Сакате да брзате напред сами? Имате тенденција да ја кажувате брутално искрената вистината? Дали некој некогаш ве опишал како личност на која сите можат да се потпрат во секое време? Доколку сте Бик во хороскоп или пак, познавате некој во тој знак, тогаш со сигурност ќе препознаете некои од овие размислувања и однесувања…rnrn
rn
1. Тие се лојални и доверливи
rnБиковите се луѓе кои би направиле сè за другите. Но, тие исто така очекуваат и да им биде возвратено со иста мера. Доколку не го добијат тоа што го очекуваат, големи се шансите дека ќе станат посесивни и љубоморни, а токму тоа може да биде голем тест дури и за најсилната врска.rn
2. Тие се многу, многу трпеливи
rnСè додека не го изгубат трпението. Биковите имаат страшен темперамент, па и покрај тоа што се исклучително трпеливи и мирни до одреден момент, откако ќе ја надминат својата граница тие целосно го испуштаат својот гнев врз оние околу нив.rn
3. Тие се неверојатно дарежливи
rnТие никогаш не се воздржуваат кога станува збор за дарување. Но, исто така имаат и одличен вкус, па затоа треба да бидете многу внимателни кога го избирате нивниот роденденски подарок.rn
4. Тие се големи романтичари, сензуални и заводливи
rnВо врските, тие се партнерот кој сите го посакуваат. Но, знаат да бидат и пребирливи, па токму затоа очекувајте детално испрашување кое започнува од самиот момент на вашето запознавање.rn
5. Тие се неверојатно независни и одлично се справуваат со стресот
rnНивната независност е и причината поради која многу ретко ќе имаат потреба од вашата финансиска или емоционална поддршка. Но, оваа независност создава и силна поврзаност кога сте во нивното друштво, па затоа може да се случи да не ги видите и со денови – освен ако навистина имате потреба од нив, во тој случај тие ќе дојдат со трчање.rn
6. Тие се исклучително искрени
rnТокму затоа и нема потреба да се грижите дека некогаш би ве измамиле или превариле. Како резултат на нивната брутална искреност, тие лесно можат да ја забележат и секоја неискреност која во ниту еден случај нема да ја толерираат.rn
7. Тие се мили и емпатични
rnНивната бескрајна емпатија значи дека тие секогаш ќе бидат тука за вас, без разлика на хаосот во кој сте успеале да се најдете. Но, не заборавајте дека понекогаш тие можат да бидат малку тешки за разбирање, поради нивната независност и тајните кои ги кријат, па токму затоа нема да се осмелат да ви побараат совет, ниту пак да ви дадат знак за тоа како се чувствуваат.rn
8. Тие се многу упорни и секогаш го постигнуваат она што го замислиле
rnИ покрај тоа што можат да бидат неверојатно мрзливи, откако ќе намислат нешто, не постои сила која може да ги сопре да го остварат тоа.rn
9. Тие имаат неколку блиски пријатели покрај кои се чувствуваат пријатно
rnМногу често тие знаат да бидат срамежливи покрај непознати луѓе и затоа не ги ценат големите забави. Освен ако они самите не го организирале тој настан, во тој случај тие се и повеќе од задоволни.rn
10. Тие обожаваат рутина и одлично забележуваат детали
rnТие се многу добри при планирање и организирање како и при придржување до планот, па затоа и многу мразат промени. За нив е кошмар ако треба да преговараат за сите оние нешта кои треба да се сменат во веќе договорениот план. Тие исто така секогаш имаат свое мислење и можат да бидат критичари, па токму затоа нема да се воздржат ако забележат дека правите нешто погрешно.