Оваа пролет, до почетокот на април, Венера ќе остане во 12-тата куќа на Бикот, па припадниците на овој знак ќе бидат особено привлечени од тајни и скриена љубов. Страста исполнета со фантазиите и нежните убедувања испратени од интуицијата, на личностите родени во знакот Бик ќе им го зачинат животот со магична сензуалност.rnrn
rnrnСепак, бидете внимателни да не преземете нешто пребрзо и прерано. Размислете дали сте спремни на безусловна љубов, да помагате, да разбирате, да се прилагодувате и да прифатите одредени работи. Лесно ви е да оставите впечаток, но нема да бидете во можност отворено да изјавите љубов, па дури ни јасно и гласно да ги изразите своите потреби. Ако не сте подготвени на ова, тогаш почекајте Венера да излезе од ретроградната фаза, а тишината и самотијата се исто така дел од природниот емоционален циклус. Вие ќе имате забава и дружења, а време е да го проширите и својот круг на пријатели. Додека Ерос патува низ вашиот знак сѐ до 2 април, сите ќе бидат по малку возбудени и романтични, но за личностите родени во знакот Бик ова е вистински огномет на страста.rnrnНа крајот од зимата, сѐ до 10-ти март, и Марс носи огромна виталност во вашиот интимен живот, а вие, во зависност од животните околности, ќе можете да одлучите дали сакате да се предадете на тоа или ќе ја потиснувате својата страст. Вие сте во можност максимално да ја искористите оваа енергија, но дискретно и сигурно.
Category: Бик
-

Овој хороскопски знак во текот на пролетта ќе ужива во тајна љубов!
-

Хороскопот открива: Какви се Биковите на професионално поле?
Познато е дека Биковите се одговорни организатори кои сакаат тимска работа. Нивните амбиции најчесто ги остваруваат благодарение на посветеноста и прецизноста во работата. Припадниците на овој знак се добри работници и имаат големи шанси да станат раководители на големи компании и бизниси. Секогаш навремено ги извршуваат нивните обврски, сакаат да соработуваат и да бидат дел од тимот. Вообичаено постигнуваат успех затоа што се амбициозни и упорни.rnrn
rnrnНа Биковите најтешко им е да почнат, но откако ќе ги направат првите чекори, земаат замав и не застануваат додека не ја завршат задачата. Упорноста и силната волја истовремено им се и доблести и маани, бидејќи не се откажуваат дури ни кога ќе сфатат дека залудно се трудат.rnrnКога се на повисока позиција сакаат да бидат почитувани од страна на подредените, но не го злоупотребуваат нивниот труд и најчесто се подготвени да послушаат нечиј совет под услов тој да биде изложен дипломатски и ненаметливо. Која улога и да ја имаат во работата, понекогаш знаат да експлодираат од гнев, но оваа состојба не им трае долго.rnЗаработката им е поважна од славата
rnПри одбирањето на професијата, важно им е да имаат долгорочен и стабилен приход на пари, додека, пак, на јавното признание му даваат споредно значење. Со оглед на тоа дека Биковите се многу практични, најмногу им лежат професии кои бараат трпение, одлучност и пресметливост. Рутините не им пречат, напротив ги обожаваат.rnrn
rnrnНајмногу им одговараат професии од областа на трговијата, економијата и банкарството, но Бикот одлично би се снашол и во улогата на сметководител, архитект, ботаничар, дизајнер, стилист, готвач, пејач, сликар и книжевник.rnrnЖивотната цел на Бикот е да собере што е можно повеќе материјални добра и да живее сигурен и удобен живот. Најсреќен е оној Бик кој може рано да отиде во пензија и да биде финансиски обезбеден благодарение на големата заштеда или недвижности. Најдобро се чувствува кога безделничари и кога единствените „обврски“ му се добро да се најаде, убаво да се облече и долго да отспие. -

Шармантни и внимателни заводници: Какви се Биковите во љубовта?
