КАФЕ ПАУЗА

Што ќе се случува со вашето тело доколку пиете само вода?

Што ќе се случува со вашето тело доколку пиете само вода?

Засладените пијалаци не само што можат да ви ја зголемат тежината, туку предизвикуваат и бројни проблеми во вашето тело. Тие се полни со презервативи, додадени бои и шеќери, а сето ова му штети на телото многу повеќе отколку што мислите. Доколку се одлучите сите пијалаци да ги замените со вода, погледнете што ќе се случи со вашето тело.rnrnШто ќе се случува со вашето тело доколку пиете само вода?rn

1. Зголемена когнитивна способност и креативност

rnФункцијата на вашиот мозок многу зависи од количеството вода што го внесувате. Ако не пиете доволно вода, може да дојде до губење на меморијата, замор и главоболки. Мозокот се состои од 85% вода, па очигледно е дека мора да го одржувате хидриран. Повеќето од засладените пијалаци само дополнително го дехидрираат мозокот.rnrnАко ги замените сите пијалаци со вода, ќе ви се подобрат мозочната функција, меморијата и фокусот. Пиењето 8 до 10 чаши вода дневно може да го подобри вашиот когнитивен перформанс за 30%.rn

2. Забрзан метаболизам

rnВашите бубрези зависат од вода за да функционираат правилно. Ако постои недостаток од вода, бубрезите нема добро да си ја вршат работата. Ова пак му создава притисок на црниот дроб да го ослободува телото од токсини. Кога црниот дроб ја презема улогата на бубрезите, треба да престане со преработка на складираните масти во телото, па со тоа се забавува метаболизмот.rn

3. Подобрена детоксикација

rnВодата е најдоброто средство за детоксикација што можете да го најдете. Доколку внесувате доволно вода, таа правилно ќе ги распореди хранливите материи низ телото, ќе ги отстрани токсините и ќе ја подобри дигестијата. Покрај тоа, водата ќе ја хидрира и детоксицира кожата, што значи таа ќе изгледа многу поздраво.rn

4. Подобрено здравје на косата и кожата

rnАко вашата коса е дехидрирана може да настанат многу проблеми како нејзино паѓање и појава на првут. Ако пиете само вода, ќе имате природно сјајна коса. Истото важи и за вашата кожа – доколку не пиете доволно вода вашата кожа ќе страда. Но доколку пиете само вода ќе се забави процесот на стареење, кожата ќе ви биде постојано навлажнета и ќе се ослободите од брчките.rn

5. Полесно ќе го контролирате внесот на калории

rnВодата го потиснува апетитот. Една од најдобрите стратегии за слабеење е пиењето повеќе вода бидејќи на овој начин ќе го намалите бројот на внесените калории. Покрај тоа, пиењето вода ќе ви го забрза метаболизмот со што дополнително ќе ослабите. Доколку сакате да изгубите некој килограм, малку пред оброкот испијте две чаши вода за да се чувствувате сити.rn

6 Зајакнат имунитет, срце и коски

rnКога црниот дроб и бубрезите работат со полна моќ, вашето тело ефикасно се ослободува од токсините, отпадот и солта во телото. Пиењето доволно вода го неутрализира рН нивото на телото, го зајакнува имунитетот и прави подобро да се справите со болките.rnrnДоколку ги замените сите пијалаци со вода ќе имате и поздраво срце. Кога сте хидрирани има помали шанси да дојде до згрутчување на крвта, а со тоа се намалува и ризикот од инфаркт. Едно 6-годишно истражување покажало дека луѓето кои пиеле над 5 чаши вода дневно имале 41% помал ризик да умрат од инфаркт за разлика од оние кои пиеле помалку од 2 чаши дневно.rnrnВодата им овозможува на вашите зглобови да се движат полесно и ги намалува штетите од движењето. Доколку ги замените сите пијалаци со вода, ќе забележите дека флексибилноста на вашите зглобови се зголемила.rnrnПогледнете ги и овие интереси начини да пиете повеќе вода.