17. Биковите обожаваат да го разгалуваат нивниот партнер, но не со пари туку со мали, убави гестови.rnrn18. Бикот секогаш ќе ве ислуша до крај, но не очекувајте да прифати и поддржи сè што правите. Ако смета дека за нешто грешите, отворено ќе ви го каже тоа.rnrn19. Биковите сакаат да ги засмеваат сите околу себе.rnrn20. Поради некои нивни причини, Биковите преферираат да имаат помал круг на пријатели.rnrn21. Бикот сака да верувате во него, кога самиот не е способен да верува во себе.rnrn22. Никогаш не му кажувајте на некој Бик што треба или што не треба да направи, бидејќи намерно ќе постапи спротивно од тоа, само за да си поигра со вашиот ум.rnrn23. Бикот е без никакво сомнение, најтврдоглавиот знак во Зодијакот.rnrn24. Доколку некој Бик изгледа тотално срушено и истоштено, тоа најверојатно се должи на огромното количество акумулирана фрустрација.rnrn25. На Биковите не им е гајле, ако другите ги сметаат за чудни и необични.rnrn26. Релаксираните Бикови секогаш попрво би одбрале да дремнат една „партија“, отколку да брзаат да ги завршат домашните обврски.rnrn27. Биковите нема никогаш да зборуваат зад вашиот грб. Тие ќе ви кажат сè директно во лице.rnrn28. Ако го вознемирите Бикот, ќе ви биде многу тешко да го смирите.rnrn29. Биковите можат многу брзо да го променат мислењето за нешто и честопати се изолираат од другите луѓе.rnrn30. Биковите располагаат со фантастична меморија и ги апсорбираат информациите како сунѓер.rnrnМоже да ве интересираат и овие 30 брутални вистини коишто треба да ги знаете за карактерот на Овните.

  • 12 причини зошто Лавот е најдобриот знак во зодијакот

    12 причини зошто Лавот е најдобриот знак во зодијакот

    Ако вашата страст ве инспирира и ширите оптимизам каде и да одите, без сомнение сте Лав во хороскоп. Во продолжение погледнете зошто вашиот знак е најдобриот во зодијакот.rnrn12 причини зошто Лавот е најдобриот знак во зодијакотrn

    1. Лавот не верува во туѓите измислици

    rnВие можете да намирисате лага на километри и секогаш знаете кога некој лаже. Бидејќи вашиот владетел е сонцето, вие сте навистина темпераментни. Другите треба да внимаваат да не ја разбудат вашата лоша страна бидејќи навистина ќе изгорат.rn

    2. Одлична смисла за хумор

    rnИако кажуваат невообичаени шеги, Лавовите се навистина забавни. Без разлика дали станува збор за израз на лицето додека кажувате нешто или пак споделувате шеги, смислата за хумор ви е една од посилните страни.rn

    3. Светот се врти околу нив

    rnЛавовите сакаат внимание и тоа го знаат сите. Ги привлекувате другите и тие го ценат она што го работите. Исто така на сите им се допаѓа начинот на којшто изгледате додека го работите тоа нешто.rn

    4. Знаат што сакаат и секогаш го добиваат

    rnПодвижната сила на секој Лав е неговата волја. Вие никогаш не сте имале проблеми со донесување одлуки и кога имате поставено некоја цел, ништо не ве спречува да ја постигнете. Иако можете да бидете навистина добри во манипулирање, ретко ја користите таа особина.rn

    5. Посветеноста им е важна

    rnВие сте сочувствителни и сте со вашите пријатели и во добро и во зло. Се разбира, истото го очекувате и од другите. Ако некој ве издаде, може да очекува целосно да го отстраните од неговиот живот.rn

    6. Ненадминлива самодоверба

    rnЛавовите се многу горди личности кои не се срамат за своите предности и достигнувања. Имаат добра слика за себе и не им е грижа што мислат другите.rn

