Доколку имате голема, интересна марама и малку идеи како да ја носите, тогаш можеби ќе ви изненади податокот дека постојат многу креативни начини за нејзино комбинирање. Затоа одлучивме да ви предложиме 12 интересни начини на кои можете да ја вклучите марамата во вашиот стил и со тоа да го освежите вашиот изглед ова лето.rnrn
rnrn1. Замотајте ја марамата околу телото и врзете ги краевите околу вратот. На овој начин можете да одите на плажа, но и на прошетка. Најдобро е да облечете интересни кломпи или рамни сандали.rnrn2. Наместо да ги врзете краевите околу вратот, заврзете ги на едното рамо. Овој фустан идеално одговара со штикли, па затоа во оваа комбинација можете да одите на вечера. Немојте да заборавите на каишот како важен аксесоар!rnrn
rnrn3. Интересно здолниште со длабок шлиц? Зошто да не! Горе облечете обична или спортска блуза, а на нозете некои интересни римјанки или гладијаторки.rnrn4. На ред е краткото здолниште, кое се прави доста едноставно така што ќе ја превиткате марамата на половина, ќе ја замотате околу половината и ќе ги вовлечете краевите во појасот. Ова здолниште одлично изгледа со високи потпетици. Горе облечете блуза и подготвени сте за излегување.rnrn
rnrn5. Горен топ се прави така што ќе ја наместите марамата околу горниот дел на телото, па горните и долните краеви ќе ги заврзете во јазол, исто како на фотографијата. Идеално ќе одговара со фармерки.rnrn6. Блуза на едно рамо се прави исто како претходната, само што овој пат горните краеви се врзуваат околу рамото, а долните на едната страна. Оваа блуза можете да ја носите и на работното место доколку со безопасна игла го споите пределот околу градите.rnrn
rnrn7. Од вашата марама можете да направите и туника. Сè што треба да направите е да ја врзете марамата така што целата страна каде што се наоѓа јазолот да ви биде отворена. Замислете го најдолгиот можен шлиц и тоа е она што ви е потребно. Под неа облечете бермуди или фармерки.rnrn8. Ова лето барем еднаш мора да носите турбан во пин ап стил. Сигурни сме дека ќе го обожавате!rnrn
rnrn9. Завиткајте ја марамата околу главата и ќе добиете украс кој е идеален за косата на која и е неопходно миење. Освен тоа, оваа широка лента за коса е доста шик аксесоар.rnrn10. Доколку сакате хипи стил, тогаш најверојатно веќе ја носите марамата на овој начин. Делот кој виси ставете го на едната страна или оставете го да паѓа на грбот. Ова истовремено изгледа отмено и лежерно.rnrn
rnrn11. Класичното врзување на марамата околу вратот не е резервирано само за зимските денови. Всушност, вака можете да ја носите марамата и во лето заедно со фустани, но и со обични, памучни блузи.rnrn12. Доколку ви е топло и не сакате ништо да ви стои околу вратот, а сакате некој интересен детаљ, тогаш повторно повикајте ја марамата на помош. Завиткајте ја и вкрстете ја на задната страна, а краевите оставете ги слободно да висат. Доста шик, зарем не?rnrn
Освежете го вашиот стил со овој детаљ: 12 одлични начини да ја носите марамата ова лето
