Завиткајте ги креативно вашите новогодишни подароци

Сподели

Ако се потрудите подароците кои ќе ги давате за новогодишните празници да бидат убаво завиткани, ќе оставите впечаток дека навистина се грижите за луѓето за кои се тие наменети. Општо познато е дека добро завитканиот подарок е исто толку важен колку и неговата содржина.

Реклама

Ова се неколку одлични идеи кои можат да ви послужат како инспирација при пакувањето на годинешните подароци, со материјали кои сите ги имаме по дома.

rn

Цветови од хартиени кошнички за колачи

rnСо оглед на тоа дека повеќето домаќинки би требало да имаат вакви кошнички во повеќе големини во своите кујни, би требало овој ресурс да не ви биде проблем. Во спротивно, со сигурност можете да ги најдете во поголемите маркети во вашата близина. Одберете неколку бои, залепете ги една врз друга и со ножички обликувајте го цветот.

rn

Подароци завиткани во хартија од весник

rnПо дома сигурно имате еден куп стари весници и списанија кои не ви се повеќе потребни. Нив можете да ги искористите за неколку намени. Една од нив е целосно да го завиткате подарокот во една страница од весник и на него да ставите убава машна во боја.

Со ножички можете да исечете неколку цветчиња, да ги залепите едно врз друго, а на врвот да залепите старо копче. На тој начин ќе добиете еден вид брош кој може да ви послужи за декорирање на веќе спакуваните подароци.

Последната идеја е плик за честитка. Од една страница од весник направете плик, вметнете ја честитката и запечатете го со еден цвет.

Ако сакате да бидете целосно оригинални, не заборавајте да направите и рачно изработена новогодишна честитка.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира