КАФЕ ПАУЗА

Category: Бик

  • Љубовен астролошки профил за машки бикови

    Љубовен астролошки профил за машки бикови

    Патот кон освојување на срцето на маж роден во хороскопскиот знак бик, е преку неговиот стомак. Тоа значи дека ќе ве обожува доколку му зготвите вкусна храна или го однесете во некој добар ресторан. Сепак треба да знаете уште неколку работи за него, пред да мислите дека со добриот рецепт од баба ви, сте блиску до неговото срце. Направете романтичен амбиент со добра музика и свеќи и покажете му дека сте вложиле енергија и страст за да направите да се почувствува добро и посакувано. Направете сѐ што мислите дека ќе ги разбуди неговите сетила и ќе бидете негова. Машките бикови се прилично тврдоглави, но се и многу лојални, заштитнички настроени кон луѓето кои ги сакаат, а најмногу од сѐ се страсни мажи. Верувајте, ниеден ваш добар гест нема да остане незабележан или ненаграден од ова момче.rnrnЉубовен астролошки профил за машки биковиrnrnМашките бикови се приземни, сензуални и страсни. Тие страсти не се само сексуални, туку се однесуваат на сите работи околу него како што се храната, пијалаците или материјалните работи кои ги поседува. Тој сака да си дава себеси доволно време, за да ги направи сите работи како што треба. На работен план, па дури и во приватниот живот, тој сака да им даде вистинска вредност на парите. Дарежлив е, но го очекува тоа и од останатите. Тој има јака волја за остварување на своите цели и не сака никој да го премислува и спречува во тоа. Исто така, тој е и многу посесивен – „што е негово, негово е!“ Машките претставници на овој знак се длабоко емотивни луѓе, а таа емотивност ја пренесуваат преку нивната страст во сексот. Со него, ќе се чувствувате дека сте сакани, посакувани и сигурни.rnrnЉубовен астролошки профил за машки биковиrnrnВо комбинација со вкусната храна, треба да знаете дека на овој маж му е многу важно чувството на безбедност. Ако сакате да го заведете, морате да запомните дека тој ќе се грижи за вас доколку и вие се грижите за него. Морате да го убедите дека може да ви верува, дека ќе бидете на договореното место, во договореното време и нема да си поиграте со неговите чувства. Кога нешто му го пласирате како вистина, немојте да си кажувате своја верзија на приказната туку вистинската. Не е потребно само да се претставувате како реалист, туку треба со него да се однесувате реалистично. Ако нешто може да биде направено, тогаш направете го. Доколку не можете – не правете го.rnrnКога веќе зборуваме за реалноста, имајте на ум дека биковите можат да помирисаат лага на растојание од 1 км. Обрнете внимание на она што му се допаѓа и она што не му се допаѓа. Нежните допири во невините безгрижни мигови поминати заедно, ќе го привлечат неговото внимание. Исто така, немојте во ниеден случај да ја потценувате романтиката доколку сакате да бидете со овој човек. Организирајте романтичен состанок, облечете нешто секси кое ќе биде во неговата омилена боја и поканете го кај вас дома. Удобноста на вашиот дом ќе овозможи релаксирачка атмосфера во која вие двајца ќе можете мирно да си муабетите и обострано да уживате во вашето друштво. Ако вашиот дом не е опција, тогаш некој ресторан со добра храна и придушени светла, е дефинитивно одличен избор.rnrnНа состанокот, избегнувајте да разговарате за вашите бивши момчиња, бидејќи постои голема веројатност тој да не сака да знае за нив и да не му е гајле што се случувало во вашето минато. Тој си смета дека најверојатно сте имале некаков проблем во љубовните врски кои веќе изминале, бидејќи во спротивно не би биле во моментот со него. Она што нему му е важно е дека