КАФЕ ПАУЗА

Волшебен природно осветлен блескаво-син брег

Волшебен биолуминисцентен брег

Written by

in

Сите ние сме виделе сини животинки во морските длабочини, но ништо слично на ова. Астрофотографот Фил Харт успеал да го фати овој волшебно-блескав, но природен феномен и притоа да направи прекрасни фотографии. Блескаво-сината светлина, т.н. биолуминесцентен ефект е дефанзивна реакција на микроорганизмите во езерото Гипсланд во Австралија. Нивниот светлосен ефект е сличен на оној кој го предизвикуваат сините медузи во водите на брегот на Британска Колумбија.Волшебен биолуминисцентен брегОвие мали суштества се наречени Noctiluca scintillans, а попознати се како „морски блесок“. Тие емитуваат светлосина светлина со цел да ги предупредат локалните алги за нарушувањето на мирот. Во суштина, секое движење на водата ќе резултира со ваков одговор. Без разлика дали мали дечиња си играат во водата или пак водата природно се бранува, овие микроорганизми ќе емитуваат светлина во околината. Овие непаразитски суштества можат да се најдат на повеќе локации низ светот, но сликите на Харт се единствени и исклучително живописни.rn.rn

„Биолуминесценцијата предизвика огромно внимание. Фотографиите се направени за време на летен камп, кога заедно со моите пријатели си поминувавме одлично во вечерите, играјќи и експериментирајќи со фотографски идеи. Но, штом излезе месечината по неколку дена, светлината сè потешко се забележуваше. Копнееме по денот кога ќе можеме пак да ја видиме светлината на истиот начин, но за тоа може да помине доста време,“ – изјавува Харт.

rnПриказната на Харт за тоа како овие микроорганизми завршиле во Австралија е фасцинантна. Несомнено, треба да му заблагодариме за овие прекрасни фотографии.Волшебен природно осветлен блескаво-син брегВолшебен природно осветлен блескаво-син брегВолшебен природно осветлен блескаво-син брегВолшебен природно осветлен блескаво-син брегВолшебен природно осветлен блескаво-син брегВолшебен природно осветлен блескаво-син брегВолшебен природно осветлен блескаво-син брегrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.