КАФЕ ПАУЗА

Волшебни новогодишни тортички од земјата на чудата

Празничен десерт за внесување калории со добар изговор

rnrnВолшебни новогодишни тортички од земјата на чудатаrnrn

За тортичките од ванила

rn

Потребни состојки:

rn

    rn011

  • 130 г брашно
  • rn011

  • 1 ¼ кафена лажичка прашок за пециво
  • rn011

  • ½ кафена лажичка сода бикарбона
  • rn011

  • ½ кафена лажичка сол
  • rn011

  • 2 јајца
  • rn011

  • 150 г шеќер
  • rn011

  • 1 ½ кафена лажичка екстракт од ванила (доколку немате заменете со ванилин шеќер)
  • rn011

  • 120 мл масло за готвење
  • rn

  • 120 мл млеко
  • rn011

  • ½ кафена лажичка оцет
  • rn

rnВолшебни новогодишни тортички од земјата на чудатаrnrn

Начин на подготовка:

rnrnЗагрејте ја рерната на 180˚ и подгответе 12 калапи за мафини. rnВо еден сад ставете ги брашното, прашокот за пециво, сода бикарбоната и солта. Тргнете го садот настрана.rnrnВо млекото додајте го оцетот и почекајте да отстои 3-5 минути. rnВо меѓувреме во друг сад додајте ги двете јајца и добро изматете ги. Додајте го шеќерот и повторно матете додека состојките не се соединат. Додајте ги екстрактот од ванила и маслото и повторно проматете.rnrnПрилагодете го миксерот на мала брзина. Во еден сад додајте пола од смесата со брашно, изматете па додајте пола од млекото со киселина. Повторете ја постапката со преостанатите состојки и добро соединете ги со матење. rnrnДодајте од смесата во калапите за мафини но не ги преполнувајте, полнете само ¾ од секој калап. Во претходно загреаната рерна ставете ги тортичките да се печат. За да проверите кога се готови, боцнете со чепкалка за заби на средина од некоја од тортичките. Доколку стапчето излезе чисто, вашите тортички се готови.rnrnОставете да се оладат неколку минути, потем многу внимателно извадете ги од калапите. Треба добро да се оладат пред да ги декорирате.rnrn

За декорација

rn

Потребни состојки:

rn

    rn011

  • 230 г шеќер во прав
  • rn011

  • 120 г несолен путер на собна температура
  • rn011

  • 1 кафена лажичка екстракт од ванила
  • rn011

  • 1-2 пакувања крем-сирење
  • rn011

  • Зелена боја за храна
  • rn011

  • Трошки во боја или други декорации за храна (доколку имате време може да ги направите од тесто и боја за храна)
  • rn011

  • Шприц за декорација при готвење
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnНајпрво во еден сад изматете го добро путерот со миксер. Додајте го екстрактот од ванила, па прилагодете го миксерот на ниска брзина истовремено додавајќи го шеќерот.rnrnДодајте го крем-сирењето и матете неколку минути додека состојките не се соединат. Доколку има потреба додајте уште малку крем-сирење или шеќер.rnrnОдвојте ¾ од смесата и додајте зелена боја за храна (онолку колку што е потребно за да добиете добра боја). Од останатиот дел од смесата ставете на секоја од тортичките. rnrnНаполнете го шприцот за декорација со зелената смеса, и внимателно декорирајте ја секоја од тортичките во форма на елки, почнувајќи однадвор а завршувајќи ја декорацијата на средина за да го креирате врвот. Потоа поросете со трошките во боја.rnrnСлободно разбудете ја вашата креативност! Дел од тортичките може да ги декорирате со необоената глазура, така што врз неа ќе наросите кокос и ќе поставите дел од бонбонче во форма на бастун. Исто така, од црвено тесто може да формирате малечки подароци (како што е прикажано на сликата).rnrnВолшебни новогодишни тортички од земјата на чудата Волшебни новогодишни тортички од земјата на чудатаrnrn

Но не запираме тука. За тие со повеќе време и желба, ајде да приготвиме тортички со елки од корнети!

rnrnТреба да имате две смеси за декорација (бела и зелена), како што погоре е објаснето. Повторно ставете од белата смеса врз тортичките (но малку повеќе за разлика од претходно), а потоа додајте и кокос за ефект на снег.rnrnПоставете ги корнетите за сладолед наопаку врз секоја од тортичките, нежно притиснувајќи за да ги прицврстите.rnrnКорнетите обложете ги со зелената глазура. Може да употребите чепкалка за заби за да го доловите изгледот на елка. Потоа декорирајте по ваша желба.rnrnВолшебни новогодишни тортички од земјата на чудатаrnrn

Среќни празници!

rnВолшебни новогодишни тортички од земјата на чудата