сте сега таму со него и уживате во вашиот заеднички момент.rnrnБикот обично не се отвора на првиот состанок. Друг клуч за заведување на овој маж, е да ги искористите информациите кои ги знаете за него. Искористете ги во ваша полза, оние ситници во врска со неговиот карактер, на кои сте обратиле внимание во текот на минатите состаноци. Ако на пример, ви кажал дека многу му се допаѓа вашиот лосион за тело, тогаш наредниот пат нанесете поголема количина. Доколку му се допаѓа италијанската храна, однесете го во италијански ресторан и не заборавајте „случајно“ да го допирате по рамото или да го погалите по главата додека се упатувате накај автомобилот. Бидете упорни и изградете основа за врска. Доколку е заинтересиран за вас, бидете сигурни дека до крајот на вечерта тој ќе биде тој, кој ќе смислува начини како да ве „извлече“ од облеката што ја носите и да ве одведе в кревет.rnrnЉубовен астролошки профил за машки биковиrnrnВенера, позната како божица на еротската љубов, е планетата која управува со овој хороскопски знак. Кога ќе бидете подготвени да поиграте „танго“ очекувајте тоа да биде жешко и страсно. Имајте на ум дека ова можеби ќе биде најдобриот секс кој сте го имале во животот. Тој ќе сака сексуалниот чин да трае подолго, во кој двајцата бескрајно ќе уживате. Во него ќе има врели бакнежи, сочна предигра, многу забава и слатко измачување. Неговиот хороскопски знак го претставува животното бик, па токму поради тоа, тој и ќе ви покаже преку сексот, каков ѕвер се крие во него. Откако ќе го искусите него на својата кожа, тешко дека ќе бидете спремни да примите некој друг маж во вашиот живот.rnrnЉубовен астролошки профил за машки биковиrnrnДоколку премногу се заљубите во него и сметате дека ќе останете вечно емотивно „оштетени“, немојте премногу да се грижите, бидејќи доколку тој ве сака и сака да биде со вас, тогаш тој и ќе го стори тоа. Биковите сакаат да бидат во долга љубовна врска. Неговата страст и жештина се претвораат во тотална посветеност кон неговиот партнер. Вие сте негова и тој постојано ќе ве потсетува на тоа, правејќи ситни и крупни работи со кои ќе ви ја докажува неговата љубов кон вас. Доколку еднаш сте успеале да го освоите неговото срце, тој ќе очекува и понатаму да го сакате, да му дозволувате да се грижи за вас и да му ја возвратите неговата лојалност и посветеност.rnrnМашките бикови доаѓаат во пакет со високо ниво на интензитет и страст, што некои девојки го сметаат за проблем со кој не можат да излезат на крај. Тие се тврдоглави, безрезервни и категорични. Понекогаш се и избувливи и покрај нивната срамежлива надворешност. Тие не се откажуваат од својот начин на размислување и понекогаш посесивно го бранат она што го зборуваат. Воедно, овие мажи се бавни во сѐ што прават и мразат кога некој ги избрзува. Тој сака да го извлече максимумот од својот живот и целосно да го сподели со својата љубена.rnrnЗапомнете дека секогаш треба  да продолжите да изнаоѓате начини да го заведете и да го одржувате неговото чувство на стабилност и страсност. Бидете приземни, ориентирани кон остварување на вашите цели и практични. Покажете му колку го почитувате и колку ги цените малите слатки нешта кои ги овозможува животот. Со него, ќе бидете исто толку среќна додека сте во дискотека полна со луѓе, како и кога седите по дома. Бидете сензуални, нежни и уживајте во вашата сексуалност за да ја развиете неговата имагинација. За секоја негативна мисла, бикот може да ви понуди позитивно решение или начин на размислување.rnrnЉубовен астролошки профил за машки биковиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовен астролошки профил за женски Бикови

