Неколку неодамнешни истражувања откриваат дека постои поврзаност помеѓу бојата на очите и здравствената состојба на телото. Пронајдете ја разликата помеѓу темната и светлата боја на очите.rnrn
rnrnОчите можат да покажат многу за нас, како се чувствуваме, што размислуваме, дали ја говориме вистината или зборуваме лаги, но исто така можат и да го покажат нашето здравје. Постојат 12-13 гени кои ја утврдуваат бојата на очите и други внатрешни процеси во нашето тело.rn
1. Болести од кои страдате
rnНеколку минати истражувања покажуваат дека очите имаат директна конекција со болестите од типот дијабетес, меланом и витилиго. Луѓето со сини очи помалку страдаат од витилиго, состојба во која кафеавите пигменти исчезнуваат од одредени делови на телото и оставаат белези кои изгледаат избелени.rnrnКога бојата на очите е различна, на пример бојата на едното око е кафеава, а на другото сина, тогаш може да укажуваат на различни болести како Хорнеров синдром или глаукома.rnrnЛуѓето кои имаат напреден дијабетес можат да забележат дека бојата на нивните очи станала потемна.rn
2. Вашиот карактер
rnЕдно истражување спроведено во Австралија во кое учествувале 366 личности, покажува дека луѓето со светли очи имаат тенденција да бидат многу конкурентни и помалку чувствителни, пријателски настроени и подарежливи во однос на оние кои имаат темни очи.rnrn
rn
3. Начинот на кој се справувате со болка
rnНекои од научниците тврдат дека бојата на очите може да упатува на прагот на болка на вашето тело.rnrnПоследното истражување, направено на 58 жени, покажува дека тие со светли очи доживуваат помали болки за време на породувањето, во споредба со жени кои имаат потемни очи.rnrnОвие жени не само што помалку чувствуваат физичка болка, туку тие исто така искусуваат помала вознемиреност, депресија и негативни мисли.rn
4. Гени
rn
rnrnВо 2008 година, научниците откриле дека сите луѓе со сини очи се генетски директно поврзани со ист предок, човек кој имал генетска мутација пред 6.000-10.000 години. Дотогаш, сите луѓе имале само кафеави очи. Ако имате сини очи, тогаш вие имате исти предци со луѓето околу вас кои имаат сини очи.rn
5. Колку може да ви се верува?
rnДали е возможно да им верувате многу повеќе на луѓето со кафеави очи отколку на тие со светли?rnrnИстражувачите кажуваат дека луѓето со кафеави очи се значително повеќе веродостојни од тие со сини очи. Сепак, веродостојноста на некоја личност може да се промени според обликот на лицето. За да се донесе овој заклучок, потребно e да се земат предвид и други карактеристики на лицето, а не само бојата на очите.