КАФЕ ПАУЗА

Приватните авиони на богатите

Приватните авиони на богатите

Уредени и опремени со луксузен ентериер, овие авиони го сочинуваат возниот парк на оние кои можат тоа да си го дозволат. Погледнете дел од приватните авиони на некои од најбогатите луѓе на планетава.rn.rn

Доналд Трамп Boeing 727-23

rnПоранешниот авион на „American Airlines“, произведен 1969 година е тотално изменет откако е во сопственост на мултимилијардерот Доналд Трамп.rnПриватните авиони на богатитеСите седишта се заменети со удобни кожни фотелји, металниот дел на појасите е направен од злато, насекаде во авионот има скапи уметнички слики и кристални лустери. Логото „TRUMP“ кое се наоѓа на надворешниот дел на авионот е направено од 23-каратно злато.rnПриватните авиони на богатитеrn

Роман Аврамович Boeing 767-33A

rnОвој авион иако не изгледа премногу спектакуларно однадвор, сепак неговиот ентериер е неверојатен. Доминира кафената боја и нормално, полн е со златни елементи. Најчесто може да се забележи на аеродромот „Luton“, 60 километри северно од Лондон.rnПриватните авиони на богатитеrn

Елвис Присли – Convair 880

rnАвионот е наречен „Lisa Marie“ по неговата ќерка. Овој авион наместо фабричките 110 седишта, направен е да има само 28.rnПриватните авиони на богатитеНа опашката на овој авион, кој не е повеќе за користење, го има персоналното лого на кралот „TCB“ кое е кратенка од „Taking care of Business“.rnПриватните авиони на богатитеrn

Бил Гејтс – Bombardier BD-700 Global Express

rnОвој авион може да превезува 8 луѓе, на релација подолга од 10 000 километри. Може да лета на максимална надморска височина од 15 000 метри и претставува навистина одличен и елегантен авион.rnПриватните авиони на богатитеПриватните авиони на богатитеrn

Хасанал Болкија, султанот од Брунеи – Boeing 747-430

rnСултанот од Брунеи за овој авион платил околу 100 милиони американски долари, а потоа го наполнил со сопствен ентериер, составен од златни и кристални елементи кои чинеле додатни 120 милиони долари. Тој исто така поседува уште 7 авиони и два хеликоптери, но ова е неговото најголемо воздушно превозно средство.rnПриватните авиони на богатите