    7. Одлични лидери

    rnВашата внатрешна сила и храброст ве прави роден лидер. Тоа е квалитет што многумина сакаат да го поседуваат. Оваа вештина вам ви доаѓа природно. Пријателите секогаш можат да сметаат на вас ако имаат потреба од некаква организација.rn

    8. Големи оптимисти

    rnФразите како „Не можам“ и „Не сакам“ не се наоѓаат во вашиот вокабулар. Секогаш ја гледате светлата страна на работите, без разлика во колку тешка ситуација се наоѓате. Постојано го барате доброто кај другите и не се обидувате да се повлечете поради лошите емоции кои можат да се појават. Луѓето сакаат да бидат во ваше друштво.rn

    9. Опкружени со многу пријатели

    rnРетко ќе сретнете Лав кој е сам на некоја забава. Поради вашиот зафатен живот, запознавате многу нови луѓе и создавате многу нови пријателства.rn

    10. Креативни се

    rnЛавовите имаат дух на разиграно дете кој ја храни нивната креативна енергија. Можеби немате некој неверојатен талент во посебна уметност како цртање, танцување или пишување, но можете да создавате нешта и да размислувате надвор од кутијата.rn

    11. Ја ценат цврстината

    rnПотребно е навистина да се потрудите за да го импресионирате Лавот ако го сакате неговото внимание. Сите знаат дека е потребно многу за Лавот да се спушти на земјата. Некои тоа го нарекуваат тврдоглавост, а други цврстина.rn

    12. Енергични се

    rnВашиот хороскопски знак е многу силен и зрачите со енергија, сила и љубов. Ако некој се чувствува лошо и има потреба од мотивација, може да смета на вашата помош.rnrnАко имате пријател кој е Бик, погледнете ги 7-те нешта што треба да ги знаете за него.

  • 3 нешта што секој Бик мора да ги направи во мај

    3 нешта што секој Бик мора да ги направи во мај

    Вашата сезона започна, па време е за некои промени. Ако сакате да го извлечете најдоброто од овој период, овие совети навистина ќе ви помогнат.rn

    1. Ослободете се од обврска на 15-ти

    rn3 нешта што секој Бик мора да ги направи овој месецrnrnОвој датум е совршен за да се ослободите од некоја обврска која не ви го прави животот подобар. Можеби ви е потребна промена на работното место, а можеби треба да се оддалечите од некој пријател. Универзумот е на ваша страна, па прекинете ја врската која не ви служи и продолжете со вашиот живот.rn

    2. Прифатете покана за социјален настан на 19-ти

    rn3 нешта што секој Бик мора да ги направи овој месецrnrnНа овој датум вашите шанси да запознаете некој посебен се навистина големи. Може да станува збор за нова љубов, професионален контакт, или пак нов најдобар пријател. Прифатете ја секоја покана на 19-ти. Ако не добиете ниту една, направете ваши планови. Ова може да води до неверојатна поврзаност.rn

    3. Посветете се на нешто со пари на 29-ти

    rn3 нешта што секој Бик мора да ги направи овој месецrnrnВашата мисија за овој ден е да го искористите просторот што го направивте на 15-ти и да потрошите пари на некоја нова страст. Сакате да посетувате теретана и да се вратите во форма? Платете еден месец однапред. Загрижени сте дека вашето дете се плаши од вода? Запишете го на часови за пливање. Ако не можете да се одлучите, направете листа со работи што сакате да ги завршите, па замолете некој да ви помогне со изборот.rnrnПрочитајте ги и 7-те нешта што треба да ги знаете за вашиот пријател Бик.

