Иако секогаш се дотерани и во топ форма, некои од славните дами сепак не се задоволни од својот изглед.
И покрај многубројните комплименти, холивудските дами даваат изјави како им пречат нивните премали задници, целулитот или широките рамена. Но, зошто се толку незадоволни со себе?rn
1. Анџелина Џоли
rnИако е помеѓу најголемите секс-симболи на холивудската сцена, таа изјави дека не ги сака своите усни затоа што ѝ се преголеми. Иако обожава да се смее, вели дека ѝ е многу непријатно затоа што има широка насмевка. Неверојатно, но вистинито.rn
2. Џенифер Лопез
rnНа многумина ова ќе им звучи неверојатно, но пејачката не е задоволна со својот задник за кој вели дека е преголем.rn
3. Скарлет Јохансон
rnИако повеќе пати е прогласена за најсекси дама во Холивуд, оваа актерка не ги сака своите тркалезни образи и куси нозе.rn
4. Никол Кидман
rnСветски популарната актерка вели дека е многу слаба и дека има тело како на мало момче. Нејзината желба е да има повеќе облини и некој килограм плус.rn
5. Џесика Алба
rnПознато е дека оваа актерка е доста самокритична и не си дозволува да има вишок килограми и опуштена кожа, па затоа секојдневно вежба. Но, Џесика еднаш има кажано дека не ги сака своите гради и широки колкови.rn
6. Кетрин Зета Џоунс
rnАктерката која до ден-денес воодушевува со својата убавина, не ги сака своите очи. Во едно интервју ги нарекла „дупки во песок“.

