Што ни предвидува кинескиот хороскоп за јули? Прочитајте во продолжение!rnrn
rn
Стаорец (1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)
rnЌе мора да се соочите со одредени непредвидени околности врз кои нема да можете да влијаете. Сепак, бидете внимателни со луѓето кои ќе ве опкружуваат бидејќи постои можност вашите планови да бидат нарушени поради поединци.rn
Вол (1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)
rnВо јули ве очекуваат промени – ќе се појават нови луѓе во вашиот живот, а некои ќе го напуштат. Размислете што е најважно за вас и кои се вашите приоритети. Запомнете дека за да избегнете неволји доволно е да се потпрете на сопствениот разум. Постои можност за патување, но прво проверете ги сите документи.rn
Тигар (1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)
rnЗад вашиот грб ќе се случуваат работи за кои никогаш не би се посомневале. Внимавајте бидејќи некој од вашето блиско опкружување не ви мисли добро. Тоа, пак, може да влијае врз финансиите и здравјето. Анализирајте ја моменталната ситуација пред да донесете какви било одлуки.rn
Зајак (1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)
rnВе очекува одличен период. Доколку сè уште не сте во врска постојат големи можности дека ќе ја сретнете својата сродна душа токму во јули. Во поглед на кариерата и финансиите, не пропуштајте ги новите можности бидејќи тие можат да ви донесат нови приходи. Не заборавајте дека можете да сметате и на поддршката од пријателите.rn
Змеј (1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)
rnВо јули ве очекува многу работа, но ќе успеете да се справите со сите задачи. Постои голема можност токму во овој период да ви се оствари сонот за кој долго време размислувавте. Но, пред тоа да се случи ќе треба да расчистите некои ситуации од минатото. Пријател ќе ви помогне во тоа.rn
Змија (1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013)
rnВо јули ќе имате многу работа поврзана со бирократија и договори. Освен тоа ќе треба да направите важен избор кој може да биде поврзан со патување, преселување или со вашето здравје. За среќа можете да направите две работи истовремено и бидете сигурни дека сè ќе се среди.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn