КАФЕ ПАУЗА

Како да направите промени кои ќе бидат трајни?

Како да направите промени кои ќе бидат трајни?

Written by

in

,

Кога сакаме имаме некаква цел го менуваме нашето однесување како и нашите навики бидејќи сме свесни дека за да постигнеме нешто треба да направиме одредени промени. И тоа е во ред, но колку често се држиме до своите ветувања? Колку често сме се одлучиле на промена без потоа да се вратиме на старите навики?rnrnКако да направите промени кои ќе бидат трајни?rn

Одете чекор по чекор

rnНајчесто кога се одлучуваме за промени сакаме да промениме сè одеднаш. На пример, сте одлучиле повеќе да се грижите за своето здравје, и правите план. На почеток ви изгледа едноставно а имате и енергија и мотивација да го спроведете во акција. Па така се залетувате во рок од една недела нагло да го смените начинот на исхрана, да почнете да вежбате, повеќе да се движите и да преземете сè што е потребно за да ја постигнете целта. Наскоро кревате раце и се враќате на стариот режим.rnrnЗамислете дека влегувате во када полна со ладна вода. Нели одите полека прилагодувајќи го телото на температурата? А што ќе се случи ако веднаш скокнете во ладната вода? За промените потребно е време, треба да го приспособите телото и умот на некаков нов режим. Доколку избрзате најверојатно ќе изгубите волја и ќе постигнете сосема спротивен ефект. Затоа одете чекор по чекор, не брзајте.rnrnАко се задржиме на претходниот пример тоа би значело дека прво ќе одлучите да ја намалите количината на храна која ја консумирате, па да почнете со лесни вежби, да престанете да консумирате многу јаглехидрати, па да почнете со пешачење и слично. Ниедна промена не се случува преку ноќ.rnrnКако да направите промени кои ќе бидат трајни?rn

Заменете ги лошите навики наместо да ги отфрлите

rnВо природата на секој од нас е да го посакуваме она што ни е забрането. На пример, ако сте одлучиле да престанете да јадете чоколада бидејќи претерано консумирате слатки работи, тогаш како за инает постојано ќе мислите на чоколада сè додека не подлегнете на искушението да изедете цела табла чоколада.rnrnНаместо да си забранувате нешто, научете како паметно да го замените со нешто друго. На пример, дефинирајте кога најмногу ви е потребна чоколадата. Дали кога сте под стрес или кога чувствувате емоционална нестабилност? Повикајте ги пријателите и излезете на прошетка, посетете ги роднините или опуштете се во пенлива када со релаксирачка музика или пак со добра книга.rnrnКако да направите промени кои ќе бидат трајни?rn

Неуспехот не смее да ви биде опција

rnАко уште на почеток си речете „Можеби нема да успеам, но ајде да пробам“, вие потсвесно себеси си давате опција да не успеете. Неретко и нема да вложите доволно труд велејќи си дека е сосема нормално ако не успеете и дека тоа е прифатливо за вас.rnrnСекако дека ќе имате моменти кога ќе изгубите волја или ќе се вратите еден чекор назад, но тоа не значи дека ќе се вратите на самиот почеток. Неуспехот не смее да ви биде опција. Едноставно зададете си задача да ја постигнете зацртаната цел. Не размислувајте дека можеби нема да успеете, туку осврнете се на тоа колку ќе бидете горди на себе кога ќе доживеете успех.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.