Пријателствата започнати во средно училиште се оние кои траат вечно. Особено кога станува збор за две пријателки, нивното заедничко искуство во овие години прави тие да бидат силно поврзани и едноставно да не можат да си го замислат животот една без друга. Токму затоа, ако имате и вие најдобра пријателка од средно училиште, без сомнение ќе се пронајдете во поголемиот дел од овие 23 нешта…rn
1. Голем дел од вашите разговори се насочени кон потсетување на минатото.
rnКога реченицата ќе започне со „Се сеќаваш ли кога…“ веднаш знаете дека ќе се вратите во минатото.
rn
2. И најчесто овие разговори завршуваат со голема смеа.
rnСамо оние кои биле таму можат да сфатат.rn
3. Имате опасно голем број непријатни фотографии една од друга.
rnВо погрешните раце тие би можеле да бидат смртоносни, но вие знаете дека се безбедни кај вашата пријателка.rn
4. Многу добро го познавате нејзиното семејство, но и таа вашето.
rnТие дури и ве сметаат како ќерката која никогаш не ја побарале…
rn
5. Најмногу затоа што често останувате во нивниот дом за вечера.
rnИ поради непријатните разговори кои ги имате со нејзиниот татко додека ја чекате вашата пријателка да се подготви за излегување.rn
6. Вие сте пријатели на Фејсбук и со нејзините далечни роднини.
rnБидејќи дури и тие ве сметаат како дел од фамилијата.rn
7. Се чувствувате неверојатно удобно во нејзино присуство, како и таа во вашето.
rnМожете целосно да се опуштите и да бидете онаа личност која сте, без да се плашите од осуда.
rn
8. Не се чувствувате глупаво да поставувате било какви прашања, во било кое време.
rnБез разлика на местото каде што се наоѓате.rn
9. Секогаш знаете кога таа се чувствува лошо, дури и преку начинот на кој пишува пораки.
rnЕдно смајли помалку од вообичаено сигурно значи голем проблем.rn
10. Кога таа не се чувствува добро, вие секогаш ќе бидете покрај неа.
rnБидејќи знаете дека ако вам не ви е добро и таа ќе биде покрај вас.
rn
11. Не се срамите да ги споделите вашите најлоши тајни.
rnБаш напротив, вие заедно го споделувате товарот при чувањето тешки тајни.rn
12. И можете целосно да бидете искрени една кон друга.
rnЗнаете дека таа ќе ви ја каже вистината, дури и ако не сакате да ја чуете.rn
13. Нејзините непријатели се и ваши непријатели.
rnСветот знае дека ако има проблем со неа, ќе има и со вас.
rn
14. Особено кога станува збор за бивши дечковци.
rnВие секогаш сте на нејзината страна.rn
15. И секогаш се чувате.
rnБез разлика што животот ќе фрли кон вас, вие имате личност со која можете заедно да се соочите.rn
16. Имате тон шеги кои никој друг не ги разбира.
rnСо оглед на тоа колку време поминувате заедно, чудно како немате повеќе.
rn
17. Секогаш си позајмувате нешта, но никоја од вас не внимава што.
rnВо еден момент сигурно во вашиот шкаф сте имале повеќе нејзини алишта, отколку ваши.rn
18. Вие сте секогаш први кои коментирате или лајкувате на вашите статуси.
rnТоа е едноставно љубезно од ваша страна.rn
19. Одамна не ги почнувате разговорите со „здраво“ и веднаш преминувате на важното…
rnНема потреба да должите.
rn
20. Бидејќи сте во комуникација 24/7.
rnПлус нема поента да го трошите вашето време на глупости, кога има поважни работи за озборување.rn
21. Кога подолго време ќе поминете без да разговарате, се чувствувате како нешто да не е во ред.
rnТаа почнува сериозно да ви недостасува.rn
22. Но, кога сте во контакт, сите нешта ви изгледаат многу подобро.
rnИ никогаш нема да си здодеете една на друга.
rn
23. Бидејќи без разлика на тоа колку вашите патишта ќе ве оддалечат, вие ќе бидете тука една за друга.
rnЗасекогаш.