Земјениот знак Бик е под влијание на Венера, планетата на убавината и љубовта која му подарила привлечен изглед, шарм и сензуалност. Тие се големи заводници, но за разлика од Вагите кои благодарение на Венера имаат кокетна и разиграна природа, Биковите се промислени и умерени во љубовните игри. Во флерт се впуштаат исклучиво само ако предвидат дека ќе ја остварат својата цел, било да се работи за врска или сексуален однос. Во продолжение прочитајте како се однесуваат во љубовта машките и женските припадници на овој хороскопски знак…rnrn
rnМаж роден во знакот Бик
rnТипичниот машки Бик е дотеран и шармантен џентлмен кого жените го обожаваат. Тој има пријатен физички изглед, лице со правилни црти, широки рамена и добро држење. Привлечноста не му се намалува дури и ако качи некој килограм повеќе. Во младоста е склон кон љубовни авантури, но како што старее, така неговата потреба да се смири и да основа семејство станува поизразена.rnrnКога ќе се заљуби му треба доста време да собере храброст за да преземе нешто. Промислен е и по малку флегматичен, поради што не се впушта лесно во играта на заведување, но кога ќе тргне, не прифаќа неуспех. Сака убави и дотерани жени, но не паѓа само на изгледот. Ќе го освои сензуална и страсна партнерка, а убаво би било и да е одлична готвачка и домаќинка.rnrn
rnrnТој покрај себе сака верна и доверлива партнерка со која ќе може да изгради стабилен дом, а за возврат нуди посветеност и лојалност. Тој кон својата избраница се однесува многу нежно и внимателно, така што во животот со него нема да чуете високи тонови и тешки зборови. Тој е издржлив љубовник кој рамноправно ги задоволува своите и потребите на партнерката.rnЖена родена во знакот Бик
rnОваа згодна и сензуална жена ретко кого остава рамнодушен. На нејзиното лице со правилни црти се истакнуваат полните усни и густата коса, а најголем адут ѝ се совршените облини со кои ја скокотка фантазијата на посилниот пол. Секогаш има по некој додворувач, но не се впушта лесно во врска. Таа има традиционален поглед кон светот и не сака таа да го презема првиот чекор кога станува збор за играта на освојување.rnrnЍ треба силен и лојален партнер на кого ќе може да се потпре, така што мажот што ќе ја освои мора да биде упорен, трпелив и внимателен. Дури кога ќе ѝ докаже дека неговите намери се сериозни, жената Бик се опушта и станува подготвена за врска. Кога ќе се заљуби и ќе стекне доверба во партнерот, станува идеалната партнерка која потполно се предава на љубовта. Сексот со неа е фантастичен бидејќи е страсна и внимателна, па знае како да го задоволи партнерот.rnrn
rnrnПо природа е голем хедонист, така што животот со неа е пријатен и удобен. Ѝ одговара партнер кој на истиот начин знае да ужива во животот, природата, уметноста и вкусната храна. Како партнерка е верна и лојална и подготвена е да направи сѐ за семејството луѓето кои ги сака.rnrnТврдоглава е и тешко ги признава грешките, но не сака да се кара и не сака да внесува немир во нејзиното опкружување. Знае да биде љубоморна и посесивна, но како што поминува времето, таа станува потолерантна. -

Жените во овој знак се едни од најљубоморните и најпосесивните личности во хороскопот
Секогаш приземна, принципиелна и практична. Но, ако е уверена дека некој лошо се однесувал спрема неа или дека ја злоупотребил нејзината добрина, таа никогаш нема да му прости бидејќи е навистина големо злопамтило! Можете да претпоставите за кого станува збор? Можеби ќе се изненадите, затоа што таа секогаш изгледа рамнодушно и ладно, но од внатре врие од емоции. Станува збор за жената Бик.rnrnСтоите цврсто на земја и ги сакате работите кои се постојани и опипливи. Сонувањето не е за вас. Вашето чувство за практичност е посилно од желбата за бегство од реалноста. Никогаш не им верувате на слатките ветувања, бесмислените илузии и фантазии.rnrnВие сте добар и верен пријател, но барате лојалност и од другата страна. Што кога некој ќе ве изневери? Тогаш нема бурно да реагирате затоа што вашите реакции се суптилни и помалку видливи, но затоа пак имаат бескрајна длабочина.rnrn
