Од 7-ти до 19-ти октомври, во иновативниот центар на Македонски Телеком кој се наоѓа на плоштадот Македонија, ќе се одржи мултимедијална изложба под името „Патување низ историјата на Џезот“.rnrn
rnrnОваа изложба која е во организација на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија ќе има за цел да го доближи џезот до пошироката публика преку интерактивен и мултимедијален пристап токму во период кога се одржува и култниот „Скопски Џез фестивал“. Изложбата ќе им понуди на посетителите запознавање со основите на џезот, со неговите почетоци и основоположници – правејќи го џезот подостапен за сите, со помош на технологијата.rnrn
rnrnИзложбата ќе биде одлична можност за сите кои што би сакале да се запознаат со музиката која го одбележа 20-тиот век и со нејзините најпознати претставници како Луис Армстронг, Дјук Елингтон, Дизи Гилеспи, Мајлс Дејвис, Чик Кореа и уште многу други оригинални личности и музички гении.rnrn
rnrnОсвен основни информации за запознавање со џезот, изложбата ќе се осврне и на интересните факти и анегдоти поврзани со овие луѓе, нивните гледишта и нивниот стил на живот.rnrnЗатоа вреди да дојдете и низ едно интерактивно патување да чуете и видите за инспиративните и забавните настани кои го создале најфасцинантниот правец во музиката.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.