КАФЕ ПАУЗА

Пронајдете ја вашата среќа додека го чекате зеленото светло на семафорот

Пронајдете ја вашата среќа додека го чекате зеленото светло на семафорот

Written by

in

,

Семафорите и сообраќајниот метеж може да бидат навистина стресни и фрустрирачки. Времето кое го поминуваме чекајќи на семафор или во метеж е минимум 20 минути дневно, односно околу 2 работни недели годишно. А целото тоа време сме во автомобилот и не правиме ништо. Па, зошто да не го искористите тоа време и да направите нешто што ќе ви го подобри животот?rnrnПронајдете ја вашата среќа додека го чекате зеленото светло на семафоротrn

1. Дишете

rnБавното дишење е одличен лек против стрес и го подобрува вашиот имунитет, а седењето во автомобил е одлично место за да го направите тоа. За почеток е доволно да дишете побавно и подлабоко. Потоа можете уште повеќе да забавувате, на пример држете го воздухот 6 секунди. Доволно ви се 5 минути од оваа техника за веднаш да ги почувствувате резултатите.rn

2. Листа за благодарност

rnПокажувањето благодарност е уште еден лек за грижата, а колку почесто го практикувате толку подобро ќе се чувствувате. Замислете само едно нешто за коешто сте благодарни и денот веднаш ќе ви стане подобар.rn

3. Почувствувајте ги добрите нешта

rnИ ова е еден вид покажување благодарност. Размислете за нешто добро што ви се случило неодамна, ценете го и уживајте во убавото чувство околу 20-тина секунди. На овој начин го програмирате вашиот мозок за уживање.rn

4. Кегелови вежби

rnДами, нема подобро место за овие вежби од чекањето на семафор. Покрај тоа, тие се одлични и за мажи.rn

5. Опуштете се

rnДозволете си барем еден миг мир. Ослободете се од сите мисли и слушајте ги вашите сетила. Слушајте ги сите звуци, забележете ги сите ароми, почувствувајте како седиштето го потпира вашето тело, впијте ја бојата на небото. Едноставно, бидете присутни во сегашноста.rn

6. Носталгија

rnИзгледа дека носталгијата им помага на многу луѓе да се ослободат од меланхолијата и да се чувствуваат поповрзано. Се разбира, важно е да се вратите во сегашноста кога ќе почнете со возење.rn

7. Истегнете се

rnАко сте застанати подолго време, можете да ги истегнете вашите стапала, зглобови, раце и дланки. Истегнете ги и грбот и вратот.rn

8. Пуштете си музика

rnИако повеќето го прават ова постојано, бидете посвесни за „ритуалот“. Пуштете некоја песна што навистина сакате да ја слушнете и фокусирајте се на деловите кои ви се допаѓаат.rn

9. Посакајте му среќа некому

rnНајдоброто нешто за ова е што има толку многу луѓе. Тоа може да биде некој близок пријател или пак пешакот од другата страна на улицата. Ова е одличен начин да се ослободите од лошите мисли. Посакајте ѝ среќа на некоја личност и забележете како се чувствувате.rn

10. Работете на вашата врска

rnРазмислете како можете да ја подобрите вашата врска и да го усреќите партнерот. Можете да му испратите порака, да испланирате нешто посебно или пак размислете што партнерот навистина сака.rnrnОдберете некоја од овие активности и обидете се да ја применувате секогаш кога ќе стоите на црвен семафор. Наскоро ќе забележите дека чекањето на зеленото светло или во метежот нема да биде толку лошо, а вашиот живот ќе почне да се подобрува.rnrnПрочитајте ги и овие кратки совети за среќа што треба да си го повторувате секој ден.