  • 7 нешта што треба да ги знаете за вашиот пријател Бик

    7 нешта што треба да ги знаете за вашиот пријател Бик

    Времето на Биковите само што започна, а тоа значи дека претстојат родендените на вашите најтврдоглави, но сепак најлојални пријатели. Поради тоа, неопходно е да се разберат нивните сложени карактеристики, особено кога се наоѓаат во период кога нивниот знак владее. Биковите се познати по тоа што цврсто стојат на своите ставови, а желбите и потребите им се посилни и поспецифични споредено со кој било друг хороскопски знак.rnrn7 нешта што треба да ги знаете за вашиот пријател БикrnrnАко самите сте Бик, тогаш сигурно ќе се пронајдете во овој текст, а доколку сте пријател со Бик, тогаш ќе можете доста полесно да изберете подарок за нивниот претстоен роденден, но и да избегнете да западнете во таканаречените биковски замки на нивното однесување.rn

    1. Биковите ги бие глас дека се тврдоглави

    rnВистина е, но ова треба да се прифати како комплимент. Тврдоглавоста доаѓа и со постојаност на карактерот, а тоа е особина која е корисна во ситуации кога треба да се донесат одлуки за кариерата или за животот.rn

    2. Саморазгалувањето е стил на живот, не хоби

    rnБиковите очекуваат многу, и често бараат многу од другите луѓе, како и од самите себе. Тие сметаат дека треба да ги имаат сите достапни задоволства. Нивното мото е: „Работи напорно, грижи се за себе напорно.“rn

    3. Емотивните испади се ретки, но големи

    rnПрипадниците на овој хороскопски знак важат за релативно стабилни и успеваат доста тешки моменти да надминат со „ладна“ глава. Но, кога пукаат, тоа е проследено со силна емотивна експлозија и драматични сцени.rn

    4. Сакаат квалитетни пријателства

    rnНа Биковите им е најважно воспоставеното пријателство да биде квалитетно. Тие не се грижат за бројот на пријатели, бидејќи не сакаат да вложуваат во плитки односи со луѓето. Нивните групи на пријатели се мали, но пријателствата им се стабилни.rnrn7 нешта што треба да ги знаете за вашиот пријател Бикrn

    5. Сакаат да имаат контрола врз сè

    rnКога ќе се посветат на нешто, било да е работа, хоби или однос со пријатели, Биковите даваат повеќе од 100 проценти од себе, но воопшто не се флексибилни. Според нив самите, тоа всушност е екстремна независност, која подоцна ќе им донесе големи предности во повеќе ситуации.rn

    6. Оставаат впечаток на конфликтни личности

    rnКолку и да се обидуваат да избегнат конфликти и меѓусебни расправии, во сржта на нивниот карактер е да сакаат нештата да бидат направени онака како што тие сметаат дека е правилно.rn

    7. Ако сакаат, можат да бидат шармантни

    rnПоради нивната постојаност во карактерот и расположението, Биковите можат да се прилагодат во повеќе ситуации, но само доколку навистина го сакаат тоа. Со други зборови, можат да бидат и најпријателски настроени, доколку претходно процениле дека така е правилно.rnrnДознајте уште и кои се 5-те причини зошто Бикот е најдобриот пријател кој може да го имате.

  • 5 причини зошто Бикот е најдобриот пријател што можете да го имате

    5 причини зошто Бикот е најдобриот пријател што можете да го имате

    Сите хороскопски знаци имаат свои предности и недостатоци, позитивни и негативни особини. Но, овој знак поседува еден навистина значаен квалитет и тоа го издвојува од останатите знаци во зодијакот. Прочитајте зошто Биковите се најдобрите пријатели што можете да ги имате…rnrn5 причини зошто Бикот е најдобриот пријател што можете да го иматеrn

    1. Тие се лојални

    rnБиковите се верни и ги ценат односите кои се засноваат на меѓусебна почит и љубов. Лојалноста ги надвладува тврдоглавоста и сезнаечката природа на Биковите.rn

    2. Тие знаат кои се најважните работи

    rnБиковите секогаш сакаат да учат и ја користат секоја прилика за да го надградуваат нивното мислење и знаење. Не се срамежливи и секогаш го кажуваат она што го мислат и знаат. Па така, тие знаат дека односите се многу значајни за животот на еден човек и тоа јасно го покажуваат. Тие многу се трудат да бидат добри пријатели.rn

