Големи попусти и изненадувања по повод отворањето на новата dm дрогерија во East Gate Mall!
rn
rnrnНа 11 ноември, dm ја продолжува својата експанзија на домашниот пазар со отворање на дрогерија во East Gate Mall, вкупно 21. на македонскиот пазар.rnrnОд 11 па сѐ до 14 ноември, во новата дрогерија на dm, која ќе биде отворена во EAST GATE MALL – Ул. Беласица бр. 2, ќе може да уживате во неодоливи попусти од :rnrn★ –15% попуст на АПСОЛУТНО СЀ – и на веќе намалените производи!;rnrn★ до -30% попуст на одредени производи за нега на лице (на што дополнително на каса се пресметува попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ);rnrn★ до -35% попуст на одредени производи за нега на коса (на што дополнително на каса се пресметува попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ);rnrn★ до -40% попуст на одредени производи за нега на мажи (на што дополнително на каса се пресметува попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ);rnrn★ како и повеќе од 4.000 dm марка производи со германски квалитет по супер цени.rnrnЦелосниот леток за отворањето може да го разгледате тука!rnrnПокрај големите попусти кои ќе траат 4 дена (11.11-14.11.2021) на денот на отворањето, сите посетители ќе бидат пречекани во супер позитивна атмосфера и забава со DJ.rnrnОпштествената одговорност на dm како компанија ни овој пат нема да биде изоставена. Дел од остварениот промет на денот на отворањето ќе биде дониран во хуманитарни цели на ДУЦР ,,Партенија Зографски“ од Скопје.rnrnДрогериите на dm со својот асортиман на повеќе од 14.500 производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, како производи за хигиена во домот и нега на алишта сѐ вистинскиот избор за пазарување сѐ на едно место. Добро познатите dm марки – Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit и сите други, гарантираат идентичен квалитет во сите 13 земји во кои компанијата работи, додека dmBio е бренд со најширока понуда на органска храна во нашата земја.rnrnНовиот продажен објект на dm ќе биде со вкупна површина од 362,96 m2, од кои 279,58 m2 продажен простор, а 68,55 m2 магацински простор, како и 14.83 m2 помошен простор.rnrnРаботното време на оваа дрогерија ќе биде:rnпонеделник до недела од 10 до 22 часот.rnrnСо отворање на овој објект, dm во Македонија е присутен со 21 продажен објект, од кои 13 во Скопје и по еден продажен објект во Тетово, Велес, Куманово, Штип, Битола, Струмица, Гостивар и Охрид!