    Љубовен астролошки профил за женски Бикови

    Мажите имаат голем број причини зошто да ги обожуваат жените родени во знакот Бик. За оние кои сакаат животот да го живеат со побавно темпо, жената-Бик е вистинскиот избор за нив. Таа е сигурна и стабилна жена, која секогаш сака да знае во кој правец во животот се упатува и како се движи по него. Таа е решителна, упорна и трпелива личност. Ако нешто науми дека сака да го има, таа ќе пресмета, ќе го испланира, а потоа и оствари секој детаљ, сѐ додека не ја реализира нејзината замислена цел. Таа е мајстор за следење на нејзините зацртани цели, без разлика дали нивниот пат е напорен или досаден. Од оваа жена секогаш ќе знаете што добивате и што можете да очекувате, а таа ќе го очекува истото од вас.rnrnЉубовен астролошки профил за женски БиковиrnrnЖената-Бик понекогаш може да делува контрадикторно. За да научите што таа навистина сака, ќе ви биде потребно трпение, пракса и голема издржливост. Таа е бавна, спремна и цврста жена. Доколку сакате да го освоите нејзиното срце, подобро обидувајте се само доколку имате силна волја да ја имате покрај себе. Доколку го издржите процесот на придобивање на нејзината љубов, на крајот ќе констатирате дека нејзиното големо срце е доволно вредно за сета мака.rnrnТаа своите чувства ги базира врз основа на факти и практичност. Таа има безгранична емоционална сила и има многу малку толеранција за некој кој не се согласува со неа. Некои претставнички на овој знак се чувствуваат понекогаш чудно во врска со себеси, како да се различни од сите други луѓе во светот. Поради тоа, убаво би било да ја потсетувате одвреме-навреме дека е само човек и дека е сосема нормално тоа што е исклучително уникатна девојка.rnrnОбидете се да ѝ покажувате сочувство секогаш кога ѝ е тоа потребно, но немојте да ја карате и прекорувате. И покрај тоа што таа е многу приземна и цврста, понекогаш знае да го изгуби трпението и нервите. Во тие случаи ќе биде најпаметно да излезете од просторијата, додека не „спадне прашината“. Не дозволувајте вашата гордост да преовладее во врската со оваа девојка. Кога некој ќе ја навреди, таа не се труди да возврати со иста мерка, туку едноставно ќе ја игнорира таа личност.rnrnОваа жена ја вреднува традицијата и стабилноста. Како нејзин потенцијален партнер, вие морате да ѝ ги овозможите овие две работи. Таа е фиксен земјен знак, стабилна е, едноставна и нерасипана, но не може да трпи напнати и глупави ситуации. Жената-Бик е нетолерантна кон оние луѓе кои немаат класа, навредуваат, сурови се и покажуваат простотилак во своето однесување. Кон неа морате да се однесувате културно и да ја третирате како дама. Првиот впечаток е пресуден кога станува збор за оваа жена. Доколку не може за неколку минути да сфати дека вие сте личност со исклучителен карактер и потенцијал, тогаш најверојатно со неа нема да добиете ништо повеќе од тој еден разговор кој сте имале среќа да ви се случи.rnrnЉубовен астролошки профил за женски БиковиrnrnНе можете веднаш да влетате во врска со жена родена во хороскопскиот знак Бик. Морате првин да се спријателите со неа, пред воопшто да помислите на започнување романса со неа. Управувана од Венера, божицата на љубовта и убавината, оваа жена има особена почит кон убавите и сензуалните работи во животот. Благодарение на влијанието на оваа планета, женските Бикови се маркантни, забележителни и екстремно привлечни. Тие имаат способност да го привлечат вниманието на повеќе мажи кога влегуваат во некоја просторија, така што доколку сакате да ве забележи, ќе морате некако да се истакнете во толпата. Таа ќе ве обожува доколку ги почитувате традиционалните романтични вредности и ја третирате како вистинска дама. Секс за една вечер или секс без обврски се невозможни опции за неа. Кога ќе се врзе со еден партнер, таа планира да остане со него на долг рок. Воедно, таа сака нејзиниот потенцијален партнер да биде рамноправен со неа.rnrnЉубовен астролошки профил за женски БиковиrnrnДоколку успеете да отидете со неа на состанок, немојте да мислите дека сте го положиле испитот и не треба повеќе да се трудите. Бидете промислени. Букетот цвеќиња се секогаш добар избор и ќе оставите добар впечаток кај оваа жена. Доколку е сезона на орхидеи или лилјани, направете мал букет и верувајте со него ќе соберете многу поени кај неа. Таа ќе се обиде да ја процени вашата искреност. Така што, држејќи ги цвеќињата во вашата рака, бидете искрени и директни со неа. Таа обожава добар муабет и ќе ве цени уште повеќе доколку сте одличен слушател.rnrnЖенските Бикови ја ценат својата приватност. Таа не чувствува потреба да ѝ покажувате добри гестови или јавно да ѝ покажувате внимание. Овие жени преферираат спонтани разговори и комплименти кажани од