Ако сте личност која се истрошува од живеењето во екстровертен свет, не сте единствените. Многу интроверти ја црпат нивната сила од самотијата, тие се одлични слушатели и полни се со неверојатни идеи.
Често овие луѓе се присилени да комуницираат со други. Но важно е да знаете дека нема ништо лошо во ова. Иако интровертите понекогаш ги бие лош глас, вистински благослов е да бидете во рамнотежа со себе и да ги забележувате работите. Овие новогодишни одлуки се одлични за вас доколку и вие спаѓате во категоријата интроверти.rn
1. Оставете го телефонот
rnПостојаното гледање во телефонот може да биде навистина удобно, особено во непријатна социјална ситуација. Но на овој начин испуштате многу убавина и возбуда. Почесто оставајте го вашиот телефон и свесно уживајте во светот околу вас. Ќе се изненадите од многуте пријатни искуства.rn
2. Зборувајте повеќе кога сакате
rnМоже да биде навистина тешко да се присилите да зборувате со другите доколку сте интроверт. Но добра одлука е да зборувате повеќе во ситуации кога го сакате тоа. Овде може да станува збор за разговор со личноста која ви се допаѓа, застанување на ваша страна или поканување на некој пријател. Многу е добро кога ќе исполните некоја ваша потреба или желба.rn
3. Научете да се социјализирате без алкохол
rnМногу интроверти користат алкохол за да ги прикријат нивните несигурности во социјалните ситуации. Најчесто почнуваме да пиеме во тинејџерските години или на факултет и мислиме дека алкохолот може да ни даде социјални супермоќи. Но користењето на алкохол во вакви ситуации значи дека се сомневате во себе, без разлика дали сте трезни или не. Ако не сте горди и среќни со вашите навики за пиење, можеби треба да воспоставите самоконтрола. Па најдете друг начин да се чувствувате удобно кога им приоѓате на луѓето. Можеби ќе најдете интересна тема за разговор, ќе предложите некоја игра, ќе зборувате за некој филм и слично.rn
4. Почнете да поставувате намери
rnЗапишете неколку афирмации кои ви овозможуваат да си кажете дека е во ред да бидете видени и слушнати. Кажувајте ги гласно секое утро и во текот на денот, за да соберете храброст да истапите. Кога ќе имате готова листа со афирмации, ќе ви биде полесно да одберете што да кажете, да правите или да чувствувате секое утро. Поради ова нема да се чувствувате изгубено или заглавено и ќе бидете поотворени за нови познанства и искуства.rn
5. Прифатете ја вашата интровертност
rnОваа година одлучете да бидете вие – интровертот којшто сте. Променете ја вашата перспектива. Односно, ако ја гледате вашата интровертност како нешто негативно, обидете се да навистина да ја прифатите како дел од себе. Фокусирајте се на вашите многу силни страни, наместо на слабостите. Овде спаѓа независното работење, слушањето на другите, внимателното размислување и многу други добри особини.
Погледнете ги и новогодишните одлуки за девојките кои учат да се сакаат себеси.

