КАФЕ ПАУЗА

Неколку работи кои можеби не сте ги знаеле за кремите за сончање

Секој од нас мисли дека доколку користи крема за сончање со тоа се заштитил од штетните ултравиолетови зраци. Лекарите и козметичарите немаат голем број докази дека со користењето на заштитните креми може успешно да се избегне појава на рак на кожата. Исто така, постојат голем број премолчени работи за средствата за сончање во кои веруваме, а кои се невистинити или не можат да се докажат.rnrn(1) Неколку работи кои можеби не сте ги знаеле за кремите за сончањеrnrnВистина е дека кремите за сончање, доколку се користат правилно можат да спречат појава на изгореници, кои навистина се една од главните причини за појава на рак на кожата. Но, тоа не е единствената работа на која треба да внимаваме кога се изложуваме на сонце. Постојат барем 9 помалку познати факти што ги кријат кремите за сончање.rn

1. Користењето повисок УВ фактор не значи поголема заштита

rnПовеќето луѓе претпоставуваат дека повисокиот фактор којшто е напишан на кремата значи дека со нејзината употреба кожата е побезбедна на сонце. Многумина мислат дека е доволно да се намачкаат еднаш и потоа цел ден да се излежуваат под сончевите зраци. Уште една негативна страна е што во кремите со исклучително висок заштитен фактор има дополнителни хемикалии коишто се користат за нивно производство. Тие лесно се апсорбираат во кожата, што може да доведе до нарушување на хормоните, алергиски реакции или оштетување на ткивата.rn

2. Не постои вистински доказ дека тие го спречуваат појавувањето на ракот на кожата

rnИако на пазарот постојат огромен број произведувачи на средства за сончање, стапката на ракот на кожата се удвоила последните 35 години во светски рамки. Едноставно не постои таква крема којашто би ја заштитила кожата од меланом, ниту пак вистински доказ дека некоја од постоечките креми е ефикасна во борбата против појавата на рак на кожата.rn

3. Кремите за сончање можат да го намалат нивото на витамин Д во организмот

rnДобрата работа е што овие креми превенираат од појава на изгореници по кожата, но лошата е во тоа што тие ги блокираат и одбиваат сончевите зраци да дојдат во контакт со неа. Сончевите зраци го поттикнуваат организмот да произведува витамин Д, којшто е исклучително важен за зајакнување на коските и имунитетот.rn

4. Некои средства предизвикуваат алергии и влијаат врз работата на хормоните

rnМногу креми содржат хемиски состојки кои лесно се апсорбираат во кожата, а коишто влијаат на работата на хормоните или предизвикуваат алергиски реакции.rnrn(2) Неколку работи кои можеби не сте ги знаеле за кремите за сончањеrn

5. Кремите не ја заштитуваат кожата од сите оштетувања

rnОвие средства кои редовно ги нанесуваме на кожата, особено кога сме на плажа, можеби заштитуваат од изгореници, но не и од опасните ултравиолетови зраци коишто ги оштетуваат ќелиите на кожата и ДНК. Ниту една крема не може да гарантира заштита од стареење на кожата и развој на кожни тумори.rn

6. Кремите за сончање се разликуваат во Европа и во САД

rnЕвропските произведувачи на заштитни креми за сончање имаат на располагање дури седум различни состојки коишто ги филтрираат штетните ултравиолетови зраци. За разлика од Европа, во Соединетите Американски Држави (САД) дозволено е да се користат само три од овие седум состојки, што кремите произведени во САД ги прави послаби за заштита од изгореници.rn

7. Витаминот А како додаток може да го забрза ракот на кожата

rnЗемањето витамин А е здраво, но тоа не е случај и со кремите со заштитен фактор. Производите наменети за нега на усните и разните лосиони кои содржат витамин А (ретинол) всушност можат да го забрзаат развојот на кожните тумори кога се користат на кожа изложена на сонце. Затоа се препорачува да се избегнуваат средства кои содржат ретинол.rn

8. Заштитните креми никогаш не се 100 проценти водоотпорни

rnБез оглед што пишува на нивната амбалажа, кремите за сончање ја штитат кожата одреден период. По капење и подолг престој на сонце, при што кожата се поти, премачкувањето мора да се повтори.