КАФЕ ПАУЗА

8 нови начини на кои омекнувачот на ткаенина може да ви помогне во домот

8 нови начини на кои омекнувачот на ткаенина може да ви помогне во домот

Заштита од комарци, чистење на загорената тава, справување со неуредната коса на Барби и омекнување на острите влакна на новиот тепих – во сите овие нешта може да ви помогне омекнувачот на ткаенина!rnrn8 нови начини на кои омекнувачот на ткаенина може да ви помогне во домотrnrnСите ние сакаме да купуваме едноставни производи и да ги користиме за повеќе намени. Затоа, пронајдовме неколку домаќински трикови во кои се користи омекнувачот на ткаенина кои може да се користат за решавање на разни проблеми во вашиот дом.rn

1. Чистење садови кои загореле при подготовката на храна

rn8 нови начини на кои омекнувачот на ткаенина може да ви помогне во домотrnrnЗагорените тави е скоро невозможно да се измијат без употреба на специјални хемикалии. Некои луѓе предлагаат едноставно решение: во тавата ставете омекнувач растворен во топла вода, оставете да отстои преку ноќ и наутро миењето ќе биде многу полесно.rn

2. Чистење дрвен мебел

rn8 нови начини на кои омекнувачот на ткаенина може да ви помогне во домотrnrnОмекнувачот на ткаенини може да се користи и за чистење на дрвени површини. На тој начин нежно ќе се отстрани нечистотијата без да се оштети мебелот,  бидејќи омекнувачот не содржи јаки хемикалии. Како бонус, ќе остави и свеж мирис во собата.rn

3. Лесно отстранување на налепници

rn8 нови начини на кои омекнувачот на ткаенина може да ви помогне во домотrnrnЛепилото што ја врзува налепницата со стаклото е наменето да трае долго, така што секогаш е предизвик да се ослободите од нив. Омекнувачот на ткаенини, разреден 50/50 со вода може да помогне да се ослободите од старите налепници на прозорците на автомобилот и другите стаклени површини.rn

4. Отстранување на дамките од вода во бањата

rn8 нови начини на кои омекнувачот на ткаенина може да ви помогне во домотrnrnНе можете да се ослободите од овие досадни бели дамки во бањата само со употреба на вода, па обично додавате и хемикалии. Но, и омекнувачот може да помогне! Додадете ½ чаша омекнувач во ½ чаша топла вода и нанесете го со спреј на површините кои сакате да ги исчистите. Исчистете со сунѓер и оставете да се исуши, дамките би требало веднаш да исчезнат.rn

5. Освежување на завесите

rn8 нови начини на кои омекнувачот на ткаенина може да ви помогне во домотrnrnДоколку користите освежувачи за воздух, но не сакате да трошите премногу пари за нив, направете си сами! Додадете малку омекнувач и ½ лажица сода бикарбона измешана со вода во шише со распрскувач и освежете ги завесите, постелнината и тапацираниот мебел кога сакате.rn

6. Отплеткување на косата на куклите

rn8 нови начини на кои омекнувачот на ткаенина може да ви помогне во домотrnrnАко ви се чини дека Барби имала „експлозија“ на главата, тоа не е причина да ја фрлате! Домаќинките препорачуваат да ја натопите косата на куклата во раствор од вода и омекнувач на ткаенина во сооднос 50/50 и да ја оставете неколку минути. Потоа измијте ја со вода и расчешлајте.rn

7. Направете новиот тепих да биде помек

rn8 нови начини на кои омекнувачот на ткаенина може да ви помогне во домотrnrnТеписите се направени од истите влакна како и облеката, така што нанесувањето на омекнувач врз влакната од новиот тепих може да биде одлична идеја. Измешајте топла вода и омекнувач, нанесете од течноста на тепихот, оставете неколку минути да делува и поминете ја површината со чистач на пареа. Важно е добро да ги исчистите трагите од омекнувачот, особено ако имате мали деца или животни.rn

8. Самите направете спреј за заштита од комарци

rn8 нови начини на кои омекнувачот на ткаенина може да ви помогне во домотrnrnОмекнувачот на ткаенина може да ви помогне да се заштитите од комарци. Мешавината од омекнувач, сода бикарбона и вода за заштита од комарци нема да ви предизвика кашлица, во споредба со спрејот купен од продавница, а ќе остави свеж и чист мирис.rnrnМожеби сакате да дознаете и како да се ослободите од 10 видови штетници што го напаѓаат вашиот дом?rn