Можете ли да ја решите оваа загатка наменета за учениците од Сингапур?
Во меѓународни рамки, Сингапур често избива на врвот или близу до врвот според математичките вештини на учениците. А кога ќе ја прочитате оваа загатка, ќе видите и зошто. Оваа одлична логичка задача ќе ве натера добро да се замислите и да се обидете да дојдете рамо до рамо со 15-годишните Сингапурци.
Алберт и Бернард само што се запознаваат со Шерил и сакаат да знаат кога е нејзиниот роденден. Шерил им открива 10 можни датуми:
15 мај
17 јуни
14 јули
14 август
16 мај
18 јуни
16 јули
15 август
19 мај
17 август
Потоа Шерил им ги кажува посебно месецот и денот од нејзиниот роденден на Алебрт и на Бернард соодветно.
Алберт: Не знам кога ѝ е роденден на Шерил, но знам дека ни Бернард не знае.
Бернард: Отпрвин не знаев кога ѝ е роденден на Шерил, но сега знам.
Алберт: Тогаш сега и јас знам.
Кога ѝ е роденден на Шерил?
i koga i e ?
18 јуни
19 maj
17 juni
17 maj ?
16juli
Кај десетте понудени датуми, деновите се во дијапазон од 14 до 19, само 18 и 19 се појавуваат по еднаш. Ако роденденот на Шерил беше на 18 или 19, тогаш Бернард веднаш ќе знаеше кога е родена Шерил, бидејќи таа нему му кажа на кој ден е родена.
Но, зошто Алберт знае дека Бернард не знае?
Ако Шерил му имаше речено на Алберт дека е родена во мај или јуни, тогаш датумите 19 мај и 18 јуни ќе беа возможен одговор. Така Бернард веднаш ќе знаеше кога ѝ е роденден на Шерил. Но, фактот што Алберт знае дека Бернард не го знае роденденот значи дека Шерил му кажала на Алберт дека нејзиниот роденден е или во јули или во август.
На почетокот, Бернард не знае кога ѝ е роденден на Шерил, но како доаѓа до одговорот откако Алберт прв ќе прозбори?
Од петте останати датуми во јули и август, деновите се во опсег од 15 до 17, а само 14 се повторува двапати.
Ако Шерил му имаше речено на Бернард дека е родена на 14-ти, тогаш Бернард немаше да знае. Фактот дека Бернард знае, укажува на тоа дека роденденот на Шерил не е на 14-ти. Сега ни остануваат уште три датуми: 16 јули, 15 август и 17 август.
Откако Бернард ќе прозбори, Алберт вели дека и тој знае кога ѝ е роденден на Шерил. Ако Шерил му имаше речено дека е родена во август, тогаш Алберт немаше да знае, затоа што останаа два возможни датуми од август.
Заклучок, роденденот на Шерил е на 16 јули.
30 fevruari ne se karajte