срце. Имајќи ги овие работи на ум, знајте дека оваа жена е многу посесивна кон работите кои ги поседува и кога ќе почувствува дека нејзината сигурност е загрозена, таа ќе почне лошо да се однесува со вас. Таа не би играла љубоморни игри, ниту би била во врска која е непостојана. Она што ќе ја одржи „загреана“ е партнер кој е лојален и сензуален колку што е таа. Играњето со емоциите на жена родена во знакот Бик, ќе придонесе да ја изгубите засекогаш.rnrnЗа да ја однесете оваа девојка во кревет ќе морате првин да задоволите неколку нејзини критериуми. Лојалноста е нешто што на секоја девојка родена во хороскопскиот знак Бик ѝ е многу важно. Можеби ќе ви биде малку потешко да ја придобиете нејзината доверба, но кога еднаш ќе успеете во тоа, тоа ќе биде засекогаш! Следен критериум кој треба да го задоволите е романтиката, која претставува неопходен составен дел од нејзиниот љубовен живот. Колку повеќе ја разгалувате со цвеќиња или разни подароци, толку повеќе ќе се вљубува во вас. Последниот чекор до нејзиниот кревет, е да бидете сензуални. Биковите се сензуални љубовници, па затоа таа ќе сака да ја почувствува вашата нежност и суптилност на нејзината кожа. Ако се потрудите да се чувствува добро додека ја допирате, таа ќе ве награди дупло! Обидете се бакнувајќи го нежно нејзиниот врат. P.S. Не заборавајте да се напрскате со некој добар парфем или млеко за тело со природен мирис (избегнувајте цветни мириси).rnrnЉубовен астролошки профил за женски БиковиrnrnСексот со девојка родена во знакот Бик, може да се опише како „слатко измачување“. Таа сака водењето љубов да биде бавно и многу интимно. Колку повеќе галење и допирање искуси во текот на ноќта, толку подобар ќе ви биде сексот со оваа жена. Таа ќе обожава да ве задева и да ве одведе до точката на кулминација, потоа нагло ќе ги смири страстите, за после кратко време пак да ве „запали“. Одвојте повеќе време за вистински да уживате во сексот со неа. Таа ќе сака да ја помине цела вечер во вашата прегратка и ќе биде желна да учествува во сите ваши еротски (неперверзни) активности. Наредното утро ќе ве остави запрепастени да се запрашате зошто некогаш воопшто сте сакале да имате „секс на екс“ и како толку многу ја покачивте вашата сексуална кондиција и енергија.rnrnИ покрај тоа што оваа девојка ја цени стабилноста и традиционалните вредности, сепак одвреме-навреме сака да се „предаде“ и да се забавува во спонтани активности. Понекогаш сака да се предаде на своите импулси и сака покрај себе да има некој со кој ќе ги споделува тие импулси. Жените родени во знакот Бик може надворешно да изгледаат како да се секогаш сериозни, но реалноста е дека и тие потајно имаат свои желби и потреби. Тие се свесни дека понекогаш треба да престанат да мислат само на своите обврски и сериозните работи и да поуживаат малку во животот, така што со задоволство ќе прифатат некои нови авантури, но ќе им треба повеќе време да сфатат дека треба да се олабават.rnrnЗа да ја задржите оваа жена на долг рок, морате да поседувате неколку карактеристики. Првата е дека треба да ѝ останете засекогаш верен и да ѝ овозможите емоционална стабилност. Воедно морате секогаш да ја третирате како вистинска дама, останувајќи секогаш учтиви, културни и на ниво. Исто така, таа сака да знае дали можете да се грижите за вашите финансии. Парите не се сѐ во животот на една жена-Бик, но ѝ создаваат чувство на удобност и стабилност кога знае дека ги има. На неа ѝ е важно да знае дека нејзиниот потенцијален партнер ќе се грижи да носи леб дома за неа и идното семејство.rnrnЉубовен астролошки профил за женски БиковиrnrnРаботете СО неа, а не ПРОТИВ неа доколку сакате да го освоите нејзиното срце. Бавноста и подготвеноста се заштитниот знак на Биковите и таа ќе сака и вие да функционирате на истиот начин, без разлика дали ви е тоа во природата или не.rnrnОваа жена обожава да биде надвор, бидејќи кога е во природа таа се чувствува како да е дома. Поради тоа, таа ќе ве обожува ако често ја носите на прошетки во паркови, шуми, планини, покрај езера, реки, мориња… Пожелно би било и да ве бива за готвење, бидејќи таа е голем гурман.rnrnЉубовен астролошки профил за женски БиковиrnrnМожеби освојувањето на нејзиното срце ви изгледа како многу работа, но на крајот таа ќе ви покаже дека навистина вреди. Сте одбрале жена која ги цени високите стандарди и високиот квалитет на живот. Таа е љубезна и стабилна личност, која секогаш и секаде ќе ве поддржува. Таа обожава сѐ да споделува со нејзиниот партнер и ќе оди во крајности за да го направи нејзиниот љубен среќен. Не сака да игра игри и не сака сплеткани ситуации. Она што го видовте во неа кога првпат ја забележавте, е жена која вреди цело богатство и која ќе ви подари љубовно богатство за возврат.

