Мајмуните се најблиските роднини на луѓето, имаат слична генетика, но очигледно не се однесуваат исто како мајките од човечки вид. Мораме да признаеме, воопшто не е секојдневна појава да се види нешто толку пријатно и чудно во исто време!
Во текот на минатиот викенд, двегодишното шимпанзо Дуду е видено како му дава да пие млеко на шеесетдневното бебе-тигар Аорн, во тајландската крокодилска фарма и зоолошка градина Самут Пракан.
Дуду и Аорн се чувствуваат сосема природно еден до друг и најверојатно мислат дека се крвно поврзани. Секој си ја зазема „природната“ улога: тигарот е гладно новороденче, на кое му е потребна заштита и нега, а шимпанзото облеано со своите мајчински инстинкти, внимателно го храни малечкото со шише со млеко. Аорн со задоволство си цица млеко од шишето, а Дуду нежно го држи во нејзините раце, како да се мајка и дете.
rnrn
rnrn
Погледнете во видеово како шимпанзото кое има силен мајчински инстинкт, си игра со бебето-тигар.rn
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
