Колку пати ви се случило да излезете од дома и да не сте сигурни дали сте ги исклучиле пеглата или шпоретот? Поради многуте обврски, ги забораваме најосновните работи. Меѓутоа, ако не можете да се сетите дали сте ги исклучиле пеглата или шпоретот, тоа е затоа што тие постапки се автоматски, па за да ги запомните, треба да кажете на глас: „Ја исклучив пеглата“. На тој начин ќе памтите подобро.rnrn
rnrnПовеќето луѓе забораваат поради навиките. Ако сте биле под стрес во последно време, веројатно ќе забележите дека памтите помалку, а продуктивноста и фокусот не се на завидно ниво.rnrnВо тоа може да ви помогне времето поминато со себе, како пешачење, медитација и слушање музика.rnrnВажно е да имате вистински мир, па ако навистина сакате да се „исклучите“, оставете го телефонот дома и целосно посветете се на себе – пешачете или медитирајте најмалку половина час. Сите активности со кои мозокот се одмора ви помагаат да памтите подобро.rnrnИсто така, недостатокот на сон може да влијае на помнењето и на здравјето затоа што за време на спиењето, вашиот мозок ги организира информациите.rn
Сетете се на клучевите и имињата
rnАко често го заборавате името на личноста што сте ја запознале, кажете: „Мило ми е Марко, јас сум Ана“.rnПовторувајќи го името, го стимулирате мозокот да запомни. Исто така, ако не знаете каде ги оставивте клучевите откако ја заклучивте вратата, повторете „клучот е во предниот дел на чантата“ откако ќе ги ставите таму.rn
Пинови и родендени
rnАко често ги заборавате ПИН-кодовите и лозинките, имајте на ум дека мозокот не е „програмиран“ да памти такви податоци. Таквите информации остануваат во мозокот кратко време бидејќи се здодевни за него. Ако не се потрудите да ги запомните ПИН-кодовите и лозинките, мозокот нема да го стори тоа сам.rnrnНа таквите „здодевни“ информации треба да им додадете нешто важно што ќе ве натераат да се сетите. Ако роденденот на вашиот пријател е на 10 февруари, запомнете дека е четири дена пред Денот на вљубените.rnrnАко заборавите зошто влеговте во собата, визуализирајте што ви треба пред да влезете.rnrnАко наутро се сетите дека мора да купите млеко кога ќе се враќате дома, замислете дека пиете или го додавате во кафе. Изговорете „запомни“ – овој збор функционира подобро од „не заборавај“.rn
10-те работи што најчесто ги забораваме:
rn
- rn 011
- да одговориме на пропуштен повик
- да одговориме на е-пошта
- имиња на луѓе
- да честитаме роденден
- да го наполниме мобилниот телефон
- да ги навадиме цвеќињата
- да одговориме на пораката
- да го земеме клучот од станот
- да ги земеме испечатените листови
- годишнина од брак или врска
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Што друго помага за подобро помнење?
rn
- rn 011
- Редовно вежбање
- Храна како брокула, лосос и спанаќ
- Принципот на „правење на работите една по една“ – ако правите премногу работи одеднаш, тоа ѝ пречи на концентрацијата.
rn 011
rn 011
rn
rnПрочитајте како никогаш повторно да не заборавите важни информации.