  • Бик и девица – пријателска комбинација

    Бик и девица – пријателска комбинација

    Ова е едно прекрасно пријателство, во кое има многу нежност, среќа и чувство на сигурност кај двете страни. Бикот ја почитува способноста на девицата за брзо решавање на проблемите, додека девицата ја почитува способноста на бикот за снаоѓање со финансиите. Бикот ја обожава искреноста на девицата, додека таа ја почитува неговата лојалност.Бик и девица – пријателска комбинацијаОвие двајца пријатели ја почитуваат природата и уживаат во долгите разговори пешачејќи низ паркот заедно. Исто така, вистински знаат да уживаат во заеднички оброк во природа, но само под услов да носат многу салфетки, дезинфектор за раце и кеси за ѓубре (ова е поради преголемата педантност на девицата). Бикот треба помалку да се лути на претераната педантност на девицата, бидејќи од друга страна таа треба да се справува со неговата тврдоглавост. Овие два знака исто така, можат да уживаат и во градинарство, готвење и во изработување украси или скулптури од глина.rnrnДевицата и бикот имаат природен афинитет еден кон друг. Лојалната и љубезна природа на бикот ѝ дава чувство на комфор на девицата. Воедно, бикот ја цени готовноста на девицата да му понуди помош, секогаш кога му е потребна. Понекогаш девицата смета дека бикот е премногу безгрижен, додека тој смета дека девицата е премногу невротична. Бидејќи станува збор за два земјени знака, овие пријатели ќе уживаат во спортови како качување по планини и пешачење.rn
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бик и лав – пријателска комбинација

    Бик и лав – пријателска комбинација

    И покрај тоа што бикот и лавот се многу различни карактери на луѓе, тие сепак имаат многу моќна меѓусебна конекција. Прво и основно, обата знака сакаат фини нешта во животот, како на пример вкусна храна, убави алишта и прекрасно опкружување. Второ, двајцата се практични и добро организирани личности. Трето, двајцата се многу креативни луѓе.Бик и лав – пријателска комбинацијаЗа бикот, нема подобар пријател од лавот за посета на некој интересен музеј, бидејќи лавот навистина ги почитува сите форми на уметност. Ваквите заеднички интереси можат да го одржат пријателството помеѓу овие два знака, на долг рок. Сепак, тие треба да поработат и на спречување нивните разлики да дојдат до израз, кои можат да придонесат за распаѓање на овој однос. Бикот треба навистина да се труди да го игнорира егоистичното однесување на лавот, а тој за возврат треба да намали со критиките за штедливото живеење на бикот. Овие два знака можат да ги надминат своите разлики, преку впуштање во заеднички интереси како дигање тегови, сликање и одење на пикник.rnrnИ покрај тоа што овие двајца пријатели имаат многу различен стил, тие сепак имаат многу заеднички работи. Двата знака обожаваат луксуз и се екстремно лојални. Исто тие се луѓе кои се жедни за љубов. Бикот секогаш е тврдоглав, додека лавот секогаш сака да е во центарот на вниманието. Доколку овие два знака успеат да ги игнорираат своите слабости, можат да си поминуваат одлично дружејќи се. Потајно, лавот сака да ја има способноста на бикот за штедење пари, додека бикот потајно посакува да се носи модерно како лавот. Овие пријатели можат заедно да уживаат играјќи голф, одејќи на шопинг или јадејќи во познати ресторани.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бик и рак – пријателска комбинација

    Бик и рак – пријателска комбинација

    Помеѓу бик и рак, преовладуваат лојалноста и љубезноста и ова е пријателство кое може да трае цел живот. На ракот никогаш не му пречи да му го подготви омилениот оброк на бикот кога ќе му дојде на гости, дури и тоа да значи дека ќе треба да јаде ист оброк секој ден во неделата.rnrnБикот секогаш е во можност да ги ислуша сите надежи, соништа и грижи на ракот, дури и доколку му се јави во 1 часот по полноќ. Тој смета дека токму затоа се пријателите, за во добро и во зло. Секој од овие два знака поседува квалитети, на кои другиот им се восхитува. Па така, бикот е импресиониран од извршните способности на ракот, додека тој се восхитува на способноста на бикот да ужива во животот.Бик и рак – пријателска комбинацијаПонекогаш променливото расположение на ракот му ги кине нервите на бикот, додека од друга страна тврдоглавоста на бикот го полудува ракот. Сепак двата знака уживаат за време на активностите поврзани со нивните заеднички интереси како што се градинарството, готвењето и плетењето.rnrnРакот најверојатно го смета бикот за еден од најблиските пријатели во неговиот живот. Бикот ја разбира неговата потреба за удобен, безбеден и константен живот. Ракот ја цени способноста на бикот да чува пари, како и да ужива во добра храна и во луксуз.rnrnСо никого не е позабавно да се готви отколку со бикот, бидејќи тој ужива во секое залче од домашно направеното лепче, пита или чоколаден колач. Кога ракот не е расположен да зготви нешто за вечера, секогаш може да се потпре на способноста на бикот да препорача одличен ресторан. Ракот потајно мисли дека бикот не го искористува својот максимален потенцијал, додека бикот е уверен дека ракот е секогаш премногу сензитивен. Сепак овие двајца многу лесно ги надминуваат своите различности и знаат заедно да уживаат во долгите прошетки, планинарењето, собирајќи ретки парички или работејќи во градината.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бик и близнаци – пријателска комбинација

    Бик и близнаци – пријателска комбинација

    Бикот е тивок и практичен, а близнакот е весел и оригинален. Бикот ги обожува секојдневни рутини, додека близнакот е секогаш спремен за промени. Биковите секогаш се водат по поуката дека секој зачуван денар е заработен денар, додека неговиот другар близнакот има проблем да ги чува парите во својот џеб. Дали има надеж за ова пријателство? Бик и близнаци - пријателска комбинацијаСекако! Бикот ја обожава духовитоста на близнакот, додека тој секогаш го цени добриот и практичен совет од бикот.rnrnБикот секогаш може да му се обрати на близнакот кога треба да се пробие низ непознатото, но не знае како. Од друга страна близнакот секогаш може да ја искористи помошта од бикот за средување на сметките и даноците, како и за кратки и едноставни рецепти за подготвување вечера.rnrnНеможноста на близнакот да седи мирен и фокусиран, секогаш ќе го излудува бикот, додека тој ќе му се качува на глава на близнакот со својата колебливост. Бикот внесува чувство на стабилност во животот на близнаците. Најчесто, близнакот копнее за некаква промена, но тој мора да признае дека има нешто удобно во тоа, секогаш да се има пријател бик крај себе. Бикот секогаш може да му се најде на близнакот за поддршка и да му послужи како рамо за плачење во тешките моменти. Бикот знае да биде многу колеблив кога станува збор за пробување на некои нови работи. Од друга страна, близнакот знае да биде многу непостојан. Доколку успеат да си ги игнорираат своите недостатоци, овој однос може навистина да прерасне во прекрасна пријателска врска.rnrnДвата знака имаат сличен интерес за спортови како што се кошарката, фудбалот или ракометот. Доколку ниту едниот од двата знака не е спортски дух, тогаш тие можат да се забавуваат одејќи заедно на музички концерти. Моделарството може да биде забавна активност за овие два знака, бидејќи близнакот обожава да ги бара сите ситни делчиња, а бикот ужива во процесот на градење. Исто така овие пријатели можат заедно да уживаат и во активности како плетење и изработка на глинени предмети.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бик и бик – пријателска комбинација