    3. Имаат одлична смисла за хумор

    rnВашиот пријател Бик ќе се смее со вас, ќе ви се смее вам и ќе се смее самиот на себе. Биковите сакаат да се забавуваат, бидејќи знаат дека животот е премногу краток за им помине без смеа. Кој не сака да се смее?!rn

    4. Ве прифаќаат такви какви што сте

    rnБиковите најмалку осудуваат од сите останати знаци, но тоа не значи дека нема да ви кажат ако некое парче облека не ви стои добро. Нивните критики не се злонамерни. Тие само сакаат да ви помогнат. Биковите секогаш ќе ве поддржат и сослушаат.rn

    5. Тие се тврдоглави, но на добар начин

    rnТврдоглавоста е типична особина за Биковите. Иако тврдоглавоста може да биде лоша во некои случаи, таа може и многу да послужи во одредени ситуации. Се сеќавате на она патување во Лондон што го планиравте? Нешто се случило и сите летови се откажани. Но, доволно е да му се јавите на вашиот пријател Бик и тој веднаш ќе ве однесе до таму дури и по цена да биде ваш личен возач.rnrnНе сте уверени дека Биковите се најдобри пријатели? Следниве 10 причини зошто секогаш можете да се потпрете на Бик во хороскоп сигурно ќе ве убедат.

  • Сите го обожуваат: Овој хороскопски знак најдобро знае како да им угоди на другите!

    Сите го обожуваат: Овој хороскопски знак најдобро знае како да им угоди на другите!

    Овој хороскопски знак го интересираат само конкретните нешта. Повеќе го интересира што се подготвува за вечера отколку филозофските разговори. Тој ужива во сензуалните нешта во животот што ги дразнат сетилата, како што се добриот оброк, вкусниот пијалак и релаксирачката масажа. Познат е по неговата тврдоглавост, но ако сакате да го наговорите на нешто, понудете му ги неговите омилени работи.rnrnСите го обожуваат: Овој хороскопски знак најдобро знае како да им угоди на другите!rnrnСтанува збор за Бикот! Припадниците на овој хороскопски знак толку пријатно се сместени во нивната удобна зона што никогаш не би ја напуштиле. Нивната главна мотивација е стабилноста и затоа никогаш не преземаат ризици. Тоа може да ги изнервира нивните блиски кои знаат дека Биковите можат да постигнат многу повеќе.rnrnБиковите не сакаат кога луѓето им даваат совети, а ако случајно побараат ваше мислење за некој нивен проблем, нема да разговараат премногу за него. Можеби се прашувате зошто некој би сакал да има толку тврдоглава личност во својот живот. Станува збор за лојалноста. Биковите секогаш ќе бидат тука за вас. Тие можеби нема да ви купуваат луксузни подароци, да ве носат на возбудливи патувања и на интересни љубовни состаноци, но секогаш ќе бидат тука за вас кога навистина ќе ви требаат.rnrnТие секогаш ќе имаат посебна мека фотелја за вас кога ќе ви треба место за да се скриете од брзиот живот и да најдете малку мир. Биковите ќе имаат и секакви грицки за вас, затоа што сакаат да се чувствувате посебно. Никогаш нема да гладувате со Биковите, бидејќи тие никогаш не би го дозволиле тоа.rnrnНа Биковите многу им се важни парите. Лесно доаѓаат до нив и не ги губат. Тие се подарежливи со нивното време отколку со нивниот паричник, но ако ви треба заем за да поправите нешто во домот, Биковите се вистинските луѓе на кои можете да им се обратите.rnrnТие ќе очекуваат да им ги вратите парите, но ќе ви дадат доволно време за тоа. Ним не им се брза, па затоа не очекуваат ни од вас да брзате. Биковите ќе ви дадат пари на заем, само доколку навистина можат да го сторат тоа.rnrnНивното главно мото е „Бавниот и умерениот секогаш победува на трката“. Биковите напредуваат многу бавно, но затоа создаваат длабоки корени кои им даваат долговечност ним и на нивните креации.rnrnБез разлика дали се работа за вкусен оброк, превоз до аеродром или совршена масажа на стапала, Биковите го прават светот погостопримливо и поудобно место за живеење. И треба да бидете благодарни за тоа!rnrnПрочитајте ги и следниве 10 причини зошто секогаш можете да се потпрете на Бик во хороскоп.

