Живеењето надвор од родната земја е на некој начин привилегија. Секое ново искуство, дури и да не трае долго, може да ви го промени животот на подобро. Тоа е така затоа што ќе доживеете нешто сосема поразлично од она што ви е веќе познато. Во продолжение прочитајте што ќе се смени во вашиот живот ако решите да се преселите во друга земја…rnrn
rn
Ќе почнете по малку да го заборавате мајчиниот јазик
rnНекои зборови поприродно ќе ви доаѓаат да ги кажете на странскиот јазик, отколку на мајчиниот. Ова нема да биде проблем додека живеете во странство, бидејќи тоа е знак дека добро сте го научиле новиот јазик. Меѓутоа, кога ќе зборувате со вашите пријатели и со семејството и нема да можете да го најдете зборот што сакате да го кажете, ќе се почувствувате малку оддалечено од вашите корени.rn
Дел од облеката постојано ќе ви биде спакувана во куфер
rnСекако дека ќе се распакувате штом стигнете и го почнете новиот живот, но дел од облеката ќе ви остане во куферот за секој случај. Можеби ќе треба почесто да одите на бизнис патувања или пак ќе сакате да посетите некои туристички места за време на викендот. Полесно е да се патува кога не сте дома и ќе сакате секогаш да бидете подготвени за нова авантура. Освен тоа, сигурно ќе сакате да го посетите семејството за време на празниците или за некој продолжен викенд доколку сте во можност, па затоа секогаш едниот куфер ќе ви биде спремен за патување.rn
Ова е вашиот живот, не сте на патување
rnОткако сте го спакувале целиот ваш живот во одреден број куфери, сте се качиле во авион и сте почнале отпочеток во новата земја, веднаш сте ја забележале оваа клучна разлика. Сигурно не сте морале самите да си менувате сијалици или да плаќате сметки на вашите патувања. И покрај тоа, секогаш кога ќе се вратите дома, луѓето ќе ве прашуваат „Како си помина на патувањето?“ Можеби тоа ќе ве нервира, но никој не ви мисли ништо лошо. Одговорете учтиво и споделете ги вашите доживувања.rnrn
rn
Постојано ќе мислите на девизниот курс
rnЌе ви треба некое време да се навикнете на новата парична вредност. Кога ќе пазарите, автоматски ќе пресметувате според вашата домашна валута и потоа ќе се разочарате кога ќе сфатите дека нештата всушност чинат поскапо одошто сте очекувале. Можеби вие ќе бидете тие збунети купувачи кои не можат да се снајдат со парите на каса, бидејќи сѐ уште не сте запамтиле како изгледаат сите книжни пари и монети.rn
Границата меѓу нормалното и чудното е нејасна
rnВо секоја култура постојат нешта што се прифатливи и нешта што не смее да се прават. Меѓутоа, вие како новодојденец со себе ќе понесете сосема различна листа на точно определени културно прифатливи и неприфатливи работи. Тоа може да доведе до судир на гледиштата и ќе ви треба време да се прилагодите.rn
Времето поинаку се мери
rnЌе ви биде тешко да ги мерите нештата со помош на календарот. Понекогаш, некои неочекувани проблеми со дозволата за престој ќе ве принудат ненадејно да се преселите. Можеби ќе мора да живеете на одредена локација блиску до училиштето за јазици додека не ги положите сите тестови за да можете да се преселите на друга дестинација. Никогаш нема да бидете сигурни колку долго ќе се задржите на едно место, па затоа слободно можете да го фрлите календарот. Наместо тоа, ќе почнете да го мерите времето според најзначајните настани што ви се случиле.rn
Зборот „рутина“ не е повеќе во вашиот речник
rnПорано сте можеле да предвидите какви ќе бидат резултатите од одредени вашите дејствија, но сега ја немате таа привилегија. Сега, ви е чудно кога работите ќе излезат онака како што сте си замислиле. Не е веќе необично да потрошите цел ден на плаќање две сметки. Не очекувате да имате струја и вода секој ден. Секогаш имате резервен план за секој случај. Вашите сетила се изострени бидејќи мора да бидете подготвени за секоја непредвидлива ситуација. Всушност, тие непредвидливи ситуации се случуваат многу често сега откако сте се преселиле во странство, за разлика од порано.rnrn
rn
Материјалните нешта не ви носат среќа
rnНе мора да се преселите во странство за да го сфатите ова, но овој „номадски“ живот постојано ќе ве тера да се прашувате на што треба да се фокусирате, а од што треба да се ослободите. Секогаш размислувате за можноста повторно да се преселите во друга земја. Тоа би значело дека многу од вашите материјални работи би требало да ги оставите и да ги понесете со себе само најпотребните што може да ви ги собере во куферот. Веќе немате колекции од бескорисни предмети и ги цените само највредните работи што вреди да ги „влечете“ со себе за време на преселбите. На крај, ќе дојдете до сознанието дека постојат многу малку нешта што ви требаат, а сѐ друго е заменливо.rn
Сѐ ви се чини возможно
rnПред да се преселите во странство, не сте знаеле дека е возможно да спакувате сѐ што ви треба во само неколку куфери. Но, сте успеале да го направите тоа и сега не можете ни да се сетите на работите што сте ги оставиле. Готвењето ви се чинело како нешто здодевно поради сите потребни состојки. Сега можете да ги приготвите вашите омилени јадења за кратко време, а сте научиле да приготвувате и многу нови локални специјалитети. Сте излегле од вашата зона на удобност и сте успеале да преживеете. Сега уживате во животот во новата култура.rn
Поразлични сте
rnИм оставате впечаток на луѓето и тие оставаат впечаток на вас. Некои нешта не ви значат толку многу како претходно. Сега имате други приоритети. Сте научиле да бидете поскромни бидејќи честопати се наоѓате во ситуација да барате помош од непознати луѓе. Речиси секој ден се соочувате со нешто сосема непознато, па затоа ништо не земате здраво за готово. Знаевте дека ве очекува авантура во која ќе треба да научите нов јазик и култура, но дури сега сфативте колку всушност сте научиле за самите себе.rnrnЗа крај прочитајте го следниот цитат за патувањата и животот надвор од родната земја, во кој ќе се пронајдат сите што живеат во странство…rn
„Ако сте доволно храбри да го оставите сето она што ви е познато и удобно, како на пример вашиот дом или горчливите, стари сеќавања и да започнете патување во потрага по вистината, без разлика дали се работи за надворешно или внатрешно и ако навистина сакате да го сметате сето она што ќе ви се случи на тоа патување како трага и ако ги прифатите сите што ќе ги сретнете по пат како учители и најмногу од сѐ ако сте подготвени да се соочите и да си ја простите суровата реалност за вас самите, тогаш ќе успеете да ја дознаете вистината.“ – Елизабет Гилберт