    Бик и бик – пријателска комбинација

    Ова е едно од најцврстите пријателства кои некогаш може да ги има бикот, а тоа нему многу му значи. Во ваквото пријателство, бикот нема потреба да се грижи дека неговиот другар ќе го откачи во моментите кога ќе биде болен, депресивен или нерасположен. Всушност, бикот може да му помогне на својот пријател целосно да ги надмине таквите ситуации, а и да се подобри во многу аспекти од животот. Овие двајца ќе уживаат во нивните заеднички особини, особено во добрата смисла за хумор и релаксирачкиот однос кој го имаат еден спрема друг.Бик и бик – пријателска комбинацијаОвие пријатели можат да отидат заедно на тура за дегустација на разни сорти вино, во спа-центар или на патување во Париз. Ваквите активности ќе им пружат големо задоволство на двајцата, уживајќи во секој момент со одличното друштво.rnrnДали ова пријателство има недостатоци? Проблеми може да се јават, бидејќи двата бика знаат да бидат многу тврдоглави, што понекогаш може да доведе до фрустрирачки ќор-сокак во нивното пријателство. За да избегнат недоразбирања, тие треба понекогаш да се повлечат од своите ставови и да постигнат компромис на некој бизарен начин, како на пример преку фрлање паричка. На тој начин ќе имаат повеќе време да уживаат во заеднички активности како градинарство, готвење или екстремно качување по карпи.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Овен и бик – пријателска комбинација

    Овен и бик – пријателска комбинација

    И покрај тоа што овенот може понекогаш да го фрустира дружењето со некој роден во хороскопскиот знак бик, сепак тој има и доста придобивки од ова пријателство. Така, на овенот му одговара смирувачкото влијание кое го има бикот врз него, особено кога неговото ниво на стрес ги надминува границите на нормалното. Додека овенот работи со „полна пареа“ и напнато очекува некој важен повик, бикот наместо да го теши со некои излитени фрази, смирено и пополека ќе му приготви вкусна пилешка супа за да го релаксира. Овенот ќе може да му ја возврати услугата на бикот, кога овој ќе добие потреба за малку авантура и излез од рутинскиот живот, кој овенот дефинитивно може да му го овозможи.Овен и бик – пријателска комбинацијаБикот сака да живее според рутина, а овенот има авантуристичка природа. Бикот е претпазлив, а овенот и импулсивен. Бикот сака да живее со бавно темпо и да ужива во убавините на животот, а овенот сака сѐ да прави набрзина.rnrnСе прашувате која е конекцијата која ги поврзува овие два навидум сосема спротивни карактери? Како прво, бикот се воодушевува на директноста на овенот. Тој никогаш не треба да се грижи за тоа што мисли овенот, бидејќи тој секогаш ќе го каже она што му лежи на срце. Од друга страна, на овенот му се допаѓа разумното однесување на бикот и неговата непопустливост во стресни ситуации. Доколку бикот го научи овенот како да паузира на моменти и да ужива во убавините кои животот ги пружа, тогаш и овенот ќе му покаже на бикот како да го забрза своето темпо, за да ги заврши сите обврски навремено.rnrnМожеби овенот го нервира тоа што на бикот му се потребни 20 минути за да одлучи што сака да нарача во ресторан, но ова не ја оправдува неговата бурна избувливост. Доколку овие двајца можат да се справат со маните на нивниот пријател, тие брзо ќе оформат цврсто пријателство. Може да уживаат играјќи спортови како кошарка и фудбал, бодибилдинг, а заеднички интерес може да им претставуваат и спортските автомобили и мотори.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Риби и бик – пријателска комбинација

