Сигурно многумина ви рекле дека не треба да им дозволувате на вашите емоции да застанат помеѓу вас и вашата работа. Сигурно исто така сте чуле и дека треба да ја држите вашата емоционална страна за дома, бидејќи единствениот начин да успеете во животот е доколку сте силни и тврдокорни. И бидејќи толку често сте ги слушале овие совети, сигурно никогаш не сте се сомневале во нив. Но, време е да почнете. Една нова студија сугерира дека токму спротивното е вистина, односно доколку имате добро око за емоциите на вашите колеги, вие ќе заработите многу повеќе пари.rnrn
rnrn rn
„И покрај тоа што соработката со вработените и справувањето со луѓето често вклучува читање на нивните емоции и одредување на нивното расположение, не сите се добри во тоа. Читањето на емоциите на другите луѓе е исто како учењето други јазици или атлетика – некои луѓе се добри во тоа, додека други едноставно не сè“, вели д-р Жерард Бликл.
rnИстражувачите од Универзитетот Бон во Германија им покажале на група испитаници серија од гласовни снимки и фотографии и побарале од нив да ги идентификуваат емоциите кои биле изразени на нив. Во просек, испитаниците успевале да ја идентификуваат соодветната емоција во 77% од случаите. Оние кои постигнале над 80% биле сметани за „добри“, а оние кои постигнале над 90% биле сметани за „навистина добри“ во читањето емоции кај другите луѓе.rnrnОткако задачата за препознавање на емоциите била завршена, истражувачите побарале од супервизорите и соработниците на испитаниците да дадат проценка за нивната перформанса на работа. Тие откриле дека оние кои постигнале повисок скор на задачата се сметаат за личности со повисоки социјални и политички способности од оние кои добиле пониски резултати. Но, она што е најневеројатно е дека нивната заработка била значително повисока од останатите.rnrnКолку навистина се точни овие резултати? Д-р Бликл вели:rnrn
„Бидејќи бевме во можност да ги исклучиме сите алтернативни објаснувања за овие резултати (на пример, полот, годините, тренингот, позицијата), овие податоци имаат цврста основа. Дури и по контролата на сите варијабли, ефектите од способноста за препознавање на емоциите има големо влијание врз заработката.“
rnВсушност ако добро размислите, ова откритие има логика. Оние кои можат да ги читаат другите луѓе секогаш знаат да им го кажат вистинското нешто. Оваа способност прави тие да бидат повеќе ценети и поради тоа има поголеми шанси да добијат побрзо унапредување или зголемување на платата. Токму затоа кога сте на работа, не се фокусирајте само на вашите работни задачи туку обрнете внимание и на вашите соработници. Ќе ви се исплати.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.