  • Волшебна љубовница за која секој маж фантазира: Ова е најверната и најсензуалната жена во зодијакот!

    Волшебна љубовница за која секој маж фантазира: Ова е најверната и најсензуалната жена во зодијакот!

    Оваа жена се одликува со одлучност, упорност и доследност кон своите цели. Таа е силна, заводлива љубовница која многу очекува од партнерот, но дава двојно повеќе. Нејзините два најголеми квалитети се чувствителноста и трпеливоста. Има блага природа, но тоа не значи дека можете да манипулирате со неа. Ако некој се обиде да ги тестира нејзините граници, ќе го разбуди нејзиниот жесток темперамент.rnrn0-volshebna-ljubovnica-za-koja-sekoj-mazh-fantazira-ova-e-najvernata-i-najsenzualnata-zhena-vo-zodijakot-www.kafepauza.mk_rnrnСтанува збор за жената во знакот Бик! Припадничките на овој знак го сокриваат својот темперамент, бидејќи во животот тежнеат кон рамнотежа и сигурност. Не се авантуристи и никогаш нема да ризикуваат, ако тоа би можело да им донесе ненадејни и големи промени. Со самото тоа, тие живеат во едноличност, а сите промени им ги предизвикуваат надворешни фактори. Жената Бик учи од искуството и никогаш нема да ѝ се случи двапати да ја повтори истата грешка.rnrnЖената Бик се смета за еден од најверните знаци. Затоа и таа никогаш не брза во врската, бидејќи ѝ е многу важно целосно да го запознае својот партнер. Само откако ќе биде сигурна дека избрала квалитетна личност, таа ќе се впушти во сериозна врска. А, кога еднаш ќе се предаде, тоа е најчесто засекогаш.rnrn1-volshebna-ljubovnica-za-koja-sekoj-mazh-fantazira-ova-e-najvernata-i-najsenzualnata-zhena-vo-zodijakot-www.kafepauza.mk_rnrnМажот кој сака да ја освои мора да биде подготвен на многу додворување и заведување, бидејќи тоа е патот до срцето на оваа жена. Оној што ќе ја освои од неа ќе добие многу, бидејќи во природата на жената Бик е да се грижи за другите, заради што во врската ќе се обидува да дава сѐ повеќе додека партнерот ѝ е верен, лојален и додека ѝ дава чувство на сигурност и заштита. Многумина кои го преживеале тоа искуство, ја опишуваат жената Бик како волшебна љубовница.rnrnОдлучни, упорни, реалистични, стабилни, издржливи, толерантни… Дознајте сѐ за жените родени во знакот Бик!

  • Биковите се можеби старомодни во љубовта, но нема да најдете подобри партнери од нив!

    Биковите се можеби старомодни во љубовта, но нема да најдете подобри партнери од нив!

    Биковите се многу старомодни кога станува збор за љубовта, но исто така се и комплексна комбинација од сила и чувствителност. За надворешниот свет, тие можеби изгледаат многу средено, но однатре се безнадежни романтичари што постојано ја бараат љубовта на својот живот. Нивните потреби се многу обични, тие сакаат стабилен и лојален партнер што не се плаши од своите емоции. Тогаш, зошто е толку тешко да го пронајдат?rnrnБиковите се можеби старомодни во љубовта, но нема да најдете подобри партнери од нив!rnrnНајпрво, Биковите мразат промени па затоа и не сакаат туку-така да се фрлат во некоја врска. Откако ќе започнат со нешто, тие целосно се вложуваат. Лесно предвидливите личности можеби брзо им досадуваат на другите знаци, но за нив, тие се платно на кое можат да насликаат прекрасна љубов.rnrnБиковите не се „играчи“. Кога посесивниот Бик ќе си го најде својот совршен пар, ќе даде сѐ од себе за да го задржи, па затоа и ќе игра на сигурно. Да, тој може да помине низ многу состаноци и да има многу додворувачи, бидејќи е впечатлив и лесно влегува во погледот на другите знаци, но овие минливи авантури ни најмалку не го исполнуваат. Тој сака романса што вклучува ресторани, цвеќиња и вкусни чоколади, па лесно ќе ги прифати сите овие подароци дури и ако не е вљубен. Но сепак, тоа е најдобриот начин и да го освоите неговото срце!rnrnМудрите Бикови учат како да го задржат тоа што навистина им значи. Иако мразат драма, тие имаат потреба од партнер кој воведува малку „дух“ во нивниот живот и им го зачинува секојдневието. Но само затоа што сакаат стабилност, не значи и дека се досадни. Вистинската личност за нив може да го разбере ова.rnrnБиковите имаат силен инстинкт за семејство, па создавањето удобен дом со љубовта на нивниот живот е на врвот од нивните фантазии. Водени од страна на Венера, тие се неверојатно сензуални, па затоа допирите и бакнежите се нешто што би можеле без престан да го прават цела вечер, секоја вечер. Тие сакаат партнерот да се грижи за нив, па затоа заштедете пари за спа или масажи за двајца, каде што ќе се почувствувате опуштено и прекрасно. Нема подобар начин за искористување на слободното време од масажа за парови, според Биковите.rnrnХаризматични и силни: Дознајте сѐ за жените родени во знакот Бик!

  • Харизматични и силни: Дознајте сѐ за жените родени во знакот Бик!

    Харизматични и силни: Дознајте сѐ за жените родени во знакот Бик!

    Одлучни, упорни, доследни, реалистични, стабилни, бескомпромисни, своеглави, издржливи, толерантни, одговорни, грижливи, способни, силни, шармантни и фокусирани. Сите овие епитети ги опишуваат жените Бикови! Сепак, нивната најголема сила лежи во двата победнички квалитети што ги поседуваат, а тоа се чувствителноста и трпеливоста. Жените Бикови се мирни, но тоа не значи дека се наивни. Тие имаат цврсто мислење за сѐ што се случува околу нив, а ако некој ги премине границите, ќе го разбуди нивниот огнен темперамент.rnrnХаризматични и силни: Дознајте сѐ за жените родени во знакот Бик!rnrnСепак, жените Бикови одбегнуваат да го покажуваат нивниот темперамент, бидејќи во животот се стремат кон рамнотежа и сигурност. Ја сакаат природата, но не се авантуристи и не преземаат ризици, бидејќи не знаат да се носат со неочекуваните промени. Подобро функционираат во рутина и едноличност. И покрај тоа, тие брзо учат од животните искуства и никогаш не ги повторуваат истите грешки од минатото. Во продолжение дознајте сѐ за жените родени во овој моќен хороскопски знак…rn

    Секс и љубов

    rnХаризматични и силни: Дознајте сѐ за жените родени во знакот Бик!rnrnСтанува збор за еден од најверните и најпосветените хороскопски знаци. Во љубовта никогаш не изневеруваат и секогаш најпрво добро го запознаваат партнерот пред да се впуштат во сериозна врска. Мажите кои сакаат да ја освојат жената Бик мора постојано да ѝ се додворуваат и да ја заведуваат. Тој што ќе успее да дојде до нејзиното срце, ќе добие многу, бидејќи припадничките на овој знак се грижливи и се подготвени да направат сѐ за љубовта. Тие кои имале можност да имаат жена Бик покрај себе ја опишуваат како волшебна љубовница.rnrnЖените Бикови честопати ги изненадуваат партнерите со нивната виртуозност во креветот. Тие се страсни и нежни. Го разгалуваат партнерот во спалната соба, но и надвор од неа. Љубовните игри сакаат да ги зачинат со секси разговори и лукаво заведување. Во љубовта најмногу се сложуваат со Раковите, Девиците, Јарците и Рибите.rn