    Риби и бик – пријателска комбинација

    Рибата е бескрајно наклонета кон својот пријател со хороскопски знак бик. Симпатијата е возвратена и од страна на бикот. Рибата секогаш може да смета дека бикот ќе ја одржи на стабилни нозе, секојпат кога ќе го нападне бура од емоции. Бикот пак, го цени тоа што рибата прави разлика помеѓу поимите одмор и мрза, бидејќи тој сака одвреме-навреме да се релаксира и не сака да биде критикуван поради тоа.Риби и бик - пријателска комбинацијаБикот и рибата многу брзо формираат силно пријателство кое ги задоволува критериумите на двајцата. На бикот му се допаѓа релаксирачкиот поглед кон животот кој го има рибата и нејзината сочувственост и креативност. Од друга страна, на рибата ѝ се допаѓа богатата смисла за хумор, здраворазумноста и спокојноста кои ги поседува бикот.rnrnОвие пријатели се најсреќни кога се излежуваат во природа, си грицкаат нешто од излетничката кошница и го следат движењето на луѓето околу нив. Тие исто така имаат склоност кон разните облици на уметност, па може да уживаат посетувајќи уметнички изложби, одејќи на рок концерти и во кино на добар филм.rnrnТврдоглавоста на бикот може многу да ја фрустрира рибата, а невнимателното трошење пари од страна на рибата го нервира бикот. Ако бикот ѝ помогне на рибата да ги организира своите финансии, таа ќе му помогне да го развие својот артистички талент. Пред бикот да ја обвини рибата дека не може да смета на неа дека ќе стори нешто во договореното време, треба да му стане јасно дека таа пак, секогаш ја трпи неговата тотална нефлексибилност.rnrnНајдобар начин да ги надминат нивните тензии, е да прават активности во кои и двајцата најмногу уживаат: сликарство, риболов, готвење, грнчарство, плетење, пишување поезија и др.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Водолија и бик – пријателска комбинација

    Водолија и бик – пријателска комбинација

    Водолијата ја обожава лојалноста на бикот. Кога станува збор за пријателство, бикот е навистина верен другар на кој водолијата може да се потпре во секое време. Двајцата се посветени на пријателството и ќе го одржат нивниот однос стабилен и во добро и во лошо, и во здравје и во болест.Водолија и бик пријателска комбинацијаДружењето со водолија претставува интересен предизвик за бикот. Како прво, водолијата мрази однапред договорени работи, додека пак бикот се чувствува помоќно кога денот му е испланиран. Второ, водолијата не покажува голем интерес за материјални работи, додека бикот обожава да поседува убави и скапи предмети. И трето, но не последно, водолијата си ја цени својата независност и слобода на избор, а бикот сака да се држи близу до своите најдобри другари.rnrnВодолијата навистина се збунува од материјалистичката природа на бикот, додека тој не може да ја сфати потребата на водолијата да биде во бучави и гужви. Се прашувате дали постои некаква надеж за нивното пријателство? –Да, постои, доколку двајцата се отворени за особините кои им се допаѓаат кај секој од нив. Така, бикот може да ја пофали хуманоста која ја поседува водолијата, а таа пак може да го пофали здраворазумскиот начин на размислување на бикот.rnrnНаспроти нивните карактерни разлики, бикот и водолијата многу се забавуваат кога го поминуваат времето заедно. Може да уживаат во активности како веслање, долго пешачење, летање змејови, играње игри кои бараат размислување како „Брич“, „Јамп“ и слични, а бидејќи се двајцата луѓе кои сакаат да ги користат своите раце, може да сакаат да се занимаваат со резбарство, плетење, одгледување растенија и приготвување бели печива.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.