rnrnНе сакате промени и пресврти, ниту работи кои би можеле да го променат постојаниот тек на вашиот живот, или што е уште полошо, да ја доведат до опасност вашата удобност. Толку тврдоглаво се држите до вашите принципи, што тоа се граничи со имање предрасуди. Многу ретко ги слушате туѓите совети и предупредувања. Тврдоглаво продолжувате по свое дури и тогаш кога сè оди во прилог на спротивставените теории. Тоа вам не ви е важно!rnrnВашата склоност кон удобноста понекогаш прераснува во пасивност и мрзливост. Не сакате премногу компликации, како ни брзање без потреба и безумие. Тоа не е вашиот стил.rnrnЉубовта игра голема улога во вашиот живот. За вас таа не е синоним за страст, бура од емоции или романса, тука за нежност и уживање. Со оглед на тоа што сте љубител на постојаните форми и на сè она што се однесува на материјалната реалност, кај мажот пред сè ве привлекува неговиот физички изглед. Тоа што се крие под неговата надворешност ќе го откриете подоцна.rnrnКога ќе запознаете некоја личност која ви се допаѓа, тргнувате во освојување иако и вие сакате да бидете освојувани. Набљудувањето и проценувањето кај вас долго траат, некогаш дури и предолго. Тоа не е никакво изненадување, бидејќи одлуките ги донесувате по долго и зрело размислување, а истото важи и за оние кои се поврзани со љубовта.rnrnИако изгледате како ладна личност, во суштина, вие сте многу сензибилни. Не се врзувате лесно. Љубовта во вашето срце бавно созрева и зависи од нежноста и топлината што ја чувствувате од страна на партнерот.rnrnНе сакате да ги покажувате вашите емоции во јавност, но знаете да бидете многу љубоморни, па дури и посесивни. Не го поднесувате присуството на други жени, макар била таа и колешка на вашиот партнер. Во оваа борба сте многу вешти: Плетете мрежа околу вашиот сакан и ги истиснувате сите други жени од неговиот живот.rnrnА ако тој ве изневери? Ќе вратите со иста мера и тоа уште пожестоко, како што само вие знаете и умеете! -

9 работи кои треба да ги направите доколку сте заљубени во Бик
Многу личности чувствуваат силна поврзаност со астрологијата бидејќи карактерните описи на хороскопските знаци се доста детални и разнолики. Некои од психолозите велат дека луѓето дури почнуваат да ги оформуваат своите карактери врз основа на повторливото читање артикли, статии и публикации за однесувањето на хороскопските знаци. Се поврзуваме со позитивните особини и се обидуваме да ги избегнеме негативните, посебно кога станува збор за љубовта. Во тој контекст, прочитајте ги 9-те работи кои треба да ги направите доколку сте заљубени во Бик.rnrn
rnrn1. Дозволете им да го одредуваат темпото на интимното време. Доколку вашиот партнер е Бик, тогаш вашиот интимен живот е фантастичен. Биковите сакаат да бидат обожавани и сигурни дека кога ќе ве погледнат во очи ќе видат љубов и почитување.rnrn2. Дозволете им понекогаш работите да се одвиваат по нивен начин. Партнерствата се еднакви, но Биковите знаат да бидат тврдоглави, посебно кога сметаат дека се во право. Облека, финансии, храна… Дозволете тие да одлучат за изборот.rnrn3. Прифатете ја нивната брутална искреност. Можете да бидете сигурни дека Биковите неизмерно ве сакаат, но исто така тие ќе ви дадат и совет како да се подобрите како личност. На вас е дали ќе дадете отпор или ќе им дозволите да ве разгалат.rnrn4. Дозволете им да ја изразат својата благодарност со подароци. Најлесната работа што треба да ја направите доколку вашиот партнер е Бик е да ја прифатите нивната бескрајна дарежливост и нивните совршени и досетливи подароци.rnrn5. Секогаш почитувајте ја и ценете ја нивната доверба. Биковите се многу лојални и верни на оние кои ги избрале како најблиски. Доколку ја скршите нивната доверба, тие можеби никогаш нема да ви простат.rnrn6. Научете да ја сакате рутината и конзистентноста. Биковите сакаат да работат по план и можете да очекувате дека кога ќе се поврзете со нив, тогаш целиот ваш живот ќе биде испланиран. Тие ја сакаат рутината и постојаноста и ќе знаете дека со нив никогаш нема да добиете некое неочекувано и непријатно изненадување.rnrn7. Помогнете им да ја развијат нивната самодоверба. Доколку вашиот партнер е Бик, тогаш потребно е да им помогнете да ја зголемат својата самодоверба. Не плашете се да им кажете дека имаат одличен вкус, дека го прават вистинскиот избор, дека изгледаат фантастично и слично.rnrn8. Забележете што посакуваат да добијат како подарок. Бидејќи го сакаат планирањето, шансите дека веќе знаат што сакаат да добијат за роденден се големи. Тешкиот дел е да ги надминете нивните очекувања и можеби ви звучи како невозможна мисија, но сѐ што треба да направите е само да прашате.rnrn9. Избегнувајте да ги изненадувате со непријатни ситуации. Биковите се приземни и стабилни личности и не ги сакаат изненадувањата. Избегнувајте да им приредувате нешто што не го очекуваат, особено ако така ризикувате да ги вознемирите нивните планови и нивната агенда. Вашата љубов и искреност се повеќе од доволни. -

Жените родени во овој знак се едни од најупорните и најсилните личности во хороскопот
