И покрај тоа што овенот може понекогаш да го фрустира дружењето со некој роден во хороскопскиот знак бик, сепак тој има и доста придобивки од ова пријателство. Така, на овенот му одговара смирувачкото влијание кое го има бикот врз него, особено кога неговото ниво на стрес ги надминува границите на нормалното. Додека овенот работи со „полна пареа“ и напнато очекува некој важен повик, бикот наместо да го теши со некои излитени фрази, смирено и пополека ќе му приготви вкусна пилешка супа за да го релаксира. Овенот ќе може да му ја возврати услугата на бикот, кога овој ќе добие потреба за малку авантура и излез од рутинскиот живот, кој овенот дефинитивно може да му го овозможи.
Бикот сака да живее според рутина, а овенот има авантуристичка природа. Бикот е претпазлив, а овенот и импулсивен. Бикот сака да живее со бавно темпо и да ужива во убавините на животот, а овенот сака сѐ да прави набрзина.rnrnСе прашувате која е конекцијата која ги поврзува овие два навидум сосема спротивни карактери? Како прво, бикот се воодушевува на директноста на овенот. Тој никогаш не треба да се грижи за тоа што мисли овенот, бидејќи тој секогаш ќе го каже она што му лежи на срце. Од друга страна, на овенот му се допаѓа разумното однесување на бикот и неговата непопустливост во стресни ситуации. Доколку бикот го научи овенот како да паузира на моменти и да ужива во убавините кои животот ги пружа, тогаш и овенот ќе му покаже на бикот како да го забрза своето темпо, за да ги заврши сите обврски навремено.rnrnМожеби овенот го нервира тоа што на бикот му се потребни 20 минути за да одлучи што сака да нарача во ресторан, но ова не ја оправдува неговата бурна избувливост. Доколку овие двајца можат да се справат со маните на нивниот пријател, тие брзо ќе оформат цврсто пријателство. Може да уживаат играјќи спортови како кошарка и фудбал, бодибилдинг, а заеднички интерес може да им претставуваат и спортските автомобили и мотори.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
