КАФЕ ПАУЗА

Како да ги употребите старите весници и списанија?

Како да ги употребите старите весници и списанија?

Written by

in

,

Прочитајте како да ги употребите старите весници и списанија (освен за авиончиња) кои веќе сте ги прочитале и ви фаќаат прашина и беспотребен простор.rn

Зрели домати

rnОва е одличен и практичен начин  како да ги употребите старите весници. Ако сте купиле домати кои се недозреани (не зелени, туку бледо црвени) само завиткајте ги во една хартија од весник и оставете ги два до три дена. Кога ќе ја одвиткате хартијата, тие ќе бидат зрели и сочни.Како да ги употребите старите весници и списанија?rn

Завиткување подарок

rnЗавиткувањето подарок во листови од весници и списанија може да биде навистина забавно и необично. Подарокот ќе изгледа примамливо и интересно. Подароците виткајте ги на истиот принцип како да ги виткате со украсна хартија. Секако, ова применете го за некои неформални забави, дружења и родендени. За поформалните забави, убаво е да донесете подарок кој е елегантно запакуван.Како да ги употребите старите весници и списанија?rn

Направете работна површина

rnАко се занимавате со уметност, цртање, моделирање и слично, сигурно не сакате вашето биро или работна маса да биде извалкано од бои, материјали, глина. Затоа, обвиткајте ја работната маса или масата на која работите со стари списанија или весници. Така, вашата маса нема да се оштети или извалка.Како да ги употребите старите весници и списанија?rn

Подметачи за чинија

rnАко сакате вашата забава да биде интересна и несекојдневна за пријателите, еве нешто интересно што може да направите со старите списанија. Наместо класичните подметачи за чинии и чаши, може како подметач да ги искористите омилените страници од списанието. Освен што ќе бидат идеални за да не се извалка масата, тие ќе бидат и интересни за гостите и пријателите.Како да ги употребите старите весници и списанија?rn

Суви чизми

rn

Ова е супер начин за користење на старите весници. Ако вашите чизми се измокрени од дожд или снег и не можат да се исушат за брзо време, стуткајте неколку листови од весниците и ставете ги во внатрешноста на чизмите, како и листови хартија врз нив.Како да ги употребите старите весници и списанија?

rnrn

Чисти фиоки

rnИсечете ги насловните страници од списанијата и залепете ги на долниот дел од внатрешноста на фиоките. Така ќе го зашитите дрвото од мастило од пенкала, моливи, остри предмети и други работи кои може да го оштетат.Како да ги употребите старите весници и списанија?rn

Фрижидер без непријатна миризба

rnНа долниот дел од фрижидерот, залепете неколку листови од весник. Тие постепено ќе ја впиваат непријатната миризба која ќе се создава од изгниени овошја и зеленчуци, солила, месо, кромид и лук.rn.rn

Завиткување книги

rnКнигите земени од библиотека завиткајте ги со листови од списанија. Така тие нема да се оштетат. Истото ова направете го со книги кои вам ви се драги и вредни. Така, ќе се погрижите корицата да остане неоштетена.Како да ги употребите старите весници и списанија?rn

Плико од списание

rnПонекогаш белите, сини и црвени пликоа се досадни. Пробајте да направите плико од шарена страница од списание. П.С. Не се грижете. Пликото ќе ви го примат во пошта.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.