Станува збор за многу сериозна вест. Сте дознале дека член од семејството, најдобар пријател или колега од работа боледува од рак. Сте плачеле заедно и сте се прегрнувале, но не сте знаеле што да кажете. Најпрво, вдишете длабоко. Без разлика што ќе кажете, вашите блиски ќе ве разберат и нема да ви се налутат. Но, за да постапите најдобро што можете, обидете се да не ги кажувате следниве работи на луѓе кои боледуваат од рак…rnrn
rn
„Среќа што не е некој од потешките видови рак“
rnЈасно е дека се обидувате да ја гледате позитивната страна на нештата. Иако некои типови рак полесно се лекуваат, тоа не значи дека се „лесни“. Освен тоа, битката може да трае повеќе години, така што немојте да претпоставите дека сите типови рак се однесуваат на ист начин.rn
„Како можам да ти помогнам?“
rnАко побарате насоки од личност која боледува од рак, таа ќе се почувствува непријатно. Наместо тоа, купете некаков подарок и напишете убава порака. Згответе им го омилениот ручек и појавете им се пред врата. Не треба да поставувате милион прашања за да помогнете некому.rn
„Дали ќе започнеш со посебна исхрана?“
rnДали некогаш сте имале лош ден и сте се обиделе да јадете салата? Не ви помогнало многу, се согласувате? Помножете го тоа со милион во овој случај! Секако дека зеленчуците имаат позитивно влијание на процесот на заздравување, но вашиот пријател кој боледува од рак веќе го знае тоа. Вистинската цел е да јаде сѐ што може, особено за време на хемотерапиите.rn
„Уф, колку сум настинат/а.“
rnВо моментов, вашиот пријател или пријателка би направиле сѐ за да имаат обична настинка. Знаеме дека се обидувате да се поврзете со нив или можеби за да ја исполните непријатната тишина, но подобро е да разговарате за вашата омилена ТВ серија.rn
Ништо не кажувате
rnПонекогаш, сето ова е премногу за вас и сакате да им дадете малку простор на вашите блиски. Освен ако не сте сигурни дека таа личност сака да биде сама, немојте да го претпоставите тоа. Во реалноста, тие се многу осамени и им треба пријател со кого ќе можат да гледаат телевизија. Потоа, во текот на нивната битка, не заборавајте да проверите како се. Прашајте ги како се чувствуваат, дали им се допаѓаат докторите и слично. Можеби мислите дека на тој начин ќе ги вознемирите, но тоа е светот во кој тие живеат моментално. Бидете покрај нив.rnrnЗа подобро да се информирате на оваа тема, прочитајте ги следниве 10 факти за ракот.