Што би требало веднаш да исфрлите од вашата козметичка торба?

Сподели

Поголемиот дел од жените, во нивните козметички торби имаат многу непотребни производи кои само создаваат губење на време и погрешен избор во приликите кога е потребно брзо да се нашминкаат или да ја поправат шминката. Време е да научите што е потребно да исфрлите од вашата козметичка торба.

Реклама

rn

1. Старата маскара

rnМаскарата е омилениот козметички производ на поголемиот дел од жените. Но, таа има свој рок на траење, а тоа најчесто е шест месеци. Добро проверете го датумот, бидејќи вашата стара маскара може да ви предизвика инфекции на очите.

rn

2. Оштетената шминка

rnОд козметичката торба треба да го исфрлите сето она што е оштетено или скршено, вклучувајќи ги и оние нешта кои промениле боја, мирис и изглед. Доколку после употребата, производот не е добро затворен, нечистотиите и микроорганизмите од воздухот може да навлезат во него. Таквиот козметички производ е штетен за кожата. Исто така, топлината и светлината придонесуваат за размножувањето на бактериите, па затоа производите би требало да ги чувате подалеку од директна сончева светлина.

rn

3. Карминот, моливот и сенката за очи

rnНема никаква потреба да ги чувате козметичките производи кои не сте ги користеле во последните неколку години. Фрлете ги кармините, сенките и моливите за очи кои сте ги купиле пред 3-4 години. Исто така, ослободете се од течните производи во кој се појавил талог.

rn

4. Четките за шминкање

rnНемојте да ги чувате старите козметички сунѓерчиња и четки кои се распаѓаат. Четките за шминкање кои моментално ги користите, секогаш чистете ги редовно за да спречите насобирање на бактериите.

Најново

Може ќе ве интересира