Доколку веќе некое време сакате да испробате нешто ново, нешто оригинално што немате прилика да го видите секој ден на улица, тогаш ние ја имаме вистинската идеја за вас! Сѐ што ви е потребно е една свилена марама која можете да ја стилизирате на повеќе начини. Едно е сигурно – вашата модна комбинација нема да помине незабележано, плус, големи се шансите дека многу девојки ќе се обидат да ја копираат од вас.rnrn
rnrnСтоите пред полн гардеробер и немате што да облечете, па избирате обични фармерки, заврзувате една обична свилена марама и проблемот е решен. Подготвени сте за излегување во град. Не може да биде поедноставно од ова, а воедно е доволно впечатливо да привлече внимание. Најверојатно досега сте мислеле дека свилените марами излегле од мода и сте ги поврзувале со дамите со одредени години, што секако не е точно. Доволно е да го погледнете Инстаграм профилот на Ријана и да видите како таа ужива покрај базенот носејќи една ваква марама наместо горен дел од костим за капење. Секако, таа не го започна овој тренд, но дефинитивно го направи популарен. Овој изглед ќе направи да изгледате шик и кул без ниту малку труд, а тоа е всушност најголемиот моден успех. Благодарение на една марама ќе имате 5 нови и различни топ блузи, а тоа никако не може да ви наштети.rnrn
rn
Како точно да ја носите свилената марама како блуза?
rnПостојат повеќе начини на кои марамата може да се заврзе и воедно да изгледа како да е таква купена, а не импровизирана. Плус, ќе ви одземе само 5 минути од вашето време.rnrnЗа почеток, ќе ви биде потребен еден градник без прерамки. Ставете ја марамата врз него, заврзете ја напред и во зависност од тоа што повеќе ви се допаѓа, ќе ги оставите краевите да паѓаат надолу или ќе ги вовлечете под неа. Едноставно, зар не? Покрај тоа, марамата секогаш можете да ја врзете зад вратот.rnrn
rnrnВтората опција е да ја превиткате марамата како триаголник, да го ставите тој триаголник од предната страна врз градникот, кој е без прерамки, и да ја заврзете на грбот. Така ќе добиете топ без прерамки напред и полуотворен грб назад.rnrn
rnrnВо комбинација со марамата можете да носите најразлични парчиња облека, од обични фармерки, долги или кратки здолништа, па дури и малку поелегантни панталони. Ист е случајот со обувките, па слободно изберете патики, сандали или пак, високи потпетици.rnrn
rnrnОва е дефинитивно решение што секогаш можете да го изберете. Одлично е за топлите, летни денови, кога ќе посакате да имате помалку гардероба на себе, но притоа да изгледате шик и модерно. Но, можете да ја комбинирате и за некое вечерно излегување, кога ќе посакате да оставите добар моден впечаток во околината. Секако, за користењето на марамите за оваа намена во текот на летните денови на море воопшто не треба да зборуваме.rnrn

rnrnДоколку во вашиот гардеробер имате поголема летна марама, погледнете на кои начини можете да ја носите марамата ова лето.