Кружно лице со топол израз, големи очи и добра фигура – тоа се најчестите физички описи на жените родени во овој знак. Нивното мото е: „Тивката вода брани руши“, а под нивниот убав и пристоен оклоп се наоѓа силен темперамент. Познати се по својата упорност, а во животните кризи покажуваат неверојатна издржливост и сила. Единствена маана им е тоа што во силната желба за сигурност и во обидите да направат сѐ да биде во ред, можат да пропуштат многу спонтани уживања и шанси.rnrn
rnrnСтанува збор за жените родени во знакот на Бик. Тие се свесни за својата карактерна јачина и сакаат да ја покажуваат во секој момент. Тие се реалисти и знаат дека животот е непрекинат процес кој постојано се менува. Ја сакаат слободата и уживаат во сите животни задоволства. Жените Бикови се амбициозни личности кои обожаваат да творат и да трагаат по среќата, како и материјалното богатство. Од сите пороци, жените Бикови ја избираат коцката и игрите на среќа.rnrnЕдна од нивните дарби е тоа што знаат да ги слушаат другите и се полни со разбирање и сочувство. Знаат да го дадат вистинскиот совет во вистинското време и способни се да ја дадат својата поддршка на сите оние кои ги сметаат за добри и праведни личности. Жените Бикови се лојални пријатели, грижливи и пожртвувани мајки и партнери кои знаат како да сакаат. Понекогаш дозволуваат лутината да ги засени нивните сетила и се подготвени на кавга, но способни се и да ги увидат своите грешки. -

5 нешта кои треба да ги знаете за девојките во знакот Бик
Премногу и непоправливо тврдоглави, лојални и со морален компас, тие се темел на нивната фамилија и лепило кое ги држи заедно нивните пријатели. Сакаат да ги тешат луѓето кога се тажни и се родени помеѓу 21 април и 21 мај. Ова се главни карактеристики на оние кои се родени во знакот Бик. Тие се најубавиот, најсупериорниот и најсложениот хороскопски знак во зодијакот, а овие нешта ги дефинираат.rnrn
rn1. Уживаат во заведувањето и се возбудуваат од околината
rnЖените во знакот Бик се хиперсензуални. Тие се природно заводливи, но не очекувајте веднаш да ве врзат. Заведуваат полека и внимателно и многу тешко се предаваат. Ќе ве мачат додека не изгорите од желба.rnrnИ не очекувајте дека сексот ќе биде добар ако ги однесете во вашата „ергенска“ соба со еден душек и облека расфрлана наоколу. Тие сакаат добра атмосфера. Бидејќи се толку длабоко поврзани со нивните сетила, ако сакате да ги возбудите, создадете секси околина – музика, свеќи, мириси. Уживаат во сето тоа. За нив сексот не е само секс – тоа е стимулација на многу нешта.rn
2. Сакаат конвенционална романса и класична убавина
rnЈа ценат физичката убавина и имаат ретка моќ да ги видат ситните детали кои се токму она што го дава шармот на нештата и кои голем дел од луѓето не ги гледаат. Тие се тип на жени кои живеат за романтични гестови – големи букети цвеќе, вечера со свеќи и значајни разговори. Трудот навистина и искрено им значи.rn
3. Изгледаат силно однадвор, но внатре се многу емоционални
rnЖената во знакот Бик е неверојатно чувствителна. Можеби не изгледа така поради нејзината срамежлива и заштитничка природа, но кога подобро ќе ја запознаете таа е навистина емоционална. Но не, таа не е од оние ирационални девојки кои имаат недостаток на самодоверба и самоконтрола – туку само го гледа светот онаков каков што е. Не бара скриени агенди и ви верува на збор – затоа внимавајте кога зборувате со жена Бик, затоа што може да ја повредите, а да не знаете.rn
4. Тие се тврдоглави затоа што се паметни
rnПознати по својата тврдоглавост, припадничките на овој знак имаат негативна репутација, но тоа само го поддржува фактот дека тие се навистина паметни. Тие се зависници од информации кои знаат како да ја користат моќта на нивниот мозок, умеат да анализираат податоци и имаат силно изразено критичко мислење.rnrnБиковите никогаш нема да ви попуштат во дебата доколку не се сложуваат со вас. Иако имаат малку бес кој длабоко го кријат во себеси, понекогаш тој испливува на површината. Исто така ако ги налутите до степен да не можат да ве толерираат повеќе, тогаш ќе почувствувате кога тие ќе го истурат целиот нивни бес врз вас.rn
5. Имаат скап вкус бидејќи го ценат квалитетот
rnОвие дами се магнетно привлечени и зависни од дизајнерска облека, парфеми и сите останати скапи, но елегантни работи. Некои велат дека е маана, но за некои тоа е најдобрата карактеристика. За нив важи правилото квантитет<квалитет, па затоа не се плашат да инвестираат во некое парче. Кога инвестирате во нешто (особено во парче облека) сигурно дека тоа долго ќе ви трае, а тоа на Биковите им е најдобро познато.rn
-

Тој ќе ви ги симне ѕвездите: Кој е најдобриот сопруг според астрологијата?
