КАФЕ ПАУЗА

Зошто е добро да се пие топла вода со лимон?

Зошто е добро да се пие топла вода со лимон?

Многу е важно како го започнувате денот. Според индиската филозофија Ајурведа, изборот на вашите дневни рутини го прави вашиот организам или отпорен или пак сосема подложен на болести. Според Ајурведа, секој треба да го започне денот фокусирајќи се на утринските ритуали кои ќе го поттикнат усогласувањето на телото со природниот ритам, урамнотежувањето на трите елементарни енергии (воздух и простор; оган и вода и вода и земја), како и зајакнувањето на самодовербата и самодисциплината.rnrnКога станувате наутро можеби умот веднаш ви кажува да си проверите имејл, да го однесете кучето на шетање или да побрзате со дотерувањето за на работа, но колку и да е времето ограничено за вашиот дневен утрински ритуал, би било добро доколку најдете време за да додадете уште еден мал дел во него. Тој со сигурност ќе влијае на подобрување на вашето здравје.rnrnЗошто е добро да се пие топла вода со лимон?rnrnЗапочнете го денот со шолја топла (не врела) вода и во неа додадете половина исцеден лимон.rnrnЕве ги придобивките од овој утрински ритуал:rn

1. Го подобрува имунолошкиот систем

rnЛимоните се полни со витамин Ц и со калиум. Витаминот Ц е одличен во борбата против настинките, додека калиумот ја стимулира работата на мозокот и нервите и помага во контролирање на крвниот притисок.rn

2. Ја балансира вашата pH вредност

rnЛимоните се високо алкална храна. Тие и самите содржат киселина, но во нашето тело делуваат алкално (киселината од лимоните не создава киселост во телото штом се обработи во организмот). Алкалното тело е клучно за добро здравје.rnrnЗошто е добро да се пие топла вода со лимон?rn

3. Помага за намалување на тежината

rnЛимоните се полни со пектински влакна, кои помагаат во намалување на грчевите предизвикани од глад. Исто така, се покажало дека луѓето кои практикуваат поалкален начин на исхрана, побргу губат килограми.rn

4. Помага во варењето на храната

rnТоплата вода го стимулира гастро-цревниот тракт  и перисталтиката – брановите предизвикани од мускулните контракции во цревните ѕидови кои овозможуваат да се одвиваат процесите. Лимоните и зелените лимони имаат и високо количество на минерали и витамини кои помагаат во ослободување од токсините во дигестивниот тракт.rn

5. Делува како нежен природен диуретик

rnЛимоновиот сок помага во исфрлањето на непотребните материи стимулирајќи почесто мокрење. Токсините на тој начин побрзо и почесто се исфрлаат од организмот и го одржуваат здравјето на уринарниот тракт.rnrnЗошто е добро да се пие топла вода со лимон?rn

6. Ја чисти кожата

rnВитаминот Ц помага во намалување на брчкте и дамките на кожата. Лимоновата вода ги исфрла токсините од крвта и со тоа ја одржува кожата чиста.rn

7. Го хидрира лимфниот систем

rnШтом го започнувате денот со хидрирање, нормално спречувате дехидрација на организмот и надбубрежен замор. Кога телото е дехидрирано не може да ги извршува правилно сите свои функции, што води до зголемување на токсините, појава на стрес, тврда столица итн.rnrnНадбубрежните жлезди се наоѓаат на врвот на вашите бубрези и заедно со тироидата создаваат енергија. Тие исто така лачат битни хормони како алдостеронот. Овој хормон го регулира нивото на вода во организмот и концентрацијата на минерали како натриумот со што помага да останете хидрирани. Надбубрежните жлезди помагаат и во регулирањето на вашето справување со стресот.rnrnЗошто е добро да се пие топла вода со лимон?rnrnДоколку почнете да пиете од оваа толку корисна напивка, за еден месец вашето утринско искуство може да изгледа сосема поинаку и комплетно да го промени вашиот вообичаен тек на денот.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.