Овој едноставен чоколаден десерт е секогаш на менито на оние луѓе кои обожаваат да ја засладуваат својата трпеза, но и својот ден. Направете ја и вие оваа чоколадна пирамида и уживајте во незаборавниот вкус.
rn
rn
Потребни состојки:
rn
За кората:
rn
- rn011
- 150 грама шеќер
- 5 белки
- 1 лажица брашно
- 150 грама мелени ореви
rn011
rn011
rn011
rn
rn
За филот:
rn
- rn011
- 5 жолчки
- 125 грама шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 100 грама чоколадо
- 250 грама маргарин
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
За декорациите:
rn
- rn011
- 50 грама чоколадо
- 1 кафена лажичка масло
- 50 грама ореви
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rn
Кора:
rnСматете ги белките во цврст шлаг, постепено додавајќи го шеќерот. На крајот додадете ги брашното и оревите и полека помешајте ги сите состојки со лажица. На правоаголен плех ставете хартија за печење, турете ја подготвената смеса и израмнете ја. Печете во рерна на 180°C, околу 20 минути.rn
Фил:
rnСоединете ги жолчките со шеќерот и гответе на пареа додека не добиете густа и хомогена смеса. Додадете го искршеното чоколадо и мешајте додека не се растопи. Оставете смесата да се излади. Сматете го маргаринот во пена и соединете го со изладениот крем.rn
Финална постапка:
rnИздвојте ја печената кора од хартијата за печење и исечете ја на четири линии со еднаква ширина. Премачкајте ја секоја линија со филот (оставете малку фил за да го премачкате целосно колачот) и наредете ги една врз друга. Колачот оставете го во фрижидер. rnОткако ќе се излади, извадете го од фрижидерот и поставете го вертикално на работна површина, па дијагонално пресечете го на половина. Добиената половина спојте ја со малку фил за да добиете изглед на пирамида. Колачот премачкајте го со остатокот од филот. Растопете го чоколадото со малку масло и со него напрскајте го и посеете го со мелените ореви.
