Без разлика дали вашите чизми се лаковани или кожени, ќе изгледаат многу подобро ако се без гребнатини и без дамки. Прочитајте ги овие пет начини како вашите чизми секогаш да изгледаат како нови.rnrn
rn
1. Гребнатините се отстрануваат со вазелин
rnНанесете малку вазелин на чиста крпа и нежно тријте со кружни движења сè додека линиите не се отстранат целосно.rn
2. Вистинската кожа се чисти со балсам за коса
rnВашите кожени чизми изгледаат сè полошо од ден на ден. Наместо да купувате производи за нега на чевли, одете во тоалетот, земете го балсамот за коса, земете чиста крпа и нежно тријте мала количина балсам на вашите чизми. Балсамот ќе ја освежи кожата на чизмите, исто како што прави со вашата коса.rn
3. Дамките на патиките се отстрануваат со магична крпа
rnДамките на патиките ќе ги исчистите многу лесно со магична крпа. Прво малку навлажнете ја крпата, а потоа нежно тријте сè додека не исчезне дамката. Магија!rn
4. Дамки на чевлите од антилоп
rnАко забележите дамки на чевлите од антилоп, не губете ја целата надеж. Дамките ќе ги отстраните со гума за бришење (по можност бела или светлорозова). Триењето ќе предизвика дамката постепено да се отстранува од чувствителниот материјал.rn
5. Оживејте ги гумените чизми со маслиново масло
rnБелите дамки на чизмите се најлоши, а најчесто се предизвикани од влага и од топлина. Вратете им го сјајот на чизмите со повремено нанесување малку маслиново масло на чиста крпа и со триење со кружни движења. Не заборавајте дека помалку е повеќе (чизмите не треба да бидат потопени во масло).rnrnПрочитајте ги и овие стилски трикови за издолжување на вашите нозе во чизми.