КАФЕ ПАУЗА

Што ќе ни донесе младата Месечина во Риби на 2-ри март?

Што ќе ни донесе младата Месечина во Риби на 2-ри март?

Младата Месечина во знакот Риби ќе настапи денес, во 18:38 часот и ќе донесе енергија што ќе ни помогне да ја откриеме нашата вистинска природа. Токму со помош на оваа енергија ќе се соочиме лице в лице со она што долго време било скриено во нашето срце, ум и душа!rnrnШто ќе ни донесе младата Месечина во Риби на 2-ри март?rnrnОва соочување е неопходно доколку сакаме да имаме побогат и поцелосен живот затоа што ќе ни помогне да ги надминеме пречките кои понекогаш самите си ги поставуваме. Можеби ќе треба да се соочиме со нешто подлабоко во нас или ќе се поврземе со исконската енергија на животот. Рибите се последниот знак на Зодијакот и како такви, ќе нè натераат да размислуваме за минатото. Доволно е да ги разбереме лекциите од нашите досегашни искуства.rnrnСо оглед на тоа дека поголемиот дел од нашето внимание ќе биде фокусирано на минатото, ќе успееме да си ги простиме грешките и неуспесите и да го понесеме со себе она што сме го научиле во текот на овој процес. Ова е идеално време за заздравување.rnrnЈупитер кој моментално е во знакот Риби, е активен како резултат на влијанието на младата Месечина. Тој може да ни донесе и нов оптимизам што ќе ни овозможи полесно да се фокусираме на работите околу нас. Дел од таа енергија можеме да ја искористиме за медитација или учество во креативни активности и проекти.rnrnПокрај тоа, спојувањето на Венера, Марс и Плутон ќе ни ја дополни енергијата. Таквата комбинација може да ни го привлече вниманието кон нашите односи и нашата лична моќ, а може да се манифестира и во нашиот однос кон парите. За да ја следите динамиката на енергијата, доволно е да им се препуштите на нештата, иако ќе наидете на ситуации кои ќе бидат надвор од ваша контрола. Верувајте дека сè ќе биде во ред и дека сè што треба ќе се оствари.rnrnИскористете ја енергијата на Венера за да внесете рамнотежа доколку наидете на динамика во вашите лични односи. Искористете ја енергијата на Марс за да останете сигурни во вашите избори и постапки што сакате да ги преземете и искористете ја енергијата на Плутон за да останете верни на вашето автентично „јас“.rnrnМладата Месечина во Риби се карактеризира со силна енергетска динамика и затоа обидете се да бидете нежни со себе. Дозволете си да бидете ранливи и ослободете ги емоциите кои ве мачат. Тоа ќе придонесе за одржување на вашиот внатрешен мир.rnrnОткако прочитавте каква енергија ќе ни донесе младата Месечина во Риби на 2-ри март, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот хороскоп за март 2022 година во поглед на кариерата, љубовта и здравјето.rnrnИзвор: atma.hr