КАФЕ ПАУЗА

Овие работи ги користите редовно, а тие стануваат токсични ако не се користат правилно

Овие работи ги користите редовно, а тие стануваат токсични ако не се користат правилно

Постојат многу работи во вашиот дом, навидум безопасни, кои имаат секојдневна примена и може да бидат многу опасни доколку не ги користите правилно. Истражувањата покажуваат дека овие предмети може да имаат сериозни последици врз здравјето на луѓето ако не се користат правилно.rnrnОвие работи ги користите редовно, а тие стануваат токсични ако не се користат правилноrn

Алуминиумска фолија

rnТаа е составен дел на секое домаќинство, но може да биде многу опасна кога ќе дојде во контакт со храната. Поточно, ако ја завиткате храната во алуминиумска фолија, ситните алуминиумски честички навлегуваат во храната, а потоа и во вашето тело. Ако готвите оброци обложени со алуминиумска фолија, ќе внесете многу повеќе алуминиум во вашето тело отколку што е дозволено.rn

Нелепливи тави

rnИако се многу практични и ви заштедуваат многу време, овој прибор може да бидат многу штетен за вашето здравје бидејќи е обложен со хемикалија наречена полифлуоралкил, која ослободува токсични гасови при загревање. Истражувањата покажуваат дека дури 98% од луѓето во Америка ја имаат оваа хемикалија во своето тело.rn

Средства за чистење на одводот и на рерната

rnОвие средства служат за да ги отстранат мрностиите и содржат хемикалии кои може да предизвикаат сериозни изгореници и респираторни проблеми ако дојдат во контакт со кожата или ако ги вдишете. Затоа, неопходно е да користите маска и заштитни нараквици кога ги користите, а потоа да ги фрлите на место што е изолирано од местото каде што престојувате.rn

Пластични кутии за храна

rnПластичните кутии за храна се користат во речиси секој дом бидејќи се практични за чување и за носење храна. Сепак, тие може да ослободат токсични хемикалии во вашата храна ако ги користите кога ја загревате храната во микробранова печка или во рерна. Со затоплување на пластиката, во организмот се внесуваат токсини што предизвикуваат рак, дијабетес и неплодност.rn

Освежувачи на воздухот

rnМногу луѓе користат освежувачи на воздухот за да може да се чувствуваат пријатно во својот дом. Но, освежувачите на воздухот може да имаат многу негативен долгорочен ефект врз вашето здравје. Тие предизвикуваат мигрена и проблеми со дишењето и влијаат лошо на репродуктивното здравје.rn

Батерии

rnБатериите се неизоставен дел на секое домаќинство, но може да бидат многу опасни и штетни ако не се користат правилно. Најраспространетите литиум-јонски батерии може да бидат многу штетни за здравјето доколку се оштетат, бидејќи потоа ослободуваат токсични материи. Ако забележите дека вашата батерија е оштетена, веднаш треба да ја отстраните и да ја фрлите.rn

Ласерски печатачи

rnОвие уреди испуштаат ситни токсични честички во воздухот при секое печатење и ако се вдишат, може да предизвикаат многубројни проблеми во организмот. Ако печатите нешто, напуштете ја просторијата додека не заврши печатењето.rnrnПрочитајте на кои нови начини омекнувачот на ткаенина може да ви помогне во домот.