Снегот веќе вее на Стража, Попова Шапка и Деве Баир: Еве каде ќе заврне вечерва и колку снег се очекува до утре

Сподели

Зимата пристигна. Вечерва слаб снег веќе провејува на неколку планински премини, а според прогнозата, во текот на ноќта снег ќе има и во поголем дел од државата.

Реклама
Реклама

Каде вее снег во моментов

Според ЈП „Македонијапат“, снег провејува на патните правци:

Реклама
Реклама
  • Гостивар – Кичево преку Стража
  • Маврово – Дебар
  • Крива Паланка – граничен премин Деве Баир
  • Лисец – Попова Шапка

На Попова Шапка температурата вечерва е веќе неколку степени под нулата. На Плетвар видливоста е намалена до 100 метри поради магла.

Сите државни патишта засега се проодни, по влажни коловози. Во клисурите и усеците можни се поситни одрони на коловозот.

Реклама

Вечерва снег и во градовите

УХМР има активирано жолт метеоаларм за 28 и 29 ноември поради обилни врнежи, засилен северен ветер и снег.

Во текот на ноќта кон недела, дождот во поголем дел од земјата ќе премине во снег. Исклучок се Повардарието и југоисточните предели, каде што ќе врне дожд или дожд и снег.

Во Скопје се очекуваат дожд и снег кон крајот на вечерта и во текот на ноќта, а на околните планини и во повисоките делови од котлината – снег.

Колку снег се очекува

  • во поголем дел од државата од 1 до 5 сантиметри до недела напладне
  • во одделни градови во западните и северните делови од 10 до 20 сантиметри
  • на планините и во скијачките центри од 20 до 30 сантиметри

Северниот ветер повремено ќе дува и над 40 километри на час.

Студена недела, а потоа и мраз

Недела ќе биде значително постудена. Утрото ќе биде од -3 до 4 степени, а преку ден најмногу до 6 степени. Во Скопје се очекуваат околу 3 степени.

Кон крајот на неделата врнежите ќе престанат, а од понеделник следуваат стабилно и студено време и мразови утра.

Совети за возачите

  • не тргнувајте на пат преку планинските премини без потреба
  • од 15 ноември до 15 март зимската опрема во возилото е задолжителна
  • прилагодете ја брзината и чувајте поголемо растојание
  • пред патување проверете ја состојбата на патиштата кај ЈП „Македонијапат“ на телефон 02 25 61 502

Најново

Може ќе ве интересира