Секој човек има свои доблести и маани кои го прават уникатен, но експертите во областа на астрологијата веруваат дека позицијата на планетите и хороскопскиот знак имаат огромно влијание врз карактерот на луѓето. Токму затоа тие и можат да издвојат еден знак, кој ако го изберете за ваш сопруг, никогаш нема да се покаете.rnrn
rnrnСтанува збор за Бикот. Како сопруг, тој ги има најдобрите особини од сите знаци во Зодијакот. Некои го опишуваат овој знак како неморален, но ова може да биде вистина само ако се има во предвид неговата силна потреба да го задоволи својот интензивен физички живот.rnrnТој е благ, добродушен и верен. Токму затоа и никогаш нема да го занемарува својот дом и семејството. Овој маж ги обожава својата жена и деца и бескрајно се труди да им ги овозможи најдобрите услови за живот, образование, облека и забава кои ги нуди светот. Бикот многу често се жени со девојка која е со подобар материјален и социјален статус од него, бидејќи е воден од амбицијата да успее и да се движи во повисоки социјални кругови. Но, тоа не значи дека тој нема да даде сè за својата сопруга.rnrnВенера му дава исклучителна смисла за убавина, па токму тоа и допринесува тој секогаш за себе да бара убава и згодна жена. Тој обожава кога другите зависат од него и сакаат кога чувствуваат дека прават сè сами за сопругата и децата. Откако еднаш ќе се ожени, тој многу тешко ќе пристапи на развод.rnrnДали вие веќе го имате пронајдено вашиот совршен Бик? -

10 причини зошто секогаш можете да се потпрете на Бик во хороскоп
Сакате да брзате напред сами? Имате тенденција да ја кажувате брутално искрената вистината? Дали некој некогаш ве опишал како личност на која сите можат да се потпрат во секое време? Доколку сте Бик во хороскоп или пак, познавате некој во тој знак, тогаш со сигурност ќе препознаете некои од овие размислувања и однесувања…rnrn
rn1. Тие се лојални и доверливи
rnБиковите се луѓе кои би направиле сè за другите. Но, тие исто така очекуваат и да им биде возвратено со иста мера. Доколку не го добијат тоа што го очекуваат, големи се шансите дека ќе станат посесивни и љубоморни, а токму тоа може да биде голем тест дури и за најсилната врска.rn
2. Тие се многу, многу трпеливи
rnСè додека не го изгубат трпението. Биковите имаат страшен темперамент, па и покрај тоа што се исклучително трпеливи и мирни до одреден момент, откако ќе ја надминат својата граница тие целосно го испуштаат својот гнев врз оние околу нив.rn
3. Тие се неверојатно дарежливи
rnТие никогаш не се воздржуваат кога станува збор за дарување. Но, исто така имаат и одличен вкус, па затоа треба да бидете многу внимателни кога го избирате нивниот роденденски подарок.rn
4. Тие се големи романтичари, сензуални и заводливи
rnВо врските, тие се партнерот кој сите го посакуваат. Но, знаат да бидат и пребирливи, па токму затоа очекувајте детално испрашување кое започнува од самиот момент на вашето запознавање.rn
5. Тие се неверојатно независни и одлично се справуваат со стресот
rnНивната независност е и причината поради која многу ретко ќе имаат потреба од вашата финансиска или емоционална поддршка. Но, оваа независност создава и силна поврзаност кога сте во нивното друштво, па затоа може да се случи да не ги видите и со денови – освен ако навистина имате потреба од нив, во тој случај тие ќе дојдат со трчање.rn
6. Тие се исклучително искрени
rnТокму затоа и нема потреба да се грижите дека некогаш би ве измамиле или превариле. Како резултат на нивната брутална искреност, тие лесно можат да ја забележат и секоја неискреност која во ниту еден случај нема да ја толерираат.rn