    Пријателство

    rnХаризматични и силни: Дознајте сѐ за жените родени во знакот Бик!rnrnДали имате пријателка од детството која во споменарот од основно училиште ви напишала „Најдобри пријателки засекогаш“? Ако и години подоцна сѐ уште сте најдобри пријателки, постои голема веројатност дека се работи за жена родена во знакот Бик. Припадничките на овој знак многу сериозно ги сфаќаат нивните пријателства, ги негуваат и несебично им се посветуваат.rnrnЗа возврат, тие очекуваат да добијат исто толкава лојалност од пријателите и во тој случај пријателството навистина може да трае засекогаш. На жените Бикови не им треба цела толпа пријатели, бидејќи ним им е важен квалитетот, а не квантитетот. Ако не им се допаѓа некој, попрво ќе го игнорираат отколку да започнат караница.rn

    Надворешен изглед

    rnМожете да ги препознаете жените Бикови по нивните големи и експресивни очи со спуштени капаци, полни сензуални усни, тенок, елегантен врат и широк граден кош. Вратот е нивниот најсилен адут, па затоа честопати го истакнуваат со ѓердани, синџирчиња, шалови и марами. Градбата на телото им е обично покрупна и најчесто се со средна висина. Нивното лице има четириаголен облик и рамни црти додека, пак, главата им е тркалезна. Имаат мали уши, а некои од нив имаат дупче на брадата. Носот им е обично пократок со подигнат врв и проширени ноздри. Нивниот поглед е благ и нежен, поради што припадниците на машкиот пол не можат да му одолеат на шармот кој зрачи од нивните очи. Поголемиот дел од Биковите можат да се пофалат со одлично држење, па така и на постари години изгледаат младолико, свежо и силно.rn

    Стил

    rnХаризматични и силни: Дознајте сѐ за жените родени во знакот Бик!rnrnЖените Бикови купуваат само квалитетна облека, а познати се и по нивната склоност кон брендови. Во шкафот на типичните женски Бикови секогаш ќе можете да најдете костим сошиен по мерка, бидејќи овие жени знаат дека облеката која им стои совршено никогаш нема да излезе од мода. Тие се практични, отмени и суптилни, а тоа може да се забележи и од изборот на боите меѓу кои најмногу преовладуваат неутралните тонови, како што се беж и каки со кафеави или златни нијанси. Сепак најдобро им стојат розовата и зелената боја.rnrnШто се однесува до фризурата и шминката, нивен заштитен знак се „зачадените очи“ и долгата, раскошна коса. Омилени им се производите кои на косата ѝ даваат волумен и пријатен мирис.rn

    Начин на купување

    rnЖените Бикови никогаш не лутаат низ продавниците, туку одат само на омилените локации каде што знаат дека ќе најдат облека по нивен вкус. Притоа, тие внимателно проучуваат од каков материјал се изработени алиштата, бидеќи евтината синтетика не доаѓа предвид! Тие имаат и една симпатична навика: Секогаш ги мирисаат материјалите за да се уверат дека се природни и квалитетни.rn

    Познати дами родени во знакот Бик

    rnХаризматични и силни: Дознајте сѐ за жените родени во знакот Бик!rnrn33-годишната глумица Џесика Алба е родена токму во знакот Бик. Сите жени ѝ се восхитуваат на нејзината убавина и стил на облекување кој е многу едноставен, па затоа е и многу лесно да се копира. Џесика знае дека одлично ѝ стојат неутралните и пастелни бои, па затоа во нејзините модни комбинации најчесто преовладуваат такви нијанси. Но, таа не ја одбегнува и розовата боја, како и облеката со цветни дезени која жените Бикови ја обожаваат.rnrnДруги познати дами родени во овој хороскопски знак се актерките Кејт Бланшет, Пенелопе Круз, Ума Турман и Меган Фокс.rnrnНе постои сомнеж дека жените Бикови се навистина посебни и неверојатни!rnrnДоколку се пронајдовте во овој опис, прочитајте и зошто жените во овој знак се едни од најљубоморните и најпосесивните личности во хороскопот.