Повеќето луѓе сакаат чоколадни торти, но овој десерт е нешто што не сте го пробале претходно.rnrn
rn
Потребни состојки:
rnЗа кората:rnrn50 грама јаткасти плодови (по избор)rnrn50 грама кокосово брашноrnrn30 грама кафеав шеќерrnrnЗа фил:rnrn200 грама авокадоrnrn60 грама засладувачrnrn30 грама какао во правrnrn20 грама кокосово маслоrnrnпрстофат ванилаrnrnпрстофат циметrnrn150 грама црно чоколадоrn
Начин на подготовка:
rnВо блендер измешајте ги сите состојки за кората, па ставете ја смесата во калап за торта и распоредете ја рамномерно. Излупете го авокадото и ставете ги во блендер сите состојки за филот (освен чоколадото). Мешајте додека не добиете хомогена смеса, а потоа растопете го чоколадото во посебен сад и измешајте го со филот. Нанесете го филот рамномерно на кората. Оставете ја тортата да стои во фрижидер неколку часа, а потоа уживајте.rnrnПогледнете го најлесниот рецепт за крцкав печен компир.