7. Тие се мили и емпатични
rnНивната бескрајна емпатија значи дека тие секогаш ќе бидат тука за вас, без разлика на хаосот во кој сте успеале да се најдете. Но, не заборавајте дека понекогаш тие можат да бидат малку тешки за разбирање, поради нивната независност и тајните кои ги кријат, па токму затоа нема да се осмелат да ви побараат совет, ниту пак да ви дадат знак за тоа како се чувствуваат.rn
8. Тие се многу упорни и секогаш го постигнуваат она што го замислиле
rnИ покрај тоа што можат да бидат неверојатно мрзливи, откако ќе намислат нешто, не постои сила која може да ги сопре да го остварат тоа.rn
9. Тие имаат неколку блиски пријатели покрај кои се чувствуваат пријатно
rnМногу често тие знаат да бидат срамежливи покрај непознати луѓе и затоа не ги ценат големите забави. Освен ако они самите не го организирале тој настан, во тој случај тие се и повеќе од задоволни.rn
10. Тие обожаваат рутина и одлично забележуваат детали
rnТие се многу добри при планирање и организирање како и при придржување до планот, па затоа и многу мразат промени. За нив е кошмар ако треба да преговараат за сите оние нешта кои треба да се сменат во веќе договорениот план. Тие исто така секогаш имаат свое мислење и можат да бидат критичари, па токму затоа нема да се воздржат ако забележат дека правите нешто погрешно.
-

10 знаци дека сте апсолутен Бик во хороскоп
Ако славите роденден во периодот помеѓу 20 април и 20 мај, вие сте Бик во хороскоп, а ова се знаците кои ве дефинираат.rnrn
rn1. Уживате во убави нешта
rnЛичноста на Бикот е желна да плати и повеќе пари за поголемо задоволство, без разлика дали се работи за вечерата во ресторан, годишниот одмор или уредувањето на домот. Секој сака убави работи, но вие навистина уживате во нив.rn
2. Поради ова, малку сте материјалисти
rnБиковите често знаат да се опседнат со материјалните, површни работи и понекогаш може да се чувствуваат гневно ако ги немаат тие работи што ги сакаат баш во моментот.rn
3. Малку сте тврдоглави
rnНа тврдоглавиот Бик не можете да му кажете дека не може да направи нешто што тој наумил дека ќе го направи. Од друга страна, ова ги прави многу упорни и издржливи.rn
4. Вие сте посесивни во личните врски
rnИмате тенденција да посветувате внимание на најблиските, па поради тоа може да станете малку територијални.rn
5. Не сакате баш да преземате ризици
rnПрактичноста и удобноста му се многу важни на Бикот, па затоа тој не трага по ризици и авантури. Бикот си сака да му се одвиваат работите бавно и стабилно.rn
6. Вие сте си најлошиот критичар на самите себе
rnВам напорната работа и исполнителноста ви се многу важни, па затоа строго се осудувате кога некогаш (ретко!) нема да ги исполните вашите очекувања.rn
7. Вие сте независни
rnОние кои се родени во овој период веруваат дека можат да се грижат сами за себе – и вообичаено се во право. Добри сте со пари и добро ви оди кога сте сами.rn
8. Имате склоност за повремени драматични експлозии
rnКога Бикот ќе дозволи да му се насоберат премногу фрустрации, што обично се случува во напад на екстремна тврдоглавост, може да има проблем смирено да ги совлада своите емоции.rn
9. Вие сте дарежливи
rnБикот е генерално штедлив секогаш кога е можно, но тој со задоволство ги споделува парите и своите сопствености со семејството и пријателите кога нив тоа им е потребно.rn
10. Може да имате чудна потреба да допирате ствари
rnОва е чудна работа која често ги одликува Биковите. Вие сте тактилни и уживате во допирот. Тоа ве прави она што сте.