КАФЕ ПАУЗА

Петунија: Убавицата на балконот која лесно се одгледува

Петунија: Убавица на балконот која лесно се одгледува

Со доаѓањето на топлото време и повисоките температури, среќните луѓе со балкони и дворови полека го пијат своето утринско кафе уживајќи во природата.rnrnПетунија: Убавица на балконот која лесно се одгледуваrnrnПрекрасните растенија даваат дополнителниот шарм за уживање на балконот или во дворот, а она цвеќе што совршено ќе се вклопи во вашиот отворен простор е петунијата.rnrnСтанува збор за неодоливо цвеќе во повеќе бои што можете да ги засадите во црепови или во земја.rnrnГолема предност на петунијата е тоа што цвета на балкони кои немаат доволно сонце, а не треба да бидете преголем експерт за цвеќиња за да се грижите за оваа убавица.rnrnДополнителна придобивка од петунијата се евтините садници што можете да ги купите за помалку од 30 денари. Откако ќе ги донесете во вашиот дом, пресадете ги во големи црепови за да имаат простор за растење.rnrnКога станува збор за наводнувањето, треба да бидат редовно полевани, но немојте да претерувате и проверете дали почвата е сува пред да додадете вода.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnМожеби сакате да прочитате и за кралскиот цвет кој го смирува умот и треба да го засадите во дворот или градината!rn