Живејте во сегашниот момент: Психолошка вежба што ви ја враќа моќта и контролата над умот

Живејте во сегашниот момент: Психолошка вежба што ви ја враќа моќта и контролата над умот

Живееме во брз, модерен свет каде што многу лесно можеме да го пропуштиме сегашниот момент. Поголемиот дел од луѓето живеат заглавени во минатото, или во исчекување на иднината и едноставно забораваат дека всушност најважно е тоа што во моментот им се случува, а не тоа што поминало или тоа што можеби ќе дојде. Па, ако сакате да се вратите во сегашниот момент, тогаш пробајте ја оваа одлична психолошка вежба.

Живеењето во сегашниот момент подразбира да бидете и физички и ментално присутни. Првиот чекор што треба да го направите е да се обидете да откриете кон што е насочено вашето внимание. Тоа најлесно ќе го сторите ако се запрашате: „Каде се наоѓам?“ или уште подобро, ако си го поставите прашањето „Дали сум тука?“

Нека овие две прашања ви преминат во навика и секојдневно поставувајте си ги. Обрнете внимание и каде тргнувате да ги барате одговорите, бидејќи местото што прво ви паѓа напамет е најчесто и тоа каде што вашите мисли поминуваат најмногу време.

За разлика од умот, телото секогаш се наоѓа во сегашниот момент. Тоа не може и не бара да биде на некое друго место освен сега и тука. Токму таа природна поврзаност на телото со сегашниот момент може да се искористи за и умот да го насочите кон сегашноста. Гледајте на телото како превозно средство што секогаш ве враќа онаму каде што навистина треба да бидете.

А сега, обрнете внимание на тоа што го слушате и на тоа што го гледате околу вас. Но, немојте да именувате работи и да размислувате за тоа што е околу вас, само анализирајте ги изворите.

Следниот чекор е да го насочите вниманието на сензациите во телото, како пецкање, пријатност, вкочанетост, позицијата на телото… Сите овие нешта се создаваат под влијание на надворешните извори. Затворете ги очите и почувствувајте ја таа сензација на присутноста во своето тело. Почувствувате ја неговата тежина и просторот што го зазема. Почувствувајте што точно значи реченицата: „Јас постојам!“

Прочитајте ги и овие 20 цитати за проширување на свесноста што ќе ве инспирираат да ја направите секоја секунда важна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар